обвинувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Dec 2022 09:23:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обвинувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По САД и Велика Британија со обвинување: Корупцијата во Македонија го поткопува владеењето на правото, мора да ставиме крај на тоа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-sad-i-velika-britanija-so-obvinuvanje-korupcijata-vo-makedonija-go-potkopuva-vladeenjeto-na-pravoto-mora-da-stavime-kraj-na-toa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-sad-i-velika-britanija-so-obvinuvanje-korupcijata-vo-makedonija-go-potkopuva-vladeenjeto-na-pravoto-mora-da-stavime-kraj-na-toa/#respond Fri, 09 Dec 2022 09:21:17 +0000 https://kurir.mk/?p=772982

Неодамнешните вознемирувачки извештаи сугерираат дека корупцијата во Македонија се влошува на секое поле, а нема подобрување во ниту еден сегмент. Корупцијата во Македонија го поткопува владеењето на правото, таа создава голема недоверба во судството и ги ослабува институциите во државата. Приоритет е да се справиме со оваа ситуација, напиша на својот Твитер профил британскиот амасадор во Република Македонија, Метју Лосон. Ваквата опомена за корупција во земјава е втора, откако пред неколку дена јасно и директно, обвини  новата амбасадорка на САД во земјава, Анџела Агелер, за која може да се каже дека за прв пат се  добиени волку директни обвинувања од странски дипломати. Агелер најави дека во земајва е пристигнат и тим од Вашингтон кој ќе гони поранешни и актуелни носители на функции кои направиле криминал, а ваквата реакција на САД доаѓа откако излегоа податоците дека судството во Македонија има едноцифрен процент на доверба, а тие како држава вложиле многу труд и пари за тоа да не биде така. Слободно може да се каже дека Македонија за прв пат од нејзината самостојност добива волку директни обвинувања од земји како САД и Велика Британија за висок степен на корупција, а со самото тоа паѓаат во вода и изјавите на владините функционери за борба против криминалот и корупцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-sad-i-velika-britanija-so-obvinuvanje-korupcijata-vo-makedonija-go-potkopuva-vladeenjeto-na-pravoto-mora-da-stavime-kraj-na-toa/feed/ 0
Наташа Беквалац „приведена“ и однесена на сослушување, нема да верувате што одговори пејачката на обвинувањата против неа! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/natasha-bekvalac-privedena-i-odnesena-na-soslushuvanje-nema-da-veruvate-shto-odgovori-pejachkata-na-obvinuvanjata-protiv-nea/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/natasha-bekvalac-privedena-i-odnesena-na-soslushuvanje-nema-da-veruvate-shto-odgovori-pejachkata-na-obvinuvanjata-protiv-nea/#respond Mon, 28 Feb 2022 09:43:42 +0000 https://kurir.mk/?p=637833

Без многу противење беше „приведена“ пејачката Наташа Беквалац и однесена на сослушување! Поп ѕвездата се согласи да одговори на сите јавни обвинувања во новата емисија на порталот „Информер.рс“ која ја нарекоа „На сослушување“! Секоја недела од први март само на овој портал информер.рс и на нивниот канал на youtube ќе се емитува оваа емисија. Како што најави овој портал, секоја недела „ќе приведуваат“ познати личности на информативен разговор со цел од прва рака да дознаат дали обвинувањаат кое се шират по градот се вистинити. Прва која прифати е Наташа Беквалац без никакво противење, а што таа одговори ќе се дознае на 1 март. „Дали е вистина дека крие еден брак“, „Колку и на кого му должи пари“... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/natasha-bekvalac-privedena-i-odnesena-na-soslushuvanje-nema-da-veruvate-shto-odgovori-pejachkata-na-obvinuvanjata-protiv-nea/feed/ 0
Обвинувањата за расизам – удар за британското кралско семејство https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/obvinuvanjata-za-rasizam-udar-za-britanskoto-kralsko-semejstvo/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/obvinuvanjata-za-rasizam-udar-za-britanskoto-kralsko-semejstvo/#respond Tue, 09 Mar 2021 09:27:54 +0000 https://kurir.mk/?p=479398

