обуки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 19 Feb 2022 08:26:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обуки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЈП Лајка во соработка со Ветеринарната комора и експерти од RSPCA ќе спроведе обуки https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-lajka-vo-sorabotka-so-veterinarnata-komora-i-eksperti-od-rspca-kje-sprovede-obuki/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-lajka-vo-sorabotka-so-veterinarnata-komora-i-eksperti-od-rspca-kje-sprovede-obuki/#respond Sat, 19 Feb 2022 08:26:33 +0000 https://kurir.mk/?p=633412

ЈП Лајка во соработка со Ветеринарната комора и експерти од (RSPCA) - Кралскотоздружение за спречување на суровост врз животните ќе спроведе еднодневни обуки на различни теми: Менаџирање на прифатилиште, Техники на заловување, тест за социјализација и проценка на агресивност кај кучињата. Локацијата ќе биде во просториите на ЈП Лајка – Скопје од 21.02 до 24.02.2022 година. Времетрањето на обуките ќе биде од 09:00 до 14:00 часот. Обуките ќе се одвиваат на англиски јазик, истите се бесплатни и акредитирани од Ветеринарната комора на РСМ со 5 бодови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-lajka-vo-sorabotka-so-veterinarnata-komora-i-eksperti-od-rspca-kje-sprovede-obuki/feed/ 0
CERTIADRIA – НАШЕ, А СВЕТСКО! Како се станува регионален центар за сертифицирани IT обуки https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/certiadria-nashe-a-svetsko-kako-se-stanuva-regionalen-centar-za-sertificirani-it-obuki/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/certiadria-nashe-a-svetsko-kako-se-stanuva-regionalen-centar-za-sertificirani-it-obuki/#respond Tue, 25 Jan 2022 15:10:33 +0000 https://kurir.mk/?p=622827

Дигитализацијата овозможи коренити промени во начинот на работењето. Се зголеми индивидуалната продуктивност, се создаде нов квалитет на сработеното. Да знаеш да работиш во Word, Excel, Outlook и PowerPoint, денес е нешто без кое не може да се аплицира за скоро било кое работно место. Токму во полето на дигитализацијата и едукацијата, тимот на Certiadria ја согледа својата бизнис идеја - компанија која е  посветена на обезбедување образовни и сертификациски услуги во нашата држава, но и пошироко во Јадранскиот регион. Тие се дел од Certiport глобалната мрежа за акредитирани компании кои вршат обуки и издаваат сертификати  за познатите програми и брендови како оние на Adobe, Autodesk, Microsoft и многу други. На што се должи успехот на CertiAdria? „Нашите почетоци датираат од 2011 година кога го потпишавме партнерството со Certiport и Pearson VUE Business и можеме да кажеме дека сме целосно задоволни од постигнатото“- истакнува Марко Серафимовски, оперативниот директор на CertiAdria. „Сепак нашата визија за раст и развој, требаше да биде поткрепена и со финансиска поддршка и консултантски услуги за напредок и успешно менаџирање на деловните процеси. Како мала, но динамична компанија ни одговараше соработката со Микро Инвестицискиот Фонд (МИФ) со кој управува друштвото SPMG Capital. Со инвестицијата на МИФ во 2014 година, го зголемивме присуството на пазарите и надвор од Јадранскиот регион. Веќе во 2016 година станавме авторизиран партнер за едукација (AЕП) на Microsoft и обезбедивме официјални  едукативни материјали и решенија од Microsoft за академските институции ширум Јадранскиот регион. Наредната 2017 година потпишавме договор за соработка со ISQI (International Software Quality Institute) и право да ги нудиме нивните официјални испити во 12 земји – Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Унгарија, Малта и Романија. Истата година, остваривме и соработка со ИАПП (International Association of Privacy Professionals) и станавме Официјален Тренинг Партнер за GDPR обуки во целиот свет.“ Она по што CertiAdria е посебна е понудата на сертифицирани обуки кои се признати на глобално ниво и со кои им овозможувате на компаниите и образовните институции да создадат врвни кадри и професионалци во дигиталниот свет. Како ја гледате иднината на CertiAdria? „Една од нашите цели е градење на силни врски со академскиот и индустрискиот свет, при што вработените и студентите/учениците стекнуваат компјутерски и интернет вештини кои ќе бидат потврдени и ќе бидат основа за да продолжат со понапредни обуки и сертификации. Имаме воспоставено соработка со 70  универзитети и средни училишта, 30 компании за обуки и 4 иновативни центри. И во иднина ќе продолжиме да обезбедуваме програми за врвна едукација во областа на IT технологиите  и нивно интегрирање со потребите за развој на регионот.“ Образованието, покрај тоа што е благородна дејност, може да заклучиме дека и кај нас може да биде профитабилна и одржлива бизнис идеја, поткрепена секако со труд, знаење и поддршка од деловните и финансиските партнери и соработници. Дигитализацијата има неограничен простор за развој и имплементација на секое поле, а со тоа и можности знаењето и идеите во оваа сфера да ги претворите во капитал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/certiadria-nashe-a-svetsko-kako-se-stanuva-regionalen-centar-za-sertificirani-it-obuki/feed/ 0
Од утре престанува забраната за одржување семинари, обуки, работилници, курсеви https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-prestanuva-zabranata-za-odrzuvanje-seminari-obuki-rabotilnici-kursevi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-prestanuva-zabranata-za-odrzuvanje-seminari-obuki-rabotilnici-kursevi/#respond Tue, 27 Apr 2021 20:11:59 +0000 https://kurir.mk/?p=503012

