обвинети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 15:49:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обвинети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јавно обвинителство: Осуммина обвинети признаа вина за предметот под кодно име „Багер“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-obvinitelstvo-osummina-obvineti-priznaa-vina-za-predmetot-pod-kodno-ime-bager/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-obvinitelstvo-osummina-obvineti-priznaa-vina-za-predmetot-pod-kodno-ime-bager/#respond Fri, 13 Oct 2023 15:49:59 +0000 https://kurir.mk/?p=888625

На првото одржано рочиште за предметот под кодно име „Багер“ осуммина обвинети кои извршувале недозволено истражување и ископување на движни добра под привремена заштита, односно културно наследство, ​ги признаа делата за кои Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јуни годинава поднесе Обвинителен акт, соопштија попладнево од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. - Според опишаните дејствија во диспозитивот на Обвинителниот акт, сите обвинети сториле кривично дело Злосторничко здружување, а првообвинетиот С.Џ. (47) врз основа на признание дека ги сторил и кривичните дела Прикривање, Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи е осуден на единствена казна затвор во траење од 5 години и 2 месеци, појаснуваат во денешното соопштение од ЈО. Четворицата обвинети М.С.(42), Г.К.(45),И.С.(48),и М.Џ.(37), освен кривичното дело Злосторничко здружување, информираат од Обвинителството, признале дека сториле и кривично дело оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости за што судот им изрече алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор од две години која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од пет години од правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело. - Д.Р.(36) кој беше обвинет и за кривичното дело Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, врз основа на признание на вина судот му изрече единствена казна затвор во траење од 2 години и 6 месеци. Т.А.(58) покрај кривичните дела Злосторничко здружување и Прикривање, го призна и кривичното дело Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости за кои му е изречена единствена затворска казна од 3 години и 8 месеци, соопштија од Јавното обвинителство. Најмладиот Р.З.(28) признал дека е сторител на кривичните дела злосторничко здружување, оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости и изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, за што му е изречена единствена затворска казна од 3 години и 2 месеци. За останатите тројца обвинети, соопштија од ЈО, судењето е во тек. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-obvinitelstvo-osummina-obvineti-priznaa-vina-za-predmetot-pod-kodno-ime-bager/feed/ 0
Протест пред Собрание, граѓаните побараа за обвинетите за 27 април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-pred-sobranie-graganite-pobaraa-za-obvinetite-za-27-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-pred-sobranie-graganite-pobaraa-za-obvinetite-za-27-april/#respond Thu, 27 Apr 2023 17:47:59 +0000 https://kurir.mk/?p=828427

Со собир пред Собранието на Република Македонија, граѓаните побараа „слобода“ и „правда“ за обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Преку транспаренти „Не требаше ни ден да бидат во затвор, а не со години“ тие побараа ослободување на обвинетите. - Од тој 27 до денес искрвари Македонија, тие се обидоа да го спречат тоа, слобода за нашите браќа, пишуваше на еден од транспарентите. За „крвавиот четврток“ во 2017 година беа обвинети 33 лица, од кои, во пресрет на потпишувањето на Преспанскиот договор со Закон за амнестија беа помилувани 15 лица меѓу кои и петмина пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. За 16 осудени за „тероризам“ судот донесе пресуда со вкупно 188 години затвор. Другиот предмет се однесуваше на организаторите на упадот, за кои во 2021 година Основниот кривичен суд Скопје изрече 25 години затвор. Станува збор за поранешните функционери Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Апелацискиот суд годинава ја укина првостепената пресуда и овој предмет беше вратен на повторно судење. Оттаму посочија дека Основниот кривичен суд требало во поголема мера да го разгледа прашањето за одредбите кои се однесуваат за амнестија на кривичното гонење. Во меѓувреме, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ неодамна побара амнестија за осудените, Предлог-закон кој поради недоволен број на гласови не помина во Собранието. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-pred-sobranie-graganite-pobaraa-za-obvinetite-za-27-april/feed/ 0
Пет лица од Бугарија осомничени за поврзаност со бомбашкиот напад во Истанбул https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pet-lica-od-bugarija-osomnicheni-za-povrzanost-so-bombashkiot-napad-vo-istanbul/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pet-lica-od-bugarija-osomnicheni-za-povrzanost-so-bombashkiot-napad-vo-istanbul/#respond Sat, 19 Nov 2022 15:18:19 +0000 https://kurir.mk/?p=763471

