обсе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Jun 2023 10:00:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обсе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Младите треба да се гледаат како лидери денес, не како лидери утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladite-treba-da-se-gledaat-kako-lideri-denes-ne-kako-lideri-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladite-treba-da-se-gledaat-kako-lideri-denes-ne-kako-lideri-utre/#respond Thu, 15 Jun 2023 10:00:55 +0000 https://kurir.mk/?p=846033

Специјалниот претставник за млади на претседавачот со ОБСЕ, Мемет Жаку ја отвори првата панел дискусија на Преспа форумот за дијалог насловена: „Младинско учество во енергетската транзиција кон зелена економија предводена од млади кон постигнување одржлива иднина за сите“. Жаку нагласи дека младите имаат единствена позиција во обликувањето на светот во кој би сакале да живееме. „Младите не треба да се гледаат како лидери утре, туку како лидери на денешнината. Ние младите имаме една уникатна позиција да го обликуваме светот во којшто живееме, промовирајќи ги вредностите за мир, безбедност, правда и еднаквост на нашиот глас. Нашата организација има силен фокус и пристап кон улогата и значењето на младите. Како Претседателство, правиме сè од себе да ги вклучиме и интегрираме младинските перспективи во нашата агенда на сите нивоа”, рече Жаку. Христина Оџаклиеска, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање, во своето обраќање стави акцент врз зелената транзиција што се случува денес и врз промените. „Мора да ги поддржиме младите, да ги вклучиме во зелените процеси преку поддршка на иновативни идеи и креирање на одржливи решенија, бидејќи тие се двигатели на промените. Мора да им дадеме шанса да се вклучат во зелените индустрии, истражувачките процеси, и да обезбедиме платформа за регионална соработка и споделување на најдобрите практики, вештини и одржливи промени за обединета транзиција кон зелена енергија и зелена економија на пат кон ЕУ. Денес, сите заедно ја создаваме нашата зелена иднина”, истакна Оџаклиеска. За предизвиците на младите денеска и нивно вклучување како носители на одлуки од локално до глобално ниво во панелот придонесоа и Лариса Лојиќ, Насер Бислими, Мелани Јаиндл, Владимир Костовски и модераторот Бојан Петровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladite-treba-da-se-gledaat-kako-lideri-denes-ne-kako-lideri-utre/feed/ 0
Шефот на дипломатијата и претседавачот со ОБСЕ Османи во посета на Србија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shefot-na-diplomatijata-i-pretsedavachot-so-obse-osmani-vo-poseta-na-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shefot-na-diplomatijata-i-pretsedavachot-so-obse-osmani-vo-poseta-na-srbija/#respond Thu, 25 May 2023 05:55:10 +0000 https://kurir.mk/?p=838371

Реформската агенда на Србија, партнерството на земјата со ОБСЕ и помошта што ѝ ја дава Мисијата на ОБСЕ во Србија за реализирање на овие процеси ќе бидат главните теми на дводневната посета на претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на Белград. Како што соопшти МНР, Османи, денеска, во Белград ќе има средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, а со неговиот домаќин, Ивица Дачиќ, прв вицепремиер за надворешна политика и безбедност и министер за надворешни работи, ќе одржат и заедничка прес-конференција. Османи ќе има средби и со претседателот на Националното собрание на Србија, Владимир Орлиќ и парламентарната делегација на Србија во Парламентарното собрание на ОБСЕ, како и со граѓански организации кои работат на партнерски проекти со Мисијата на ОБСЕ во Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shefot-na-diplomatijata-i-pretsedavachot-so-obse-osmani-vo-poseta-na-srbija/feed/ 0
ОБСЕ го поздрави напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/obse-go-pozdravi-napredokot-vo-dijalogot-megu-belgrad-i-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/obse-go-pozdravi-napredokot-vo-dijalogot-megu-belgrad-i-prishtina/#respond Mon, 20 Mar 2023 12:19:01 +0000 https://kurir.mk/?p=814143

