обвинител – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 May 2023 14:49:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обвинител – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕК најостро го осудува обидот за атентат врз бугарскиот државен обвинител https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ek-najostro-go-osuduva-obidot-za-atentat-vrz-bugarskiot-drzhaven-obvinitel-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ek-najostro-go-osuduva-obidot-za-atentat-vrz-bugarskiot-drzhaven-obvinitel-2/#respond Tue, 02 May 2023 14:48:23 +0000 https://kurir.mk/?p=829779

Европската комисија денеска соопшти дека најостро го осудува обидот за бомбашки атентат на главниот обвинител на Бугарија. Дознавме за ова недозволиво дејствие, рече портпаролот на комисијата во одговор на прашање на прес-конференција, јави БТА. Ова е бесмислен и кукавички чин на насилство за кој нема место во нашето општество. Очекуваме националните власти одлучно и брзо да ги изведат сторителите на овој грозоморен чин пред лицето на правдата. Засега не можевме да претпоставиме кои се причините за таквиот напад, додаде портпаролот. Вчера попладне одекна експлозија на патот, во момент кога автомобилот на главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев и неговата колона се движела на патот од Самоков кон Софија. Главниот обвинител бил цел на убиство, изјави заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов. Тој нагласи дека не станува збор за заплашување, туку за обид за атентат. Сарафов извести дека дошло до екстремно силна експлозија и дека од експлозијата е формиран кратер со длабочина од 30-40 см и дијаметар од близу три метри. Експлозивната направа очигледно била наменета да убие. Не била со намера да заплаши, рече заменик-јавниот обвинител.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ek-najostro-go-osuduva-obidot-za-atentat-vrz-bugarskiot-drzhaven-obvinitel-2/feed/ 0
Обвинител и истражител од Бугарија доаѓаат во земјава за да земат ДНК од семејствата на загинатите на автопатот „Струма“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitel-i-istrazitel-od-bugarija-doagjaat-vo-zemjava-za-da-zemat-dnk-od-semejstvata-na-zaginatite-na-avtopatot-struma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitel-i-istrazitel-od-bugarija-doagjaat-vo-zemjava-za-da-zemat-dnk-od-semejstvata-na-zaginatite-na-avtopatot-struma/#respond Wed, 24 Nov 2021 16:21:01 +0000 https://kurir.mk/?p=599461

Екипа од шест истражители од бугарската национална истражна служба и тројца обвинители од Окружното обвинителство во Перник ќе работат на предистражната постапка за тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 граѓани на Република Северна Македонија. Ова за „24 Часа“ го соопшти Сијка Милева, портпарол на јавниот обвинител на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова се должи на меѓународниот аспект на случајот, при што обвинителите од Меѓународниот оддел при Врховното обвинителство на Бугарија дале целосна помош и координација во врска со испраќањето барање за правна помош. Во рамките на меѓународната правна соработка, прецизирани се најкратките можни рокови за доставување на потребните документи. Во оваа насока, главниот обвинител од Бугарија Иван Гешев ќе испрати до Скопје обвинител и истражител од тимот, кои ќе го достават барањето за правна помош до Обвинителството на Република Северна Македонија. Со оглед на брзината и ефикасноста, тимот лично ќе ги добие потребните документи, додаде Милева. За да се идентификуваат загинатите македонски државјани, бугарскиот тим ќе добие и ДНК-профили на роднините на жртвите за да ги спореди со ДНК-профилите на жртвите за што поскоро да ги идентификува, додаде таа. Веќе е создадена потребната организација за брза и ефективна истрага, има поделба на работата по посебни ресори. Главниот обвинител на Бугарија Иван Гешев е во постојана комуникација со главниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески. Обвинителството на Република Бугарија работи на утврдување на причините за тешката несреќа, како и на брзо идентификување на телата на загинатите македонските државјани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitel-i-istrazitel-od-bugarija-doagjaat-vo-zemjava-za-da-zemat-dnk-od-semejstvata-na-zaginatite-na-avtopatot-struma/feed/ 0
НОВИ ДЕТАЛИ: Го следеле и нападнале бидејќи им блиндирал, познато како обвинителот се спасил од уб*ство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/novi-detali-go-sledele-i-napadnale-bidejkji-im-blindiral-poznato-kako-obvinitelot-se-spasil-od-ub-stvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/novi-detali-go-sledele-i-napadnale-bidejkji-im-blindiral-poznato-kako-obvinitelot-se-spasil-od-ub-stvo/#respond Mon, 22 Nov 2021 08:56:37 +0000 https://kurir.mk/?p=598119