Бугарија обвини пет лица вклучени во смртоносниот напад на 13 ноември во Истанбул, за кој турските власти ги обвинија борците од курдската партија ПКК и нивните сојузници во Сирија. „ПЕТ ЛИЦА СЕ ОБВИНЕТИ ЗА ПОМАГАЊЕ НА ЕДЕН ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ ИЗВРШИТЕЛИ НА НАПАДОТ ДА ИЗБЕГА“, ИЗЈАВИ ЗА АФП СИЈКА МИЛЕВА, ПОРТПАРОЛКА НА ГЛАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА СОФИЈА. Нивната улога била „логистичка“, рече таа, додавајќи дека обвинителството побарало притвор за четворицата. Според локалната телевизија, три лица се по потекло од Молдавија, а едно од арапска земја, но не е прецизирано која. Турските власти го обвинија сирискиот огранок на Курдистанската работничка партија (ПКК) за бомбашкиот напад во Истанбул на 13 ноември, во кој загинаа шест лица, а 81 лице беа повредени. Сепак, ПКК негираше вмешаност во овој напад. Судот во Турција вчера им одреди притвор на 17 осомничени за организацијата на бомбашкиот напад до почетокот на судењето. Меѓу нив е и 23-годишна жена обвинета дека поставила бомба на клупа во центарот на Истанбул.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pet-lica-od-bugarija-osomnicheni-za-povrzanost-so-bombashkiot-napad-vo-istanbul/feed/ 0
Тројца Британци, Швеѓанец и Хрват обвинети од судот во Доњецк дека се платеници, им се заканува смртна казна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-britanci-shvegjanec-i-hrvat-obvineti-od-sudot-vo-donjeck-deka-se-platenici-im-se-zakanuva-smrtna-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-britanci-shvegjanec-i-hrvat-obvineti-od-sudot-vo-donjeck-deka-se-platenici-im-se-zakanuva-smrtna-kazna/#respond Mon, 15 Aug 2022 20:44:17 +0000 https://kurir.mk/?p=719043

Судот во самопрогласената Народна република Доњецк (ДНР) денеска обвини петмина странци, кои се бореле од страна на Украина, дека се платеници и соопшти дека тројца од нив може да се соочат со смртна казна. Британецот Џон Хардинг, Хрватот Векослав Пребег и Швеѓанецот Матијас Густафсон, заробени во градот Мариупол и околината, можат да бидат осудени на смрт според законите на т.н. ДНР. Други двајца Британци, Дилан Хили и Ендрју Хил, исто така беа обвинети, но не се соочуваат со егзекуција. Ниту еден од петмината обвинети не се изјасни за виновен. Судот соопшти дека судењето ќе продолжи на почетокот на октомври. Хрватското Министерство за надворешни работи како одговор на обвинувањата против Пребег соопшти дека „Хрватска го отфрла обвинението и не го смета за оправдано и легално бидејќи е во спротивност со меѓународното право и меѓународните конвенции за третман на притворени цивили и воени заробеници“. Властите во Доњецк во јуни осудија на смрт двајца Британци и еден Мароканец фатени како се борат на страната на украинските сили против Русија, под обвинение за обид за преземање на власта и платеништво. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-britanci-shvegjanec-i-hrvat-obvineti-od-sudot-vo-donjeck-deka-se-platenici-im-se-zakanuva-smrtna-kazna/feed/ 0
Условни казни за седуммина обвинети за настаните пред Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uslovni-kazni-za-sedummina-obvineti-za-nastanite-pred-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uslovni-kazni-za-sedummina-obvineti-za-nastanite-pred-sobranieto/#respond Tue, 26 Jul 2022 13:01:03 +0000 https://kurir.mk/?p=710396

Седум од осум обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог, денеска признаа вина пред Кривичниот суд. На седуммината кои признаа вина, Судот им изрече условни двегодишни затворски казни, доколку во следните четири години сторат кривично дело. Обвинетите се на возраст од 18 до 36 години, од кои тројца се средношколци и имаат по 18 години, а еден 19 години. Тие беа обвиенети за учество во толпа и дека фрлале бекатони и камења кон собраниската зграда и полицајците во кордоните. Обвинетите се товарат и дека повредиле полицајци. За обвинетиот кој не призна вина, Судот ја издвои постапката и случајот ќе продолжи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uslovni-kazni-za-sedummina-obvineti-za-nastanite-pred-sobranieto/feed/ 0
Двајца жители на Врапчиште обвинети за загрозување на сигурноста на извршителка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-ziteli-na-vrapchishte-obvineti-za-zagrozuvanje-na-sigurnosta-na-izvrshitelka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-ziteli-na-vrapchishte-obvineti-za-zagrozuvanje-na-sigurnosta-na-izvrshitelka/#respond Tue, 05 Jul 2022 13:10:29 +0000 https://kurir.mk/?p=700372