По средбата на високо ниво во рамките на дијалогот Белград-Приштина одржана викендов меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти во Охрид, потпретседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Мајкл Георг Линк ги пофали напорите на ЕУ и САД и постигнатиот напредок во развојот на нормални, добрососедски односи, јави дописникот на МИА од Белград. -Ова е конечно многу добра вест од разговорите на високо ниво на бриселскиот дијалог меѓу Белград и Приштина, врз основа на напредокот постигнат на 27 февруари годинава, каде страните се договорија за германско-францускиот план, кој беше поддржан од сите членки на ЕУ, наведе Линк во соопштението на ОБСЕ. Со согласувањето со германско-францускиот план на 27 февруари и неговиот анекс на 18 март, Вучиќ и Курти ја покажаа зрелоста на нивното политичко лидерство и ние силно ги поддржуваме во спроведувањето на договорот постигнат под покровителство на Европската унија. Сите сме свесни дека мирот нема алтернатива, додаде Линк. Тој ги повика двете страни да работат напорно за спроведување на договорот, чија имплементација, како што рече, може да го олесни слободното движење на луѓе и стоки, што е од суштинско значење за регионот. Линк изрази уверување дека вистинската подготвеност за компромис е неизбежна. „Напредокот на европскиот пат за двете страни зависи од сеопфатниот договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, што ќе создаде нови можности и ќе го подобри животот на нивните граѓани“, рече Линк. Договорот за нормализација меѓу страните е исто така корисен за безбедноста, стабилноста и просперитетот на целиот регион. Линк додаде дека Парламентарното собрание на ОБСЕ е подготвено да даде поддршка во овој процес се додека тоа е потребно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/obse-go-pozdravi-napredokot-vo-dijalogot-megu-belgrad-i-prishtina/feed/ 0
Шведска ја зголемува реформската поддршка за Македонија за 20 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shvedska-ja-zgolemuva-reformskata-poddrshka-za-makedonija-za-20-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shvedska-ja-zgolemuva-reformskata-poddrshka-za-makedonija-za-20-otsto/#respond Wed, 15 Mar 2023 10:29:25 +0000 https://kurir.mk/?p=812170

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи денеска во Стокхолм ќе биде примен од страна на шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром. Македонија и Шведска имаат одлични билатерални односи и оваа година слават 30 години од воспоставувањето дипломатски односи, додека Шведска е силен поддржувач на земјава на нејзиниот пат кон пристапување во ЕУ. -Оваа година Шведска ја зголемува својата реформска поддршка за Република Македонија на 80 милиони шведски круни (околу 7 милиони евра), доколку дозволува локалниот капацитет за апсорпција на средствата. Ова ја прави Шведска еден од најголемите донатори меѓу земјите-членки на ЕУ, се вели во соопштението од амбасадата на Шведска. Реформската соработка на Шведска со Македонија е дел од регионалната реформска стратегија за 2021-2027 година за развојна соработка во земјите од Западен Балкан и Турција. Почетната точка за оваа соработка е да придонесе за поблиски врски меѓу Македонија и ЕУ и да ги надополни активностите на ЕУ кои се фокусираат на фундаментални реформи. Активностите финансирани во рамките на стратегијата им помагаат на националните власти во нивните домашни реформски напори и го поддржуваат граѓанското општество како што земјата напредува во процесот на интеграција во ЕУ. -Шведска значително ја зголемува поддршката за Македонија за да и помогне да напредува во процесот на интеграција во ЕУ, особено на поле на зајакнување на демократскиот и инклузивен развој. Значителното зголемување на финансирањето за Македонија е одраз на посветеноста на Шведска на позицијата дека Македонија припаѓа во семејството на ЕУ. Шведска испорачува и тоа го правиме заеднички со граѓанското општество и институциите. Токму овие актери се тие кои мора да ги поттикнат широките реформи потребни на патот кон ЕУ. Овие реформи ќе донесат придобивки за Македонците не од денот на влегувањето на Македонија во ЕУ, туку од денот на нивното спроведување, рече амбасадорката Ами Ларсон Џаин, се вели во соопштението. Стратегијата има четири фокусни области (1) човекови права, демократија, владеење на правото и родова еднаквост; (2) мирни и инклузивни општества; (3) еколошки и климатски отпорен одржлив развој и одржливо користење на природните ресурси; и (4) инклузивен економски развој. Повеќе информации за шведската реформска стратегија за Западен Балкан, вклучително и за Македонија, може да се преземе на следниот линк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shvedska-ja-zgolemuva-reformskata-poddrshka-za-makedonija-za-20-otsto/feed/ 0
Работилница на ОБСЕ и СВР Тетово: Улогата на жените во раното препознавање на криминалот и создавање на побезбедна заедница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnitsa-na-obse-i-svr-tetovo-ulogata-na-zhenite-vo-ranoto-prepoznavane-na-kriminalot-i-sozdavane-na-pobezbedna-zaednitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnitsa-na-obse-i-svr-tetovo-ulogata-na-zhenite-vo-ranoto-prepoznavane-na-kriminalot-i-sozdavane-na-pobezbedna-zaednitsa/#respond Tue, 14 Mar 2023 14:14:26 +0000 https://kurir.mk/?p=811831

Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и Министерството за внатрешни работи - Сектор за внатрешни работи Тетово денеска (14 март) во Тетово се одржа заедничка работилница на тема „Улогата на жените во раното препознавање на криминалот и создавање на побезбедна заедница“. На работилницата на која присуствуваа претставнички од тетовски социјални, образовни институции и установи и од локални невладини организации, по воведното излагање на претставникот на ОБСЕ, Алексеј Гавриш, за полициската соработка со локалната заедница се осврна инспекторот по превенција во СВР Тетово, Мернуш Ферати. Свое излагање на работилницата имаше и професорката на Штуловиот универзитет, Блерта Ахмеди, по што уследи планираната практична работа во групи. Притоа, и во првиот и во финалниот дел од работилницата посебно беше истакната улогата на жените во полициската соработка со локалната заедница, како исклучително значајна, но и за безбедноста и заштитата на семејството, а за што се презентираа и посебни заклучоци изготвени од секоја од групите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rabotilnitsa-na-obse-i-svr-tetovo-ulogata-na-zhenite-vo-ranoto-prepoznavane-na-kriminalot-i-sozdavane-na-pobezbedna-zaednitsa/feed/ 0
Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа Меморандум за разбирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misijata-na-obse-vo-skopje-i-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli-potpishaa-memorandum-za-razbirane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misijata-na-obse-vo-skopje-i-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli-potpishaa-memorandum-za-razbirane/#respond Mon, 27 Feb 2023 13:20:43 +0000 https://kurir.mk/?p=805657

Со цел да се подобри квалитетот на правдата, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) денеска потпиша Меморандум за разбирање. Меморандумот за разбирање е со времетраење од три години. Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе го следи спроведувањето на курсевите за обука преку нејзината програма за мониторинг на судски процеси. Како што соопштија од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе обезбедат напредна обука за судии и обвинители со посебен фокус на зајакнување на борбата против организираниот криминал, корупцијата и дискриминацијата. Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, истакнал дека обуката е насочена кон поквалитетни обвиненија, како и кон зголемување на конфискацијата на имотот стекнат преку криминални активности. - И двата аспекти се многу важни за ефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата бидејќи тоа значи дека криминалците ќе добијат повисоки казни и нема да можат да уживаат во незаконски стекнатото богатство, нагласил тој. Наташа Габер-Дамјановска, директорка на Академијата изразила благодарност за поддршката што ја добиваат од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. -Преку нашите заеднички напори, ќе инвестираме во квалитетот на тековните и идните правни професионалци, што ќе го подобри правосудниот систем, додала таа. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misijata-na-obse-vo-skopje-i-akademijata-za-sudii-i-javni-obviniteli-potpishaa-memorandum-za-razbirane/feed/ 0
Украина го бојкотираше Парламентарното собрание на ОБСЕ во Виена поради присуство на руската делегација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-go-bojkotirashe-parlamentarnoto-sobranie-na-obse-vo-viena-poradi-prisustvo-na-ruskata-delegatsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-go-bojkotirashe-parlamentarnoto-sobranie-na-obse-vo-viena-poradi-prisustvo-na-ruskata-delegatsija/#respond Thu, 23 Feb 2023 15:07:03 +0000 https://kurir.mk/?p=804247

Седницата на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска во Биена почна без присуство на украинската делегација, која како навреда го оцени најавеното присуство на руски пратеници на седницата. Дводневната сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, која се совпаѓа со првата годишнина од руската инвазија на Украина, е засенета од контроверзите за присуство на Русите на неа. Австрија им даде визи на руските пратеници иако се под санкции на Европската унија и покрај протестите на 20 земји, меѓу кои Велика Британија, Франција и Канада. Австриските власти наведуваат дека како домаќини се обврзани да им издаваат визи на претставниците на сите земји-членки на ОБСЕ. Украина и Литванија најавија дека нема да учествуваат на седницата доколку Русија биде присутна. Претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Маргарета Седерфелт, на отворањето на седницата рече дека „сочувствува со фактот што некои членки сметаат дека е неподносливо да седат во иста просторија со агресорите“ и дека „оние кои се присутни денеска имаат можност да се заземат за Украина и да се спротивстават на лагите на агресорите.“ Словачкиот делегат ја прочита изјавата на украинската делегација во која се наведува дека „присуството на воените потбуцнувачи во Виена е навреда за сето она за што се залага ОБСЕ“. „Тие не се тука за вистински дијалог или соработка. Тие се тука да ја шират својата пропаганда, да се обидат да ги оправдаат воените злосторства што ги направија и да ги сквернават принципите на меѓународното право и човечката пристојност“, изјавија од украинската делегација. ОБСЕ, чие седиште е во Виена, има 57 земји-членки, вклучувајќи ги Русија и Украина, а организација е создадена за време на Студената војна како платформа за дијалог меѓу Истокот и Западот.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-go-bojkotirashe-parlamentarnoto-sobranie-na-obse-vo-viena-poradi-prisustvo-na-ruskata-delegatsija/feed/ 0
ОБСЕ: Инцидентот со хакираната страница потсетник за кибер-заканите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obse-intsidentot-so-hakiranata-stranitsa-potsetnik-za-kiber-zakanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obse-intsidentot-so-hakiranata-stranitsa-potsetnik-za-kiber-zakanite/#respond Sat, 21 Jan 2023 17:35:40 +0000 https://kurir.mk/?p=790138

