обука – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Mar 2023 08:38:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обука – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Канада ќе ја продолжи својата мисија за обука на украински инженери https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-ke-ja-prodolzhi-svojata-misija-za-obuka-na-ukrainski-inzheneri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-ke-ja-prodolzhi-svojata-misija-za-obuka-na-ukrainski-inzheneri/#respond Wed, 08 Mar 2023 08:38:05 +0000 https://kurir.mk/?p=809375

Канада до октомври ќе ја продолжи својата мисија за обука на украински инженери и обука за воена медицина, соопшти канадскиот премиер Џастин Трудо. - Ќе ја продолжиме инженерската обука барем до есен и ќе распоредиме медицински тренери да им помагаат на украинските сили во воената медицина, рече Трудо на прес-конференција. Тој говореше заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во воената база Кингстон во близина на Отава. Канадскиот премиер рече дека неговата земја се обврзала да обезбеди три милиони долари за помош во отстранувањето на мините во Украина, како и генератори, сето тоа во соработка со Европската унија. - Канада ќе биде со народот на Украина сè додека е потребно, додаде Трудо. Отава, исто така, ќе испорача тенкови Леопард 2 на Украина за да помогне во борбата против руската инвазија. Претседателката на Европската комисија ја поздрави посветеноста на Отава и потсети дека Европската унија потрошила повеќе од 12 милијарди евра за воена опрема за Украина и оти планира до крајот на годината да ја заврши обуката на 30.000 украински војници. По посетата на Канада, Урсула фон дер Лајен ќе престојува во посета на САД, каде в петок ќе се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-ke-ja-prodolzhi-svojata-misija-za-obuka-na-ukrainski-inzheneri/feed/ 0
САД обучуваат украински војници во Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-obuchuvaat-ukrainski-vojnitsi-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-obuchuvaat-ukrainski-vojnitsi-vo-germanija/#respond Mon, 16 Jan 2023 09:00:05 +0000 https://kurir.mk/?p=787793

Во тренинг-центарот „Графенвор“ кај Нирнберг американската армија ќе спроведе нова, проширена обука на украински војници. Предвидено е во текот на наредните пет до осум недели на фронтот во Украина да се вратат околу 500 обучени украински војници, изјави денеска началникот на Здружениот генералштаб. на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили. Мили кој денеска е предвидено да го посети центарот за обука, појасни дека војниците пристигнале од Украина пред неколку дена. За нивна обука се обезбедени целосни комплети оружје и опрема, а засега Пентагон одбива да прецизира кога точно ќе започне обуката. Агенциите објавуваат дека украинските војници ќе научат како подобро да се движат и да се координираат во баталјон, користејќи комбинирано артилерија, оклопни средства и копнени сили. Во изјавата дадена за новинарите кои патуваат со него во Европа Мили рече дека комплексната обука заедно со нов сет оружје, артилерија, тенкови и други борбени возила што се на пат кон Украина, ќе биде клучна за да и помогне на Украина да ја врати територијата заземена од руските сили. „Оваа поддршка е многу важна, бидејќи Украина ќе може да се одбрани. Се надеваме дека ќе можеме да го постигнеме тоа заедно за кратко време“, истакна Мили. Тој додава дека целта е целото ново оружје и опрема што ќе и биде доставено на Украина веднаш да биде употребливо за обучени војници, „некаде пред да почнат пролетните дождови“. „Тоа би било идеално“, рече Мили. Обуката покрај теренската работа предвидува и настава во училница и ќе започне со помали тимови, а потоа постепено ќе се зголемува со вклучување поголеми единици. САД веќе обучија повеќе од 3.100 украински војници да користат и одржуваат одредени видови оружје, вклучително ракување со американските хаубици и ракетните системи „ХИМАРС“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-obuchuvaat-ukrainski-vojnitsi-vo-germanija/feed/ 0
Стотици украински војници завршија воена обука во Велика Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-ukrainski-vojnici-zavrshija-voena-obuka-vo-velika-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-ukrainski-vojnici-zavrshija-voena-obuka-vo-velika-britanija/#respond Thu, 30 Jun 2022 08:41:40 +0000 https://kurir.mk/?p=697675

