Образовни асистенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Aug 2022 11:23:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Образовни асистенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Огласи за вработување над 520 образовни асистенти за работа со ученици со попречености https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oglasi-za-vrabotuvanje-nad-520-obrazovni-asistenti-za-rabota-so-uchenici-so-poprechenosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oglasi-za-vrabotuvanje-nad-520-obrazovni-asistenti-za-rabota-so-uchenici-so-poprechenosti/#respond Wed, 10 Aug 2022 11:23:24 +0000 https://kurir.mk/?p=716628

Министерството за образование и наука објави огласи за вработување образовни асистенти на определено време за три основни училишта со ресурсни центри, кои во учебната 2022/2023 година ќе работат со ученици со попречености во редовна настава во повеќе општини. Двесте асистенти во огласот за ОУРЦ „Златан Сремец“-Скопје ќе бидат ангажирани во основни училишта во општините: Јегуновце, Тетово, Теарце, Желино, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Сарај, Сопиште и Студеничани. Од нив, за македонски јазик се предвидени 110 за одделенска и 30 за предметна настава. На албански наставен јазик отворени се работни места за 45 образовни асистенти во одделенска настава и 15 во предметна. Во огласот за ОУРЦ „Иднина“-Скопје е предвидено вработување на 226 образовни асистенти кои ќе им помагаат на ученици со попречености во основните училишта во општините: Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Куманово, Липково, Центар, Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари, Зелениково, Петровец, Илинден, Арачиново и Чучер Сандево. На македонски наставен јазик може да се вработат 95 во одделенска, 16 во предметна настава и пет образовни асистенти во комбинирана паралелка, а на албански наставен јазик – 85 во одделенска, 20 во предметна и пет во комбинирана паралелка. Огласот на основното училиште со ресурсен центар „Маца Ѓоргиева-Овчарова“-Велес овозможува вработување на 95 образовни асистенти кои ќе работат со ученици со атипичен развој во основните училишта во Велес, Чашка, Кавадарци, Росоман, Демир Капија, Неготино, Градско, Лозово, Свети Николе, Штип, Пробиштип и Карбинци. Во огласите што денеска ги објави МОН се наведени условите за вработување со потребните работни компетенции на кандидатите, распоредот на работното време на образовните асистенти и  документите и рокот за аплицирање. Минатата учебна година првпат од буџетот на Министерството за образование и наука беа ангажирани 500 образовни асистенти за работа со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oglasi-za-vrabotuvanje-nad-520-obrazovni-asistenti-za-rabota-so-uchenici-so-poprechenosti/feed/ 0
Објавен јавен повик за вклучување на 10 образовни асистенти во средните училишта https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/objaven-javen-povik-za-vkluchuvanje-na-10-obrazovni-asistenti-vo-srednite-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/objaven-javen-povik-za-vkluchuvanje-na-10-obrazovni-asistenti-vo-srednite-uchilishta/#respond Tue, 09 Aug 2022 12:28:29 +0000 https://kurir.mk/?p=716094

Општина Битола објави јавен повик за ангажирање на 10 лица како образовни асистенти во средни училишта во период од 9 месеци. Повикот е дел од програмата општинско-корисна работа, проект „Негователи во детски градинки и образовни асистенти во средни училишта”. Право на учество во програмата имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во програмата. Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување - Центар за вработување Битола во периодот до 15.08.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот. Повеќе информации, може да се прочитаат на следниот ЛИНК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/objaven-javen-povik-za-vkluchuvanje-na-10-obrazovni-asistenti-vo-srednite-uchilishta/feed/ 0
МОН: Образовните асистенти обезбедуваат поголема инклузија во наставата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-obrazovnite-asistenti-obezbeduvaat-pogolema-inkluzija-vo-nastavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-obrazovnite-asistenti-obezbeduvaat-pogolema-inkluzija-vo-nastavata/#respond Fri, 03 Dec 2021 12:05:55 +0000 https://kurir.mk/?p=603598

Дијана Рикаловска, мајка на ученик со атипичен развој кој користи поддршка на образовен асистент во редовната настава е задоволна од развојот на оваа услуга, но и воопшто, на воспоставувањето на систем од страна на МОН, со кој се обезбедува поголема инклузија во образованието. По повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, таа, образовната асистентка на нејзиното дете и одделенската наставничка ги споделија своите лични искуства. „Ја имам таа среќа овој концепт да се воведе на почетокот на образованието на моето дете, за да може веднаш да ги почувствуваме придобивките и од финансиски и од психолошки аспект. Финансиски затоа што образовните асистенти се вработени преку МОН и не се на терет на родителите, а од друга страна ја покриваат програмата и се она што треба да совладаат децата на начин којшто е најдобар за нив”, вели Рикаловска. Мајката вели дека асистентката има богато искуство и одличен пристап на работа со детето. “Има способности, обуки, вештини, доколку има потреба да прилагоди тешко совладлив материјал. Така што сите деца ја имаат прифатено како дел од одделението. Важна е соработката и со учителката, којашто го води одделението и таа има значајна улога во остварувањето на релацијата со образовниот асистент, но и соработката со нас родителите и со останатите стручни служби во училиштето”, вели Рикаловска. За асистентката Борјанка Мариски вработувањето на стручни лица во редовниот образовен процес е огромен напредок за државата што и ја мотивирало да се пријави на конкурсот бидејќи смета дека само вака сме чекор напред кон остварувањето на целта на секоја држава, а тоа е создавање образование по мерка на секое дете. „Затоа ги поздравувам ваквите вработувања и се надевам дека ќе ги има се повеќе. Бидејќи се вработувања придонесуваат за секојдневната насмевка на децата со атипичен развој и само така полека чекориме кон тотална инклузија”, вели Борјанка. Соња Илиевска Гоџирова, одделенски наставник во ООУ “Гоце Делчев” во Скопје, објаснува дека веќе се навикнала на соработката со образовната асистентка. ,,Ми помага многу во извршување на образовните задачи со дечињата, затоа што секогаш е тука покрај мене, ги насочува, им објаснува, така што дечињата се среќни и задоволни. Во однос на соучениците, во одделението иако дечињата се на мала возраст, отсекогаш и минатата учебна година и оваа учебна година беа добро прифатени од страна на другите соучениците кои научија дека треба да ги почитуваат различностите и инклузивноста во образованието”, вели Илиевска Гоџирова. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-obrazovnite-asistenti-obezbeduvaat-pogolema-inkluzija-vo-nastavata/feed/ 0