обвинет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 Aug 2022 07:34:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обвинет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јапонски новинар обвинет во Мјанмар дека поттикнувал бунт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonski-novinar-obvinet-vo-mjanmar-deka-pottiknuval-bunt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonski-novinar-obvinet-vo-mjanmar-deka-pottiknuval-bunt/#respond Thu, 04 Aug 2022 07:34:01 +0000 https://kurir.mk/?p=713844

Јапонскиот снимател Тору Кубота, кој минатата недела беше уапсен во Мјанмар, денеска е обвинет за поттикнување бунт против војската и за кршење на законите за имиграција, соопшти денеска воената хунта во земјата, пренесе Бета. Кубота беше уапсен минатата сабота додека известуваше од протестот против војниците во Јангон. Според обвинението, тој може да добие и до пет години затвор. Војската на Мјанмар ја презеде власта во февруари минатата година со соборување на избраната влада на Аунг Сан Су Чи и спроведе жестоки мерки против оние кои и се спротивставуваат. Повеќето од повеќе од 50 новинари приведени во Мјанмар се соочуваат со обвиненија за поттикнување страв, ширење лажни вести или агитирање против владини претставници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonski-novinar-obvinet-vo-mjanmar-deka-pottiknuval-bunt/feed/ 0
Разрешен директорот на струмичкото училиште во кое наставник е обвинет за полов напад врз дете https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razreshen-direktorot-na-strumichkoto-uchilishte-vo-koe-nastavnik-e-obvinet-za-polov-napad-vrz-dete/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razreshen-direktorot-na-strumichkoto-uchilishte-vo-koe-nastavnik-e-obvinet-za-polov-napad-vrz-dete/#respond Mon, 23 May 2022 15:10:13 +0000 https://kurir.mk/?p=680571

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов го разреши директорот на училиштето од Струмица од кое наставник е осомничен за полов напад врз дете, а Основниот суд во Струмица на барање на ОЈО Струмица му одреди мерка притвор на наставникот во траење од 30 денови. Костадинов ја објави одлуката на својот Фејсбук-профил каде напиша дека е згрозен од наставникот во струмичко училиште кој недолично се однесувал со малолетна ученичка во истото училиште, а за кое СВР Струмица поднесе кривична пријава поради сомнение за полов напад врз дете -Секое злодело врз дете мора да се казни, но и луѓето на раководни позиции треба да понесат одговорност за кривичното дело на вработените. Без двоумење, а со силна желба за ред, дисциплина и одговорност додека сум јас градоначалник, денеска го потпишав решението за разрешување на директорот во училиштето. Ова нека биде опомена за сите. Најстроги казни за сторителите на кривични дела и разрешување на нивните раководители, напиша градоначалникот Костадинов. Од Основното јавно обвинителство во Струмица денеска соопштија дека донеле наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишник осомничен за кривично дело-полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 12 години. -Осомничениот, наставник во основно училиште во струмичко, во периодот од октомври 2020 година до мај 2022 година, преку социјална мрежа испраќал пораки со експлицитна сексуална содржина на ученичка која немала наполнето 14 години. Искористувајќи прилика кога останале сами во спортската сала на училиштето, тој во два наврати извршил и други полови дејствија, допирајќи ја и бакнувајќи ја оштетената, стои во соопштението на ОЈО Струмица. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица доставил предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото. Судијата го прифатил предлогот и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/razreshen-direktorot-na-strumichkoto-uchilishte-vo-koe-nastavnik-e-obvinet-za-polov-napad-vrz-dete/feed/ 0
Обвинетиот во случајот со купопродажба на станови сè уште не е приведен, доставил медицинска документација до судот за „оправдано“ отсуство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinetiot-vo-sluchajot-so-kupoprodazba-na-stanovi-se-ushte-ne-e-priveden-dostavil-medicinska-dokumentacija-do-sudot-za-opravdano-otsustvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinetiot-vo-sluchajot-so-kupoprodazba-na-stanovi-se-ushte-ne-e-priveden-dostavil-medicinska-dokumentacija-do-sudot-za-opravdano-otsustvo/#respond Fri, 24 Sep 2021 14:00:10 +0000 https://kurir.mk/?p=567784