Од утре, 28 април, престанува да важи забраната за организирање, одржување и присуство/учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип, соопшти Владата. На денешната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето на КОВИД-19. Со овие измени и дополнувања од утре полицискиот час ќе почнува во 21:00, а не од 20:00 како досега. Забраната и посебниот режим на движење нема да важи ноќта меѓу 1 мај – 2 мај, за време на Велигден, како и вечерта на 13 мај за време на Рамазан Бајрам. -Од 28 април сите угостителски објекти ќе можат да работат само во отворените делови, односно на терасите на угостителските објекти и тоа до 20:30 часот после што ќе бидат затворени за посетители. Оние компании од угостителската дејност регистрирани за прослави (свадби, родендени, крштевки и слично) ќе можат да ја организираат работата само како ресторани на отворено, односно на терасите, а забраната за организирање свадби, родендени, крштевки и слично, останува. Исклучок од ова се угостителските објекти на меѓународните аеродроми, како и во објектите за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и друго) за лицата кои се сместени во овие објекти, кои ќе продолжат да работат како и до сега, наведува Владата. Соодветно на овие исклучоци ќе се применуваат адаптираните Протокол за отворање и работа на кафетериите, Протокол за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана и Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од КОВИД-19. Како што соопшти Владата, новите мерки ќе важат до 15 мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-prestanuva-zabranata-za-odrzuvanje-seminari-obuki-rabotilnici-kursevi/feed/ 0
Обуки во Скопје за вински ентузијасти на светски реномираната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/obuki-vo-skopje-za-vinski-entuzijasti-na-svetski-renomiranata-londonska-shkola-za-vino-i-zestoki-pijalaci/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/obuki-vo-skopje-za-vinski-entuzijasti-na-svetski-renomiranata-londonska-shkola-za-vino-i-zestoki-pijalaci/#respond Fri, 01 Feb 2019 10:17:31 +0000 https://kurir.mk/?p=159010

