оданочување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Dec 2022 15:31:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оданочување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хрватскиот Парламент изгласа дополнително оданочување на профитот на големите компании https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatskiot-parlament-izglasa-dopolnitelno-odanochuvanje-na-profitot-na-golemite-kompanii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatskiot-parlament-izglasa-dopolnitelno-odanochuvanje-na-profitot-na-golemite-kompanii/#respond Fri, 16 Dec 2022 15:31:29 +0000 https://kurir.mk/?p=776738

Хрватскиот Сабор денеска на вонредна седница го изгласа Законот за дополнителен данок на добивка, според кој компаниите со зголемена добивка ќе бидат оданочени независно дејноста што ја вршат. За воведување дополнителни даноци гласаа 96 пратеници, а 37 беа против, јави Хина. Новата давачка ќе ја плаќаат компаниите кои во 2022 година имале годишен приход од над 300 милиони куни (приближно 40 милиони евра), со стапка од 33 отсто, но само за добивки кои се за 20 отсто повисоки од четиригодишниот просек. Данокот е еднократен, а собраните средства првенствено ќе одат за поддршка на крајните потрошувачи на енергија, пред се ранливите домаќинства, така што дополнителниот данок на добивка има елемент на солидарен придонес. Беа донесени уште неколку финансиски закони, меѓу кои и измените на Законот за кредитни институции, за да се обезбеди Европската централна банка од 1 јануари да може да врши надзор врз кредитните институции во Хрватска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatskiot-parlament-izglasa-dopolnitelno-odanochuvanje-na-profitot-na-golemite-kompanii/feed/ 0
Андриќ: ИТ индустријата во Македонија е целосно изолирана и е на удар на прогресивното оданочување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/andrikj-it-industrijata-vo-makedonija-e-celosno-izolirana-i-e-na-udar-na-progresivnoto-odanochuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/andrikj-it-industrijata-vo-makedonija-e-celosno-izolirana-i-e-na-udar-na-progresivnoto-odanochuvanje/#respond Tue, 25 Dec 2018 14:58:07 +0000 https://kurir.mk/?p=144945

Денеска собранието го изгласа законот за прогресивно оданочување. Инаку, експертската јавност и бизнис заедницата постојно алармираа и ја критикуваа оваа реформа. Имено, Маријана Андриќ претставник на стопанската комора на ИТ индустријата истакна дека ИТ индустријата во Македонија е целосно изолирана, избришана, никаде не е предвидена и е на удар на прогресивното оданочување. „ Од сите начини на субвенционирања и мерки за економски раст ИКТ индустријата е целосно изолирана, избришана, не е никаде предвидена, дури ако зборуваме за Законот за данокот од добивка ослободување по основ на инвестиции во ИКТ индустријата инвестициите се знаењето на вработените, обучувањето кои што се сериозни ставки, а за ништо ИКТ индустријата не добива надомест назад“, кажа Андриќ. Таа потенцираше примери од други држави како Романија каде има серија на мерки кои ја поттикнуваат ИТ индустријата која се повеќе се развива и со голем процент учествува во градење на Бруто домашниот производ (БДП). „Анализиравме од ИКТ индустријата на пример од Романија каде што не само што нема прогресивно оданочување во ИКТ индустријата, туку напротив и целосно ослободени неколку години наназад. Тоа нешто што дозволило да се зголеми учеството на бруто домашниот производ во ИКТ индустријата за 100% за неколку години. Тоа е тоа што ИКТ индустријата го бара овде. Дајте на некој начин стимулирајте ја ИКТ индустријата“ – истакна Андриќ. Андриќ истакна дека треба државата да го подигне стандардот на вработените и дека вработените во ИКТ индустријата не се богаташи само затоа што се подобро платени за разлика од другите дејности бидејќи конкурентската предност, односно дефицитарноста им го дозволува тоа. Инаку со прогресивниот данок се опфаќа само 1 % од населението и тоа профил на работници во ИТ индустријата, во градежништвото, доктори, хирурзи и слично додека ефектот би бил околу 25 милиони евра во буџетот што според експертите се минорни средства за борба против нееднаквоста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/andrikj-it-industrijata-vo-makedonija-e-celosno-izolirana-i-e-na-udar-na-progresivnoto-odanochuvanje/feed/ 0
Двојното оданочувања предизвика бранување на јавноста: Експертите незадоволни, граѓаните гневни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dvojnoto-odanochuvanja-predizvika-branuvanje-na-javnosta-ekspertite-nezadovolni-gragjanite-gnevni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dvojnoto-odanochuvanja-predizvika-branuvanje-na-javnosta-ekspertite-nezadovolni-gragjanite-gnevni/#respond Thu, 25 Jan 2018 15:40:18 +0000 http://kurir.mk/?p=15032

