очи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 08:10:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png очи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еве што открива вашата боја на очи https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/eve-shto-otkriva-vashata-boja-na-ochi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/eve-shto-otkriva-vashata-boja-na-ochi/#respond Wed, 06 Sep 2023 07:31:34 +0000 https://kurir.mk/?p=875047

Иако бојата на очите се смета за наследна карактеристика, одамна е познато дека токму тие може да го откријат и карактерот на личноста. Каква боја на очи имате? Откријте го нивното значење: Црни очи Иако не постојат потполно црни очи, некои очи имаат толку темно кафена боја што оставаат посебен впечаток. За то со темни, речиси црни очи се вели дека се темпераментни, полни со страст и хиперактивни. Предадени се на она што го прават, постојано се натпреваруваат и сакаат да привлекуваат внимание. Освен тоа, се опишуваат и како таинствени и тешко заљубливи. Сепак, кога ќе се заљубат се предадени, а единствена маана им е потребата за расправии и нестрпливост. Сини очи Сината боја на очи е интензивна и впечатлива, па затоа се поврзува со небото, енергијата и рационалното размислување. Луѓето со сини очи се сметаат за лесно достапни, шармантни и пријателски настроени. Освен тоа се спонтани, подготвени да испробаат нови работи и имаат развиена духовна страна. Одлични се во забележувањето на ситници, а единствена маана им е зборливоста, нетактичноста и брзината на јазикот. Кафени очи Кафените очи се поврзуваат со енергијата на земјата, креативноста, упорноста и плодноста. Луѓето со кафени очи се оние кои се сметаат за емпатични, независни и самоуверени. Исто така кафените очи се симбол на силен сексуален нагон, желба за дружење и екстравагантност. Материјалната страна не им е толку важна колку хармонијата во односите и позицијата во друштвото. Маана им е повремената тишина која ја обожуваат и чувствителното его. Сиви очи Сивата боја на очи е прилично ретка, па затоа симболизира мудрост и цврст карактер. Луѓето со оваа боја на очи се опишуваат како родени лидери кои можат да ги пронајдат решенијата кои никој друг не ги гледа. Лесно се прилагодуваат, смирени се и љубезни по природа. Не се претерано отворени, но често се романтични. Имаат рационален став во животот, верни се и сакаат доли врски. Маана им е претераната емотивност. Зелени очи Зелената боја на очи симболизира харизма, иновативност, младост и здравје. Луѓето со зелени очи се опишуваат како љубители на авантури и сите видови на уживање во животот. Добри се и снаодливи во друштвото и ретко се осамени. Имаат посебна страст, но во љубовта понекогаш не знаат и самите што сакаат, додека на другите полиња во животот имаат цврст став. Маана им е тврдоглавоста, желбата за манипулација и љубомората. Очи кои ја менуваат бојата Оваа прилично ретка комбинација од сини, кафени и зелени тонови е симбол на сила и храброст. Луѓето со очи чија боја се менува се опишуваат како бестрашни и подготвени на сите предизвици. Обично се физички прекрасни и привлечни, иако не сакаат да заведуваат. Способни се, но често пати и мрзеливи. Маана им е што често реагираат бурно и се склони кон делењето памет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/eve-shto-otkriva-vashata-boja-na-ochi/feed/ 0
МЕНИ: Што треба да јадете за да ги заштитите своите очи? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/meni-shto-treba-da-jadete-za-da-gi-zashtitite-svoite-ochi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/meni-shto-treba-da-jadete-za-da-gi-zashtitite-svoite-ochi/#respond Wed, 17 Aug 2022 11:23:37 +0000 https://kurir.mk/?p=719871

