обвинета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 31 Mar 2022 09:41:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обвинета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лекарка обвинета за несовесно лекување на штитеник во Специјалистичкиот завод – Демир Капија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lekarka-obvineta-za-nesovesno-lekuvanje-na-shtitenik-vo-specijalistichkiot-zavod-demir-kapija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lekarka-obvineta-za-nesovesno-lekuvanje-na-shtitenik-vo-specijalistichkiot-zavod-demir-kapija/#respond Thu, 31 Mar 2022 09:41:43 +0000 https://kurir.mk/?p=656175

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата, како лекар-специјалист по општа медицина, била ангажирана со договор за повремени и привремени работи во Јавната установа Специјалистички завод Демир Капија – станбена единица во село Куршеница. Таму, во периодот од 01.10 до 05.10.2020 година, укажувала лекарска помош заради покачена телесна температура и дијареа на едно оштетено дете, родено 2009 година, сместено во Заводот како лице со тешко нарушување на психо-физичкиот развој и церебрална парализа. Меѓутоа, спротивно на Договорот, здравствената помош ја укажувала без да изврши непосреден физикален преглед на детето, ординирала терапија и неговата состојба ја следела со телефонски известувања, не дала инфузија, па поради тоа дошло до влошување на здравствената состојба на детето, настанала дехидрираност на неговиот организам и на 05.10.2020 година настапила смрт.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lekarka-obvineta-za-nesovesno-lekuvanje-na-shtitenik-vo-specijalistichkiot-zavod-demir-kapija/feed/ 0
Милијардерката Елизабет Холмс обвинета за измама на инвеститори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milijarderkata-elizabet-holms-obvineta-za-izmama-na-investitori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milijarderkata-elizabet-holms-obvineta-za-izmama-na-investitori/#respond Tue, 04 Jan 2022 09:19:38 +0000 https://kurir.mk/?p=615890

Основачот на корпорацијата Теранос, Елизабет Холмс е обвинета за измама на инвеститори, по повеќемесечно судење во Калифорнија. Обвинителството ја обвини Холмс дека свесно лажела за технологија која наводно може да открие болести врз основа на анализа на неколку капки крв, пренесува Би-Би-Си. Поротата ја прогласи Холмс за виновна по четири точки од обвинението, вклучително и заговор со цел измама на инвеститори и по три точки за поврзана измама. Обвинетата ги негираше обвинувањата на обвинителството, за што е предвидена максимална затворска казна од 20 години. Таа не е приведена, а датумот на изрекување на пресудата се уште не е потврден, но следното рочиште е закажано за следната недела. Холмс е обвинета по вкупно 11 точки, а ослободена е по четири точки од обвинението кои се однесуваат на измама на јавноста. Поделената пресуда следува откако судијата побарал поротата, која расправаше седум дена, да донесе делумна пресуда бидејќи не успеала да се усогласи и да постигне консензус за трите точки од обвинението. Корпорацијата Теранос во еден момент беше проценета на девет милијарди долари, а таа компанија порано беше популарна во Силиконската долина, бидејќи најави револуционерен напредок во медицинската индустрија. Меѓутоа, новинарското истражување на Волстрит џурнал во 2015 година покажа дека основната технологија на Теранос за тестирање на крвта не функционира, по што корпорацијата почна да го губи кредибилитетот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milijarderkata-elizabet-holms-obvineta-za-izmama-na-investitori/feed/ 0
Седмата обвинета призна вина во случајот „Двојник“ – еве каква казна доби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedmata-obvineta-prizna-vina-vo-sluchajot-dvojnik-eve-kakva-kazna-dobi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedmata-obvineta-prizna-vina-vo-sluchajot-dvojnik-eve-kakva-kazna-dobi/#respond Fri, 07 May 2021 11:43:53 +0000 https://kurir.mk/?p=507104