Стотици украински војници завршија воена обука во Велика Британија, вклучително и онаа за системи за лансирање ракети со повеќе цевки (МЛРС), што британската влада му ги доставува на Киев како форма на помош во борбата против руската артилерија. Новинарите беа поканети да ги снимаат деталите од обуката, каде што можеше да се види како украински војници ги товарат и пукаат од лесни топови со калибар од 105 милиметри за време на вежбите во Солсбери, јужна Англија, како дел од програмата за повеќе од 450 припадници на украинските вооружени сили поддржани од Нов Зеланд. Прикажани се и МЛРС системи кои се во употреба. Тоа е дел од поширокиот меѓународен пакет за поддршка за Киев, по руската инвазија на 24 февруари, со која Западот се обидува да и помогне на Украина да ги одбие руските сили преку обезбедување на се понапредни системи за оружје и обука за нивна употреба. За време на посетата на Киев овој месец, британскиот премиер Борис Џонсон понуди да започне голема операција со потенцијал за обука до 10.000 украински војници на секои 120 дена. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotici-ukrainski-vojnici-zavrshija-voena-obuka-vo-velika-britanija/feed/ 0
Падобранци на НАТО предводени од Обединетото Кралство ќе спроведуваат обука во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padobranci-na-nato-predvodeni-od-obedinetoto-kralstvo-kje-sproveduvaat-obuka-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padobranci-na-nato-predvodeni-od-obedinetoto-kralstvo-kje-sproveduvaat-obuka-vo-makedonija/#respond Thu, 05 May 2022 09:58:03 +0000 https://kurir.mk/?p=672218

Во Северна Македонија пристигнаа 1800 падобранци од 16-тата воздухопловна јуришна бригада на Обединетото Кралство за да одржат обука заедно со седум други земји на НАТО, вклучително и силите од Северна Македонија. Обуките ќе се одржат на четири различни локации низ земјата, информираат од Британската амбасада во Скопје. – Во текот на следните недели 2700 војници од Северна Македонија, Албанија, Грција, Италија, Обединетото Кралство, САД и Црна Гора ќе спроведат обуки за боево гаѓање, како и дневни и ноќни скокови со падобран. На обуката ќе се демонстрира способноста на земјите-членки на НАТО да се распоредат насекаде низ светот и способноста на нивните војници да работат заедно професионално и успешно. Оваа годишна вежба, која годинава се случува во Северна Македонија, е клучен придонес за европската безбедност, која има за цел да испорача сили со висока готовност во низа улоги, да го зголеми го капацитетот и да ги дополни НАТО и другите европски и глобални безбедносни аранжмани, велат од амбасадата. Воздухопловната јуришна бригада вклучува падобранци, инженери, артилерија, логистичари, медицински лица, воено разузнавање, специјалисти за комуникации, армиски воздухопловен корпус, кралски воздухопловни сили, механичари и специјалисти за уништување на експлозивни смртоносни средства. Бригадата се распоредува во вежби и операции на глобално ниво со сите возила и опрема потребни за самоодржливост, вклучувајќи хеликоптери, теренски транспортери на тркала и гасеничари, артилериски пушки и мноштво логистички и инженерски возила. Командантот на кралските инженерски падобранци, потполковник Џек Кросли, е во Северна Македонија од 24 март. Тој го надгледуваше движењето на бригадата од Обединетото Кралство кон Северна Македонија. – Движењето на речиси 2000 британски војници и сите возила и опрема што доаѓаат со една бригада низ Европа и во Северна Македонија беше огромна задача, која немаше да можеме да ја направиме толку ефикасно без поддршката на Владата на Северна Македонија и вооружените сили, истакна потполковникот Кросли. Од 24 март, војници од осум земји на НАТО почнаа да пристигнуваат во Северна Македонија за вежбата БРЗ ОДГОВОР 22, вежба на сојузничките воздухопловно-десантни сили, што е дел од пошироката серија вежби кои се одржуваат низ цела источна Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/padobranci-na-nato-predvodeni-od-obedinetoto-kralstvo-kje-sproveduvaat-obuka-vo-makedonija/feed/ 0
Обука на судии кои ќе го вршат оценувањето при селекција и бодување на кандидатите на огласите на Судскиот совет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obuka-na-sudii-koi-kje-go-vrshat-ocenuvanjeto-pri-selekcija-i-boduvanje-na-kandidatite-na-oglasite-na-sudskiot-sovet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obuka-na-sudii-koi-kje-go-vrshat-ocenuvanjeto-pri-selekcija-i-boduvanje-na-kandidatite-na-oglasite-na-sudskiot-sovet/#respond Tue, 19 Apr 2022 10:08:03 +0000 https://kurir.mk/?p=665266

