образовен систем – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Mar 2023 12:47:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png образовен систем – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зошто образовниот систем во Финска е толку успешен? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-obrazovniot-sistem-vo-finska-e-tolku-uspeshen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-obrazovniot-sistem-vo-finska-e-tolku-uspeshen/#respond Tue, 21 Mar 2023 12:47:18 +0000 https://kurir.mk/?p=814551

Образовните реформи иницираат низа промени, коишто веќе целосно го револуционизираа финскиот образовен систем. Учениците во оваа земја со години успешно се натпреваруваат, на пр. со САД, Кина, Сингапур и Јапонија, па освојуваат први места на натпреварите по математика и природни науки.

Како е ова можно? Финска е водечка во образованието по здраво-разумските практики и холистичката, напредна и иновативна средина за настава којашто ја става правичноста пред извонредноста. Следат осум причини поради коишто финскиот образовен систем е еден од најдобрите во светот. Нема стандардизирани тестови Учениците кои полагаат стандардизирани тестови главно учат за да го положат тестот, а наставниците ги учат само за да положат. Финска нема такви тестови. Исклучок е само Националната матура што се полага доброволно, по завршувањето на средното образование. Сите деца во Финска се оценуваат врз индивидуална основа и систем за оценување на наставниците. Следењето на напредокот го врши тамошното Министерство за образование. Соработка, а не конкуренција Школувањето за многу деца, па и родители, честопати се доживува како еден голем натпревар, Финците го гледаат тоа поинаку, т.е. според максимата на писателот Самули Паронен - „Вистинските победници не се натпреваруваат“. Во училишта, имено, нема списоци за рангирање, нема избор на „најдобар наставник“ итн. Наместо тоа, се цени соработката... Помалку домашни задачи и повеќе време надвор Според ОЕЦД, учениците во Финска имаат помалку домашни задачи од своите врсници во која било друга земја во светот. Малите Финци днневно трошат само половина час на домашни задачи. Наместо домашни задачи, се поттикнуваат на што повеќе време надвор на чист воздух, забава и игри. Основите се најбитни Од 1980-тите, основите се приоритет во финските училишта. Сите ученици имаат бесплатни оброци на училиште, психолошко советување и индивидуализирано водење. Нагласка е ставена и на еднаквоста и на лесниот пристап до здравствена заштита. Почнување со училиште на постара возраст Финците знаат колку е важно детето да биде дете. Затоа, образованието почнува на 7 години и не порано. Училиштето е задолжително до деветто одделение, а сѐ после тоа е прашање на избор. Финците се будат подоцна Часовите во Финска обично почнуваат меѓу 9 и 9:45 часот. Истражувањата покажаа дека раното почнување со настава е штетно за здравјето, благосостојбата и созревањето на учениците. Така, бидејќи часовите почнуваат подоцна, тие обично завршуваат меѓу 14 и 14:45 часот. Наставните часови се подолги, но и паузите меѓу нив. Настава без промени Учениците во Финска, честопати имаат ист учител шест години. За тоа време, тој ја презема улогата на ментор. Така се зацврснува довербата и поврзаноста, поради што двете страни меѓусебно подолго се запознаваат и се гради поголема обострана почит. Опуштена атмосфера Уште една одлика на финските училишта е - „помалку стрес“. Во текот на училишниот ден, децата имаат неколку 15-минутни паузи во коишто можат да се раздвижат, протегнат или да излезат малку на свеж воздух, на закуска или заради рекреативни активности. И на наставниците им треба сѐ тоа. Сите училишта имаат простории и за наставници, каде што тие се одмораат и опуштаат, се подготвуваат за следните обврски или едноставно - се дружат. Се чини, кога не се грижи за оценките и стресот, ученикот во најсреќната земја на планетава може да се сосредоточи на своето учење и растење. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-obrazovniot-sistem-vo-finska-e-tolku-uspeshen/feed/ 0
Етиката во религиите мора да остане како дел од образовниот систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/etikata-vo-religiite-mora-da-ostane-kako-del-od-obrazovniot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/etikata-vo-religiite-mora-da-ostane-kako-del-od-obrazovniot-sistem/#respond Sun, 18 Dec 2022 12:14:42 +0000 https://kurir.mk/?p=777226

