обсе/одихр – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Jun 2022 10:40:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обсе/одихр – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претставници на ОБСЕ/ОДИХР во работна посета на АВМУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnici-na-obse-odihr-vo-rabotna-poseta-na-avmu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnici-na-obse-odihr-vo-rabotna-poseta-na-avmu/#respond Thu, 23 Jun 2022 10:40:04 +0000 https://kurir.mk/?p=694597

Делегација на ОБСЕ/ОДИХР денеска беше во работна посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на која се дискутираше за согледувањата нотирани во конечниот извештај на набљудувачката мисија за Локалните избори 2021 година и препораките кои произлегоа од него. Меѓу другото, акцент беше ставен на финансирањето на кампањата, обезбедување пристап до програмите на радиодифузерите на лицата со сетилна попреченост и бројните недоследности во изборната законска рамка. Од страна на Агенцијата беа споделени и искуствата од спроведениот мониторингот на изборното известување на радиодифузерите, а се разговараше и за предлозите за измена и подобрување на изборната регулатива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnici-na-obse-odihr-vo-rabotna-poseta-na-avmu/feed/ 0
Тана де Зулуета: Го набљудуваме гласањето и примената на новата технологија, оценка за изборите утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tana-de-zulueta-go-nabljuduvame-glasanjeto-i-primenata-na-novata-tehnologija-ocenka-za-izborite-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tana-de-zulueta-go-nabljuduvame-glasanjeto-i-primenata-na-novata-tehnologija-ocenka-za-izborite-utre/#respond Sun, 17 Oct 2021 10:24:04 +0000 https://kurir.mk/?p=580565

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права – ОДИХР ги мониторира локалните избори на покана на Владата. Имаме тим од 165 набљудувачи, од кои 126 се краткорочни набљудувачи, кои се распоредени низ земјата. Ова ќе ни овозможи систематско набљудување на гласачките места, што минатата година не бевме во можност да го спроведеме, изјави шефот на Mисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори во Северна Македонија, Тана де Зулуета по посетата на избирачкото место бр. 2805 во општина Центар. – Бидејќи не станува збор за географски голема земја, со над 100 набљудувачи може да добиете статистички значајна анализа за спроведувањето на изборите. Задоволни сме што тоа можеме добро да го направиме, посочи Де Зулуета на новинарско прашање. Во однос на проблемите кои се регистрирани со употребата на терминалите за отпечаток од прст при гласањето, таа вели, станува збор за нова технологија и се следи нејзината примена. -Ние го набљудувавме отворањето на 54 гласачки места и продолжуваме со мониторингот. Ова е нова технологија и како и гласачите, гледаме како се применува. Рано е да се дадат какви било заклучоци, но ги нотираме сите проблеми доколку ги има, како и одговорот на гласачите. Ќе видиме како ќе се одвива денот. За проценката ќе треба да почекате до утре, затоа што како што знаете, не сакаме да коментираме за време на гласањето, рече шефицата на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Де Зулуета. Ние строго се придржуваме до упатствата од властите за заштита од Ковид-19. Во земјава сме повеќе од еден месец и засега нема никакви инфекции. Сакаме да бидеме сигурни, додава таа, дека тоа нема да влијае и не влијае на нашата методологија. Мисијата на ОДИХР е сосатвена од 20 долгорочни набљудувачи кои пристигнаа во земјава по 7 септември кога се отворени канцелариите на Набљудувачката мисија и оттогаш се распоредени низ земјава. Краткорочните набљудувачи се тука од средата и ќе останат до завршување на процесот на броење на глсовите. Мисијата ќе остане и за вториот круг од изборите, ако за тоа има потреба, вели Де Зулуета. Минатата година во земјава ОДИХР имаше специјална мисија за проценка на Предвремените парламнетарни избори на 15 јули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tana-de-zulueta-go-nabljuduvame-glasanjeto-i-primenata-na-novata-tehnologija-ocenka-za-izborite-utre/feed/ 0
