обвиненија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Feb 2023 08:52:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обвиненија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поднесени обвиненија за трговија со дрога во Скопје- еве каде била пронајдена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseni-obvinenija-za-trgovija-so-droga-vo-skopje-eve-kade-bila-pronajdena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseni-obvinenija-za-trgovija-so-droga-vo-skopje-eve-kade-bila-pronajdena/#respond Thu, 16 Feb 2023 08:52:02 +0000 https://kurir.mk/?p=801158

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе обвинителни акти во два предмети за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во првиот случај, 32-годишен скопјанец e обвинет, бидејќи на 3 февруари, во продавница за производи за домашни миленици неовластено држел наркотична дрога и психотропни супстанции – вкупно 90,68 грама марихуана, 11,4 грама амфетамин во грутчеста и прашкаста форма, 85 таблети 3,4-метилен-диоксиметафетамин (МДМА), како и дополнителни 24,09 грама од таа психотропна супстанција. При претресот биле одземени и две дигитални ваги на кои се регистрирани траги од МДМА, кокаин и тетрахидроканабинол. Второто обвинение е против 29-годишник кој на 4 февруари, на улицата „Методија Митевски“ во Скопје, како сопатник на задно седиште во автомобил, неовластено пренесувал 507,4 грама наркотична дрога – марихуана, во поголема ќеса. При претрес на возилото, полициски службеници ја откриле и ја одзеле дрогата наменета за неовластена продажба. Оценувајќи дека и натаму постојат основите заради кои на двајцата обвинети им беше првично определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на притворската мерка.​​
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseni-obvinenija-za-trgovija-so-droga-vo-skopje-eve-kade-bila-pronajdena/feed/ 0
Шпанија се откажа од обвиненијата за бунт против поранешниот каталонски лидер Пуџдемон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-se-otkazha-od-obvinenijata-za-bunt-protiv-poraneshniot-katalonski-lider-pudhdemon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-se-otkazha-od-obvinenijata-za-bunt-protiv-poraneshniot-katalonski-lider-pudhdemon/#respond Thu, 12 Jan 2023 17:02:17 +0000 https://kurir.mk/?p=786598

Шпански суд се откажа од обвиненијата за бунт против поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон за неговата улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година, кој ја втурна Шпанија во голема политичка криза. Судијата на Врховниот суд Пабло Ларена, исто така, ги отфрли обвиненијата за бунт против четворицата каталонски сепаратисти вклучени во немирите во 2017 година, поради измените на шпанскиот закон за бунт што стапија во сила и значат дека законот повеќе не ги опфаќа нивните наводни кривични дела. Но, судијата не ги отфрли обвиненијата за проневера и непослушност, па на Пуџдемон и неговите соработници кои избегаа од земјава пред пет години ќе им се суди доколку се вратат, но за кривични дела за кои е пропишана помала казна. Пуџдемон живее во Белгија, каде што е член на Европскиот парламент. Напорите на шпанската Влада тој да биде екстрадиран досега беа неуспешни и не е јасно дали промените кои судот денеска ги донесе би можеле да ги зголемат шансите белгиските власти да го вратат назад. Шпанските пратеници минатиот месец ги одобрија контроверзните реформи за третирање на злосторствата за бунт и проневера, во потег на шпанската владејачка левичарска коалиција да ја задржи парламентарната поддршка од каталонската партија што се залага за независност и да ги намали тензиите во богатиот североисточен регион. Девет каталонски сепаратисти се осудени на меѓу девет и 13 години затвор за нивната улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година. Тие беа помилувани во јули оваа година, откако поминаа три години зад решетки, но Пуџдемон не беше, бидејќи избега.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-se-otkazha-od-obvinenijata-za-bunt-protiv-poraneshniot-katalonski-lider-pudhdemon/feed/ 0
Обвиненија за тешки кражби во гостиварско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenija-za-teshki-krazbi-vo-gostivarsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenija-za-teshki-krazbi-vo-gostivarsko/#respond Thu, 03 Feb 2022 13:36:37 +0000 https://kurir.mk/?p=626528

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителни предлози против две лица, од кои едното извршило, а другото се обидело да изврши кривично дело – Тешка кражба предвидено во член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Во првиот предмет, 49-годишен жител на селото Врапчиште е обвинет дека на 29.09.2021 година влегол во незаграден двор на една куќа во селото, го скршил катанецот од вратата на шталата и одзел агрегат и секира, со што на сопствениците им причинил материјална штета од 19.000 денари. За вториот настан пак, 65-годишен тетовец е обвинет, бидејќи на 16.11.2021 година се обидел да украде пари и други предмети од возило со скопски регистарски ознаки паркирано во близина на Градскиот пазар во Гостивар. Бил забележан од оштетениот и не ја реализирал намерата.​​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenija-za-teshki-krazbi-vo-gostivarsko/feed/ 0
Обвиненија и истрага по насилниот упад на Капитол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obvinenija-i-istraga-po-nasilniot-upad-na-kapitol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obvinenija-i-istraga-po-nasilniot-upad-na-kapitol/#respond Sat, 09 Jan 2021 08:26:01 +0000 https://kurir.mk/?p=453044

