обвинителен акт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Oct 2022 13:15:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обвинителен акт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поднесен обвинителен акт против Мухамед Зеќири https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-muhamed-zekjiri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-muhamed-zekjiri/#respond Tue, 04 Oct 2022 10:27:27 +0000 https://kurir.mk/?p=740813

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против поранешниот Генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Како што се наведува во соопштението обвинителсниот акт е поднесен по спроведена истражна постапка и извршен увид од страна на обвинетиот и неговата одбрана. Според описот во Обвинителниот акт, обвинетиот се товари дека сторил продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.3 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од Кривичниот законик. -Обвинетиот како службено лице – Генерален секретар на Владата на РСМ, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги, информираат од Обвинителството. -Имено, на 04.05.2021 година, обвинетиот, без да спроведе постапка за јавна набавка, со умисла потпомогнат од осомничените хрватски државјани, недостапни на органите на прогон, склучил договор за консултантски услуги со правно лице на износ од 795.000 евра без ДДВ во денарска противвредност. Ова правно лице, во кое еден од осомничените хрватски државјани е соосновач и управител, било основано дваесет дена пред склучувањето на Договорот. По склучениот договор, правното лице склучило Договор за консултантски услуги за постапка на процена на вредноста, како и длабинско снимање на АД Пошта на Северна Македонија Скопје со вториот осомничен хрватски државјанин, за износ од 130.000 евра во денарска противвредност. Во критичниот период, во повеќе наврати од сметката на Владата на РСМ се исплаќани парични средства на сметката на правното лице, со што за правното лице е прибавена значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 57.932.100,00 денари, што го претставува износот согласно договорот зголемен за 18% ДДВ, а за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ. Вториот – Договор за консултантски услуги е за поддршка во процесот на потенцијална приватизација на Железници на РСМ Транспорт АД Скопје и бил склучен наредниот месец, односно на 23.06.2021 година, со друго правно лице како давател на услуги (консултант). Договорот бил со вкупна вредност во износ од 772.400 евра во денарска противвредност без пресметан ДДВ. На сметка на ова правно лице Владата на РСМ врз основа на издадена фактура првично исплатила аванс од 11.284.162,00 денари за одржување на почетен состанок со правното лице, односно за официјално започнување на проектот, а потоа врз основа на уште четири фактури биле исплатени буџетски средства во износ од 26.247.138,00 денари, за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ. Со опишаните дејствија обвинетиот прибавил противправна имотна корист од значителна вредност за двете правни лица во вкупен износ од 89.385.255,00 денари, за колку и го оштетил Буџетот на РСМ. Сметајќи дека се уште постојат околностите врз основа на кои на обвинетиот му беше определена мерката куќен притвор, предметниот обвинител на судот му предложи нејзино продолжување, се наведува во соопштението од Обвинителството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-muhamed-zekjiri/feed/ 0
Обвинителен акт против три лица за трговија со дете, родосквернавење ​и силување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinitelen-akt-protiv-tri-lica-za-trgovija-so-dete-rodoskvernavenje-i-siluvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinitelen-akt-protiv-tri-lica-za-trgovija-so-dete-rodoskvernavenje-i-siluvanje/#respond Tue, 25 Jan 2022 12:16:22 +0000 https://kurir.mk/?p=622755

По спроведената истражна постапка предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица. Спроред дејствијата опишани во четири точки во Обвинителниот акт првообвинетиот сторил две кривични дела и тоа продолжено кривично дело – Родосквернавење и кривично дело Трговија со дете, второобвинетата сторила продолжено кривично дело Трговија со дете, а третообвинетиот сторил продолжено кривично дело Трговија со дете и кривично дело Силување. Во временски период од четири години, првообвинетиот искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во семејната куќа секојдневно вршел обљуба врз неговата малолетна ќерка. Во текот на месец март 2018 година злоупотребувајќи ја својата положба како татко, на интернет нашол маж од Косово и го продал девојчето заради склучување