Акредитирани 1045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи за изборите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akreditirani-1045-domashni-i-stranski-nabljuduvachi-i-preveduvachi-za-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akreditirani-1045-domashni-i-stranski-nabljuduvachi-i-preveduvachi-za-izborite/#respond Sun, 17 Oct 2021 04:48:24 +0000 https://kurir.mk/?p=580352

За Локалните избори 2021 што се одржуваат денеска акредитирани се вкупно 1045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи. Според податоците од Државната изборна комисија, изборите ќе ги мониторираат 714 домашни набљудувачи. Акредитирани се 512 набљудувачи од Граѓанската асоцијација АКСИОС 2017 Скопје, 190 набљудувачи од Здружението ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје, како и 12 набљудувачи од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид-Скопје. Акредитирани за набљудување се и 219 меѓународни набљудувачи и 40 преведувачи. Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 217 набљудувачи, Американската амбасада 15, Британската амбасада Скопје 7, Амбасадите на Франција и на Унгарија по 6, ИФЕС и амбасадата на Албанија по 5, амбасадите на Русија, Холандија и Италија по 4, амбасадите на Чешка и Хрватска, и Централната изборна комисија на БиХ по 3 набљудувачи, амбасадите на Грција, Бугарија и на Шпанија по двајца и амбасадата на Белгија еден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akreditirani-1045-domashni-i-stranski-nabljuduvachi-i-preveduvachi-za-izborite/feed/ 0
Подготовките за локалните избори влегуваат во финале, ОБСЕ/ОДИХР го започна процесот на набљудување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podgotovkite-za-lokalnite-izbori-vleguvaat-vo-finale-obse-odihr-go-zapochna-procesot-na-nabljuduvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podgotovkite-za-lokalnite-izbori-vleguvaat-vo-finale-obse-odihr-go-zapochna-procesot-na-nabljuduvanje/#respond Wed, 08 Sep 2021 07:26:18 +0000 https://kurir.mk/?p=560806

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР го започна процесот на набљудување на локалните избори закажани за 17 октомври, остануваат уште два дена за увид во Избирачкиот список и четири дена за поднесување кандидатури за градоначалници и советнички листи за изборите. Обуките за употреба на терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти се отпочнати. Првпат на овие избори во земјата ќе се применат терминали и систем за вчитување на отпечатоци од прсти. На прашање на МИА за тоа дали Мисијата има искуство во набљудување на вакви избори, тие посочија дека мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има аналитичар за регистрација на гласачите и дека нивни претставници во ДИК веќе прегледале неколку од овие машини, но и дека ќе испитаат како тие се импементирани во други држави членки на ОБСЕ. -Мисијата има аналитичар за регистрација на гласачите. Мисијата веќе се сретна со Државата изборна комисија и прегледа неколку од машините. Има и други ОБСЕ држави што користат слични машини и нашата мисија ќе испита како тие се имплементирани на овие избори во овој специфичен контекст, се наведува во одговорот од Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за МИА. Шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР е повторно Тана де Зулуета која иформираше дека Мисијата се состои од основен тим од 13 стручни лица со седиште во Скопје и 20 долгорочни набљудувачи, кои ќе бидат распоредени во земјата од 15 септември. ОДИХР планира и да побара од земјите-учеснички на ОБСЕ да пратат 250 краткорочни набљудувачи, кои би пристигнале неколку дена пред денот на изборите. Со мисијата ќе се процени дали изборите се одржуваат согласно заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни обврски и стандарди за демократски избори, како и националното законодавство. Набљудувачите одблизу ќе ги испитаат клучните елементи на изборите, како што е регистрацијата на гласачите, регистрацијата на кандидатите, активностите во кампањата и нивното финансирање, работата на изборната администрација и релевантните владини органи, законодавството поврзано со изборите и неговото спроведување, како и решавање на споровите поврзани со изборите. Со мисијата ќе се следи и начинот на кој медиумите ја покриваат кампањата. Шефот на мисијата де Зулуета истакна дека имајќи го предвид големиот проблем со кој се соочува земјата, а тоа пандемијата со