обврзници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 11 May 2022 12:16:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png обврзници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕЦБ со најава за прекин на програмата за поттикнување на купување обврзници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecb-so-najava-za-prekin-na-programata-za-pottiknuvanje-na-kupuvanje-obvrznici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecb-so-najava-za-prekin-na-programata-za-pottiknuvanje-na-kupuvanje-obvrznici/#respond Wed, 11 May 2022 12:16:30 +0000 https://kurir.mk/?p=675086

Европската централна банка ќе ја прекине својата програма за поттикнување откуп на обврзници на почетокот на третиот квартал од оваа година, по што планира да ги зголеми каматните стапки. Тоа го најави денеска во Љубљана претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард. Таа во Љубљана присуствуваше на свечената прослава на 30-годишнината од независната словенечка централна банка, а во својот говор ги коментираше актуелните очекувања во однос на зголемената инфлација во Европа и каматната политика на ЕЦБ. Лагард рече дека нејзините очекувања се програмата за стимулирање на купување обврзници на ЕЦБ да заврши на почетокот на следниот квартал, по што со текот на времето треба да следи зголемување на каматната стапка. „Првото зголемување на каматната стапка ќе следи некое време по завршувањето на нето откупот на обврзниците, што може да значи во рок од неколку недели после тоа“, рече Легард. По првото зголемување на каматната стапка, процесот на нормализирање ќе се одвива постепено. Таа, исто така, предупреди на зголемената инфлација, нагласувајќи дека војната во Украина предизвикува „структурни промени“, кои според неа може да доведат до „понатамошни негативни шокови во понудата“ и да го засилат притисокот врз трошоците и цените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecb-so-najava-za-prekin-na-programata-za-pottiknuvanje-na-kupuvanje-obvrznici/feed/ 0
TTK Банка ќе ја исплати годишната камата по каматна стапка од 2,7 % на годишно ниво на имателите на корпоративна обврзница од втората емисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ttk-banka-kje-ja-isplati-godishnata-kamata-po-kamatna-stapka-od-2-7-na-godishno-nivo-na-imatelite-na-korporativna-obvrznica-od-vtorata-emisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ttk-banka-kje-ja-isplati-godishnata-kamata-po-kamatna-stapka-od-2-7-na-godishno-nivo-na-imatelite-na-korporativna-obvrznica-od-vtorata-emisija/#respond Fri, 04 Feb 2022 13:37:14 +0000 https://kurir.mk/?p=627043

ТТК Банка ќе изврши исплата на годишната камата по каматна стапка од 2,7 % на годишно ниво на имателите на Корпоративна обврзница – втора емисија на обврзници со ИСИН MKTTKS200020 и шифра TTKO2. Исплатата на камата ќе се изврши на 14.02.2022 година. Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на Корпоративна обврзница-втора емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13.02.2022 година. Тргувањето со обврзниците во деновите 10 и 11 февруари 2022 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 362 и 363 денови соодветно, при што купувачот при порамнувањето на 14 и 15 февруари 2022 година ќе треба да го уплати износот на чистата цена + акумулираната камата на продавачот. При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на Корпоративната обврзница – втора емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 14 и 15 февруари 2022 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на годишната камата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ttk-banka-kje-ja-isplati-godishnata-kamata-po-kamatna-stapka-od-2-7-na-godishno-nivo-na-imatelite-na-korporativna-obvrznica-od-vtorata-emisija/feed/ 0
Успешна прва емисија на корпоративната обврзница на ТТК Банка АД Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/uspeshna-prva-emisija-na-korporativnata-obvrznica-na-ttk-banka-ad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/uspeshna-prva-emisija-na-korporativnata-obvrznica-na-ttk-banka-ad-skopje/#respond Wed, 18 Sep 2019 10:52:28 +0000 https://kurir.mk/?p=242026

ТТК Банка АД Скопје успешно ја реализираше првата емисија на долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративни обврзници по пат на јавна понуда. За исклучително брзо време, во првите секунди од отворањето на јавната понуда, се запишаа и уплатија 100% од понудените 1.500 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од пет години и три месеци, а во вкупна вредност од 1.500.000 евра. Каматната стапка е фиксна и изнесува 3,5% годишно. Бројот на заинтересирани инвеститори трикратно ја надмина понудената количина.
„Oвој пионерски чекор за нашиот пазар - прва успешна продажба на корпоративна обврзница издадена од ТТК Банка АД Скопје по пат на јавна понуда на примарниот регулиран пазар на Македонската берза, покажа дека постои голем интерес од инвеститорите за вложување во корпоративни обврзници на стабилни и перспективни банки што е потврда за успехот и резултатите на ТТК Банка АД Скопје. Издавањето на оваа хартија од вредност значи поддршка на развојот како на примарниот така и на секундарниот пазар на капитал. На овој начин ТТК Банка АД Скопје ја потврдува својата определба да го истакне значењето на користењето на производите на пазарот на капитал и нивното комбинирање со депозитите како традиционални извори на финансирање“ - изјави Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје проф. д-р Драгољуб Арсовски.
TTK Банка АД Скопје се одлучи на овој чекор со цел обезбедување долгорочни и стабилни извори на средства, зајакнување на капиталната сила и вкупниот финансиски капацитет на Банката, а во согласност со планираните бизнис цели утврдени во Деловната политика, развојниот и финансискиот план за наредниот период. Обврзниците во наредниот период ќе се котираат на регулираниот пазар на Македонската берза каде ќе бидат достапни за секундарно тргување за инвеститорите, правни и физички лица. Приходите од вложување во обврзница се стабилни и предвидливи, што ги прави популарни за инвеститорите кои сакаат да остварат редовни приходи. ТТК Банка во 2018 година ги оствари своите најдобри финансиски резултати, а и во 2019 година продолжува со активна поддршка на физичките и правни лица при остварување на нивните финансиски цели и потреби. ТТК Банка АД Скопје ќе ги искористи прибраните средства од емисијата за финансирање и понатамошен развој и унапредување на работењето со физичките и правни лица. Принципите на работење коишто подразбираат фокус кон континуирано подобрување на услугите на клиентите, константно унапредување на внатрешната организација и ефикасноста како и развивање на политиките за управување со ризиците ќе бидат основа за работење на Банката и во иднина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/uspeshna-prva-emisija-na-korporativnata-obvrznica-na-ttk-banka-ad-skopje/feed/ 0