присилен брак. По два месеци девојчето дошло на гости кај нејзините родители, а првоосомничениот не ја вратил назад во Косово со оправдување дека било многу далеку и продолжил да врши обљуба врз неа. Во месец декември 2018 година, девојчето заедно со еден од нејзините браќа и второобвинетата – нивната мајка, избегале од семејната куќа и се упатиле во куќата на третоосомничениот. Второобвинетата во тригодишен временски период искорисила ист траен однос и исти прилики и злоупотребувајќи ја својата положба како мајка на девојчето, со сила го подвела да врши полови дејствија за паричен надомест со третообвинетиот. Таа откако го запознала третообвинетиот со својата малолетна ќерка, употребувајќи физичка сила ја носела во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000,00 денари, а понекогаш и од по 500,00 денари му овозможила да врши полови дејствија со нејзината ќерка. Третообвинетиот, искористувајќи исти прилики, за паричен надомест во тригодишен временски период во својата куќа користел сексуални услуги од дете кое не наполнило 14 години. Истиот во текот на месец декември 2018 година, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот, извршил и друго полово дејствие врз малолетниот брат на девојчето. За кривичните дела што им се ставаат на товар запретени се високи казни затвор во траење од најмалку десет односно 12 години. Со обвинителниот акт, предметниот обвинител му предложи на судот да ја продолжи мерката притвор спрема обвинетите, при што како клучен фактор при одлуката за продолжување на мерката притвор ќе треба да ги има предвид начинот и мотивот на извршување на кривичните дела, односно дека истите се сторени со директна умисла од страна на обвинетите, како и околноста што предметните кривични дела директно го кршат Протоколот кон Конвенцијата за правата на детото што се однесува на трговија со деца, детска проституција и детска порнографија (МД-44/03-95).​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinitelen-akt-protiv-tri-lica-za-trgovija-so-dete-rodoskvernavenje-i-siluvanje/feed/ 0
Поднесен обвинителен акт против осум лица, припадници на ИСИС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-osum-lica-pripadnici-na-isis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-osum-lica-pripadnici-na-isis/#respond Wed, 23 Jun 2021 13:26:27 +0000 https://kurir.mk/?p=527094

По спроведена сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денес до Основниот кривичен суд – Скопје достави Обвинителен акт против петмина жители на Куманово и тројца скопјани. Според дејствијата опишани во Обвинителниот акт, Б.Г.(28), Р.А.(31), С.И(31), А.С.(21) и Ј.К.(25) сториле кривично дело – Терористичка организација од член 394-а ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, обвинетиот Б.Ф. (33) сторил едно кривично дело – Терористичка организација од член 394-а ст.2 во врска со ст.1 и едно кривично дело – Служба во непријателска војска од член 322 став 1 од Кривичниот законик, Д.А. (21) е обвинет дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 ст.1 од Кривичен законик и обвинетиот И.М.(23) сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. ​Во периодот од 2019 и 2020 година, на територијата на нашата земја, обвинетите Б.Ф., Б.Г., Р.А., С.И., А.С. и Ј.К., станале припадници на злосторничка организација – терористичка организација „ќелија“со основи на идеолошка матрица на познатата терористичка организација ИСИС, создадена во почетокот на 2019 година од страна на претходно обвинетиот Б.А. Прифаќајќи го криминалниот план на злосторничката организација – терористичка група „ќелија“ секој од нејзините членови имал конкретни задачи, па така обвинетите Б.Ф. и Б.Г. добивале конкретни задачи од обвинетиот Б.А., при што му обезбедувале логистичка поддршка и имале задача, заедно со уште тројца претходно обвинети, да обезбедат патничко моторно возило со кое ќе го пренесуваат и објекти во кои ќе го држат оружјето, муницијата и воената опрема, да изработуваат импровизирани експлозивни направи, собирале информации за движење и вршеле опсервирање на објекти и локации. Обвинетите Р.А., С.И. и А.С., како припадници на групата учествувале и во активности на собирање и обезбедување на информации од значење за целите на терористичката група и вршеле опсервирање на објекти и локации. Обвинетиот Ј.К. пак, вршел собирање, едитирање и титлување на преводи, од арапски на албански јазик, на видеа од боиштата во Сирија и Ирак и од извршените терористички напади во Франција и Шпанија, како и снимки во кои се прикажува начинот на изработка на експлозивни направи, на извршување напад врз лица, на безбедно користење на интернет апликации за комуникација и снимки со декапитација на жртвите на ИСИС/Исламска држава, со што овозможил пристап на поголем број на луѓе до ваквите радикални содржини. Врз основа на доказите прибавени во истрагата, обвинителството дојде до сознанија дека обвинетиот Б.