Ковид-19, тие ќе се придржуваат до сите мерки за превенирање на ширење на болеста што се спроведуваат во земјата. -Ова ќе биде многу важна компонента на мониторирањето и во поглед на краткорочното и во поглед на долгорочното набљудување, рече таа. Во текот на набљудувањето ќе биде објавен периодичен извештај за да се ажурираат јавноста и медиумите. ОДИХР ќе ги претстави прелиминарните наоди и заклучоци на прес конференција денот по изборите, а ќе го објави конечниот извештај за набљудувањето, заедно со потенцијалните препораки, приближно два месеци по крајот на изборниот процес. Вкупно 12.865 лица до вчера се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 62 барања за запишување во Избирачкиот список, 28 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и 25 барања за измена на податоците во Избирачкиот список, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 60 барања. Постапката за јавен увид во Избирачкиот список и истата ќе трае до четврток 9 септември. Два дена подоцна, на 11 септември на полноќ завршува рокот за поднесување на кандидатури за локланите избори до Општинските изборни комисии. Партиите речиси и да ги објавија сите кандидати за градоначалници, како и дел од носителите на листите за советници. Официјално кампањата за локалните избори започнува на 27 септември, но многу од кандидатите за градоначалници веќе се среќаваат со своите поддржували и граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podgotovkite-za-lokalnite-izbori-vleguvaat-vo-finale-obse-odihr-go-zapochna-procesot-na-nabljuduvanje/feed/ 0
Даштевски за Курир: Институциите молчат на барањата на ДИК, нема средства за законската обврска „фингерпринт“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-za-kurir-instituciite-molchat-na-baranjata-na-dik-nema-sredstva-za-zakonskata-obvrska-fingerprint/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-za-kurir-instituciite-molchat-na-baranjata-na-dik-nema-sredstva-za-zakonskata-obvrska-fingerprint/#respond Sun, 07 Feb 2021 10:33:01 +0000 https://kurir.mk/?p=465383

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски вели дека одличниот состав кој го има ДИК е предуслов за успешна работа. - Во мојата првична изјава реков ќе работиме професионално и одговорно, стручно. Се работи за многу добар состав на ДИК бидејќи се искусни, дел од нив имаат и повеќе годишно искуство. Одличен состав, тоа е првиот предуслов да се извршува работата успешно, вели во телефонска изјава за КУРИР, Даштевски. По однос на изјавата на шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која дадена за МИА во која вели дека очекуваат новиот состав на ДИК да ги извршува своите должности согласно законите, Даштевски посочува дека очекуваат одлична соработка со нив. Одлична соработка, првиот човек на ДИК, очекува и со мисијата на ОДИХР како и со целата меѓународна заедница. Даштевски сепак потенцира дека не е можно извршување на законските обврски доколку затајува соработката со институциите во државата. Тој за Курир вели дека активно се подготвуват за локалните избори, но открива и со какви проблеми се соочуваат. - Не е можно извршување на законските обврски без соработка со државните институции во Република Македонија, истакнувам уште претходниот состав пред донесување на буџетот побарал средства за извршување на законската обврска позната како „фингерпринт“ која е донесена во февруари минатата година со измени и дополнувања на законот, каде стои дека за локалните избори мора да биде спроведена. Пари во буџетот не се одобрени и по изборот и доаѓањето на овој состав поднесено е барање за одобрување на средства со трансфер на пари, потоа и јас лично поднесов барање со ургенција. Се уште немаме одговор од институциите. Доколку Министерство за финансии не реагира може да биде доцна и изборната комисија се ослободува од одговорноста за извршување на оваа обврска. Оваа обврска треба да се спроведе поради зголемување на степенот на демократија во избирачкиот процес. Од првите избори до денес имаме проблеми со постоечкиот начин на спроведување на изборите, вели Даштевски во изјава за Курир. По однос на најавите за евентуална промена на изборниот модел, претседателот на ДИК вели дека планирани се повеќе измени за кои најверојатно нема да време да се реализираат. Тука е моделот на една