оценки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Nov 2020 10:20:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оценки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Учениците треба да ги добијат првите оценки до петок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenicite-treba-da-gi-dobijat-prvite-ocenki-do-petok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenicite-treba-da-gi-dobijat-prvite-ocenki-do-petok/#respond Wed, 18 Nov 2020 10:20:39 +0000 https://kurir.mk/?p=431101

Првите сумарни оценки за секој ученик треба да бидат дадени до 20 ноември, според препораките на Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат од пред еден месец кога беа објавени и упатства за наставниците од БРО и Министерството за образование и наука  за начинот на следење и оценување на учениците во услови на пандемија. Според МОН, со упатствата наставниците имаат јасно утврдени насоки со кои ќе се заштити квалитетот на процесот на формирање на оценката. МОН и БРО апелираа до наставниците да го приспособат оценувањето на учениците согласно со учењето на далечина, но во случаите каде што од различни причини не може да се формира оценка онлајн, треба да се организираат индивидуални средби со  ученици. За објективното оценување на знаењето што ученикот го стекнал,  постои опцијата да се организира проверка со физичко присуство, под строги протоколи, посочи и министерката Мила Царовска во интервју за МИА минатата недела. – Најголем дел од наставниците, оние кои веќе им предавале во изминатите години на едни исти ученици, тие веќе знаат и препознаваат кој колку се заложува. Предизвиците за оценување се поголеми кај учениците од прво одделение, од шесто одделение и од прва година во средното образование. Верувам дека наставниците знаат да препознаат заложба, пораст на заложбите и да дадат стимулација и, согласно со тоа, да ги оценат учениците, рече Царовска. Во упатствата од Бирото на наставниците им се препорачува при формирањето оценка да задаваат автентични задачи кои ја елеминираат можноста за готови одговори од наставните материјали или од други извори на информација, а во задачите со кои се проверува познавањето и разбирањето на фактите треба да се обезбеди контрола на времето за решавање на задачите. Наставникот може да направи табела за докази/продукти што ученикот ќе ги прати како дел од електронското портфолио што ќе се оценува. Китериумите за оценување, начинот на достава и роковите за достава треба да бидат јасно комуницирани со учениците и родителите. -Учењето во виртуелна училница е во некои аспекти предизвик, но е истовремено можност да се направи исчекор во оценувањето – да се стави акцент на посложените когнитивни процеси, односно на издвојување, разбирање, анализа и помнење на она што е навистина важно, наместо усвојување фактографско знаење. Ова е, впрочем, и цел на образованието и на реформите кои ќе следуваат, нагласи МОН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenicite-treba-da-gi-dobijat-prvite-ocenki-do-petok/feed/ 0
Првите оценки до 20 ноември, еве на кој начин ќе се оценуваат учениците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvite-ocenki-do-20-noemvri-eve-na-koj-nachin-kje-se-ocenuvaat-uchenicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvite-ocenki-do-20-noemvri-eve-na-koj-nachin-kje-se-ocenuvaat-uchenicite/#respond Tue, 20 Oct 2020 08:54:55 +0000 https://kurir.mk/?p=418394