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против двајца браќа од селото Добри Дол, општина Врапчиште кои се товарат дека сториле кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, на возраст од 48 и 47 години, на 18 март ја загрозиле сигурноста на службено лице во вршење на службата, упатувајќи сериозна закана дека ќе нападнат врз животот и телото на извршителка од Гостивар. Тие дошле во службените простории на оштетената, која како службено лице презела извршни дејствија во предмет во кој двајцата се јавувале како должници. Откако им појаснила за што станува збор во предметот, тие започнале да и се закануваат дека не смее да им земе ниту еден денар или во спротивно ќе ја убијат. Извршителката настанот го пријавила во полиција.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-ziteli-na-vrapchishte-obvineti-za-zagrozuvanje-na-sigurnosta-na-izvrshitelka/feed/ 0
Тројца лекари од Струга обвинети за тешки дела против здравјето на луѓето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trojca-lekari-od-struga-obvineti-za-teshki-dela-protiv-zdravjeto-na-lugjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trojca-lekari-od-struga-obvineti-za-teshki-dela-protiv-zdravjeto-na-lugjeto/#respond Sat, 07 May 2022 07:22:18 +0000 https://kurir.mk/?p=673232

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против три лица за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 3 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, првообвинетиот како лекар – специјалист гинеколог акушер, второобвинетиот како лекар – специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата како лекар – гинеколог акушер, вработени во Јавната здравствена установа – Медицински центар – Струга, при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентка – родилка од Дебар, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба. -Родилката била примена на 27.08.2020 година заради породување на гинеколошкото одделение, бидејќи била во 40-тата недела од бременоста. Ја примил првообвинетиот кој ја водел како пациент во текот на целата бременост и донел одлука породувањето да биде извршено со царски рез. При операцијата му асистирал второобвинетиот, но при изведувањето на царскиот рез тие ја оштетиле левата бубрежна артерија. Како резултат на ова оштетување дошло до влошување на здравствената состојба на пациентката, која била нестабилна, но и покрај тоа обвинетите не презеле никакви мерки за утврдување на причините за влошување на нејзината состојба. Со терапијата која и ја дале дополнително ја влошиле состојбата на пациентката и задоцниле со реакцијата, поради што кај неа настанала огромна загуба на крв и западнала во состојба на шок, соопшти ОЈО. Во такви услови, се вели во соопштението, првообвинетиот со асистенција на третообвинетата се решиле да извршат нов оперативен зафат за да го спречат крварењето, да и ја отстранат матката и левиот јајник иако на овие органи немало никакви промени или повреди. Откако и по затворањето на пациентката крварењето не престанало, тие се решиле за уште еден оперативен зафат при што хирурзите откриле дека крварењето доаѓа од оштетувањето на бубрежната артерија предизвикано при царскиот рез. Заради неможноста да се реконструира бубрежната артерија, таа морала да се подврзе и да се отстрани левиот бубрег со цел да се спаси животот на оштетената. -Кога тоа било направено и крварењето било запрено, пациентката била препратена на лекување на Државната клиника „Мајка Тереза“ во Скопје, прецизира ОЈО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trojca-lekari-od-struga-obvineti-za-teshki-dela-protiv-zdravjeto-na-lugjeto/feed/ 0
Десетмина обвинети за пустошење шуми во гостиварско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/desetmina-obvineti-za-pustoshenje-shumi-vo-gostivarsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/desetmina-obvineti-za-pustoshenje-shumi-vo-gostivarsko/#respond Mon, 14 Feb 2022 08:22:15 +0000 https://kurir.mk/?p=631148

Против вкупно 10 лица Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог за продолжени кривични дела – Пустошење шума, Кражба и Измама. Во временскиот период од 2017 и 2018 година, во повеќе наврати, обвинетите како соизвршители, исекле поголемо количество дрва од туѓа шума во атарот на селото Падалиште. На тој начин тие ја опустошиле шумата, бесправно сечејќи вкупно 254 букови стебла. Буковите дрва за огрев ги складирале во своите дворови, од каде ги транспортирале до купувачи на подрачјето на Општина Гостивар и ги продавале. Со ова на оштетеното правно лице ЈП Македонски шуми обвинетите му нанеле проценета материјална штета од 724.500 денари. Еден од обвинетите сторил и кривично дело – Измама, така што на 21.09.2018 година од претходно противправно исечените огревни дрва му продал на еден гостиварец, доведувајќи го во заблуда дека дрвната маса потекнува од легална сеча. За дрвата оштетениот платил 14.700 денари. По откривањето на нелегачната сеча, полициски службеници ги одзеле дрвата со потврда за привремено одземени предмети.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/desetmina-obvineti-za-pustoshenje-shumi-vo-gostivarsko/feed/ 0
Седуммина обвинети во случајот „Планина“ признаа вина и се спогодија со Обвинителството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedummina-obvineti-vo-sluchajot-planina-priznaa-vina-i-se-spogodija-so-obvinitelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedummina-obvineti-vo-sluchajot-planina-priznaa-vina-i-se-spogodija-so-obvinitelstvoto/#respond Fri, 16 Jul 2021 11:56:30 +0000 https://kurir.mk/?p=537702