Имплементацијата на Методологијата за квалитативно оценување на судиите и на претседателите на судовите продолжи со обука на судии кои се членови на комисиите формирани од Судскиот совет. Во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи денеска во Скопје се обучуваат судии од Врховниот суд, судии од апелациските судови, како и судии од Вишиот управен суд, кои ќе ги оценуваат судиите од апелациите, основните судови и Управниот суд за да се изврши селекција и бодување на кандидатите кои се пријавени на огласите на Судскиот совет. Методологијата за квалитативно оценување, се вели во соопштението од Судскиот совет, преставува нов модел на евалуација на трудот на судиите, односно оценувањето нема да го прави Судскиот совет како до сега, туку самите судии ќе ги вршат проверките на перформансите за квалитет на секој судија. – Методологијата е вградена во АКМИС системот и со нејзината дигитална примена ќе се изберат пет предмети по случаен избор кои ќе бидат оценувани од комисиите, но судијата ќе има право да предложи и други пет предмети по негов избор, се вели во соопштението од Судскиот совет. Преку оценување на десетте предмети на судијата практично ќе се дефинира неговата вкупна оценка. Првпат при оценувањето ќе се земат предвид сите елементи поврзани со судиската работа и евалуацијата ќе се врши врз основа на објективни, а не на субјективни критериуми. Едноставно, со внесување на податоците за конкретен предмет, самиот систем ќе ја одреди оценката за судијата, а не тоа да го прави човечки фактор. Со ваквиот начин на оценување, се наведува во соопштението од Судскиот совет, во иднина ќе напредуваат само оние судии кои реално заслужуваат, а така ќе се гради независноста, обејктивноста и одговорноста на судството, и преку воспоставување на овие принципи ќе се врати и довербата на граѓаните во судството. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obuka-na-sudii-koi-kje-go-vrshat-ocenuvanjeto-pri-selekcija-i-boduvanje-na-kandidatite-na-oglasite-na-sudskiot-sovet/feed/ 0
Наместо Судскиот совет во иднина самите судии меѓусебно ќе се оценуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-sudskiot-sovet-vo-idnina-samite-sudii-megjusebno-kje-se-ocenuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-sudskiot-sovet-vo-idnina-samite-sudii-megjusebno-kje-se-ocenuvaat/#respond Tue, 19 Apr 2022 09:45:46 +0000 https://kurir.mk/?p=665247

Имплементацијата на Методологијата за квалитативно оценување на судиите и на претседателите на судовите продолжи со обука на судии кои се членови на комисиите формирани од Судскиот совет. Во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи денеска во Скопје се обучуваат судии од Врховниот суд, судии од апелационите судови, како и судии од Вишиот управен суд. Овие судии ќе ги оценуваат судиите од апелациите, основните судови и Управниот суд за да се изврши селекција и бодување на кандидатите кои се пријавени на огласите на Судскиот совет. -Методологијата за квалитативно оценување преставува нов модел на евалуација на трудот на судиите, односно оценувањето нема да го прави Судскиот совет како до сега, туку самите судии ќе ги вршат проверките на перформансите за квалитет на секој судија. Методологијата е вградена во АКМИС системот и со нејзината дигитална примена ќе се изберат пет предмети по случаен избор кои ќе бидат оценувани од комисиите, но судијата ќе има право да предложи и други пет предмети по негов избор, се наведува во соопштението. Преку оценување на десетте предмети на судијата практично ќе се дефинира неговата вкупна оценка. За прв пат при оценувањето ќе се земат предвид сите елементи поврзани со судиската работа и евалуацијата ќе се врши врз основа на објективни, а не на субјективни критериуми. Едноставно, со внесување на податоците за конкретен предмет, самиот систем ќе ја одреди оценката за судијата, а не тоа да го прави човечки фактор. Со ваквиот начин на оценување во иднина ќе напредуваат само оние судии кои реално заслужуваат, а така ќе се гради независноста, обејктивноста и одговорноста на судството. Преку воспоставување на овие принципи ќе се врати и довербата на гражаните во судството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-sudskiot-sovet-vo-idnina-samite-sudii-megjusebno-kje-se-ocenuvaat/feed/ 0
По повод Светскиот ден на здравјето вработените во Град Скопје успешно ја завршија обуката по прва помош за работни организации https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/po-povod-svetskiot-den-na-zdravjeto-vrabotenite-vo-grad-skopje-uspeshno-ja-zavrshija-obukata-po-prva-pomosh-za-rabotni-organizacii/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/po-povod-svetskiot-den-na-zdravjeto-vrabotenite-vo-grad-skopje-uspeshno-ja-zavrshija-obukata-po-prva-pomosh-za-rabotni-organizacii/#respond Thu, 07 Apr 2022 12:51:01 +0000 https://kurir.mk/?p=659723