Факт е дека храната може да помогне да ги заштитиме очите од различните болести и да го зачуваме видот. Тоа што е исто така е важно да се напомене, дека храната е еден дел од сложувалката за грижата за очите. Освен правилната исхрана, има и одредени вежби за очите, потребен е и квалитетен сон, масажа. Кога е храната во прашање ова е најдобриот избор Моркови Морковите се најпопуларната храна за здрави очи. Тие изобилуваат со витамин А кој е неопходен за здравјето на ретината. Крцкавите моркови во себе содржат антиоксиданси, бета-каротен, ликопен и лутеин и поради тоа го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација и катаракта (перде). Лосос и сардини Јадете почесто риба ако сакате да го зачувате добриот вид. Рибата е особено добра за очите бидејќи има богат извор на омега-3 масни киселини. Редовната консумација на омега-3 масните киселини ги заштитува малите крвни садови кои се наоѓаат во очите. Најдобро е да се консумира риба (лосос, харинга или сардина) барем 2 пати неделно. Брокули Не изненадува фактот дека брокулите се вбројуваат меѓу најчесто препорачуваните намирници за здрав вид. Тие се богат извор на антиоксиданси и витамини и со нив на најлесен начин се внесуваат толку многу хранливи материи со еден залак. Со консумирањето на брокули едновремено се внесуваат: витамин А, витамин Е и витамин Ц кои заедно се борат за зачувување на добриот вид. Спанаќ Ова зелено растение содржи каротеноиди како бета-каротен, лутеин и зеаксантин, а плус и витамин Ц и витамин Е. Спанаќот неспорно помага во заштитата од макуларна дегенерација и ноќно слепило. Јајца Витаминот А кој го има во јајцата го подобрува здравјето на ретината на окото. Освен тоа, јајцата содржат витамини од групата Б, есенцијални масни киселини и цинк. Затоа јајцата треба често да бидат во менито за појадок. Така се подобрува видот и се зачувува линијата. Јагоди, боровинки, малинки Овие слатки мали овошја се неверојатен извор на антиоксиданси за кои истражувањата покажале дека го намалуваат ризикот од појава на очни болести. Тие содржат многу витамин Ц и со тоа формираат идеална комбинација за одржување на здравјето на очите. Бадеми, лешници, сончогледово семе Тие се богати со витамин Е, кој помага при запирање во развој на катаракта и возрасна дегенерација на макулата. Магдонос Магдоносот е одличен природен тоник за чистење на очите. Во оваа билка има големи количини на лутеолин, кој им помага на очите во заштитата од штетното УВ зрачење. Друга храна којашто е полезна за вашите очи: тиква, домати, зелка, лук, млеко, авокадо, папаја, кајсии, лимони, портокали, темно чоколадо, остриги, зелен чај, зелени јаболка, кељ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/meni-shto-treba-da-jadete-za-da-gi-zashtitite-svoite-ochi/feed/ 0
Дали сте чуле за ОЧНА ЈОГА: Луѓето тврдат дека ништо не го отстранува заморот подобро од ова! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-ste-chule-za-ochna-joga-lugjeto-tvrdat-deka-nishto-ne-go-otstranuva-zamorot-podobro-od-ova/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-ste-chule-za-ochna-joga-lugjeto-tvrdat-deka-nishto-ne-go-otstranuva-zamorot-podobro-od-ova/#respond Sat, 04 Jun 2022 14:14:20 +0000 https://kurir.mk/?p=686611

Очната јога е серија на движења и вежби, слични на масажата, чија основна цел е зајакнување на очните мускули. Сè уште не е спроведено темелно истражување, па не може со сигурност да се каже дека јогата за очи решава големи здравствени проблеми, но многумина кои ја практикуваат велат дека им помогнала да ја подобрат моменталната состојба. Бидејќи јогата за очи вклучува третман на мускулите околу очите, таа им помага на очите помалку да се уморуваат во текот на денот, особено ако ги поминуваме работните часови пред компјутер. Неколку нежни движења со лесен притисок врз носот, слепоочниците и назалните јаболка можат да го избркаат чувството на замор и да ви помогнат подобро да се концентрирате. Некои студии покажаа дека масирањето на областа околу очите може да го намали интраокуларниот притисок (ИОП) во самото око, што ја забавува прогресијата на глаукомот, состојба која го нарушува здравјето на очните нерви. Поединци кои ги практикувале овие вежби велат дека јогата за очи им помогнала и во поправка на сувите очи, особено по операцијата на катаракта. Една студија покажала индикации дека јогата за очи може да влијае дури и на подобрување на диоптријата, но тоа сè уште не е со сигурност утврдено.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-ste-chule-za-ochna-joga-lugjeto-tvrdat-deka-nishto-ne-go-otstranuva-zamorot-podobro-od-ova/feed/ 0