Членот на Државното собрание на Западна Вирџинија и човек кој упадна во канцеларијата на претседавачот со Претставничкиот дом и се фотографираше додека седеше на нејзината маса е меѓу приврзаниците на претседателот Доналд Трамп и се соочува со федерални обвиненија по опсадата на Конгресот, соопштија федералните обвинители. Обвинителот Кен Кол рече дека членот на државното собрание на Западна Вирџинија, Дерек Еванс ќе биде обвинет откако тој „се снимил себеси за време на упадот во Конгресот“. Кол исто така изјави дека Ричард Барнет од Арканзас ќе биде обвинет за упад во канцеларијата на Ненси Пелоси „каде што остави порака и и ја зеде поштата“. Вршителот на должноста министер за правда Џефри Росен исто така објави дека Федералното биро за истраги, во соработка со полицијата во Вашингтон, ќе ја испита смртта на полицаецот на Капитол, Брајан Сикник, кој почина во болница од повреди здобиени за време на одбраната на Капитол. – И покрај тоа што сте ја напуштиле областа Вашингтон, сепак можете да очекувате некој да ви тропне на врата ако откриеме дека сте биле вклучени во криминални активности на Капитол, рече помошникот директор на ФБИ за Вашингтон, Стивен Дантуоно за време на телефонски брифинг. Дантуоно одби да ја карактеризира истрагата за смртта на Сикник како истрага за убиство, наведувајќи дека околностите на случајот се уште се испитуваат. Полицијата на Капитол соопшти дека одделот за убиства на полицијата во Вашингтон ја истражува смртта на полицаецот. зш/ 2021-01-09 09:01:06, од Златко Шумковски ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obvinenija-i-istraga-po-nasilniot-upad-na-kapitol/feed/ 0
Претседателот на Косово Тачи поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelot-na-kosovo-tachi-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelot-na-kosovo-tachi-podnese-ostavka/#respond Thu, 05 Nov 2020 11:04:52 +0000 https://kurir.mk/?p=425353

Претседателот на Косово Хашим Тачи поднесе оставка од функцијата откако му беше потврдено обвинението против него пред Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово со седиште во Хаг, јави дописникот на МИА од Приштина. Во своето вонредно обраќањето на јавноста, Тачи нагласи дека нема да дозволи „ да му се суди на еден претседател на Косово“ и порача дека ќе соработува со Судот во Хаг. – Пред неколку моменти бев информиран од надлежни лица дека официјално судија го потврдил обвинението против мене. Со цел да го заштитам интегритетот на Косово, почитувајќи го партнерството со меѓународната заедница, јас денеска поднесувам оставка од пртеседателската функција. Се чувствувам многу горд за одговорноста која ја понесов, изјави Тачи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelot-na-kosovo-tachi-podnese-ostavka/feed/ 0
Отфрлени обвиненијата против Трамп за корупција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otfrleni-obvinenijata-protiv-tramp-za-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otfrleni-obvinenijata-protiv-tramp-za-korupcija/#respond Tue, 13 Oct 2020 20:21:03 +0000 https://kurir.mk/?p=416012

Врховниот суд на САД ја отфрли денеска тужбата на демократите, која тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп ги прекршил уставните одредби против корупција во неговите деловни односи. Судиите одбија да ја сослушаат жалбата на 215 демократи од Сенатот и Претставничкиот дом на Конгресот, оценувајќи дека им недостасува правна основа да го изнесат случајот пред суд. Демократите го обвинија Трамп дека ја прекршил уставната клаузула за „надградување“, која на претседателите им забранува да примаат подароци од странски влади и домашни функционери без одобрување на Конгресот. Случајот е фокусиран на „Трамп Интернешнал хотел“ во Вашингтон, кој е во сопственост на американскиот претседател. Хотелот се наоѓа во близина на Белата куќа, а Трамп го отворил непосредно пред да победи на изборите во 2016 година. Објектот стана главно место за сместување и одржување настани за странски и домашни високи претставници. За разлика од претходните претседатели, Трамп ја зачува сопственоста над своите бизниси и по изборот на таа функција, поради што демократите го обвинија дека е подложен на поткуп од страна на странски влади. Трамп, исто така, се соочува со две слични обвиненија, за кои експертите тврдат дека најверојатно ќе бидат отфрлени, доколку актуелниот американски претседател изгуби на изборите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otfrleni-obvinenijata-protiv-tramp-za-korupcija/feed/ 0
Хашкиот трибунал подигна обвиненија против Хашим Тачи и Кадри Весели https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hashkiot-tribunal-podigna-obvinenija-protiv-hashim-tachi-i-kadri-veseli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hashkiot-tribunal-podigna-obvinenija-protiv-hashim-tachi-i-kadri-veseli/#respond Wed, 24 Jun 2020 15:01:26 +0000 https://kurir.mk/?p=362223

