одбележан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 08 Dec 2018 12:35:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png одбележан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одбележан празникот Свети Климент Охридски и 25-годишнината од смртта на Блаже Конески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-praznikot-sveti-kliment-ohridski-i-25-godishninata-od-smrtta-na-blaze-koneski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-praznikot-sveti-kliment-ohridski-i-25-godishninata-od-smrtta-na-blaze-koneski/#respond Sat, 08 Dec 2018 12:35:07 +0000 https://kurir.mk/?p=137446

Со свечено положување цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски пред Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска беа одбележани празникот Свети Климент Охридски и 25-годишнината од смртта на Блаже Конески. Цвеќе положи владината делегација предводена од министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Аксел Ахмедовски, како и делегации од Собранието на Република Македонија, од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Армијата на Република Македонија, Сојузот на борци од НОВ, дипломатските претставници и претставници на останатите институции, политички партии и здруженија на граѓани. Во организација на Националната универзитетска библиотека – „Св. Климент Охридски“, пак, вчера беше одбележан патрониот празник 8 Декември, Свети Климент Охридски. На одбележувањето присуствуваше владина делегација предводена од министерот задолжен за подобрување на инвестициска клима за домашните компании Зоран Шапуриќ, министерот задолжен за странски инвестиции,Аднан Ќахил и националниот координатор за култура Роберт Алаѓозовски. Свеченоста започна со положување цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски и продолжи со музичка точка и доделување на наградата „Библиотека на годината“. Централниот дел од свеченоста беше уметнички перформанс наречен „Емоции“ посветен на македонскиот книжевник и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, Блаже Конески, по повод 25 годишнината од неговата смрт.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezan-praznikot-sveti-kliment-ohridski-i-25-godishninata-od-smrtta-na-blaze-koneski/feed/ 0