Ф., како граѓанин на Република Македонија, во периодот од 4.05.2014 година до 2.06.2014 година, за време на вооружен судир активно учествувал во активностите во непријателската вооружена формација терористичка организација Исламска држава – ИСИС, каде во евиденциите на ИСИС е заведен како борец. Воедно, во спроведената истражна постапка обвинителството утврди дека во текот на 2020 година во Куманово, обвинетиот Д.А. неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Застава“ со калибар 7.62 мм, што неовластено го продал на претходно обвинетиот В.А., а во истиот период во с.Табановце, Кумановско, обвинетиот И.М. неовластено држел огнено оружје – автоматска пушка со калибар 7.62 мм, автоматски пиштол „Шкорпион“ со калибар 7.65 мм, кое оружје им е забрането на граѓаните и огнено оружје – марка „Застава“ со калибар 7.62. Со опишаните дејствија обвинетите ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар. Имајќи ги предвид мотивот за сторувањето на делата, односно создавање чувство на несигурност и страв кај граѓаните, како и тоа дека се уште постојат околностите врз основа на кои била определена и продолжувана мерката притвор, а особено фактот дека постои опасност обвинетите доколку останат да се бранат од слобода да ги повторат кривичните дела што им се ставаат на товар, со Обвинителниот акт, предметниот обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и Посебен предлог. Во предлогот заради обезбедување на присуство на обвинетите и непречено водење на кривичната постапка, се предлага на судот мерката притвор спрема шестмина обвинети да биде продолжена, додека за двајца обвинети е предложено мерката притвор да биде заменета за поблага мерка – куќен притвор.​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-osum-lica-pripadnici-na-isis/feed/ 0
Обвинителен акт против две лица за злоупотреба на службена положба и овластување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelen-akt-protiv-dve-lica-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelen-akt-protiv-dve-lica-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje/#respond Wed, 12 May 2021 08:17:10 +0000 https://kurir.mk/?p=509301

По спроведена истрага од меѓународни рамки во која беа вклучени и меѓународните организации ОЛАФ и ЕУРОПРАВДА, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, поднесе Обвинителен акт против две лица. Врз основа на прибраните докази во текот на истражната постапка на првообвинетиот Ј.Ј. (48) му се става на товар дека во соизвршителство со второобвинетата Ј.Г. (53) сторил кривично дело – „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 ст.5 в.в.ст 3 и 1 вв член 22, кривично дело – „Перење пари и други приноси од казниво дело“ предвидено и казниво по чл. 273 став 1, како и кривично дело – „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од Кривичниот законик, додека второобвинетата сторила кривично дело – „Злоупотреба на службена положба и овластување“по член 353 ст.5 в.в.ст 3 и 1 вв член 22 и кривично дело – „Перење пари и други приноси од казниво дело“ предвидено и казниво по чл. 273 став 1 од Кривичниот законик. Имено, во периодот од месец октомври 2012 година до април 2017 година, првообвинетиот како службено лице – именуван функционер и Претседател на Управувачки комитет на проект, заедно и по претходен договор со второобвинетата – раководен државен службеник и член на Управувачкиот комитет, со намера да прибават противправна имотна корист за себе и за едно правно лице од Р.Италија, постапиле спротивно на нивните службени обврски и ги искористиле своите службени положби и овластувања. Обвинетите, спротивно на принципот за доверливост и на принципот за еднаков третман на апликантите дефинирани во PRAG/ПРАГ – „Практичното упатство“ кое е задолжително за постапување на сите корисници на средства од ИПА фондови, иако биле свесни дека е недозволиво, споделувале доверливи тендерски информации за условите за работење и „ТОР“ (Terms of references) за два ИПА проекти што се спроведувале во две министерства. Правното лице од Италија ги искористило неовластено споделените информации и изготвило понуда адаптирана на потребите и ги исполнило сите технички и финансиски услови. Воедно, обвинетата Ј.Г. во претходен договор со обвинетиот Ј.