Обвинетиот во случајот со измамата при купопродажба на станови која ја обелодени МИА сè уште не е приведен. Од Основниот Кривичен суд – Скопје за МИА велат дека тој доставил медицинска документација дека бил здравствено спречен да дојде на изминатото рочиште, на кое поради отсуството му беше определена мерката притвор. До судот, обвинетиот доставил и потврда за уплата на дел од сумата која што ја побаруваат оштетените, а до моментот на објавување на текстот, до МИА, оштетените пријавија дека се вратени само 50 евра. Станува збор за обвинетиот во случајот со измамата при купопродажба на станови, кој не се појави на последното рочиште, откако претходно изјави дека до тогаш ќе обесштети дел од сумата, а до крајот на октомври ќе го врати целиот износ од околу 48 илјади евра со кои оштетил 10 граѓани. Од Основниот кривичен суд – Скопје дополнуваат дека медицинска документација, заедно со потврдата за уплата, е доставена до надлежниот обвинител кој постапува во предметот и на следното рочиште обвинителот треба да се произнесе дали останува на предлогот да има решение за притвор или ќе се согласи на поблаги мерки. Обвинетиот, 41 годишен скопјанец, се товари за Кривично дело – Измама, бидејќи, според обвинението, тој довел и држел во заблуда десет лица – оштетени, на кои лажно им прикажувал факти дека како агент за недвижности во своја Агенција за недвижности е овластен од име на сопствениците на станови да ги продава нивните станови на други лица. Обвинетиот ги огласувал становите и ги покажувал за продажба, со што ги навел оштетените да сторат штета на својот имот од поголема вредност. Процесот на договарање за купување на становите траел сѐ до моментот кога купопродажниот договор требало да се однесе на нотар, при што агентот, тогаш, настапувал со разни оправдувања дека не е во можност да се сретне со купувачите, поради боледување, отсуство на сопственикот, и слично, по што купувачите сфатиле дека се работи за измама и веднаш го пријавиле случајот. МИА го обелодени случајот и континуирано бараше одговори од пријавата за „Измама“, која беше доставена до Министерството за внатрешни работи на 23 март 2021, до оформувањето на предмет, лишувањето од слобода на агентот, како и постапката која ја поведе Обвинителството и определените мерки за претпазливост, па сè до Обвинителниот предлог кој следуваше веднаш по укажувањето од МИА дека оштетените во видео изјава за нашиот медиум ги споделија своите сведоштва. Застапник на обвинението е обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска а случајот го води судијата Александра Ристеска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinetiot-vo-sluchajot-so-kupoprodazba-na-stanovi-se-ushte-ne-e-priveden-dostavil-medicinska-dokumentacija-do-sudot-za-opravdano-otsustvo/feed/ 0
Албански државјанин обвинет за употреба на фалсификувана лична карта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/albanski-drzavjanin-obvinet-za-upotreba-na-falsifikuvana-lichna-karta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/albanski-drzavjanin-obvinet-za-upotreba-na-falsifikuvana-lichna-karta/#respond Fri, 28 May 2021 11:33:18 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516061

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетиот 28-годишен жител на Република Албанија, на 22 мај, на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, при пасошка контрола на излез од државава, употребил фалсификувана исправа – преправена грчка лична карта на друго име. Оригиналната фотографија била отстранета од оригиналниот образец на документот и била заменета со фотографија на обвинетиот. Иако знаел дека исправата е преправена, обвинетиот, стои во соопштението, ја употребил како оригинална, со што го сторил кривичното дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/albanski-drzavjanin-obvinet-za-upotreba-na-falsifikuvana-lichna-karta/feed/ 0
Скопјанец обвинет за тешки дела против општата сигурност и за поседување оружје и муниција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-obvinet-za-teshki-dela-protiv-opshtata-sigurnost-i-za-poseduvanje-oruzje-i-municija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-obvinet-za-teshki-dela-protiv-opshtata-sigurnost-i-za-poseduvanje-oruzje-i-municija/#respond Thu, 22 Apr 2021 12:55:22 +0000 https://kurir.mk/?p=500823