изборна единица и отворените листи. Даштевски нагласува дека законот не може да се смени во насока да не се спроведе, а посочува дека одговорна за спроведување на изборниот процес е ДИК. Во интервјуто за МИА, прашан дали се прифатливи измени во изборното закодавство во изборна година, како и најавите за евентуална промена на изборниот модел, Која посочува на препораката на ОДИХР (Канцеларија за демократски институции и чевекови права на ОБСЕ) тие да се случат најмалку шест месеци пред одржувањето на изборите. -Според ОДИХР, препорачливо е изборниот закон да стапи на сила најмалку шест месеци пред изборите, за да можат институциите да се подготват непречено да ги спроведуваат промените. Низ годините, ОДИХР има дадени голем број препораки за подобрување на изборниот процес во Северна Македонија. Во нивниот последен извештај за ланските предвремените парламентарни избори, Специјалната мисија за проценка на изборите на ОДИХР јасно стави до знаење дека сè уште има голем број прашања во законската рамка за изборите што треба да се решат, нагласува Која. Тој појаснува дека ОДИХР не препорачува специфичен изборен модел, а земјите учеснички во ОБСЕ користат широк спектар на разни изборни модели и разни системи за спроведување на изборите, клучно е, нагласува, да се обезбеди инклузивност на процесот за изборна реформа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-za-kurir-instituciite-molchat-na-baranjata-na-dik-nema-sredstva-za-zakonskata-obvrska-fingerprint/feed/ 0
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти прелиминарните наоди за изборите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obse-odihr-kje-gi-soopshti-preliminarnite-naodi-za-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obse-odihr-kje-gi-soopshti-preliminarnite-naodi-za-izborite/#respond Thu, 16 Jul 2020 05:09:18 +0000 https://kurir.mk/?p=376798

Меѓународниот набљудувачки тим испратен од ОБСЕ/ОДИХР за следење на предвремените парламентарни избори во Македонија денеска на прес-конференција ќе ја соопшти прелиминарната оценка за изборите што се одржаа вчера во земјава. На прес – конференцијата за првичните наоди и заклучоци во врска со изборниот процес ќе говорат Лаима Андрикиене, шеф на ОДИХР специјалната мисија за проценка на изборите и Дариа Паприцка, заменик шеф на ОДИХР специјалната мисија. Мисијата ги следеше сите аспекти на изборниот процес. Основниот тим на ОДИХР го сочинуваа девет члена од девет земји-учеснички во ОБСЕ, а на денот на изборите имаа акредитирано 26 набљудувачи, во кои спаѓаат меѓународните експерти и националниот персонал за поддршка. Конечен извештај со заклучоци и потенцијални препораки, како што најави во предизборното интервју за МИА, шефицата на Мисијата, Андрикиене, ќе биде објавен околу осум недели по денот на изборите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obse-odihr-kje-gi-soopshti-preliminarnite-naodi-za-izborite/feed/ 0
Ден пред стартот на кампањата: ОДИХР ја почна Мисијата за проценка на изборите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-pred-startot-na-kampanjata-odihr-ja-pochna-misijata-za-procenka-na-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-pred-startot-na-kampanjata-odihr-ja-pochna-misijata-za-procenka-na-izborite/#respond Tue, 23 Jun 2020 05:57:49 +0000 https://kurir.mk/?p=361190

На еден ден пред официјалниот почеток на предизборната кампања за предвремените парламентарни избори закажани за 15 јули, Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) ја започна Специјалната мисија за проценка на изборите (СМПИ), додека партиите во согласност со препораките за спречување на ширењето на корона вирусот пред се насочуваат на прес-конференции и онлајн пропаганда. ОДИХР вчера информира дека започнала со Специјалната мисија за проценка на изборите, како продолжение на мониторинг на изборниот процес што започна со Мисијата за набљудување на изборите (МНИ) што беа предвидени за 12 април, но беа одложени поради пандемијата со Ковид-19. Канцеларијата соопшти дека цел на Мисијата ќе биде проценка дали изборите се во согласност со заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни обврски и стандарди за демократски избори, како и со националното законодавство, при што нејзините набљудувачи ќе ги следат фундаменталните аспекти на изборите, како