Ј. за едниот проект помогнала при изготвувањето на финансиската понуда на правното лице – апликант и ја прилагодила согласно на условите кои биле објавени во тендерот. Со ваквите дејствија обвинетите му овозможиле на правното лице да има незаконита правна предност во однос на другите апликанти на тендерите и истото да биде избрано за изведувач на проектите. Како награда за поддршката, обвинетите од страна на италијанското правно лице освен со туристички патувања биле наградени и со парични средства. Па така, првообвинетиот со дејствијата што ги извршил за себе прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 2.609.445,00 денари или 42.430 евра, додека второобвинетата за услугите што ги извршила за време на спроведување на проектите противзаконито се стекнала со 3.508.698,00 денари, односно 57.052 евра кој износ правното лице го исплатило од паричните средства наменети за спроведување на проектот на нејзина сметка отворена во Р.Грција. Со преземените дејствија обвинетите ја довеле во прашање законитоста на спроведените проекти. Европската Комисија согласно член 29.1 од Рамковната спогодба склучена меѓу Р.С.Македонија и Европската комисија за правилата за соработка во однос на финансиската помош на Европската Комисија за Република Македонија, во рамките на спроведувањето на помошта според инструментот за претпристапна помош (ИПА), преку Генералниот директорат за проширување и соседска политика, побарува поврат на средствата доделени за спроведување на проектите во висина од 982.307,65 евра за првиот проект, односно 771.620,20 евра за вториот проект. Износот во вкупна вредност од 1.753.927,85 евра треба да се врати на Европската Комисија, а на штета на Буџетот на Р Македонија. При претресот на домот на првообвинетиот во текот на 2019 година беше пронајдено оружје – пиштол марка ,,Luger,, што не e евидентиран во евиденциите за оружје и што обвинетиот неовластено го поседувал.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelen-akt-protiv-dve-lica-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje/feed/ 0
Обвинителен акт против пет лица за злоупотреба на службената положба и овластување​ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinitelen-akt-protiv-pet-lica-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba-i-ovlastuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinitelen-akt-protiv-pet-lica-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba-i-ovlastuvanje/#respond Tue, 04 May 2021 12:27:38 +0000 https://kurir.mk/?p=505318

По спроведена сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против поранешниот претседател на Државната изборна комисија, тројца вработени во ДИК и еден управител на економски оператор. Обвинетите се товарат дека кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 5 од Кривичниот законик го сториле при две јавни набавки со што го оштетиле Буџетот на Република Македонија за 1 312 409,00 денари. Имено, И.Ќ., А.А. и А.Ш. вработени во ДИК, како членови на Комисијата за јавни набавки, во периодот од февруари до септември 2020 година неизвршувајќи ги своите службени должности при спроведување на постапката за јавна набавка на софтверот за изборите, не го почитувале минималниот законски рок за поднесување понуди, не утврдиле дека економскиот оператор ДУНА ДОО Скопје не ги исполнува условите за учество во постапката и притоа не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди, туку понудата ја оцениле како прифатлива и доделиле максимален број на бодови. Врз основа на Извештајот од спроведена постапка, првообвинетиот О.Д. како претседател на ДИК без да изврши контрола на постапката за евалуација на понудите, донел одлука за избор на најповолен понудувач. Откако постапката била поништена, првообвинетиот спротивно на мислењето на Бирото за јавни набавки, донел одлука за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас и притоа по негови насоки биле намалени критериумите за вреднување на економските оператори во делот на квалитет. Покани за поднесување понуди за Набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија во ДИК биле испратени до два економски оператори и во повторената постапка повторно како најповолен понудувач бил избран економскиот оператор ДУНА ДОО со кој првообвинетиот потпишал Договор за јавна набавка. Иако бил должен пред да го потпише Договорот и пред да го имплементира софтверот да обезбеди негово тестирање заради утврдување дали истиот ги исполнува бараните услови, тој не го сторил тоа и дозволил истиот да се пушти во употреба без спроведено тестирањето и без направен квалитативен и квантитативен прием на услугата од Договорот. На ваков начин за економскиот оператор била прибавена корист – право да учествува во постапка за јавна набавка и да склучи договор на износ од 899.999,00 денари. Во постапката за Набавка на телевизори што ќе овозможат приказ на резултати од избори во надворешни услови, изготвувањето на техничката спецификација за јавната набавка било во консултации со учесник во постапката обвинетиот И.