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едо лице за кривични дела – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1, како и – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 4 јануари, пред куќа на улицата „Јабланица“ во Скопје, опожарил паркирано патничко возило Ауди. Притоа употребил запалива дериватна течност – бензин која ја активирал со запалка и предизвикал експлозија. Со пожарот кој се развил обвинетиот предизвикал значителна опасност за имотот од поголеми размери, бидејќи огнот се проширил и кон други автомобили паркирани во близина, зафаќајќи директно уште едно возило Форд мондео. Со дејствијата обвинетиот предизвикал материјална штета од 348.088 денари на сопственикот на целосно опожареното возило Ауди, како и 8.759 денари за сопственикот на делумно опожарениот автомобил Форд мондео. При претрес во домот на обвинетиот на 5 февруари во село Варава кај обвинетиот било пронајдено огнено оружје – полуавтоматски пиштол марка „Црвена застава М57“ со калибар 7,62Х25 мм, два куршуми во рамка, како и уште 54 други куршуми од истиот калибар. Надлежниот јавен обвинител предложи на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка куќен притвор, додека на сила и натаму се и дополнителни мерки за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за прибилижување или комуникација со оштетените.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-obvinet-za-teshki-dela-protiv-opshtata-sigurnost-i-za-poseduvanje-oruzje-i-municija/feed/ 0
Заврши судењето на Канаѓанец обвинет за шпионажа во Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-sudenjeto-na-kanagjanec-obvinet-za-shpionaza-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-sudenjeto-na-kanagjanec-obvinet-za-shpionaza-vo-kina/#respond Fri, 19 Mar 2021 08:00:18 +0000 https://kurir.mk/?p=484556

Во Кина денеска се одржа судењето против Мајкл Спејвор, еден од двајцата канадски државјани обвинети за шпионажа и притворен од декември 2018 година, соопшти дипломатот во канадската амбасада во Кина Џим Никел. Американски дипломат пред судницата во Дандунг изјави дека судењето зад затворени врати започнало во 10 часот по локално време, дека завршило и дека претстои да биде изречена пресудата. Спејвор и поранешниот дипломат Мајкл Ковриг беа обвинети во јуни минатата година за шпионажа и откривање на државни тајни. Нивното приведување беше потег што се сметаше за притисок врз Отава да ја ослободи финснсиската директорка на Хуавеи Менг Ванџу. Таа беше уапсена на барање на САД на 1 декември 2018 година на аеродромот во Ванкувер. Апсењето на директорката на Хуавеи, а потоа и на двајцата Канаѓани, предизвика невидена дипломатска криза меѓу Пекинг и Отава. Судскиот процес е спроведен во време кога американскиот државен секретар Ентони Блинкенодржува средби со кинески колеги во американската држава Алјаска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-sudenjeto-na-kanagjanec-obvinet-za-shpionaza-vo-kina/feed/ 0
Во Хонг Конг обвинет медиумски тајкун според новиот Закон за безбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-hong-kong-obvinet-mediumski-tajkun-spored-noviot-zakon-za-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-hong-kong-obvinet-mediumski-tajkun-spored-noviot-zakon-za-bezbednost/#respond Fri, 11 Dec 2020 09:38:06 +0000 https://kurir.mk/?p=441918

Продемократскиот активист и медиумски тајкун Џими Лај денеска е обвинет по новиот Закон за национална безбедност воведен од Кина, за поттикнување на немири во Хонг Конг. Во обвинението се наведува дека Лај се здружил со странските служби, со цел да се загрози националната безбедност. Тој е најпознатото лице обвинето според новиот Закон, што стапи во сила во јуни. Лај е во затвор уште од август и му беше одбиена кауцијата. Покрај Лај обвинети се уште двајца негови соработници дека ја злоупотребиле канцеларијата на компанијата. Во меѓувреме, полицијата на Хонг Конг соопштри деја уапсила 73-годишен маж според новиот национален Закон за безбедност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-hong-kong-obvinet-mediumski-tajkun-spored-noviot-zakon-za-bezbednost/feed/ 0
Уште еден обвинет за смртта на Марадона https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ushte-eden-obvinet-za-smrtta-na-maradona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ushte-eden-obvinet-za-smrtta-na-maradona/#respond Tue, 01 Dec 2020 20:52:59 +0000 https://kurir.mk/?p=437187