Предметот Етика во религиите мора да остане како дел од образовниот систем, е заклучокот од панел-дискусија на тема „Новата реалност во училиштата – создавање можности со иновации и дигитални решенија“, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, а во блиска соработка со Асоцијацијата на професорите по наставниот предмет Етика во религиите. Проектот инициран од Фондацијата Конрад Аденауер, имаше за цел одново да го актуелизира прашањето во јавниот дискурс за потребата и придобивките од верското образование во основните училишта на Република Северна Македонија, односно според зборовите на коосновачот и координатор на Асоцијацијата, монахињата Ефимија, сè потешкиот предизвик истото да опстане во училиштата на нашата земја. – Од особена важност за нас е тоа што повторно се отвора една ваква јавна дискусија по однос на значењето и опстанокот на предметот Етика во религии во системот на македонското образование, во смисла на негово институционално препознавање и заштита среде она што кај нас во последно време е популарно како Концепција за основно образование, рече таа во своето обраќање. Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски посочи дека настанот е позитивна можност да потсетиме за значењето, кое предметот Етика во религиите го имаше досега во образовниот систем во државата, но и да се акцентираат поенти зошто неговиот статус треба да се заштити, но и да се унапреди. – Како општество, во различни сегменти имаме евидентни проблеми-предизвици, коишто во оној елементарен период на градење и подигање на личноста на младите се многу важни да бидат надминати и превенирани. Многу е важно во новата Концепција за основно образование да биде внесен овој предмет, како би овозможиле отворена можност на младиот човек да запознава, да учи, но и да се облагородува, зашто ние можеме да му понудиме сувопарни знаења од различни области, но доколку тоа не го надополниме и со едни вредносни вертикали, сè ќе биде залудно, истакна Сотировски. Професорот на Правниот факултет Јустинијан Први, Александар Спасеновски, посочи дека изучувањето на верското образование во јавниот образовен систем претставува еден од поважните чекори коишто ги има направено оваа држава, бидејќи наоѓа на една општа оправданост, а тоа го покажуваат анкетите, од страна на родителите и секако од страна на децата – учениците кои го изучуваат овој предмет. – Но, од март 2021 година, кога беше издадена новата Концепција за основно образование, можеме да забележиме едни негативни трендови, поврзани со истиснувањето на изучувањето на предметот Етика во религиите од јавниот образовен систем, за сметка на некои други предмети, со што на некој начин не се излегува во пресрет на очекувањата на родителите, кои во огромно мнозинство сакаат нивните деца да го изучуваат овој предмет. Државата не смее да го турка во ќош изучувањето на овој предмет, за сметка на изучувањето на некои други предмети. Станува збор за две барања: Првото барање е наместо да имаме молк од страна на институциите, да има дијалог со претставниците со професорите по Етика во религиите. И второ, да се најде начин како да се адаптира и унапреди усвоената Концепција за основното образование, на начин на кој статусот на предметот Етика во религиите нема да се деградира, туку ќе се задржи, и ако има можност истиот да се унапреди, посочи Спасеновски. Претседателот на Асоцијацијата на професори по Етика во религии, отец Бобан Митевски, рече дека целта на делувањето на Асоцијацијата, но и верските заедници, е да се истакнеме важноста од потребата за учењето на религиите во образовниот систем. – Ние, насекаде се фалиме со нашите верски објекти, со нашите верски скапоцености, без разлика на која религија припаѓаат, а не сакаме да имаме знаење за сето тоа. Од друга страна, моралните начела, кои се и тоа како важни во еден општествен контекст за правилен развој и на младите, но и на сите нас, се една постојана насока во тоа како да дејствуваме, како да живееме и како да ги правиме животот и општеството едноставно подобри. Затоа сметаме дека е од особено значење овој молк на државните институции да престане и да се претвори во дијалог за потребата и за важноста од изучувањето на предметот Етика во религии, рече о. Митевски. Професорот Амел Куртиши посочи дека сите истражувања и анкети за предметот и за изучување на религиите покажале дека заинтересираноста на децата и младите во глобала е голема. – Тоа е дел од нивниот идентитет. Доколку ние им ја дадеме таа можност да истражуваат