В. Покани биле испратени до 5 економски оператори на контакт адреси што не биле регистрирани во Бирото за јавни набавки, а единствениот понудувач бил економскиот оператор ТАРДИС ДООЕЛ Скопје. Обвинетиот А.Ш. како претседател на Комисијата за јавни набавки, спротивно на правилата, иако знаел и бил свесен дека обвинетиот И.В. како овластено лице на единствениот понудувач е изготвувач на техничката спецификација, ја евалуирал понудата и во Извештајот за спроведена постапка, без да присуство на членовите на комисијата, дал предлог понудата да биде избрана за најповолна понуда. Обвинетиот О.Д. го прифатил предлогот и донел Одлука за избор на најповолен понудувач за предметната набавка. На ваков начин за економскиот оператор била прибавена корист – право да учествува во постапка за јавна набавка и да склучи договор на износ од 412.410,00 денари со вклучен ДДВ.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinitelen-akt-protiv-pet-lica-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba-i-ovlastuvanje/feed/ 0
Поднесен обвинителен акт против седум лица за злоупотреба на службена положба и овластување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-sedum-lica-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-sedum-lica-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje/#respond Thu, 31 Dec 2020 11:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=450669

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје, поднесе Oбвинителен акт против седум лица за сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, бидејќи овозможиле правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, да се стекне со право на сопственост на државно градежно земјиште со површина од 4.410 квадратни метри.​​ По спроведената истражна постапка, предметниот обвинител утврди дека во временскиот период од август 2011 година до декември 2012 година, обвинетите З.Т. како претседател на Тениско спортско здружение Љуботен – Тетово и Ц. Н. како управител во правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, со умисла ги потикнале обвинетите А. Н., како лице кое врши работи од јавен интерес и службените лица Џ. А., И. К., К. И. и И. Р. со искористување и неизвршување на нивната службена положба и овластување, да прибават значителна имотна корист за правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, а на штета на средствата на државата – сопственост на градежно земјиште, во вредост од 22.050.000 денари. – Обвинетите З. Т., А. Н, К. И., И. К. и Џ. А. овозможиле, правното лице, противправно да се стекне со право на сопственост на непостоечки објект со површина од 122 квадратни метри, а се со цел исполнување на условите од член 23 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти и член 20 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, со кои се пропишува стекнувањето на право на сопственост на објект и ексклузивно правно на откуп на земјиште, како и негова приватизација. Обвинетиот Ц.Н. со намера правното лице да се стекне со право на сопственост на градежно земјиште во државна сопственост во површина од 4.410 квадратни метри, спротивно на член 14 став 3 и член 20 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, иако градежната парцела не била дефинирана со урбанистички план, ниту правното лице градежното земјиште го користело по основ на стекнато право на сопственост на објект со правна основа, спротивно на законските услови, поднел Барање за купување на градежно земјиште сопственост на Р. Македонија. Кон Барањето поднел Извод од план изготвен и потпишан од обвинетиот Џ.А. во кој бил внесен невистинит податок, по што обвинетиот И.Р. како службено лице излегол на лице место и по извршениот увид, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во Записник внел невистинит податок дека извршил премер и идентификација катастарската парцела и по увидот во ДУП и ЛУПД, констатирал дека истата се вклопува во намената. Врз основа на ова Министерство за финасии, Сектор за управна постапка, Подрачно одделение за првостепена управна постапка Тетово, донело правосилно Решение за приватизација на градежно земјиште, се вели во соопштението од ОЈО. Со дејствијата опишани во обвинителниот акт обвинетите овозможиле, противправно, правното лице Друштво за спортски активности Тениски Клуб Љуботен ДОО Тетово, да се стекне со право на сопственост на градежно земјиште со површина од 4.410 квадратни метри, откупувајќи го по цена од 43 денари за 1 квадратен метар односно вкупно за 188.307 денари, а на штета на средствата на државата.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-sedum-lica-za-zloupotreba-na-sluzbena-polozba-i-ovlastuvanje/feed/ 0