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против три лица – двајца полнолетни и еден малолетник, кои се осомничени за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид) и со член 22 (соизвршителство) од Кривичниот законик. Против двајцата полнолетни соизвршители донесена е Наредба за спроведување истражна постапка, а до Основниот суд во Тетово поднесен е предлог за определување мерка притвор. За малолетникот, пак, постапката ќе се води според Законот за правда на децата. Тетовското обвинителство ја презеде постапката за да се обезбеди непристрасност на истрагата, со оглед на тоа што оштетениот е јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Гостивар. -Во раните утрински часови на 21 ноември, осомничените соизвршители, заедно со малолетник на возраст од 17 години, се обиделе со умисла да го лишат од живот јавниот обвинител. Оштетениот со својот автомобил и негов роднина се движел по патот низ селото Чегране, а еден од осомничените бил застанат со автомобилот сред пат пред куќата на другиот осомничен. Во тој момент јавниот обвинител им блиндирал со светлата за да го ослободат патот. Откако оштетениот поминал со возилото, осомничените со автомобилот продолжиле да го следат, па кога застанал започнале да го навредуваат и агресивно да се однесуваат затоа што им блиндирал. Оштетениот им се претставил дека е јавен обвинител и дека доколку има потреба ќе повикаат полиција за да го расчисти настанот. Сите тројца осомничени започнале да го удираат, а малолетникот од џебот извадил нож со кој му задал убодна рана во задната десна страна од градниот кош. Потоа се обидел да го прободе уште еднаш. Гледајќи дека осомничените имаат намера да го довршат делото и да го лишат од живот, оштетениот извадил пиштол кој го поседувал со дозвола и испукал предупредувачки куршум во воздух со што ги запрел, се наведува во соопштението од Обвинителството. Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово го прифати предлогот на јавниот обвинител и на двајцата полнолетни осомничени им определи притвор во траење од по 30 дена.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/novi-detali-go-sledele-i-napadnale-bidejkji-im-blindiral-poznato-kako-obvinitelot-se-spasil-od-ub-stvo/feed/ 0
За нападот на обвинителот, приведени три лица – ова се деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-napadot-na-obvinitelot-privedeni-tri-lica-ova-se-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-napadot-na-obvinitelot-privedeni-tri-lica-ova-se-detalite/#respond Sun, 21 Nov 2021 21:34:59 +0000 https://kurir.mk/?p=598033

Три лица се осомничени и приведени за физички напад со остар предмет врз Х.И.(39) од село Форино, Гостиварско, јавен обвинител во ОЈО Гостивар, што се случил утрово, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, утрово во 06.10 часот од полициски службеници од Полициското одделение Чегране биле лишени од слобода Н.С.(40), неговиот малолетен син, двајцата од с.Чегране, гостиварско и Б.Ф.(41) од с.Церово, Тетовско, поради постоење основи на сомнение дека околу 05.30 часот во с.Чегране, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнале и со остар предмет го повредиле Х.И. – Х.И. бил пренесен во Општата болница „Ферид Мурат“ за укажување на лекарска помош. Тројцата со кривична пријава во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основен суд Гостивар – стои во соопштението од Министерството. Претходно, од Јавното обвинителство соопштија дека нападнатото лице е јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство – Гостивар – Обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство – Гостивар извршен е изутринава во 5:30 часот во село Чегране, Гостиварско. Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот. Јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники. Се преземаат дејствија за расчистување на настанот – соопштија од Јавното обвинителство на Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/za-napadot-na-obvinitelot-privedeni-tri-lica-ova-se-detalite/feed/ 0
Обид за убиство на јавен обвинител од OЈО – Гостивар, обвинителот е надвор од животна опасност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obid-za-ubistvo-na-javen-obvinitel-od-ojo-gostivar-obvinitelot-e-nadvor-od-zivotna-opasnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obid-za-ubistvo-na-javen-obvinitel-od-ojo-gostivar-obvinitelot-e-nadvor-od-zivotna-opasnost/#respond Sun, 21 Nov 2021 15:10:22 +0000 https://kurir.mk/?p=597969

