обвинителка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Dec 2022 09:26:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обвинителка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради дојавите за бомби доцни почетокот на рочиштето на Мухамед Зеќири – обвинителката била да си го земе детето од училиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-dojavite-za-bombi-docni-pochetokot-na-rochishteto-na-muhamed-zekjiri-obvinitelkata-bila-da-si-go-zeme-deteto-od-uchilishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-dojavite-za-bombi-docni-pochetokot-na-rochishteto-na-muhamed-zekjiri-obvinitelkata-bila-da-si-go-zeme-deteto-od-uchilishte/#respond Thu, 15 Dec 2022 09:26:00 +0000 https://kurir.mk/?p=775912

Дојавите за бомби кои денеска ги добиле повеќе скопски училишта го одложија за без малку половина час рочиштето за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Катерина Коларевиќ доцнеше на судењето поради тоа што училиштето во кое учи нејзиното дете добило дојава за бомба. Зеќири е обвинет за злоупотреба во Генералниот секретаријат во Владата. Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ги сомничи дека незаконски присвоиле 145.400 евра. Во периодот од април 2021 до јануари 2022, како генерален секретар на Владата, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице, во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-dojavite-za-bombi-docni-pochetokot-na-rochishteto-na-muhamed-zekjiri-obvinitelkata-bila-da-si-go-zeme-deteto-od-uchilishte/feed/ 0
Обвинителката за пресудата за Денис Тот: Сите факти се правилно оценети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelkata-za-presudata-za-denis-tot-site-fakti-se-pravilno-oceneti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelkata-za-presudata-za-denis-tot-site-fakti-se-pravilno-oceneti/#respond Wed, 30 Nov 2022 15:52:36 +0000 https://kurir.mk/?p=768963

Обвинителката Тања Трајчевска не сакаше да ја коментира пресудата за убиството на Денис Тот, донесена од судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ. Сепак, смета дека изречената казна е во рамки на законот, наспроти адвокатите кои посочија дека е драконска. „Казната е во рамки на законски предвидената казна. Така што тоа е одлука на судот. Сите факти се правилно оценети“, рече Трајчевска. Сите обвинети, добија вкупно 52 години затвор. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ изрече високи затворски казни за тројцата обвинети за убиството на Денис Тот. Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски е осуден на 18 години. Второобвинетата Клементина Лефковска е осудена на 18 години затвор. Третообвинетиот Андреј Костовски е осуден на 16 години затвор. Сите адвокати на обвинетите и првостепено осудени за убиството на Денис Тот, најавија жалби на пресудата. Незадоволни се од висината на казната, но и од основот поради кои се осудени а тоа е кривичното дело убиство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelkata-za-presudata-za-denis-tot-site-fakti-se-pravilno-oceneti/feed/ 0
„СДК“: Апелација ќе ја пријави во полиција Русковска за заканувачка СМС порака до судија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-apelacija-kje-ja-prijavi-vo-policija-ruskovska-za-zakanuvachka-sms-poraka-do-sudija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-apelacija-kje-ja-prijavi-vo-policija-ruskovska-za-zakanuvachka-sms-poraka-do-sudija/#respond Wed, 20 Nov 2019 06:59:24 +0000 https://kurir.mk/?p=266323

Апелациониот суд Скопје синоќа се дигнал на нозе откако шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска му испратила смс порака на еден од тројцата судии кои донесоа одлука да ја пуштат во куќен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, со закана дека ќе им отвори финансиска истрага, објавува САКАМДАКАЖАМ.МК . -Официјално од судот не изјавуваат ништо во врска со смс пораката, но САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека за утринава рано веќе бил закажан колегиум. Нашите извори велат дека на колегиумот ќе се договори содржината на пријавата до МВР против Русковска кон тројцата апелациони судии кои ја донеле одлуката за Јанева, со принтскрин од смс пораката, која содржела и недолични зборови, пишува порталот. Револтирана што тројцата судии ја донеле одлуката за домашен притвор на Јанева, Русковска синоќа јавно соопшти дека ќе отвори финансиска истрага против тројцата судии. Од Апелациониот суд велат: „Само нека повели, вратите ѝ се отворени“. Целиот текст прочитајте го ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-apelacija-kje-ja-prijavi-vo-policija-ruskovska-za-zakanuvachka-sms-poraka-do-sudija/feed/ 0
Романскиот претседател одби да ја смени главната обвинителка за корупција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-pretsedatel-odbi-da-ja-smeni-glavnata-obvinitelka-za-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-pretsedatel-odbi-da-ja-smeni-glavnata-obvinitelka-za-korupcija/#respond Tue, 17 Apr 2018 06:49:49 +0000 https://kurir.mk/?p=41574

Претседателот на Романија Клаус Јоханис изјави дека нема да ја смени шефицата на антикорупциското тело Лаура Кодрута Ковеси, како што побара Владата по најновиот развој на случувањата во спорот за корупција што предизвика улични протести. Јоханис истакна дека нема да ја смени Кодрута Ковеси од позицијата главна обвинителка на Државното антикорупциско тело, затоа што министерот за правда Тудорел Тоадер не го убедил дека таа треба да биде сменета. Тоадер во февруари рече дека Ковеси треба да биде сменета, потег за кој многумина сметаа дека е политички мотивиран затоа што агенцијата за борба против корупција истражуваше високи членови на владејачката Социјалдемократска партија. Тој побара смена на Ковеси затоа што наводно постои сериозна загриженост поради начинот на кој таа работела и оцени дека покажала  „претерано авторитарен став“. Високиот совет на судии смета дека таа не треба да биде сменета. Илјадници граѓани протестираа во градови во цела Романија со барање оставка од министерот за правда Тудорел Тоадер поради неговото барање да се смени главната обвинителка за корупција. Онлајн петицијата во која се претседателот Јоханис се повикува да не ја смени ја потпишале 108.000 граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-pretsedatel-odbi-da-ja-smeni-glavnata-obvinitelka-za-korupcija/feed/ 0