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување на учениците во периодот на реализација на наставата во услови на пандемија. Од Министерството информираат дека при формирање на оценката ќе се следат упатствата утврдени од Бирото за развој на образование на почеток на учебната година. Наставниците тука имаат јасно утврдени насоки со кои ќе се заштити  квалитетот на процесот на формирање на оценката. Во случаите каде што од различни причини не може да се формира оценка онлајн, треба да се организираат индивидуални средби со овие ученици, преку наставниците кои ќе ги следат нивните постигнувања и ќе ја формираат оценката. Со оглед на тоа што наставата оваа учебна година започна на 1 октомври, препораката на Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат е првите сумарни оценки за секој ученик да бидат изведени до 20 ноември. МОН и БРО апелираат до наставниците да го прилагодат оценувањето на учениците согласно учењето на далечина. Потребно е да се постават јасни насоки во врска со очекуваните резултати од учењето и начинот на следење, контролирање и вреднување на постигнувањата на учениците во овој период. Во рамки на формирањето оценка треба да се задаваат автентични задачи кои ја елеминираат можноста за готови одговори од наставните материјали, или од други извори на информација, а во задачите со кои се проверува познавањето и разбирањето на фактите треба да се обезбеди контрола на времето за решавање на задачите. Дополнително, наставникот може да направи табела за докази/продукти што ученикот ќе ги испрати како дел од електронското портфолио што ќе се оценува. Притоа критериумите за оценување, начинот на достава и роковите за достава треба да бидат јасно комуницирани до учениците и родителите. -Учењето во виртуелна училница е во некои аспекти предизвик, но е истовремено можност да се направи исчекор во оценувањето - да се стави акцент на посложените когнитивни процеси, односно на издвојување, разбирање, анализа и помнење на она што е навистина важно,  наместо усвојување на фактографско знаење. Ова е  впрочем и цел на образованието и на реформите кои ќе следуваат. Уште еднаш, да ја искористиме кризата како можност за поставување практики кои и понатаму ќе овозможат унапредување на образовниот процес и ќе бидат почеток на промени кои се неопходни за овозможување квалитет и адаптација на образованието за потребите на новите генерации, соопштуваат од МОН. Линк до Упатство за наставниците за начинот на оценување на учениците: https://www.bro.gov.mk/wp-content/uploads/2020/09/Upatstvo_za_nastavnicite_za_ocenuvanje.pdf]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvite-ocenki-do-20-noemvri-eve-na-koj-nachin-kje-se-ocenuvaat-uchenicite/feed/ 0
Наставниците ноќе го полнат е-дневникот – дење системот паѓа и податоците се губат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnicite-nokje-go-polnat-e-dnevnikot-denje-sistemot-pagja-i-podatocite-se-gubat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnicite-nokje-go-polnat-e-dnevnikot-denje-sistemot-pagja-i-podatocite-se-gubat/#respond Sun, 12 Jan 2020 18:51:48 +0000 https://kurir.mk/?p=288577

Учениците се на зимски распуст, но наставниците овие денови, или поточно ноќи, ги користат за си ги исполнат административните обврски со пополнување податоци во електронскиот дневник. Технички проблеми повторно има, па за да избегнат застои во системот, тие навечер внесуваат податоци на учениците. Ова пополнување е нивна законска обврска, а ако не ја исполнуваат на време, се соочуваат со казни од просветните инспектори, објавува Мета. Зорица Милкова, наставничка во „Тошо Велков – Пепето“ во Кавадарци вели дека водењето педагошката евиденција во е-дневникот продолжува со тоа што се внесуваат описите оцени на учениците кои потоа ќе им бидат доделени во евидентните листи на родителски состанок. – Во текот на оваа учебна година има и измени во оценувањето кај учениците од 4-то, 5-то и 6-то одделение, тие повеќе не добиваат бројчани оцени за полугодие, туку описни. Технички проблеми при внесувањето на податоците во е-дневник ги имало, а претпоставувам дека и понатаму ќе ги има. Затоа сѐ повеќе наставници го практикуваат ноќното внесување на податоци. Тогаш системот е послободен и поретко паѓа. Се случува дел од податоците при паѓање на мрежата и да се изгубат, но и да се дуплираат. Затоа треба и да направиме проверка откако повторно ќе се најавиме – вели Милкова. Дополнителен проблем е и тоа што оделенските наставници кои предваат во 4-то, 5-то и 6-то одделение, во електронскиот дневник немаат опција да ги внесат описните оценки, туку таму постои само графа за бројчани оцени. „Мета.мк“ неодамна објави дека Министерството за образование и наука (МОН), укажа дека наставниците не треба да внесат ретроактивно сѐ што е пропуштено, туку само оценките, изостаноците и полугодишните оценки. Претходно, околу една година системот воопшто не функционираше бидејќи надлежните не можеа да најдат фирма што ќе го одржува системот. – Имајќи предвид дека постоеше застој во функционирањето на платформата, Министерството за образование и наука пред извесен период до училиштата достави допис со кој беше побарано наставниците да ги ажурираат само основните податоци за учениците, полугодишните оценки и изостаноците – рекоа оттаму. Во меѓувреме, во МОН ветија дека од почетокот на второто полугодие, родителите повторно ќе почнат да добиваат смс-пораки со поведението, изостаноците и успехот на нивните деца. Во државата има 17.887 вработени наставници во основно образование и 7.400 во средно образование. Сите имаат обврска да пополнуваат електронски дневник. Системот не функционираше затоа што МОН од април лани, кога истече договорот со старата фирма, не распиша тендер за избор на нова компанија која ќе го ажурира системот. Од пред неколку месеци, избрана е фирмата „Сорсикс”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnicite-nokje-go-polnat-e-dnevnikot-denje-sistemot-pagja-i-podatocite-se-gubat/feed/ 0