што се регистрација на гласачите и на кандидатите, активности во кампањата, работата на изборната администрација и релевантните државни органи, спроведување на правната рамка и решавање на изборните спорови, како и квалитативно и квантитативно мониторирање на медиумското покривање на изборната кампања. – Ден по изборите, ОДИХР ќе ги објави своите прелиминарни заклучоци за изборниот процес и ќе разговара за своите наоди на прес-конференција. Конечниот извештај со проценка на целиот изборен процес, кој содржи препораки, ќе биде објавен приближно два месеци по завршувањето на изборниот процес, информира ОДИХР. На првиот ден од Мисијата, нејзина делегација предводена од шефицата Лаима Андрикине имаше средба со членовите на Државната изборна комисија (ДИК) на која беа разгледани сите активности што ќе бидат преземени за да се овозможи фер и демократски процес, како и заштита на сите учесници на изборите, имајќи ги предвид специфичните околности што ги предизвика Ковид-19. ДИК соопшти дека е отворена за соработка и ги покани претставниците на Мисијата на ОДИХР да учествуваат во сите активности што ќе ги презема Комисијата согласно законите, прописите, протоколите и транспарентноста, со цел да се обезбеди успешен изборен процес. Мисијата на ОДИХР се состои од седум експерти, кои ќе бидат сместени во Скопје и од главниот град ќе го следат целокупниот изборен процес. Пред избувнувањето на пандемијата на Ковид-19, ОДИХР најави 250 краткорочни набљудувачи на денот на изборите, но и претставници на парламентарните собранија на ОБСЕ и на Советот на Европа, како и свои долгорочни набљудувачи, но ваквата мисија е суспендирана поради корона кризата и ограничувањата на патувањата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-pred-startot-na-kampanjata-odihr-ja-pochna-misijata-za-procenka-na-izborite/feed/ 0
Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР почнаа со работа, имаа средба со ДИК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nabljuduvachite-na-obse-odihr-pochnaa-so-rabota-imaa-sredba-so-dik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nabljuduvachite-na-obse-odihr-pochnaa-so-rabota-imaa-sredba-so-dik/#respond Mon, 22 Jun 2020 10:02:07 +0000 https://kurir.mk/?p=360744

Набљудувачкиот тим на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, кој во земјава пристигна на 19 јуни, од денеска е подготвен за работа и членовите веќе има средба со Државната изборна комисија, на која беа информирани за текот на изборниот процес. ОБСЕ/ОДИХР на покана на македонската Влада испрати специјална мисија за следење на предвремените парламентарни избори, закажани за 15 јули. Мисијата се состои од седум експерти, кои ќе бидат сместени во Скопје и од главниот град ќе го следат целокупниот изборен процес. Во рамки на тимот се ангажирано шеф на мисијата, негов заменик, политички и изборен аналитичар, како и аналитичар за регистрација на гласачи, правен и медиумски советник. Мисијата ќе биде во траење од три недели. Портпаролката на ОБСЕ/ОДИХР, Катја Андруш во изјава за МИА минатата недела истакна дека ОДИХР распоредува Специјална изборна оценувачката мисија во Македонија за предвремените парламентарни избори. -Мисијата внимателно ќе оценува колку изборите се одржуваат согласно заложбите на ОБСЕ и останатите меѓународни стандари за демократски избори, како и согласно националното законодавство, нагласи Андруш за МИА. Пред избувнувањето на пандемијата на Ковид-19, Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) најави 250 краткорочни набљудувачи на денот на изборите, но и претставници на парламентарните собранија на ОБСЕ и Советот на Европа, како и свои долгорочни набљудувачи. Андруш за МИА вели дека биле принудени да ја суспендираат оваа набљудувачка мисија за предвремените избори во Македонија поради ограничувањата на патувањата, но и поради грижата за здравјето, кои се појавија како последица на коронавирусот. – Здравјето на нашите колеги е секогаш приоритет. Безбедносните аспекти, како и продолжените рестрикции во меѓународните патувања и ограничувањата за влез во земјите во кои се одржуваат избори создаваат предизвици за сите наши активности поврзани со изборите и пред се за воспоставување на долгорочни и краткророчни набљудувачи, кои се испраќаат директно од земјите-членки на ОБСЕ, истакна Андруш. Таа во изјавата за МИА потенцира дека како и секогаш набљудувачите на ОБСЕ тесно ќе соработуваат со властите во земјава за време на изборниот процес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nabljuduvachite-na-obse-odihr-pochnaa-so-rabota-imaa-sredba-so-dik/feed/ 0
Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за три дена во земјава, од 22 јуни целосно функционална за следење на изборите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misijata-na-obse-odihr-za-tri-dena-vo-zemjava-od-22-juni-celosno-funkcionalna-za-sledenje-na-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misijata-na-obse-odihr-za-tri-dena-vo-zemjava-od-22-juni-celosno-funkcionalna-za-sledenje-na-izborite/#respond Tue, 16 Jun 2020 10:13:07 +0000 https://kurir.mk/?p=358548

За три дена, односно на 19 јуни во земјава пристигнува набљудувачкиот тим на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, кој ќе биде подготвен за работа од 22 јуни, изјави за МИА портпаролката на ОБСЕ/ОДИХР, Катја Андруш. Таа истакна дека ОДИХР ќе распореди Специјална изборна оценувачката мисија во Македонија за предвремените парламентарни избори, кои откако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вчера ги усогласија ставовите, ќе се одржат на 15 јули. Мисијата се состои од седум експерти, кои ќе бидат сместени во Скопје и од главниот град ќе го следат целокупниот изборен процес. -Мисијата внимателно ќе оценува колку изборите се одржуваат согласно заложбите на ОБСЕ и останатите меѓународни стандари за демократски избори, како и согласно националното законодавство, вели Андруш за МИА. Пред избувнувањето на пандемијата на Ковид-19, Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) најави 250 краткорочни набљудувачи на денот на изборите, но и претставници на парламентарните собранија на ОБСЕ и Советот на Европа, како и свои долгорочни набљудувачи. Андруш за МИА вели дека биле принудени да ја суспендираат оваа набљудувачка мисија за предвремените избори во Северна Македонија поради ограничувањата на патувањата, но и поради грижата за здравјето, кои се појавија како последица на коронавирусот. – Здравјето на нашите колеги е секогаш приоритет. Безбедносните аспекти, како и продолжените рестрикции во меѓународните патувања и ограничувањата за влез во земјите во кои се одржуваат избори создаваат предизвици за сите наши активности поврзани со изборите и пред се за воспоставување на долгорочни и краткророчни набљудувачи, кои се испраќаат директно од земјите-членки на ОБСЕ, нагласува Андруш. Потенцира дека како и секогаш набљудувачите на ОБСЕ тесно ќе соработуваат со властите во земјава за време на изборниот процес. ОБСЕ/ОДИХР на покана на македонската Влада испраќа специјална мисија за следење на предвремените парламентарни избори, а мисијата во неделата соопшти дека објавила конкурс за ангажирање експерти од различни области кои треба да го следат изборниот процес. Конкурсот завршува денеска и во него се бараше шеф на мисијата на Северна Македонија и негов заменик, политички и изборен аналитичар, како и аналитичар за регистрација на гласачи, правен и медиумски советник. Мисијата ќе биде во траење од три недели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misijata-na-obse-odihr-za-tri-dena-vo-zemjava-od-22-juni-celosno-funkcionalna-za-sledenje-na-izborite/feed/ 0
Зошто 15-ти јули е првиот можен датум за избори? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-15-ti-juli-e-prviot-mozen-datum-za-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-15-ti-juli-e-prviot-mozen-datum-za-izbori/#respond Sun, 14 Jun 2020 12:46:49 +0000 https://kurir.mk/?p=357737

ОБСЕ/ОДИХР објави конкурс за оценска мисија, која најрано може ја да испрати во Македонија на 19-21ви јуни. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека откако мисијата ќе дојде во земјава, од следниот ден би влегле во изборна кампања. Кампањата трае три недели, што значи дека и првиот можен датум за избори би бил 15-ти јули. Ден претходно, на 14-ти би гласале болните, лица во самоизолација и постари од 65 години. Ќе гласаат од своите домови. Доколку ОБСЕ/ОДИХР закасни со мисијата, тогаш датумот би бил поместен за подоцна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-15-ti-juli-e-prviot-mozen-datum-za-izbori/feed/ 0