за својата религија и за религијата на другите, тоа ќе придонесе нивниот идентитет да биде покохезивен, да биде постабилен и да можат полесно да се соочат со дилемите коишто ни ги нуди ова современо општество. Секако дека за тоа многу би придонело проучувањето на еден компаративен пристап, во којшто ќе се третираат повеќе религии за да може да се запознаат сите, за да се разбере дека тоа што нè соединува е многу повеќе од тоа што нè дели. Тоа многу би придонело кај луѓето и децата – кои се нашата иднина – за да се создаде еден предуслов за соживот, толеранција, заедничко работење и соработка, во вакви општества како нашето, коишто се мултиконфесионални и мултиетнички, изјави Куртиши. На панел-дискусијата директорот за настава во ПЕГАСУС ЕЛС, Перица Сарџоски, понуди нови дигитални решенија со цел зголемување на интеракцијата и подобрување на наставата на професорите по предметот Етика во религиите.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/etikata-vo-religiite-mora-da-ostane-kako-del-od-obrazovniot-sistem/feed/ 0
Јаневска: Неспособноста на власта и случајот со синот на Талат Џафери го разруши образовниот систем во Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-nesposobnosta-na-vlasta-i-sluchajot-so-sinot-na-talat-dzaferi-go-razrushi-obrazovniot-sistem-vo-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-nesposobnosta-na-vlasta-i-sluchajot-so-sinot-na-talat-dzaferi-go-razrushi-obrazovniot-sistem-vo-republika-makedonija/#respond Thu, 08 Dec 2022 18:22:22 +0000 https://kurir.mk/?p=772831

„Притисокот и заканите секојдневно стануваат се пострашни и пострашни. Веројатно се чувствува оваа расположба во населението, дека власта ќе се промени. И притисоците се повеќе растат на сите нивоа, па и на оваа област на која што јас функционирам во образовниот систем“, истакна Весна Јаневска, претседателката на Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Што не е јасно“. Јаневска додаде дека страшно е како учениците се уште работат без учебници и се приморани да пишуваат тоа што им диктираат наставниците. Неспособноста на власта удира и по најмалите. Јаневска се осврна и на еден пример каде што од МОН дури се јавиле на директорите по училиштата за да им кажат да учениците не треба да пишуваат во учебниците по математика. Ако тоа е така требало да се изработат работни тетратки каде што децата би можеле да ги решаваат задачите. „Многу огромни се небулозите кои што се случуваат во образованието“, нагласи Јаневска. „Апсолутно нетранспарентното работење не само на министерството за образование и наука, на сите останати институции буди сериозни сомнежи дека нешто не е во ред. И ако нештото не е во ред тие досега требаа да станат свесни, требаше да им стане јасно дека начинот на кој што функционираат не е добар. Тој начин на кој што функционираат ќе ја сруши оваа ненародна тендерска власт. И се надевам дека што е можно побрзо ќе се случи за да можеме да почнеме да ги поправаме овие незамисливи грешки“, укажа таа. Таа се осврна и на сакндалот како синот на Талат Џафери положил правосуден испит. „Според мене ова е клучниот момент кој комплетно го разруши образовниот систем во Република Македонија. Затоа што во основното и средното имаме сериозни проблеми не дека ги немаме. Меѓутоа некако се држеше високото образование. Но, ова беше скандал кој мислам дека ги уби сите оние кои веруваа во образованието. Значи да завршиш три години и да ти признаат четири и при тоа некој да се правда дека Законот не бил како што треба, а професор и знае дека тоа не може“, појасни Јаневска. „Да завршиш три години, да ти признаат четри години, и при тоа да пристапиш на полагање на правосуден испит, а да немаш право на тоа, при тоа да се запишеш на Академија за судии, а да немаш право на тоа, им покажува на младите луѓе дека не е важно да знаеш туку дека можеби е поважно да си корумпиран и да имаш некој татко, роднина, пријател кој што ќе ти ги заврши работите. И потоа да дојдеш на позиција за која не си спремен и да работиш нешто за кое што не си спремен. Е, тоа мислење и тоа сфаќање во ова општество го наруши цеколупниот образовен систем“, рече таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-nesposobnosta-na-vlasta-i-sluchajot-so-sinot-na-talat-dzaferi-go-razrushi-obrazovniot-sistem-vo-republika-makedonija/feed/ 0
