обвнителство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 18 Feb 2023 08:43:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обвнителство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тинејџер од Штип ограбил жена кај „Зелен пазар“, обвинителството бара притвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdher-od-shtip-ograbil-zhena-kaj-zelen-pazar-obvinitelstvoto-bara-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdher-od-shtip-ograbil-zhena-kaj-zelen-pazar-obvinitelstvoto-bara-pritvor/#respond Sat, 18 Feb 2023 08:43:53 +0000 https://kurir.mk/?p=802022

Oсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и поднесе предлог за определување мерка притвор против 19-годишник од Штип осомничен за тешка кражба согласно член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. На 16 февруари, во близина на „Зелен пазар“ во Скопје, осомничениот од една оштетена жена, на дрзок начин, одзел златно ланче во вредност од околу 20.000 денари. Тој ја забележал оштетената, се доближил до неа од предната страна и со рака го фатил и го скинал ланчето кое го носела на врат, по што избегал од местото на настанот. -Притворот е предложен имајќи ја предвид можноста осомничениот да се даде во бегство. Јавниот обвинител го ценеше и фактот што осомничениот е претходно осудуван, издржувал казна затвор до 06.01.2023 година, по што за кратко време сторил нови кривични дела за кои во тек се и други постапки по поднесесени кривични пријави пред Основното јавно обвинителство Скопје, наведува Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdher-od-shtip-ograbil-zhena-kaj-zelen-pazar-obvinitelstvoto-bara-pritvor/feed/ 0
Украинското обвинителство се откажа од притворање на Порошенко https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-obvinitelstvo-se-otkaza-od-pritvoranje-na-poroshenko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-obvinitelstvo-se-otkaza-od-pritvoranje-na-poroshenko/#respond Thu, 18 Jun 2020 18:25:54 +0000 https://kurir.mk/?p=359603

Украинското обвинителство се откажа денеска од барањето за притворање на поранешниот украински претседател Петро Порошенко во рамки на истрагата за злоупотреба на положбата во текот на неговиот мандат. Претставник на обвинителството на денешното сослушување во Киев побарал од Порошенко да се јавува на судските покани и да не ја напушта земјата. Судот закажа за 1 јули разгледување на новото барање на обвинителството, кое претходно наведе дека ќе побара притвор за поранешниот шеф на државата. Порошенко, кој моментно е опозициски пратеник, пристигна на сослушувањето, а пред судот биле собрани околу 1.000 негови приврзаници. Порошенко (54), кој се збогати во индустријата со слатки и производство на автобуси, е осомничен дека го принудил шефот на разузнавачките служби да ја злоупотреби службената должност при именувањето на еден свој помошник во 2018 година. Поранешниот шеф на украинската држава ја оцени кривичната постапка како „одмазда“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-obvinitelstvo-se-otkaza-od-pritvoranje-na-poroshenko/feed/ 0