Владата на СДСМ не престанува да ги зголемува давачките и даноците за граѓаните. Имено, според најавите физичките лица кои остваруваат промет повисок од еден милион денари мора да плаќаат ДДВ. Според пресметките еден милион денари на годишно ниво се околу 16.000 евра што на месечно ниво се околу 1.400 евра. На овој начин за секој остварен приход каде е исклучен персоналниот данок на доход ќе се плаќа и ДДВ. На овој начин физичките лица се ставаат во нерамномерна положба во однос на компаниите, бидејќи ќе бидат двојно оданочени, и со персонален данок на доход и со ДДВ, анализира Економски. Имено, голем број на експерти и универзитетски професори, не се согласуваат со оваа мерка. Универзитетскиот професор Борче Давитковски објаснува  дека ова е класично двојно оданочување и дека не станува збор за никаква стопанска дејност. Тој смета дека владата удира по хоноратите и по додатоцте на плата. Давитковски вели дека во владата најверојатно им се измешани лончињата односно дека немаат доволно информации или дека не се доволно запознаени со проблематиката. Тој во интервјуто на телевизија Телма изјави: -Мене основна дејност ми е професурата, но институцијата не може да ме плати заради лимитирани плати и автоматски морам преку авторски хонорар. Утре ако напишам книга, сам на себе ли ќе си давам фактура? Измешани се лончињата, или не разбираат ништо или „тресла се гора родио се миш“, бруката и незнаењето ќе остави последици врз Владата“. Освен универзитетскиот професор Давитковкси кој смета дека ова што го прави владата е апсурдност и притоа се брука со донесување на ваквите мерки кои покажуваат дека  нема основни познавања во оваа одредена проблематика и други експерти  го делат истото мислење, пишува порталот. Воедно и Рафајловски смета дека додатно се оптеретуваат граѓаните со трошоци заради тоа што вака како што е поставен законот овие лица кои подлежат на оданочување ќе мора да ангажираат сметководител бидејќи ќе мора да имаат книга на влезо излезни фактури а тоа додатно ќе значи трошок за овие граѓани. Исто така тој смета дека небулозни се тврдењата дека ќе се врши поврат на данокот на овие лица  бидејќи како што вели тој тие само ќе го книжат додека фирмата која ги ангажира ќе го плаќа и пребива. Рафајловски додаде  дека двојно оданочување има и кога физичкото лице фактурира со ДДВ, а другото лице или фирмата со која соработува не е ДДВ ообврзник. – Пример, уметник ќе направи свое дело и бил платен еднаш оваа година- тој ќе биде ДДВ обврзник и следната година можеби нема да има приходи воопшто но ќе мора на крај да дојде и да поднесе макар и празна ДДВ пријава. изјави Рафајловски. Инаку, Владата на СДСМ и Зоран Заев ветуваше дека веднаш по доаѓањето на СДСМ на власт, на крајот од годината едно четиричлено семејство ќе добие дополнителни 30 000 денари, но наместо намалување на даноците и враќање на парите од данокот на додадена вредност оваа влада постојано ги качува давачките да граѓаните и ги зголемува даноците што станува неподносливо за голем дел од населението. Според инфорациите, лани  физички лица со промет над еден милион денари биле регистрирани околу 1040 физички лица додека оваа година се смета дека таа бројка е повеќе кратно зголемена, пишува Економски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dvojnoto-odanochuvanja-predizvika-branuvanje-na-javnosta-ekspertite-nezadovolni-gragjanite-gnevni/feed/ 0