Митева: Реформата во образовниот систем не претставува визија, се работи за дигитализација вредна десетици милиони годишно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-reformata-vo-obrazovniot-sistem-ne-pretstavuva-vizija-se-raboti-za-digitalizacija-vredna-desetici-milioni-godishno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-reformata-vo-obrazovniot-sistem-ne-pretstavuva-vizija-se-raboti-za-digitalizacija-vredna-desetici-milioni-godishno/#respond Sun, 09 May 2021 09:14:52 +0000 https://kurir.mk/?p=507875

Реформата во образовниот систем не претставува визија, се работи за дигитализација вредна десетици милиони годишно. За да има бенефит од дигитализацијата треба да се изработат нови учебници кои покрај текст ќе содржат и видеа, анимации, интерактивни содржини, квизови, учење преку наменски игри за различни возрасти, кои покрај едукативниот карактер задолжително ќе вклучува и забавен карактер, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Сосема легитимно е прашањето како еден ваков учебник ќе биде идентичен со печатениот? Дополнително, за да се реализира еден ваков предлог експертите посочуваат дека прво мора да се распишат огласи и тендери за да се спремат тие дигитални учебници што е многу долготраен процес. Исто така, потребно е покрај авторите, секој за одредена област, да се ангажираат дизајнери и ИТ експерти. Оттука, потребно е училниците да се опремени со соодветна ИТ опрема и да се вработат ИТ експерти кои ќе даваат техничка поддршка за време на наставата, вели Митева и додава: „Дали државата е во можност секоја година да обезбеди средства наменети за хардвер и софтвер, и дали се консултирани психолозите кои треба да дадат одговор на која возраст е добра дигитализацијата за децата. Ова е само површна анализа која и вака генерализирана јасно упатува на проект кој чини многу, чини десетици милиони годишно, па оттука можеби јасна е потребата насила и што побрзо да се донесат законските измени. Министерке, професорите, експертите и научниците кои своето образование го темелат од книгата не можете да ги манипулирате, точно знаат да проценат што се крие зад вашата ароганција и упорност“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-reformata-vo-obrazovniot-sistem-ne-pretstavuva-vizija-se-raboti-za-digitalizacija-vredna-desetici-milioni-godishno/feed/ 0
Јаневска: Новиот образовен концепт е само обид да се сместат 21.5 милиони евра од Светска банка, со еден административен потег без воопшто да се земат во предвид последиците во образовниот систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-noviot-obrazoven-koncept-e-samo-obid-da-se-smestat-21-5-milioni-evra-od-svetska-banka-so-eden-administrativen-poteg-bez-voopshto-da-se-zemat-vo-predvid-posledicite-vo-obrazovniot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-noviot-obrazoven-koncept-e-samo-obid-da-se-smestat-21-5-milioni-evra-od-svetska-banka-so-eden-administrativen-poteg-bez-voopshto-da-se-zemat-vo-predvid-posledicite-vo-obrazovniot-sistem/#respond Fri, 05 Feb 2021 14:23:53 +0000 https://kurir.mk/?p=464740

На денешната јавна расправа во Собранието околу новиот концепт во образованието, претседателката на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ Весна Јаневска изрази сомнеж дека новата концепција ќе донесе резултати и ќе го подобри квалитетот на образовниот систем. Според неа целата оваа концепција личи на некаков спин, за оттргнување на вниманието од други значајни теми во државата. Можеби политички, можеби само да се сместат 21.5 милиони долари или евра од Светска банка, со еден административен потег без воопшто да се земат во предвид последиците во образовниот систем. -Финансиски план за оваа концепција нема. Сите го потврдија хибридниот режим во државата, Транспаренси кажа за корупцијата и правото и така натаму. Какво ни е општеството такво ни е образованието, ама таква ни е и концепцијата. Предложената концепција за основното образование, поради многуте негативни реакции од страна на стручната јавност затоа треба да се повлече од страна на МОН, децидна е Јаневска. Таа смета дека и при идни концепти треба да се напушти концептот на интегрирани предмети и задолжително да се консултираат сите образовни институции. Соодветно образованието да започне со изработка на нови наставни планови и програми. Паралелно да се донесе нов закон за изработка на учебници и наставни помагала во кои ќе се стави процедурата за користење на дополнителни материјали и референци кои наставниците ќе ги користат како проверени извори. -Паралелно да се побара реформа на наставничките факултети, за усогласување со новите наставни планови