По донесената наредба за спроведување истражна постапка, седуммина припадници на т.н. група од Гази Баба, осомничени во предметот „Планина“, откако беа запознаени со доказите што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги прибави во текот на спроведувањето на предистражната и истражната постапка, го признаа извршувањето на кривичното дело за кое се товарат, информира Јавното обвинителство на Република Македонија. Врз основа на признание на вина, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција склучило Предлог – спогодби со осомничените. Судијата на претходна постапка при Основиот кривичен суд – Скопје ги прифатил Предлог – спогодбите и ги огласил за виновни за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори сите седум обвинети. -Со пресуда на обвинетите им е изречена казна затвор во која се пресметува и времето поминато во притвор и тоа на осомничените А.Р. (31) и Е.С.(25) во траење од четири години и шест месеци, на осомничениот А.И.(20) во траење од четири години и на осомничените С.И. (22), А.К.Б.(19), Ф.А.(20) и Р.И.(21) во траење од три години, информираат од Обвинителството. Во периодот од месец март 2020 година до месец март 2021 година сега осудените како повеќе лица, со умисла, се здружиле за вршење на кривични дела со преземање на временски меѓусебно поврзани дејствија. Искористувајќи исти прилики и други слични околности тие повеќекратно неовластено набавувале, држеле и продавале наркотична дрога и психотропни супстанции. А.Р. и Е.С. во повеќе наврати неовластено набавиле наркотичната дрога од НН лица, па откако кратко време ја држеле кај себе, ја предавале на чување на А.И., С.И., А.К.Б. и Ф.А. кои вршеле неовластена продажба. А.Р., Е.С. и А.И. имале воспоставени контакти со купувачи на подрачје на Градот Скопје и договорената количина и вид на наркотична дрога соодветно спакувана ја предавале на купувачите, а остварената корист од неовластената продажба во договорени делови меѓусебно ја распределувале. -Согласно член 215 став 6 од Кривичниот законик, во корист на Република Македонија, како предмети што се употребени за извршување и кои потекнуваат од кривичното дело, се одземени: едно патничкото моторно возило марка Volkswagen Golf – Голф, црна боја, 18 мобилни телефони, еден таблет, еден ланец со кралска плетка со жолта боја, една жолто сребрена алка, еден прстен со жолта боја, 2880 евра во банкноти во различни апоени, 157.300,00 денари во банкноти во различни апоени, 21 пакување кокаин со вкупна тежина од 10,08 грама и 1 пакување марихуана со вкупна тежина од 3,11 грама, се вели во денешното соопштение од Обвинителството. Обвинетите се упатени на издржување на изречената казна, за двајца осомничени предметот е отстапен на надлежно постапување во ОЈО Скопје, а за останатите од групата во Грчец истражната постапка е во тек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedummina-obvineti-vo-sluchajot-planina-priznaa-vina-i-se-spogodija-so-obvinitelstvoto/feed/ 0
Две лица обвинети за тешки кражби во Скопје​ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-lica-obvineti-za-teshki-krazbi-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-lica-obvineti-za-teshki-krazbi-vo-skopje/#respond Tue, 15 Jun 2021 08:04:13 +0000 https://kurir.mk/?p=523547

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица кои се товарат дека сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 35-годишен скопјанец и обвинетата 25-годишна скопјанка, по претходен договор заеднички влегле во куќа на улица „Венијамин Мачуковски“ и додека станарите спиеле, од масата во дневната соба одзеле две женски чанти во кои имало пари, банкарски картички и други документи. Една од оштетените го затекнала обвинетиот до украдените чанти во раката и вознемирана го прашала што прави, по што тој заедно со неговата соизвршителка се дале во бегство. Веднаш по настанот обвинетата употребила една од украдените картички и извршила вкупно седум трансакции во два маркета. Само неколку дена подоцна, првообвинетиот, со совладување препреки, извршил уште една тешка кражба во стан во зграда на истата улица. Имено, тој успеал по фасадата на зградата и држачите од олукот да се искачи на висина од 2.5 метри, се прекачил на балконот од станот и преку незаклучената балконска врата влегол внатре. Од дневната соба одзел женска чанта со лични документи и банкарски картички, па веднаш го напуштил местото. Една од украдените картички веднаш ја употребил во маркет, реализирајќи две трансакции. Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за првообвинетиот.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dve-lica-obvineti-za-teshki-krazbi-vo-skopje/feed/ 0