Советот е едноставен: Што да правите кога ве болат очите од гледање во екранот? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sovetot-e-ednostaven-shto-da-pravite-koga-ve-bolat-ochite-od-gledanje-vo-ekranot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sovetot-e-ednostaven-shto-da-pravite-koga-ve-bolat-ochite-od-gledanje-vo-ekranot/#respond Wed, 01 Jun 2022 18:31:15 +0000 https://kurir.mk/?p=685218

Се повеќе и повеќе луѓе се пред компјутерските екрани по речиси цел ден. И тоа воопшто не е добро за нивните очи. Околу 80 отсто од луѓето кои трошат повеќе од три часа дневно пред екранот велат дека тоа им создава проблеми, а половина од нив велат дека чувствуваат проблеми со очите, според германската офтамолошка асоцијација. Советот е едноставен - да правите пауза! Идеално би било неколку пати, или на секои 20 минути. Би било добро да погледнете во далечина или во некои растенија. Исто така, мониторот треба да биде оддалечен најмалку 50 сантиметри од вас. Важно е  редовно да одите на лекарска проверка за видот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/sovetot-e-ednostaven-shto-da-pravite-koga-ve-bolat-ochite-od-gledanje-vo-ekranot/feed/ 0
ОГЛЕДАЛО НА ДУШАТА: Бојата на очите говори за вашата личност https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ogledalo-na-dushata-bojata-na-ochite-govori-za-vashata-lichnost/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ogledalo-na-dushata-bojata-na-ochite-govori-za-vashata-lichnost/#respond Wed, 03 Nov 2021 11:26:39 +0000 https://kurir.mk/?p=590221

Сигурно сте слушнале за онаа изрека: „очите се огледало на душата“ и колку и добро да се правите дека сте добри, тие „секогаш ќе ве издадат“. Секоја боја на очите има свое симболично значење и може да открие нешто за карактерот на една личност. Кога гледате некого во очи, тогаш остварувате одреден контакт кој е подлабок од изговорените зборови. Сини очи Синооките се исклучително сонливи и романтични. Сепак, тие се склони кон брзање во нови врски, па затоа е потешко да најдат партнер за „доживотно“. Припадничките на понежниот пол со сини очи се многу ранливи, лесно може да се повредат или да се налутат. Синооките помалку се караат од останатите припаднички на понежниот пол, но знаат многу повеќе да викаат и да повлечат се „на фино“. Од друга страна, мажите со сини очи се способни. Сепак, тие се многу лути и буквално можат да ги репродуцираат зборовите што сте ги користеле за да го повредите пред многу години. Тие простуваат, но многу тешко забораваат. Тие се склони кон чести промени во расположението и силни чувства. Зелени очи Луѓето кои имаат зелени очи се сметаат за одлучни. Важат за многу тврдоглави луѓе кои нема само да се откажат од она што го замислиле да го направат. Ако бојата е интензивно зелена, луѓето со зелени очи може да изгледаат многу мистериозно и (не) основано да се однесуваат како многу арогантни луѓе. Тие се многу успешни, решителни и амбициозни и имаат силно шесто сетило. За нив е многу важна нивната внатрешна доверба во исправноста на нивните постапки, а мислењето на луѓето кои им се драги зазема почесно второ место и најчесто однапред ги пресметуваат последиците од своите постапки. Црни очи Луѓето со оваа боја на очи се енергични и темпераментни. Многу сакаат да флертуваат и додека го прават тоа се чувствуваат најудобно. Тие се многу сигурни во себе и сакаат да бидат во центарот на вниманието, целиот живот им е главна улога во фантастично шоу. Тие постојано работат на својата интелигенција, убавина и енергија. Нив ги карактеризираат кратки врски и авантури, тешко влегуваат во сериозни врски, само кога ќе наидат на личност која е подеднакво „луда“ како и тој/таа и која нема да ја попречи неговата уметничка слобода. Тие лесно создаваат нови познанства и се обдарени со одлична смисла за хумор. Кафени очи За разлика од луѓето