и програми. Да се обезбеди континуирана поддршка, односно обука на наставниците од страна на релевантни и стручни институции. Да се обезбедат услови за модерна настава со стандардни услови за престој во училиштата и модерни опремени кабинети. А не во следните десет години. Да се подготви нов план за пристапување кон суштински реформи во образованието, да се изготви анализа и детален финансиски план за спроведување на реформата во образованието и континуирано од страна на образовните институции да се прават анализи за ваквите концепти, кои што влијаат врз квалитетот на образованието и излезните резултати на учениците, рече Јаневска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevska-noviot-obrazoven-koncept-e-samo-obid-da-se-smestat-21-5-milioni-evra-od-svetska-banka-so-eden-administrativen-poteg-bez-voopshto-da-se-zemat-vo-predvid-posledicite-vo-obrazovniot-sistem/feed/ 0
Данев: За зголеменото нездоволство во образовниот систем одговорна е актуелната влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danev-za-zgolemenoto-nezdovolstvo-vo-obrazovniot-sistem-odgovorna-e-aktuelnata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danev-za-zgolemenoto-nezdovolstvo-vo-obrazovniot-sistem-odgovorna-e-aktuelnata-vlada/#respond Sun, 15 Dec 2019 20:05:09 +0000 https://kurir.mk/?p=277948

Има пад во доверба во образовниот систем за времето на оваа власт, или процентот на незадоволство оди од 46,3 проценти на 51,6 процент. За овој тренд одговорна пред се е владеачката гарнитура, рече Драган Данев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој гостуваше на телевизија Сител. -Претходно се направи компјутеризација и дигитализација во образованието, зголемување на средства за стипендиии, воведување на светски познати програми, модерно опремени лабораториии во високо образовниот систем и друго. Денес нема ништо, нема дополнителен поттик, на пример нема поголем број на стипендии. Сега имаме само некои законски измени и ништо друго, се застана, нема никаков проект, рече Данев. Според него очекувањата на граѓаните беа огромни, бидејќи СДСМ во предизборието рече дека еден од приоритетите е образованието, и доживеаја фијаско. -Сега имаме влада која крати, при ребалнас на Буџетот пред два месеци, 14 милиони евра во делот на образование. Каде е ставено воопшто образованието на агендата на оваа влада, праша Данев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/danev-za-zgolemenoto-nezdovolstvo-vo-obrazovniot-sistem-odgovorna-e-aktuelnata-vlada/feed/ 0
Анкета на детектор: Граѓаните со проодна оценка за образовниот систем во Mакедонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-detektor-gragjanite-so-proodna-ocenka-za-obrazovniot-sistem-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-detektor-gragjanite-so-proodna-ocenka-za-obrazovniot-sistem-vo-makedonija/#respond Sun, 15 Dec 2019 20:01:38 +0000 https://kurir.mk/?p=277940

Граѓаните на Република Македонија му дадоа само проодна оценка на образониот систем, покажуваат резултатите од последното истражување на јавното мислење на Детектор. Најслаба оценка од граѓаните добило средното образование, со средна оценка 2,79. Нешто подобро поминало високото образование кое е оценето со средна оценка 2,84, а 2,85 е средната оценка која граѓаните му ја дале на основното образование. Во споредба со последната анкета од во мај годинава, се бележи намалување на средната оценка за квалитетот на образованието. Сепак, 51,6% од анкетираните велат дека генерално не се задоволни од квалитетот на образованието додека 44,8% велат дека во Македонија има квалитетно образование. Споредено со минатото истражување има промени, бидејќи тогаш 49,2 отсто од граѓаните беа задоволни од образованието, а 46,3 проценти не. 54,4% велат дека не се задоволни од квалитетот на учебниците, додека 23,6% се на став дека учебниците се квалитетни. 45,7% од анкетираните велат дека наставниот кадар не е квалитетен додека 34,1% сметаат дека во Македонија има квалитетни наставници. На прашањето каков е квалитетот на образовниот процес во Македонија во споредба со земјите од регионот, 40,1% одговорија дека е полош, 29,8% дека е сличен, додека 10,4% оценија дека имаме подобар образовен систем од земјите во регионот. Анкетата која за Детектор ја направи Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 16 до 19 ноември врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-detektor-gragjanite-so-proodna-ocenka-za-obrazovniot-sistem-vo-makedonija/feed/ 0