одбележување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Sep 2020 10:29:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png одбележување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кина одбележува 75-годишнина од крајот на Втората светска војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-odbelezuva-75-godishnina-od-krajot-na-vtorata-svetska-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-odbelezuva-75-godishnina-od-krajot-na-vtorata-svetska-vojna/#respond Thu, 03 Sep 2020 10:29:21 +0000 https://kurir.mk/?p=398643

Кина денеска ја одбележува 75-годишнината од крајот на Втората светска војна во Пацификот, кога земјата претрпе окупација од Јапонија. Во Меморијалниот центар посветен на војниците и цивилите кои ги загубија своите животи за време на јапонската окупација, претседателот Си Џинпинг ги повика присутните претставници на кинеската Влада да оддадат едноминутно молчење, јави агенцијата ТАСС. Иако Јапонија официјално ја потпиша капитулацијата на 2 септември 1945 година на американскиот воен брод „Мисури“, 3 септември во Кина се одбележува како годишнина од крајот на Втората светска војна, затоа што на тој ден се одржа првата национална комеморативна церемонија. За време на вчерашниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, претседателот Си, меѓу другото, рече дека сака да работи во корист на „меѓународната правда и правичност“, пренесе агенцијата Синхуа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-odbelezuva-75-godishnina-od-krajot-na-vtorata-svetska-vojna/feed/ 0
Владата одлучи: Одбележувањето на 2 Август без масовни собири на граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-odluchi-odbelezuvanjeto-na-2-avgust-bez-masovni-sobiri-na-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-odluchi-odbelezuvanjeto-na-2-avgust-bez-masovni-sobiri-na-gragjani/#respond Fri, 24 Jul 2020 10:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=380771

Организациониот одбор за прослава на празникот при Владата во координација со претседателот на државата и законодавниот дом за сите настани коишто традиционално се организираат по повод големиот празник, подготвува услови за спроведување на препораките од протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести. Тие услови оваа година, заради пандемијата со Ковид-19, ги опфаќаат бројот на учесниците, здравствено-безбедносната организација на местата каде што ќе се одржат свеченостите, транспортот и движењето до локациите и местата за посетителите и учесниците, со обезбедена дистанца и заштита. За исполнување на препораките од протоколот оваа година содржините на програмите за одбележување се сведени на минимум, само со положување венци со свежо цвеќе на спомен-обележјата, со обраќања, но без традиционалната културно-уметничка програма и без масовни народни собири на граѓани на отворено и во угостителските објекти. Во овие услови, оваа година, свеченостите по повод 2 Август ‒ Денот на Републиката (Илинден) 2020 со кои ќе бидат одбележани 76-годишнината од Првото заседание на АСНОМ и 117 години од Илинденското востание, ќе бидат со следниот распоред: - Претседателот на државата Стево Пендаровски ќе се обрати на свеченоста во Меморијалниот центар во Пелинце; - Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ги предводи настаните во Крушево, на Мечкин Kамен; - Претседателот на Владата Оливер Спасовски ќе се обрати на свеченоста во Скопје. И оваа година, како дел од официјалната програма за свечено одбележување на празникот се вклучени и содржините од Смилево со кои ќе се чествуваат 117 години од Илинден и 78 години од првата борбена акција на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“. Целокупната програма за свечено одбележување на државниот празник 2 Август ‒ Денот на Републиката (Илинден) од Пелинце, Крушево и Скопје ќе ја пренесува во живо Националната радио-телевизија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-odluchi-odbelezuvanjeto-na-2-avgust-bez-masovni-sobiri-na-gragjani/feed/ 0
Одбележување на денот на ретката болест хередитарен ангиоедем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-retkata-bolest-hereditaren-angioedem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-retkata-bolest-hereditaren-angioedem/#respond Sat, 16 May 2020 06:48:11 +0000 https://kurir.mk/?p=346500