Обвинителен акт за заканите кон полицајците во случајот „Александар Палас“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelen-akt-za-zakanite-kon-policajcite-vo-sluchajot-aleksandar-palas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelen-akt-za-zakanite-kon-policajcite-vo-sluchajot-aleksandar-palas/#respond Mon, 03 Feb 2020 09:12:50 +0000 https://kurir.mk/?p=298443

По спроведената постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против четири лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.3 во врска со ст.2 и ст.1, како и во врска со чл.22 од Кривичниот законик. -Обвинетите, на 30.11.2019 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, заедно ја загрозиле сигурноста на 11 полициски службеници кои вршеле службено дејствие – легитимирање. Тие започнале вербална расправија со полицајците, упатувајќи им погрдни и заканувачки зборови кои содржеле сериозна директна закана дека ќе нападнат врз животот на полициските службеници и врз животот на нивните претпоставени. Обвинетите се јавувале телефонски кај нивни блиски лица и ги повикувале да дојдат во хотелот и да се пресметаат со оштетените. По извршеното легитимирање, оштетените си заминале од хотелот, се вели во соопштението од Обвинителството. Спрема тројца од обвинетите се уште се активни мерките за претпазливост определени од судијата на претходна постапка на предлог на јавниот обвинител: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице, како и забрана за приближување и за воспоставување комуникација со оштетените. Еден од обвинетите се уште не е достапен на државните органи. Обвинителството ќе одлучи какви мерки за обезбедување на неговото присуство да предложи откако тој ќе стане достапен на органите на прогонот. Согласно Законот за кривична постапка, Министерството за внатрешни работи, откако ќе го утврди идентитетот на сторителите на кривичните дела и ќе обезбеди релевaнтни докази, поднесува кривична пријава до Основното јавно обвинителство, кое е надлежно да поведе кривична постапка. Во зависност од исполнетоста на законските основи, јавниот обвинител може да предложи мерки за обезбедување присуство на осомничените во текот на постапката, а по предлогот одлучува судијата на претходна постапка, како што беше постапено во конкретниот случај. Во поглед на другиот кривично-правен настан кој следел во хотелот неколку часа по кривичното дело за кое сега е поднесено обвинение, се уште не е утврден идентитетот на сторителите кои со огнено оружје пукале кон сега обвинетите лица. Откако Министерството за внатрешни работи ќе ги идентификува сторителите и ќе приложи релевантни докази, Основното јавно обвинителство и во тој предмет ќе постапи согласно Законот за кривична постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelen-akt-za-zakanite-kon-policajcite-vo-sluchajot-aleksandar-palas/feed/ 0
Поднесен обвинителен акт против едно лице за убиство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-edno-lice-za-ubistvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-edno-lice-za-ubistvo/#respond Thu, 25 Oct 2018 12:12:58 +0000 https://kurir.mk/?p=119403

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од чл.123 ст.1 од Кривичниот законик. -Осомничениот се товари дека на 18.06.2018 година во село Студеничани, по меѓусебна расправија, со умисла лишил од живот едно лице. Несогласувањата меѓу двајцата започнале два дена претходно, кога сега починатиот со неговото возило марка „форд караван“ кај Катланово му го попречил патот на обвинетиот кој бил во своето возило марка „мерцедес“. Недоразбирањата продолжиле и следниот ден, а на 18.06.2018 осомниченото лице со своето возило дошло во село Студеничани каде што бил оштетениот, стои во соопштението на Обвинителството. Двајцата повторно започнале расправија, при што оштетениот со безбол палка го удрил осомничениот во пределот на главата, нанесувајќи му повреди, и веднаш започнал да бега. Во тој момент, осомничениот со пиштол марка ТТ со непознат фабрички број и со калибар 7,62мм испукал повеќе куршуми кон оштетеното лице, нанесувајќи му осум огнострелни повреди.  Од здобиените повреди, лицето починало следниот ден во Ургентниот центар „Мајка Тереза” – Скопје. Ценејќи дека се уште постои опасноста од бегство на осомничениот, заради кој првично му беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за осомниченото лице.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podnesen-obvinitelen-akt-protiv-edno-lice-za-ubistvo/feed/ 0