Специјалното обвинителство во Хаг подигна обвинение против претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели. Според дел од косовските медиуми, обвиненија се подигнати и против други лица, кои се товарат за низа злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително убиство, прогони и тортура. Во обвинението се наведува дека Тачи, Весели и друготе осолничени сносат кривична одрговорност за речиси 100 убиства. Во обвинението се наведуваат стотина жртви меѓу кои и косовски Албанци, Срби, Роми и припадници на други етнички групи, но и политички противници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hashkiot-tribunal-podigna-obvinenija-protiv-hashim-tachi-i-kadri-veseli/feed/ 0
Обвинение против десет лица за непочитување на здравствените прописи во Струга​ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-protiv-deset-lica-za-nepochituvanje-na-zdravstvenite-propisi-vo-struga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-protiv-deset-lica-za-nepochituvanje-na-zdravstvenite-propisi-vo-struga/#respond Wed, 03 Jun 2020 13:13:07 +0000 https://kurir.mk/?p=353319

Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот Суд поднесе предлози за издавање казнени налози против десет лица, обвинети за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик. – За сите обвинети, струшкото Обвинителство му предложи на судот да им изрече парични казни, со определување на  висината на паричните казни  на по 100 дневни глоби, секоја од нив со вредност од по 30 евра во денарска противвредност, стои во соопштението до ОЈО. Обвинетите во одделни настани не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час се движеле пеш или со возила низ Струга и околината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-protiv-deset-lica-za-nepochituvanje-na-zdravstvenite-propisi-vo-struga/feed/ 0
Подигнати обвиненија против 20 лица поради убиството на Кашоги https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podignati-obvinenija-protiv-20-lica-poradi-ubistvoto-na-kashogi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podignati-obvinenija-protiv-20-lica-poradi-ubistvoto-na-kashogi/#respond Wed, 25 Mar 2020 09:51:54 +0000 https://kurir.mk/?p=321832

Обвинителството на Истанбул подигна обвиненија против 20 лица осомничени  поради убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во октомври 2018 година. Против 18 Саудијци покренато е обвинение за „убиство со предумисла“, а  двајца се обвинети за  „потикнување на убиство“. Двајцата обвинети за „поттикнување на убиство“ се Сауд ал Кахтани, советник на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и поранешниот прв човек на саудиското разузнавање генерал Ахмед  ал Асири . Другите 18 лица се обвинети за извршување на убиството на Кашоги. На 2 октомври 2018 година Кашоги влезе во Амбасадата на Саудиска Арабија во Истанбул и оттогаш му се губи секаква трага. Тој беше познат критичар на саудиската власт. На 20 октомври официјален Ријад призна дека новинарот е убиен во Амбасадата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/podignati-obvinenija-protiv-20-lica-poradi-ubistvoto-na-kashogi/feed/ 0
Против 290 лица во Кина покренати обвиненија во врска со коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protiv-290-lica-vo-kina-pokrenati-obvinenija-vo-vrska-so-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protiv-290-lica-vo-kina-pokrenati-obvinenija-vo-vrska-so-koronavirusot/#respond Fri, 21 Feb 2020 11:14:21 +0000 https://kurir.mk/?p=306950

Судските органи во Кина покренаа обвиненија против 290 лица за случаи поврзани со превенција и контрола на коронавирусот, соопшти Врховното јавно обвинителство на Кина. До вторникот обвинителите истражувале 2.692 криминални дела, за кои се осомничени 3.722 лица, од кои 598 биле уапсени. Обвиненијата вклучуваат предизвикување ширење на новиот вирус, поради непочитување на мерките за превенција и контрола; мешање во работата на јавната администрација; производство и продажба на фалсификувани производи. Вкупно 207 од кривичните случаи се поврзани со нелегален лов на диви животни и ретки и загрозени животински видови, соопшти кинеското Јавно обвинителство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protiv-290-lica-vo-kina-pokrenati-obvinenija-vo-vrska-so-koronavirusot/feed/ 0