Аргентинските истражни судии подигнаа обвинение и против личниот психијатар на Диего Марадона, Агустина Косачов, во рамки на истрагата за смртта на еден од најдобрите светски фудбалери во историјата. Информацијата за аргентинските медиуми денеска ја соопшти адвокатот на Косачов, Вадим Мичанчук – Се води истрага против неа, што значи дека е подигнато обвинение, изјави адвокатот за „Todo Notisias“. Аргентинската фудбалска легенда посетуваше психијатар за лекување на зависноста од алкохол, а според медиумите, последната средба меѓу Косачов и Марадона била откако тој беше пуштен од болница по операцијата на субдурален хематом. Аргентинското Обвинителство во неделата подигна обвинение и против личниот лекар на Марадона, Леополд Луке, кој се товари за убиство од небрежност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ushte-eden-obvinet-za-smrtta-na-maradona/feed/ 0
Скопјанец обвинет затоа што во бункери криел арсенал оружје, муниција и дрога https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-obvinet-zatoa-shto-vo-bunkeri-kriel-arsenal-oruzje-municija-i-droga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-obvinet-zatoa-shto-vo-bunkeri-kriel-arsenal-oruzje-municija-i-droga/#respond Tue, 10 Nov 2020 10:40:04 +0000 https://kurir.mk/?p=427286

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека ги сторило кривичните дела – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1, како и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 24-годишник, во текот на април годинава, во импровизирани бункери од пластични цевки, закопани во земја во пошумениот дел меѓу улиците „Алпи“ и „Коце Металец“ во Скопје, неовластено држел поголемо количество оружје и муниција, како и наркотична дрога – хероин. Притоа, во импровизираните бункери и околу нив биле пронајдени автоматска пушка MPIKM со пластичен кундак и калибар 7,62х39 мм, 27 куршуми за таа пушка, полуавтоамтска снајперска пушка „Црвена застава М75“ со калибар 7,9 мм, автоматски пиштол VZ61 scorpion со калибар 7,65 мм и со нарежан навој и монтиран пригушувач, 34 куршуми со калибар 7,65 мм, автоматско оружје – пушка од албанско производство со калибар 7,62Х39 мм, една празна рамка и една рамка со 18 куршуми од тој калибар, полуавтоматско оружje BERETTA Cx4 storm со калибар 9 мм, автоматско оружје – пиштол „Застава М84 scorpion“ со калибар 7,65 мм и со нарежан навој и монтиран пригушувач и со рамка со 20 куршуми од тој калибар, како и полуавтоматско огнено оружје – пушка „Застава М76“ со калибар 7,9Х57 мм со монтиран оптички нишан. Освен ова, во пластично буре била пронајдена наркотична дрога – хероин со вкупна нето количина од 2.382,1 грам, спакувана во пет полиетиленски пакувања. Надлежниот јавен обвинител поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, поради опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-obvinet-zatoa-shto-vo-bunkeri-kriel-arsenal-oruzje-municija-i-droga/feed/ 0
Скопјанец обвинет за тешки кражби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-obvinet-za-teshki-krazbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-obvinet-za-teshki-krazbi/#respond Thu, 29 Oct 2020 13:38:34 +0000 https://kurir.mk/?p=422163

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Искористувајќи исти или слични околности, тој во текот на месец септември сторил повеќе временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно сторување на истото кривично дело. На 26 септември, на улица „Алжирска“, од една оштетена одзел женска чанта во која имало паричник со пари и други предмети во вкупна вредност од 36.200 денари. Обвинетиот влегол во домот на оштетената низ влезната врата, ја турнал, ја одзел чантата и избегал. Истиот ден, на пешачка патека на улицата „Теодосиј Гологанов“, обвинетиот на дрзок начин одзел две ланчиња од една оштетена – златно ланче со приврзок монета во вредност од 6.500 денари и едно ланче бижутерија вредно 2.000 денари. На разминување по патеката, тој со раката насилно и ги грабнал ланчињата кои што оштетената ги носела околу вратот и избегал. На 30 септември, на автобуска постојка на булеварот „Партизански одреди“, обвинетиот на дрзок начин одзел златно ланче вредно 30.000 денари, така што насилно го грабнал од вратот на оштетената и го напуштил местото. Јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-obvinet-za-teshki-krazbi/feed/ 0