По повод Светскиот ден на здравјето, вработени во Град Скопје успешно ја завршија обуката по прва помош за работни организации. Обуката ја реализираа претставници од Центарот за прва помош на Црвен крст на град Скопје, а учествуваа претставници од сите сектори на градската администрација. Со завршувањето на оваа обука вработените се стекнуваат со основни и специфични вештини и практики од првата помош, наменети според специфичноста на работната организација. За успешно завршената обука, Секретарот на Црвен крст на град Скопје, Сузана Тунева Пауновска на вработените им додели сертификати. Во оваа пригода, Пауновска ја поздрави одличната соработка со Град Скопје и го истакна големото значење на обуката за прва помош, изразувајќи уверување дека во наредниот период сите вработени од градската администрација успешно ќе ја завршат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/po-povod-svetskiot-den-na-zdravjeto-vrabotenite-vo-grad-skopje-uspeshno-ja-zavrshija-obukata-po-prva-pomosh-za-rabotni-organizacii/feed/ 0
СЗО формираше нов центар за обука за производство на вакцини против коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-formirashe-nov-centar-za-obuka-za-proizvodstvo-na-vakcini-protiv-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-formirashe-nov-centar-za-obuka-za-proizvodstvo-na-vakcini-protiv-koronavirus/#respond Wed, 23 Feb 2022 18:45:35 +0000 https://kurir.mk/?p=635589

Светската здравствена организација денеска соопшти дека основала центар за обука во Јужна Кореја за земјите со низок и среден приход кои сакаат да произведуваат свои вакцини и лекови против коронавирус. Новиот центар за обука е основан откако агенцијата на ОН формираше центар за трансфер на технологија во Кејп Таун минатата година за пренос на знаење во сиромашните и средните земји за производство на вакцини против Ковид-19 врз основа на технологијата мРНА. Новиот центар во предградието на Сеул ќе едуцира експерти од оние земји кои сакаат да произведуваат свои вакцини, инсулин и моноклонални антитела, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Центарот во Јужна Кореја веќе спроведува обука за компании со седиште во земјата, а сега ќе прима и експерти од други земји. СЗО, исто така, објави дека уште пет земји – Бангладеш, Индонезија, Пакистан, Србија и Виетнам – ќе добијат поддршка од центарот за трансфер на мРНА технологија од Јужна Африка. Минатата недела, шест африкански земји, Египет, Кенија, Нигерија, Сенегал, Јужноафриканската Република и Тунис, први до Африка потпишаа договор за пренос на технологија за производство на мРНА вакцини според меѓународните стандарди. Тедрос рече дека 20 земји досега изразиле интерес за обука за производство на мРНА вакцини во Јужноафриканската Република.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-formirashe-nov-centar-za-obuka-za-proizvodstvo-na-vakcini-protiv-koronavirus/feed/ 0
Тајванската претседателка потврди дека американски војници ги обучуваат тајванските https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvanskata-pretsedatelka-potvrdi-deka-amerikanski-vojnici-gi-obuchuvaat-tajvanskite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvanskata-pretsedatelka-potvrdi-deka-amerikanski-vojnici-gi-obuchuvaat-tajvanskite/#respond Thu, 28 Oct 2021 06:55:17 +0000 https://kurir.mk/?p=586829