Изјавите на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, која прилично недвосмислено го обвини британското кралско семејство за расизам, предизвикаа шок кај британското општество. И онака, долго време се пишуваше за заплетканите врски на принцот Хари и неговата сопруга со други членови на семејството, но од, наводно, вистинската причина зошто Хари и Меган побегнале од Велика Британија пред повеќе од една година, се чини, многумина се непријатно изненадени. Така, со своја реакција се јави и Кејт Грин, министер за образование на „владата во сенка“. – Сигурна сум дека (Бакингемската) палата ќе биде многу внимателна околу тоа што се случи и, се разбира, поданиците очекуваат што ќе се каже како одговор. Но, во никој случај не може да има изговори за расизам. Мислам дека е потребно да се открие што ќе се случува по овие изјави, вели Грин. Не помалку сериозни обвинувања од Хари и Меган беа упатени до британските таблоиди. Тие и помладиот син на принцезата Дијана имаат стари сметки. Значи, за британските теми, целата приказна стана само позаплеткана. Ајдара Сури, агент за недвижнини вели дека не е многу јасно што точно се случило завчера. – Обвинувањата се силни, но не можете да пресудите без да ги слушнете двете страни!, рече таа. Познавачите велат дека слични изјави, не само за расизам – се најлошото сценарио за кралското семејство. Но, по интервјуто, Опра Винфри истакна дека обвинувањата не се однесуваат ниту на кралицата, ниту на нејзиниот сопруг. И Емили Неш, новинарка во списанието „Хело“, смета дека ова е силен удар врз институцијата што го води Британскиот Комонвелт, домаќин на шефови на држави од целиот свет, и којашто придонесува многу за бројни добротворни цели. – Земете го, на пример, принцот од Велс (Чарлс, првиот престолонаследник) – и неговата прилично нова фондација. И тој ќе биде апсолутно уништен од ваквите обвинувања, вели таа. Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека сѐ ова е грижа на самото кралско семејство. Бакингемската палата засега сѐ уште не се јавила со официјално соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/obvinuvanjata-za-rasizam-udar-za-britanskoto-kralsko-semejstvo/feed/ 0
Димитриеска-Кочоска: ДИК донесе решение со кое ги отфрла обвинувањата на Филипче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrieska-kochoska-dik-donese-reshenie-so-koe-gi-otfrla-obvinuvanjata-na-filipche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrieska-kochoska-dik-donese-reshenie-so-koe-gi-otfrla-obvinuvanjata-na-filipche/#respond Thu, 03 Dec 2020 19:43:50 +0000 https://kurir.mk/?p=438418