Официјалната Фејсбук страница на Мисијата на ОБСЕ во Скопје беше неодамна хакирана. Веќе ги презедовме сите неопходни чекори за да го пријавиме нападот кај менаџерскиот тим на Фејсбук и додека истиот не се реши, сите објави или пораки добиени од хакираната страница не се авторизирани од ОБСЕ, соопшти ОБСЕ. -Овој инцидент е уште еден потсетник за кибер-заканите во денешното дигитално доба, кои без исклучок ги погодуваат приватните бизниси, владата и меѓународните организации, стои во соопштението на ОБСЕ. Фејсбук страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје вчера беш хакирана. -ОБСЕ потврдува дека фејсбук-страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е хакирана. Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка до понатамошно известување не се авторизирани од ОБСЕ, беше наведено од ОБСЕ. По хакирањето страницата на Мисијата на ОБСЕ во земјава е преименувана во „Đỗ Thị Thanh Tâm“. Во моментов со ОБСЕ претседава Република Северна Македонија. Претседавањето ќе трае во текот на целата 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obse-intsidentot-so-hakiranata-stranitsa-potsetnik-za-kiber-zakanite/feed/ 0
Хакиран профилот на ОБСЕ во Македонија – стана хотлајн (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hakiran-profilot-na-obse-vo-makedonija-stana-hotlajn-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hakiran-profilot-na-obse-vo-makedonija-stana-hotlajn-foto/#respond Fri, 20 Jan 2023 19:01:42 +0000 https://kurir.mk/?p=789878

Меѓународна брука за Македонија. Откако нашата земја стана претседавач со ОБСЕ, хакиран беше профилот на оваа меѓународна организација. Од ОБСЕ објавија за случајот. Инаку, фејсбук страницата на нашата мисија во Скопје, по хакирањето стана хотлајн.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hakiran-profilot-na-obse-vo-makedonija-stana-hotlajn-foto/feed/ 0
Бујар Османи на средба со Зеленски: „Ја повикувам Русија веднаш да стави крај на агресијата“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bujar-osmani-na-sredba-so-zelenski-ja-povikuvam-rusija-vednash-da-stavi-kraj-na-agresijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bujar-osmani-na-sredba-so-zelenski-ja-povikuvam-rusija-vednash-da-stavi-kraj-na-agresijata/#respond Mon, 16 Jan 2023 16:11:27 +0000 https://kurir.mk/?p=788041

Во рамки на посетета на Киев, Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи денес оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски на која ја изрази својата поддршка за украинската Влада, акцентирајќи дека ОБСЕ го поддржува украинскиот народ и напори за враќање на мирот и стабилизација на регионот. „Импресивна е пожртвуваноста и посветеноста на Претседателот Зеленски во заштита на украинскиот народ и храброста во соочувањето со предизвиците и последиците од агресијата на Руската Федерација врз Украина. Ја повикувам Русија веднаш да стави крај на агресијата. ОБСЕ го поддржува украинскиот народ и ќе продолжи одблизу да ја набљудува состојбата. Неопходна е оваа поддршка на украинските напори да се врати мирот и да изгради стабилна иднина за нејзините граѓани", истакна Османи. Османи порача дека ОБСЕ ги има механизмите и капацитетот да им помогне на луѓето од конфликтните подрачја преку работата на терен. "Еден од првите чекори треба да биде итното враќање на теренска мисија на ОБСЕ во Украина. Мисијата ќе направи голема разлика на терен за обезбедување на стабилност, безбедност и почитувањето човековите права за секој граѓанин", порача Османи. Посетата на Османи на Украина е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на Претседавањето на  Македонија со ОБСЕ во 2023 година, во кое фокус се става кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија, велат од МНР.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bujar-osmani-na-sredba-so-zelenski-ja-povikuvam-rusija-vednash-da-stavi-kraj-na-agresijata/feed/ 0