Винарската визба „Тиквеш“ ја доби акредитацијата за организирање обуки на престижната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци (Wine & Spirits Education Trust – WSET), најголемиот светски провајдер на обуки во доменот на виното и жестоките пијалаци. Школата „Вински едукатор“ (Wine educator) почнува со работа, а обуките, според највисоките стандарди на едукација во областа, ќе ги изведуваат реномирани искусни предавачи сертифицирани од оваа светски признаена едукаторска организација. Рокот за апликации е во тек и трае до почетокот на март, а првите обуки ќе се одржат од 27 до 30 март оваа година во „М6 едукативниот центар“ во Скопје.
„Ова е логично продолжување на активностите што „Тиквеш“ ги презема повеќе од една деценија на полето на едукацијата и развојот на винската култура. Но, и подигнување на едно повисоко, би рекол, светско ниво. Програмите и највисоките стандарди на Лондонската школа и нејзините интернационални обучувачи ќе отворат нови можности за развој на македонскиот пазар на вино, но и за раст на домашната винска индустрија преку создавање нови познавачи на виното, едуцирани трговци со вино и персонал во рестораните и вински ентузијасти. Тие понатаму ќе ги шират винската култура и бенефитите од умерената и одговорна консумација на виното“, изјави генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.
Лондонската школа за вино и жестоки пијалаци има свои едукативни програми во повеќе од 75 земји во светот. Во Македонија на самиот почеток ќе бидат организирани обуките од прво и второ ниво, кои не бараат претходно познавање од областа, а во натамошниот период ќе бидат достапни обуки од напредните програмски целини. Учесниците на обуките, преку проверка на стекнатите знаења, ќе може да се стекнат со меѓународно признаени сертификати за познавања од областа. Сите детални информации за обуките и начинот на аплицирање се достапни на специјализираната интернет страница wineeducator.eu.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/obuki-vo-skopje-za-vinski-entuzijasti-na-svetski-renomiranata-londonska-shkola-za-vino-i-zestoki-pijalaci/feed/ 0
HTCA Академик тренинг центар започнува со обуки https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/htca-akademik-trening-centar-zapochnuva-so-obuki/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/htca-akademik-trening-centar-zapochnuva-so-obuki/#respond Fri, 11 May 2018 18:17:16 +0000 https://kurir.mk/?p=53212

Во присуство на голем број значајни гости  од областа на угостителството, хотелиерството и деловниот свет поврзан со оваа индустрија, овој тренинг центар го објави својот план за идно делување и желбата за подигнување на нивото на квалитет во овој сектор. Според статистиката од вкупно 700 илјади лица вработени во Македонија, во угостителската и услужната дејност, директно или посредно, се вработени близу 150 илјади лица (Завод за статистика на РМ). Категоријата на вработени во угостителството се води како нејнепостојана категорија на вработени  поради  големиот одлив на овие кадри во странство и предрасудата дека оваа професија е од привремен карактер а не трајна професионална определба. Во областа на хотелиерството секогаш има недостиг од добри работници, затоа приоритет треба да биде развојот на вработените, кои пак се од суштинско значење за одржување на услугата на високо ниво што ќе резултира со задоволни гости за да може да се задржи конзистентноста и конкурентноста на пазарот. Во двете државни угостителски средни училишта завршуваат само 400 ученици годишно, а факултететите за туризам не обезбедуваат доволно практична обука. Во Македонија се регистрирани вкупно 2433 угостителски објекти  и 510 хотели.  Затоа, во моментов, потребата од центар за обезбедување тренинзи за угостителство е повеќе од потребна. Квалитетот на обуките што ги нуди Тренинг центарот е загарантиран со неговата инволвираност во меѓународните институции, како и со задолжителниот процес на ресертификација на Тренинг центарот на годишно ниво.
Нашата визија е гостопримливоста со која се одликува Македонија да се подигне на ниво на квалитет достоен според највисоките меѓународни стандарди за угостителство – швајцарските стандарди. Квалитетни, меѓународно сертифицирани практични обуки, и сертифицирани обучувачи без сомнеж ќе нѐ доведат до посакуваниот квалитет кој секако е гаранција за успех. Искористете ја можноста да се стекнете со вештини кои ќе ве доведат до посакуваната кариера со пет ѕвезди. ~ изјави Генералната директорка на центарот, г-ѓа Мајда Стошиќ
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/htca-akademik-trening-centar-zapochnuva-so-obuki/feed/ 0