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска- Кочоска во гостување во централниот дневник на телевизија Сител, за обвинувањата на министерот за здравство Венко Филипче дека таа е одговорна поради тоа што не се реализирале сите оние модуларни болници, нагласи дека не чувствува апсолутна никаква вина додавајќи дека и Државната изборна комисија се произнесила во однос на ова и донела решение во кое кажува дека кредитот со Светска банка никако не е прашање поврзано со изборите. -Да не заборавиме дека јас потпишав една милијарда евра пари нови задолжувања кои што требаше да отидат во поддршка и борба со здравствената криза. Кажете ми дали 0,5 проценти од тие една милијарда евра отидоа за здравство? Кажете ми дали се набави некои ново амбулантно возило, дали се купи некој нов кревет? Значи ништо во тој дел не се направи и притоа најлесно е вината да ја префрлите на некој друг. Најодговорно тврдам дека немам апсолутно никаква вина во овој дел, а дотолку повеќе што Државната изборна комисија се произнесе по однос на ова прашање. Законот за техничка влада јасно кажува дека кога постои неусогласеност помеѓу министерот и дополнителниот технички заменик министер дека може да се достави барање до Државната изборна комисија која што треба да се произнесе дали треба да биде потписот врзан или не, имаме одлука од ДИК каде што јасно кажува дека кредитот со Светска банка никако не е прашање поврзано со изборите. Така што апсолутно нема потреба од мој потпис и тука нема што повеќе да се додаде од фактото дека министерката за финансии во тој период можеше самата да си го потпише кредитот, а зошто не го потпиша треба да одговри таа, вели Димитриевска Кочоска. На прашањето, до каде е целата постапка за случајот ТЕ-ТО бидејќи заедно со тогашниот технички инистер за внатрешни работи Наќе Чулев, Димитриевска Кочовска поднела кривична пријава рече дека станува збор за тежок криминал, но се уште нема никава правна разрешница бидејќи се додека имаме вакво правосудство предметите се чуваат во фиоки на ОЈО. -Се додека предметите стојат во одредени фиоки, ние не можеме да тргнеме напред и ова можеби не е предмет од интерес на сите граѓани на Република Македонија, меѓутоа 2700 акционери во Топлификација имаат сериозен проблем. Станува збор прво за нивни повеќе од 32 милиони евра пари кои што не можат да си ги повратат назад заради овој криминал кој што се случува и заради тоа што ние немаме правосудство како што и сите предмети за кои што треба да се одлучуваат се задржуваат во фиоките на ОЈО, изјави Димитриеска Кочовска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrieska-kochoska-dik-donese-reshenie-so-koe-gi-otfrla-obvinuvanjata-na-filipche/feed/ 0
СЗО ги отфрли обвинувањата дека стратегијата за следење контакти е неефикасна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-gi-otfrli-obvinuvanjata-deka-strategijata-za-sledenje-kontakti-e-neefikasna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-gi-otfrli-obvinuvanjata-deka-strategijata-za-sledenje-kontakti-e-neefikasna/#respond Tue, 30 Jun 2020 07:07:32 +0000 https://kurir.mk/?p=365509

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус ги отфрли обвинувањата од страна на некои земји дека стратегијата за следење на контактите на заразените со коронавирус е премногу тешка за спроведување и дека е неефикасна во контролата на пандемијата. СЗО повеќе пати ги советуваше земјите дека запирањето на епидемијата на Ковид-19 бара силна стратегија за следење контакти, интензивен процес за пронаоѓање луѓе кои биле во контакт со заразените и нивна изолација. Во последните месеци, земји со голем број заразени лица, вклучително и Велика Британија и Соединетите Американски Држави, посочија дека има премногу контакти за да се најде ефикасен систем што може да се воспостави. Британија се обврза да воспостави систем за следење контакти на почетокот од овој месец, но на крајот се откажа од дигиталната апликација што ја разви за таа цел, а политичарите признаа дека програмата сè уште не работи целосно и покрај тоа што се ангажирани илјадници работници. Во последните неколку недели, британските здравствени власти соопштија дека нивните трагачи за контакти не успеале да дојдат до четвртина од луѓето заразени со вирусот, оставајќи така илјадници заразени да ја пренесат инфекцијата. На прес-конференција, Гебрејесус го наведе директорот за вонредни состојби, д-р Мајкл Рајан, како пример на некој кој е подготвен да започне со долга потрага по контакти, посочувајќи го ангажманот на Рајан за време на епидемијата на ебола во дел од Конго каде вооружени групи напаѓале и убивале здравствени работници. – Тој веруваше дека треба да стори сé за да ја запре еболата и покажа дека спасувањето животи навистина го бара тоа ниво на посветеност, рече Гебрејесус. Тој истакна дека тврдењата на некои земји дека има премногу контакти за пребарување и дека самиот процес е претежок, не се прифатливи. Гебрејесус претходно ги пофали програмите за барање контакти што ги воведоа земји како Јужна Кореја, Сингапур и Кина, во кои беа вклучени тимови здравствени работници кои набљудуваа десетици илјади луѓе и се грижеа оние кои се изложени на вирусот да бидат изолирани. Тој рече дека денеска се навршуваат шест месеци откако Кина првпат го извести СЗО за невообичаени случаи на пневмонија, првиот знак на коронавирус. Оттогаш, повеќе од 10 милиони луѓе се заразени низ целиот свет, а повеќе од 500.000 починаа. СЗО наведе дека пандемијата се „забрзува“, посебно во Америка. – Суровата реалност е дека ова не е ниту приближно до крајот, рече генералниот директор на СЗО, додавајќи дека „најлошото допрва следи“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-gi-otfrli-obvinuvanjata-deka-strategijata-za-sledenje-kontakti-e-neefikasna/feed/ 0
СЗО: Оставете ги на страна сите обвинувања додека трае борбата против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ostavete-gi-na-strana-site-obvinuvanja-dodeka-trae-borbata-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ostavete-gi-na-strana-site-obvinuvanja-dodeka-trae-borbata-protiv-kovid-19/#respond Wed, 15 Apr 2020 17:14:32 +0000 https://kurir.mk/?p=332803