Утринава во 5:30 часот во с. Чегране, гостиварско, извршен е обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство Гостивар. Јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники. Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот. Основното јавно обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот, информираат од ОЈО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obid-za-ubistvo-na-javen-obvinitel-od-ojo-gostivar-obvinitelot-e-nadvor-od-zivotna-opasnost/feed/ 0
Судска одлука за притвор не се зема од канцеларија на обвинител, туку од Суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudska-odluka-za-pritvor-ne-se-zema-od-kancelarija-na-obvinitel-tuku-od-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudska-odluka-za-pritvor-ne-se-zema-od-kancelarija-na-obvinitel-tuku-od-sud/#respond Tue, 23 Feb 2021 18:33:04 +0000 https://kurir.mk/?p=472927

Попладнево во просториите на Јавното обвинителство сам се појави Сашо Мијалков, обвинет во предметот „Таргет-Тврдина“, каде што за во петок се очекува и судска пресуда. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд. -Разбрав утрово и навистина ми е жал и дојдов во обвинителството. Вчера бев болен и кога дознава сабајлево, дојдов сега во обвинителството. Имав симптоми на корона и затоа сакав да се изолирам. Одам да го видам решението. Оној што ме познава знае дека кога ќе дадам збор нема да го погазам, рече Мијалков за Телевизија 24. Мијалков кажа дека дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во излозација поради здравствени причини. Тој им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите што биле предизвикани. -Би сакал да се извинам на целата македонската јавност заради непријатноста што се случи во државата. Се извинувам на владата, премиерот, министрите, институциите, рече Мијалков за ТВ 24. Но она што е интересно во челата ситуација е фактот што судска одлука за притвор не се зема во канцеларија на обвинител, тука од судот и целата ситуација околу овој случај делува како еден вид на една „сапоница“ на која се уште не се знае каков ќе биде крајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudska-odluka-za-pritvor-ne-se-zema-od-kancelarija-na-obvinitel-tuku-od-sud/feed/ 0
Почина македонски јавен обвинител https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-makedonski-javen-obvinitel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-makedonski-javen-obvinitel/#respond Thu, 08 Oct 2020 09:42:35 +0000 https://kurir.mk/?p=413841

Јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство Струга, Никола Неделкоски почина вчера во Струга на 65 годишна возраст, информираат од Обвинителството. Никола Неделкоски беше роден на 14.12.1954 година во с.Љабуништа, Струга. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година. На 26.03.1997 година е избран за заменик на основниот јавен обвинител во Струга. Во текот на своето работење како јавен обвинител, тој даде значаен придонес кон унапредувањето на обвинителската фела. Со неговата смрт обвинителството загуби професионалец и голем пријател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-makedonski-javen-obvinitel/feed/ 0
Италијански обвинител: Албанската мафија е меѓу најмоќните https://arhiva.kurir.mk/svet/region/italijanski-obvinitel-albanskata-mafija-e-megju-najmokjnite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/italijanski-obvinitel-albanskata-mafija-e-megju-najmokjnite/#respond Mon, 03 Dec 2018 06:43:39 +0000 https://kurir.mk/?p=134990