Мал број американски војници во Тајван обучуваат тајвански војници, изјави претседателката Цаи Инг-вен во интервју за Си-Ен-Ен, потврдувајќи го присуството на американските сили на островот со сопствена самоуправа што Кина ја смета за своја. Напнатоста меѓу Тајван и Кина, која не ја отфрли можноста за насилно преземање на островот, ескалираше во последните неколку недели бидејќи Пекинг го засили воениот и политичкиот притисок. -Имаме широк опсег на соработка со Соединетите Американски Држави за зајакнување на нашите одбранбени способности, рече Цаи во интервјуто објавено денеска. На прашањето колку американски војници се распоредени во Тајван, таа одговори дека „нема толку многу колку што мислат луѓето“. Потврдата е изречена додека Кина значително го зголеми воениот притисок врз Тајван, вклучително и мисиите на кинеските борбени авиони во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Тајван. Иако неколку тајвански и меѓународни медиуми претходно објавија за таква обука со американските сили, официјалната потврда може дополнително да ги влоши односите меѓу САД и Кина во време кога Пекинг спроведува воени вежби заедно со Тајван. Запрашан за коментарот на тајванската претседателка, тајванскиот министер за одбрана Чиу Куо-ченг изјави дека тајванско-американските воени интеракции „биле чести“ и траат долго време. – За време на овие размени, може да се разговара за која било тема, рече тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvanskata-pretsedatelka-potvrdi-deka-amerikanski-vojnici-gi-obuchuvaat-tajvanskite/feed/ 0
Центар за противпожарна обука и спасување по светски стандарди наменски организиран, современо опремен и спремен за користење (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centar-za-protivpozarna-obuka-i-spasuvanje-po-svetski-standardi-namenski-organiziran-sovremeno-opremen-i-spremen-za-koristenje-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centar-za-protivpozarna-obuka-i-spasuvanje-po-svetski-standardi-namenski-organiziran-sovremeno-opremen-i-spremen-za-koristenje-video/#respond Tue, 14 Sep 2021 19:38:35 +0000 https://kurir.mk/?p=563721

По повеќемесечни подготовки и финансиски вложувања, македонската компанија „КОУЗОН“ го претстави пред јавноста првиот наменски организиран полигон и едукативен центар за обука на пожарникари – спасители, обуки за сите видови на противпожарна заштита и поморски сертификати. Тренинг центарот е на површина од 5.100 m2, лоциран во кругот на поранешниот Хемиски комбинат „ОХИС“ во Скопје и ги има сите услови да биде средиште на сите идни обуки на македонските професионални пожарникари - спасители, но и на доброволните пожарникари, тимови за заштита и справување со шумските пожари. Според најавите, на полигонот на овој тренинг центар планирано е да се изведуваат обуки за извлекување на лица од тешки сообраќани несреќи, обуки за прва помош и спасување во случај на масовни несреќи и обуки за спасување од поплави.
„Концептот за функционирање на вакви тренинг центри е развиен во државите на ЕУ и светот. Нашата иницијатива е во склоп на еден дел од активностите на фирмата и интернационалните проекти каде испраќаме на работни проекти македонски пожарникари што ги обучуваме во соработка со партнерите од Англија“ - изјави Зоран Кочоски, менаџер на „Коузон“.
Во периодов што следува, „Коузон“ планира да инвестира средства во купување на противпожарно навално возило, но и неколку АТВ-возила со противпожарна опрема за брза интервенција за гасење на шумски пожари и современа опрема за извлекување и спасување од елементарни непогоди.
„Имаме иницијатива до државните институции кои се дел од системот за заштита и спасување да го ставиме на располагање нашиот тренинг центар на нивно располагање и по примерот на јавно-приватно партнерство да работиме на заеднички проекти за развивање на системот за превенција и спасување од пожарни и други природни катастрофи“ изјавува Кочоски.
Специфика на работењето на фирмата „КОУЗОН“ е тоа што е лидер во цела Источна Европа во областа на вработувањата на бродските Cruises компании, а од 2014 година во соработка со Интернационалната компанија FIRE AID од Англија, станаа и водечка светка компанија која времено вработува македонски пожарникари на проекти ширум светот. Преку овие проекти „Коузон“ има ангажирано повеќе од 340 македонски пожарникари и активно работи на процесот на заживување на доброволното пожарникарство во Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/centar-za-protivpozarna-obuka-i-spasuvanje-po-svetski-standardi-namenski-organiziran-sovremeno-opremen-i-spremen-za-koristenje-video/feed/ 0