Судот и изрече казна затвор од две години и пет месеци на уште една од обвинетите вработени во МВР за издавањето на пасоши за случајот „Двојник“, која претходно денеска призна вина на денешното рочиште пред Основниот кривичен суд во Скопје. Оливера Софрониевска е шестта, од првично десетте обвинети вработени во МВР, на кои Судот им изрече казна откако го признаа делото. Според обвинението, таа одобрила издавање на 198 лажни патни исправи. Судот на Оливера Софрониевска, исто така, и изрече забрана за вршење професија, дејност или должност во времетраење од десет години. Отежнителни околности, при изрекување на пресудата, Судот рече дека се природата и зачестеноста на ваквите кривични дела во изминатите години. – Како овластено службено лице во МВР Оливера Софрониевска во никој случај не смеела да го прекршува законот. Доколку што Оливера во периодот одобрила изработување на 198 лажни патни исправи, изјави судијката Оља Ристевска. Олеснителни околности, посочи таа, се признанието на вина и каењето за стореното дело. Софрониевска, се гони за кривично дело „злоупотреба на службената положба” за кое е предвидено максимална казна затвор до три години. Судот ја раздвои постапката за останатите обвинети Фарук Буки, Весна Колевска и Бранислава Владичевска. Претходно денеска вина призна и Шемседин Јашари, на кого судот му изрече казна затвор од година и седим месеци. Судот на првото рочиште ги прогласи за виновни за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување четворицата вработени во МВР, кои признаа вина и им одреди казни затвор и тоа: казна затвор од две години и седум месеци и забрана за вршење дејност и должност од десет години за обвинетиот Денис Баруфи, казна затвор од две години и три месеци и забрана за вршење дејност и должност од десет години на Ален Личина, на Ѓорѓе Велков казна затвор од две години и мерка забрана за вршење дејност и должност десет години, додека на Фарук Биља, му одреди алтернатива мерка условна осуда од шест месеци, која нема да се изврши ако обвинетиот во рок од две години не го повтори делото, како и забрана за вршење дејност и должност во период од три години. Судот на Раиф Мифтари, кој исто така, призна вина му одреди казна затвор од две години и три месеци за кривично дело поттикнување. Случајот го води судијката Оља Ристевска, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова. Според обвинението за случајот Двојник, во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година, биле издадени пасоши на 214 странски и еден македонски државјанин. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedmata-obvineta-prizna-vina-vo-sluchajot-dvojnik-eve-kakva-kazna-dobi/feed/ 0
СКОПЈЕ: Побарала одредена сума на евра, бонбониера и пијалак – медицинска сестра побарала мито, па останала во шок кога дознала кој ја пријавил! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopje-pobarala-odredena-suma-na-evra-bonboniera-i-pijalak-medicinska-sestra-pobarala-mito-pa-ostanala-vo-shok-koga-doznala-koj-ja-prijavil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopje-pobarala-odredena-suma-na-evra-bonboniera-i-pijalak-medicinska-sestra-pobarala-mito-pa-ostanala-vo-shok-koga-doznala-koj-ja-prijavil/#respond Fri, 05 Mar 2021 12:59:31 +0000 https://kurir.mk/?p=477785

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителот до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за опеределување мерки на претпазливост за обвинетата, односно забрана за напуштање на домот и за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.​​ Како што се наведува во соопштението од ЈО, обвинетата, на возраст од 54 години, во периодот од 23 до 28 септември 2020 година, како медицинска сестра на Универзитетската клиника за ортопедија при ЈЗУ ТОАРИЛ, од син на пациентка која требало да се оперира, побарала 300 евра, бонбониера и пијалок, наводно како награда за докторите што ја извршиле операцијата. – Наградата ја побарала со порака испратена до член на семејството на пациентката. Откако и биле дадени 300 евра, таа 150 евра задржала за себе, а ќесата со останатите 150 евра, бонбониерата и пијалокот ја предала на двајцата доктори, без да им каже зошто им ги дава. Кога докторите виделе што има во ќесата, настанот го пријавиле во полиција, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopje-pobarala-odredena-suma-na-evra-bonboniera-i-pijalak-medicinska-sestra-pobarala-mito-pa-ostanala-vo-shok-koga-doznala-koj-ja-prijavil/feed/ 0