Италијанскиот обвинител Никола Гратери, кој од 2016 година, е одговорен за одделот за борба против мафија во регионот на Калабрија, за тиранската телевизија Ора њуз изјави дека „албанската мафија е во редот на најмоќните“ во светот. – Албанската мафија е постојано растечка во Европа и ќе биде мафија на иднината. Албанската мафија се повеќе и повеќе се шири во Јужна Америка. Во соработка со калабриската мафија, Ндрагета, таа е способна да увезува големи количества кокаин во Европа. Албанската мафија е исто така доста присутна во трговијата со марихуана и тоните прошверцувана марихуана од Албанија ја преплавува Европа. Ние сме многу загрижени, изјави Гратери. Тој, како што вели, е загрижен и во врска со правосудниот систем во Албанија. – Она што го забележуваме е дека за жал судскиот систем во Албанија и борбата на албанската полиција во овој поглед е малку блага. Има многу што треба да се направи во оваа насока. Гледаме систем на многу бавна правда, која не во иста димензија на криминалната активност што постои во Албанија, оценува италијанскиот обвинител. На прашањето дали албанската мафија инвестира во Италија, Гратери вели дека странските мафии кои продаваат дрога во Европа ги инвестираат своите пари и профит од криминалните активности на континентот, а од тоа не е исклучок ни албанската мафија. – Сметаме дека албанската мафија инвестира и купува имот во Европа, вели Гратери. Италијанскиот обвинител додава и дека постојат податоци оти припадниците на Ндрагхете се засолнуваат во Албанија. – Да, постојат припадници на овој мафијашки клан кои се кријат во Албанија. Одат во Албанија за нивните криминални афери и остануваат мирни, бидејќи во Албанија е полесно да се кријат како луѓе кои ги бара полицијата, отколку во Италија, посочи Гратери. Обвинителот Гратери од 1989 година е под заштита на државата и е вклучен во борбата против калабриската мафија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/italijanski-obvinitel-albanskata-mafija-e-megju-najmokjnite/feed/ 0
Оставка на главниот обвинител на Њујорк по обвинувањата за физичко насилство врз четири жени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostavka-na-glavniot-obvinitel-na-njujork-po-obvinuvanjata-za-fizichko-nasilstvo-vrz-chetiri-zeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostavka-na-glavniot-obvinitel-na-njujork-po-obvinuvanjata-za-fizichko-nasilstvo-vrz-chetiri-zeni/#respond Tue, 08 May 2018 06:33:50 +0000 https://kurir.mk/?p=51281

Главниот обвинител на Њујорк, Ерик Шнајдерман поднесе оставка откако четири жени го обвинија за физичко насилство. Тој категорично ги отфрли обвинувањата, но изјави дека тие му пречат соодветно да си ја извршува работата и поради тоа поднесува оставка. Шнајдерман истакна дека на него било голема чест и привилегија да работи како главен обвинител. Списанието „Њујоркер“ објави за наводно насилство врз четири жени со кои Шнајдерман бил во романтични врски. Две од жените тврдат дека тој неколкупати ги тепал и оти често бил пијан. По таквите тврдења, гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо го повика Шнајдерман да поднесе оставка.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostavka-na-glavniot-obvinitel-na-njujork-po-obvinuvanjata-za-fizichko-nasilstvo-vrz-chetiri-zeni/feed/ 0
Обвинител на МКС загрижена поради можни воени злосторства во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obvinitel-na-mks-zagrizena-poradi-mozni-voeni-zlostorstva-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obvinitel-na-mks-zagrizena-poradi-mozni-voeni-zlostorstva-vo-gaza/#respond Mon, 09 Apr 2018 06:57:07 +0000 https://kurir.mk/?p=37982

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд Фатоу Бенсоуда изрази загриженост поради неодамнешниот бран насилство во Газа, оценувајќи дека е можно Израел и Хамас да извршиле воени злосторства. Таа во соопштение изрази „голема загриженост“ поради употребата на оружје од израелските сили кон Палестинците за време на масовен протест долж границата на Газа со Израел. – Насилство над цивили во ситуација во која е Газа, можно е да претставува воен злосторство, наведува таа во соопштение. Најмалку 30 луѓе беа убиени кога израелски сили отворија оган, додека Израел тврди дека протестите се „завеса“ за напади врз неговата армија. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obvinitel-na-mks-zagrizena-poradi-mozni-voeni-zlostorstva-vo-gaza/feed/ 0