со црни очи, оние кои имаат кафени очи се многу посрамежливи, повлечени и ранливи. Тие го сакаат процесот на мечтаење и постојано живеат во свет на имагинација. Тие се економични и прагматични. Меѓутоа, во случај на светло кафени очи кои стануваат зелени, тие можат да остават впечаток на личност на која не може целосно да и се верува. За луѓето кои имаат кафени очи, точно е дека се прилично мрзеливи и дека ова е најголемата кочница на патот до успехот и целите кои си ги поставуваат. Тие можат да бидат многу тврдоглави. Луѓето со кафени очи се сметаат за луѓе кои ќе ви помогнат во неволја, дури и ако страдале. Тие се многу добри пријатели и на прв поглед многу драги. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ogledalo-na-dushata-bojata-na-ochite-govori-za-vashata-lichnost/feed/ 0
Зошто хаските најчесто имаат сини очи? Истражувачите дојдоа до интересно откритие https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-haskite-najchesto-imaat-sini-ochi-istrazuvachite-dojdoa-do-interesno-otkritie/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-haskite-najchesto-imaat-sini-ochi-istrazuvachite-dojdoa-do-interesno-otkritie/#respond Sat, 29 May 2021 14:13:09 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516569

Кај најголем дел од расите на кучињата бојата на очите е поврзана со нијансата на влакното, но тоа не е случај кај хаските. Зошто тие имаат сини очи? Истражувачи од Бостон, успеале со ДНК анализа да ја откријат причината за оваа појава. Нивниот тим утврдил поврзаност меѓу кучешкиот хромозом кој е важен за развојот на очите кај цицачите, хромозом 18 кој носи тандемска дупликација во близина на ALX4 генот и сините очи, карактеристични за хаските. Меѓутоа, и австралијанските овчари од истата причина имаат сини очи, па истражувачите утврдиле дека не само гените оние кои влијаат за бојата на очите туку и други фактори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-haskite-najchesto-imaat-sini-ochi-istrazuvachite-dojdoa-do-interesno-otkritie/feed/ 0
Што навистина кажува бојата на вашите очи за вашиот љубовен живот? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shto-navistina-kazuva-bojata-na-vashite-ochi-za-vashiot-ljuboven-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shto-navistina-kazuva-bojata-na-vashite-ochi-za-vashiot-ljuboven-zivot/#respond Mon, 26 Oct 2020 10:27:05 +0000 https://kurir.mk/?p=420698

Mожете многу да откриете за еден човек доколку детално му ги погледнете очите. 1. Кафеави очи Вие можеби мислите дека оваа боја е една од најчестите и тоа е вистина, бидејќи поголемиот дел од луѓето ширум светот имаат кафеава боја на очи. Но, тоа не ги прави овие личности здодевни кога станува збор за љубовната врска. Луѓето со кафеави очи ги ставаат своите потреби на прво место, додека истовремено се и многу посветени на своите партнери. Зарем има нешто посекси? 2. Сини очи Луѓето со сини очи се мирољубиви љубовници кои даваат сè од себе за да ги направат сите среќни. Ова навистина им се исплати во спалната соба. Но, постои и една малку негативна страна на нивното однесување. Тие уште на почетокот на врската очекуваат целосна посветеност од нивниот партнер. Откако ќе го добијат тоа, тие знаат да се претворат во вистински љубовни чудаци. 3. Костенливи очи Луѓето со костенливи очи се елегантни и полни со љубов, но исто така се и многу палави. Најголемиот предизвик со нив е да ги одржувате фокусирани на една работа. Тие имаат многу мал опсег на внимание и секогаш го бараат најдоброто за нив. Ова е многу позитивно кога станува збор за избор на пица, но не толку забавно кога ќе ве напуштат за вашите брат или сестра. 4. Сиви очи Овие личности се најдобрите потчинети. Тоа се случува бидејќи оваа ретка боја најчесто може да се најде кај многу пасивни личности. Тие се добри и лојални, но и многу интелигентни. И покрај тоа, имаат потреба од сурова искреност со цел да се движат нагоре во нивниот живот. 