оценување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Nov 2020 08:33:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оценување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Наставниците започнаа со оценување, распустот нема да почне порано https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnicite-zapochnaa-so-ocenuvanje-raspustot-nema-da-pochne-porano/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnicite-zapochnaa-so-ocenuvanje-raspustot-nema-da-pochne-porano/#respond Tue, 17 Nov 2020 08:29:01 +0000 https://kurir.mk/?p=430488

Зимскиот распуст не треба да почне на 15 декември, бидејќи засега нема драстичен раст на бројките на позитивни наставници и ученици во училиштата. За да има логика да се скрати наставата и распустот да почне порано, треба да се приложат аргументи, вели Министерката за образование и наука, Мила Царовска. -Зошто дополнително би им скратиле настава на учениците, којашто во континуитет се одвива, без да има ескалација на заразени во училиштата. Под 1 процент од вкупниот број на наставници се позитивни, а помалку од 0,06 проценти од учениците. Тоа укажува дека согласно планот по кој се одвива наставата од први октомври, наставата треба да продолжи, се додека состојбата не се промени драстично, рече Царовска во гостување на Телевизија 24. Приоритет во реформите има основното образование, формирани се работни групи, а новата концепција на основно образование од прво до деветто одделение очекувам да стартува од учебната 2021/2022, истакна министерката . – Пред да ја почнеме реформата направивме истражување во кое се вклучија околу 5.000 наставници и укажаа дека наставните програми треба да содржат промена којашто ќе го отсликува секојдневното живеење. Тоа укажува дека она што се учи во училиште учениците не го поврзуваат со секојдневното живеење, што е тенденција во цел свет. Затоа нашите ученици на ПИСА или на ПИРЛС имаат пониски резултати, затоа што знаењето не е врзано во контекст, рече Царовска. Меѓувреме наставниците започнаа со оценување на учениците, процес што треба да заврши до 20-ти ноември. Оценувањето се препорачува да се направи преку Интернет, како што е и наставниот процес. Според последниот извештај бројката на активни случаи на наставници кои биле со физичко присуство на настава е 280. Царовска ги негираше тврдењата на СОНК дека во моментот има над 1 000 заразени наставници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnicite-zapochnaa-so-ocenuvanje-raspustot-nema-da-pochne-porano/feed/ 0
За испрашување и оценување учениците ќе одат во училиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-isprashuvanje-i-ocenuvanje-uchenicite-kje-odat-vo-uchilishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-isprashuvanje-i-ocenuvanje-uchenicite-kje-odat-vo-uchilishte/#respond Wed, 02 Sep 2020 11:53:45 +0000 https://kurir.mk/?p=398264

Од учениците што ќе следат настава онлајн ќе се бара за испрашување да се појават во училиште, затоа што претходното искуство покажало дека нема метод за оценување на децата онлајн. -Училиштата ќе добијат посебни упатства за оценување на учениците што наставата ќе ја следат онлајн, односно преку интернет, најави на денешната прес конференција министерката за образование и наука, Мила Царовска. Иако наставата ќе се одвива преку интернет, оценувањето на учениците ќе биде со нивно физичко присуство во училиштата. -Се подготвува посебно упатство за оценување. Тоа ни е исклучително важно затоа што онлајн-наставата треба да го даде максимумот што може. Но минатата година оценувањето не беше уредено. Сега велиме – оценувањето ќе треба да се спроведува со физичко присуство и тоа ќе треба да се организира во групи, секако, ако епидемиолошките услови во општината го дозволуваат тоа, рече Царовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-isprashuvanje-i-ocenuvanje-uchenicite-kje-odat-vo-uchilishte/feed/ 0