Специјалниот пратеник на Светската здравствена организација за вирусот Ковид-19 Дејвид Набаро повика какви било обвинувања против организацијата да се остават на страна додека не се победи вирусот. Претходно американскиот претседател Доналд Трамп рече дека и наредил на својата администрација привремено да го прекине финансирањето на СЗО. – На сите им велиме: фокусирајте се на епската борба веднаш и оставете ги обвиненијата за подоцна. Доколку во текот на процесот се одлучите да престанете да го финансирате СЗО или да кажете нешто против СЗО, запаметете дека овде не станува збор само за СЗО, туку за целата заедница која моментално е вклучена во борбата, рече Набаро. Тој додаде дека сега секој човек е медицинско лице, дека сите ја преземаат одговорноста и дека сите се вклучени. Трамп изјави дека одлучил привремено да го прекине финансирањето на СЗО поради начинот на кој одговори на пандемијата на вирусот Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ostavete-gi-na-strana-site-obvinuvanja-dodeka-trae-borbata-protiv-kovid-19/feed/ 0
Демократите официјално објавија обвинувања против Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratite-oficijalno-objavija-obvinuvanja-protiv-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratite-oficijalno-objavija-obvinuvanja-protiv-tramp/#respond Tue, 10 Dec 2019 15:50:32 +0000 https://kurir.mk/?p=275634

Демократите во Претставничкиот дом денеска официјално објавија обвиненија против американскиот претседател Доналд Трамп и нагласија дека за него е утврден предлог за отповикување врз две основи – злоупотреба на службената должност и опструкција на Конгресот. Претседателот на Одборот за правда, Џерлод Недлер изјави дека Трамп го загрозил Уставот на САД, го поткопал интегритетот на изборите во 2020 година и ја загрозил националната безбедност. – Никој, дури ни претседателот не е над законот, рече Недлер. Одборот заправда во Претставничкиот дом ќе гласа за предлогот за отповикување на Трамп најдоцна до четврток, јавија американски медиуми повикувајќи се на добро информирани извори. Претставничкиот дом се очекува да гласа за импичментот на Трамп следната недела, а со оглед на тоа што демократите имаат мнозинство, речиси е сигурно дека ќе гласаат за отповикување на американскиот лидер. Тоа би го отворило патот за судење во Сенатот, најверојатно во јануари, каде со двотретинско мнозинство се одлучува дали Трамп треба да биде сменет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demokratite-oficijalno-objavija-obvinuvanja-protiv-tramp/feed/ 0
Бред Пит жестоко одговори на обвинувањата на Анџелина Џоли https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bred-pit-zestoko-odgovori-na-obvinuvanjata-na-andzelina-dzoli/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bred-pit-zestoko-odgovori-na-obvinuvanjata-na-andzelina-dzoli/#respond Thu, 09 Aug 2018 16:12:27 +0000 https://kurir.mk/?p=86255