5. Црни очи Кога велиме црни очи, мислиме на оние со кафеави очи чија боја е толку богата и темна, што лесно може да се помеша со црна. Овие луѓе се многу затворени и мистериозни. Потребно им е многу време да почнат да ви веруваат, но откако ќе ги натерате да се отворат, ќе дознаете дека се многу страсни личности. 6. Зелени очи Личностите со зелени очи постојано внесуваат свежина со своето присуство. Тие се оној тип луѓе кој сакате да присуствува на сите забави кои ги организирате бидејќи секогаш се во центарот на вниманието. Тие се енергични љубовници кои даваат многу од себе, но мора да бидете внимателни бидејќи знаат да бидат пољубоморни од останатите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shto-navistina-kazuva-bojata-na-vashite-ochi-za-vashiot-ljuboven-zivot/feed/ 0
Внимавајте на очите, зачувајте си го видот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vnimavajte-na-ochite-zachuvajte-si-go-vidot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vnimavajte-na-ochite-zachuvajte-si-go-vidot/#respond Thu, 21 May 2020 06:28:40 +0000 https://kurir.mk/?p=348540

Ако сега, додека ова го читате видовте дамки кои наликуваат на црна дупка, тоа значи дека боледувате од сенилна маскуларна дегенерација. Тоа е нарушен вид пред кој периферниот вид станува остар, но центарот се губи. Лекарите забележале дека во следните 15 години ова ќе стане најраширено пореметување на видот. Сенилна маскуларна дегенерација се јавува како резултат на намаленото производство на лутеин, каротеноид присутно во мрежницата на окото, а кои имаат функција како “природни очила за сонце”. Природен извор на лутеин, кој дефинитивно треба да го консумирате во поголеми количини за да се спречи појавата на оваа болест, се темно зелени зеленчуци и жолчки од јајце, но ако вашата исхрана не е доволно квалитетна ( и немате намера да го промените тоа ) збогатете ги додатоците на исхраната со витамински и збогатен лутеин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vnimavajte-na-ochite-zachuvajte-si-go-vidot/feed/ 0
Исплачи се, ќе ти биде полесно: Работи кои многумина не ги знаат за солзите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/isplachi-se-kje-ti-bide-polesno-raboti-koi-mnogumina-ne-gi-znaat-za-solzite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/isplachi-se-kje-ti-bide-polesno-raboti-koi-mnogumina-ne-gi-znaat-za-solzite/#respond Fri, 06 Mar 2020 07:53:36 +0000 https://kurir.mk/?p=312816

Со векови, луѓето мислеле дека солзите се создаваат во срцето, а современите студии покажаа дека со плачењето се лачи окситоцин и ендорфин, хемикалии кои нè прават да се чувствуваме подобро. Човечкото тело произведува три различни видови на солзи, вклучувајќи ги и базалните кои го навлажнуваат окото, рефлексивни, како одговор на иритација и емоционални кога ќе ве преплават среќа или тага . Сите три вида солзи се составени од солена вода што содржи масла, антитела и ензими, а содржат различни молекули, според „Readers Digest“. Емоционалните солзи, на пример, содржат и хормони на база на протеини како што е леуцин – енцефалин, кој ја ублажува болката и се ослободува кога телото е под стрес. Научното знаење за солзите главно име темели во латинскиот јазик. На латински, солза е лакрима. Солзи се создаваат во лакрималната жлезда лоцирана над окото и под веѓата. Зборот „лакримист“ опишува некој што често плаче, плачлив човек. Кромидот лачи состојка, т.н. лакримален фактор, кој служи за да се одвратат опасните предатори. За да го намалите овој ефект, чувајте го кромидот во фрижидер пред да го исечете, а потоа користете остар нож за да го намалите ослободувањето на оваа состојка. Бебињата не произведуваат солзи Иако бебињата често плачат, тие не произведуваат солзи до седмиот или осмиот месец од животот – тврди Американската академија на педијатри. Од друга страна, жените плачат 3,5 пати месечно, двојно повеќе од мажите. Во просек, едно лице годишно произведува 50 до 100 литри солзи. Плачењето помага Студиите покажаа дека со плачењето се лачи окситоцин и ендорфин, хемикалии кои прават да се чувствуваме подобро. Со плачењето, исто така, добивамеа социјална поддршка, па и затоа се чувствуваме подобро. Понекогаш се чувствуваме полошо Луѓето кои имаат тенденција да плачат за време на филмовите, обично се чувствуваат полошо од луѓето кои ретко плачат – резултат на една студија. Причини за плачење Entertainment Weekly тврди дека филмот „Време на нежност“ е оној што најмногу луѓе ќе поттикне на плачење, а зборува за тоа како семејството се справува со дијагноза на карцином. На второ место е анимираниот филм „Бамби“. Филмот „Титаник“ е на 16-то место на листата на вакви филмови, пренесува 24sata.hr. Зошто носот ви теле додека плачете? Вишокот на солзи произведени од солзните жлезди се слива во солзните канали, а од таму во носната празнина. Таму се меша со слуз, поради што носот ви тече додека плачете. Со векови луѓето мислеле дека солзите се формираат во срцето Стариот завет вели дека солзите се појавуваат кога дел од срцето слабее и станува вода. Во Библијата, многу протагонисти плачат, па така Давид во Псалм 56: 8, кога му вели на Бога: „Ти го забележа моето прогонство. Стави ги моите солзи во својата мешина. Не се ли тие во твојата книга?“ Во средниот век, плачењето било социјално прифатливо за мажите Во англосаксонската поема „Беовлф“, змејот го убива Беулф, а воините биле „неутешни и плачеле гласно за смртта на нивниот господар“. Кралот Артур исто така знаел да заплаче. Солзавецот не се користи во војна Конвенцијата за хемиско оружје од 1993 година забранува употреба на солзавец за време на војна. Осмислувањето на Конвенцијата било поттикнато од ирачката употреба на хемиско оружје во Иран во 1980-тите. Полициите во некои земји, вклучително и нашата сè уште легално може да користи солзавец за контрола на масите. Дарвин бил фасциниран од солзите Таткото на теоријата на еволуцијата, Чарлс Дарвин, ја напиша книгата „Изразување емоции кај човекот и животните“. Ги набудувал јужноафриканските мајмуни и ги споредувал со своите деца. „На плачењето мора да гледаме како на случаен резултат, исто толку бесмислено како лачење солзи од удар надвор од око … но тоа не претставува тешкотии во нашето разбирање за тоа како пролевањето солзи служи за олеснување на страдањето“, напиша тој. Како што старееме, се намалува базалното лачење солзи За време на хормоналните промени, како што е бременоста или менопаузата, жените се особено чувствителни на промените во базалното лачење солзи. Покрај тоа, како што старееме, тоа се намалува, што доведува до иритација поради сувост на окото. Ситуацијата може да се ублажи со користење вештачки солзи или со употреба на топли облози што се ставаат на очите неколку минути.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/isplachi-se-kje-ti-bide-polesno-raboti-koi-mnogumina-ne-gi-znaat-za-solzite/feed/ 0
ФОТО: Манекенка си ги тетовирала очите, па ослепела – го тужи тату мајсторот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-manekenka-si-gi-tetovirala-ochite-pa-oslepela-go-tuzi-tatu-majstorot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-manekenka-si-gi-tetovirala-ochite-pa-oslepela-go-tuzi-tatu-majstorot/#respond Fri, 28 Feb 2020 10:06:14 +0000 https://kurir.mk/?p=309879

Полската манекенка Александра Садовска целосно го изгуби видот на едното око, откако ги истетовирала очните белки. Лекарите ѝ рекле дека е само прашање на време кога ќе ослепи и на другото око. Садовска, наводно, одлучила да ги тетовира очите во црно сакајќи да личи на својот сонародник – раперот и боксер Попек. По зафатите, таа почнала да се жали на болка во очите, при што тату-мајсторот ѝ рекол дека тоа е сосем нормално… Ѝ препорачал само лекови против болки. По лошите вести, манекенката одлучила да го тужи „уметникот“, па истрагата покажа дека тој при постапката направил неколку грешки, на пр. – користел боја за тетовирање кожа којашто не би смеела да дојде во допир со очите. Му се закануваат неколку години затвор. Тату-мајсторот пред судот изјави дека не се чувствува виновен. Разрешницата на овој случај се очекува наскоро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/foto-manekenka-si-gi-tetovirala-ochite-pa-oslepela-go-tuzi-tatu-majstorot/feed/ 0