Адвокатите на холивудскиот актер тврдат дека Пит исплатил над 9 милиони алиментација, а Џоли од тие пари купила нова куќа и ги платила заостанатите сметки. Тие тврдат дека актерката намерно драматизира и се служи со валкани трикови за да манипулира со медиумите. Адвокатскиот тим на Бред Пит на судот му предал документ со кој се потврдува дека актерот на поранешната сопруга и позајмил 8 милиони долари за да купи вила, а за алиментација дал околу 1,3 милиони. Ваквиот одговор од тимот на адвокати на Бред следува откако Анџелина од судот барала да го присили актерот да го исплати заостанатиот долг, бидејќи досега не платил ниту една „договорена“ алиментација. Извор близок до Бред Пит открива дека актерот најверојатно ќе се бори против ова обвинување коментирајќи дека „Бред секогаш ги исполнува своите обврски“. За потсетување, популарниот актерски пар се раздели пред две години откако Џоли поднесе барање за развод поради ненадминливи разлики. Тие склучија договор за старателство над децата во кој не е наведен точниот износ на алиментација.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bred-pit-zestoko-odgovori-na-obvinuvanjata-na-andzelina-dzoli/feed/ 0
Дачиќ: Постои план Србите да се обвинат за силување на 20.000 Албанки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-postoi-plan-srbite-da-se-obvinat-za-siluvanje-na-20-000-albanki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-postoi-plan-srbite-da-se-obvinat-za-siluvanje-na-20-000-albanki/#respond Thu, 31 May 2018 06:13:08 +0000 https://kurir.mk/?p=60344

На Косово се води акција со цел Србите да се обвинат за наводно силување на 20.000 Албанки во 1998 и 1999 година, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за „Српски телеграф“. – На Косово се води акција која ја смисли една лоби група, односно маркетиншка агенција. Тие сакаат да го искористат фактот дека во светот интензивно се води борба против насилство над жените, против силување, а особено силување и насилство за време на воени конфликти. За таа цел сега на Косово постојат наводни списоци и петиции дека 20.000 жени пријавиле оти биле силувани во 1999 година на Косово, вели Дачиќ. За се да делува поуверливо, лобистите таргетирале тројца познати припадници на тогашните воени единици, Милорад Улемек Легија, Небојша Павковиќ и Горан Радосављевиќ Гури, наведува весникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-postoi-plan-srbite-da-se-obvinat-za-siluvanje-na-20-000-albanki/feed/ 0
Оставка на главниот обвинител на Њујорк по обвинувањата за физичко насилство врз четири жени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostavka-na-glavniot-obvinitel-na-njujork-po-obvinuvanjata-za-fizichko-nasilstvo-vrz-chetiri-zeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostavka-na-glavniot-obvinitel-na-njujork-po-obvinuvanjata-za-fizichko-nasilstvo-vrz-chetiri-zeni/#respond Tue, 08 May 2018 06:33:50 +0000 https://kurir.mk/?p=51281

Главниот обвинител на Њујорк, Ерик Шнајдерман поднесе оставка откако четири жени го обвинија за физичко насилство. Тој категорично ги отфрли обвинувањата, но изјави дека тие му пречат соодветно да си ја извршува работата и поради тоа поднесува оставка. Шнајдерман истакна дека на него било голема чест и привилегија да работи како главен обвинител. Списанието „Њујоркер“ објави за наводно насилство врз четири жени со кои Шнајдерман бил во романтични врски. Две од жените тврдат дека тој неколкупати ги тепал и оти често бил пијан. По таквите тврдења, гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо го повика Шнајдерман да поднесе оставка.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostavka-na-glavniot-obvinitel-na-njujork-po-obvinuvanjata-za-fizichko-nasilstvo-vrz-chetiri-zeni/feed/ 0