Скопје, 16 мај 2020 (МИА) – По повод меѓународниот ден на реткото генетско заболување херидитарен ангиоедем ХАЕ – 16 мај се спроведуваат активности за да се покрене јавната и медицинска свест за ова заболување за да се обезбеди подобра терапија, навремена и точна дијагноза, а со цел ХАЕ пациентите да водат нормален живот. Здружението на пациенти со херидитарен ангиоедем ХАЕ Македонија најави дека поради пандемијата со вирусот КОВИД-19 ќе го одбележи меѓународниот ден со колачиња за професионалните лица и пријателите кои им помагаат во нивната битка, во знак на благодарност, а преку социјалните мрежи ќе сподели куклена претстава и ќе испрати пораки за поддтшка на пациентите. -Оваа година, во услови на светска пандемија и социјална дистанца, се одлучивме денот да го одбележиме со мало и слатко внимание кон професионални лица, како и кон наши пријатели, кои многу ни помогнаа во нашата голема битка Колачињата кои се во знак на благодарност за нивниот напор за зачувување на нашите животи, се со мотото на Денот на ХАЕ: Многу лица едно семејство. Пациентите со хередитарен ангиоедем сакаат да порачаат до јавноста: Отекувам, но не се повлекувам, се грижам! и со тоа барем малку да го разведрат напорното секојдневие на нашите блиски соработници и пријатели, соопшти Здружението ХАЕ Македонија. Тие во соработка со здружението Тактус подготвија куклена претстава:„Реткото момче и зборливото балонче“, чиј автор е Наташа Анѓелеска, а автор на рап песната во претставата е Виолета Христовска од Училиштето за странски јазик „Лион“. Претставата е посветена на одбележувањето на меѓународниот ден на ХАЕ 16ти мај, а ја подготвија и изведоа актерите од куклениот театар на здружението Тактус – Здружение за развој на културно уметнички вредности. Претставата на денот на ХАЕ ќе биде споделена на социјалните мрежи. Хередитаниот ангиоедем е ретка болест која што настанува поради недостиг на крвниот протеин Ц1 инхибитор и се манифестира со отекување на делови на телото. Болеста се карактеризира со спонтани и повторувачки епизоди на појава на отоци на кожата, слузокожата, дишните патишта и внатрешните органи. Посебно е сериозна ситуацијата кога отоците ќе се појават на локација каде го оневозможуваат дишењето и поради тоа оваа состојба се карактеризира со висока стапка на смртност од дури 30 проценти. ХАЕ пациентите, освен што можат да се соочат со потенцијално фатален исход, се соочуваат и со социјална дистанца, но и нефункционалност во периодите на напад, посебно кога нападите се на екстремитети, лице, абдомен, дишни органи. Абдоминалните напади се карактеризираат со висок степен на болка, но и гадење, повраќање, дијареа. Отоците на грлото, носот или јазикот се опасни и можат да го загрозат животот, бидејќи можат во целост да ги затворат дишните органи. Поради тоа од посебна важност е веднаш штом почнат симптомите терапијата да се прими во најкус можен рок и во доволна количина. ХАЕ инциденцата може да биде 1 на 10 000 – 50 000 луѓе. Не постои лек за ХАЕ, но постојат доста терапии кои состојбата можат да ја држат под контрола. Во нашата држава две од овие терапии се достапни до пациентите, со што, како што соопшти Здружението ХАЕ Макеоднија, квалитетот на живот на овие пациенти значително се подобри, посебно откако се обезбедија доволно количини за да не мора пациентите да се плашат за секоја потрошена виала. ХАЕ – Македонија, како организација која ги застапува интересите на пациентите заболени од ХАЕ, е основана во 2009 година, а од 2012 година е членка на меѓународната организација за пациенти со ХАЕ – HAE International од кога и се одбележува Меѓународниот ден на ХАЕ, на иницијатива на меѓународната организација ХАЕи, со поддршка од Американскиот сенат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-retkata-bolest-hereditaren-angioedem/feed/ 0
Нацев на одбележувањето на 12 годишнината од трагичната хеликоптерска несреќа кај Блаце, на одбележувањето не присуствуваа Шеќеринска, ниту Пендаровски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nacev-na-odbelezuvanjeto-na-12-godishninata-od-tragichnata-helikopterska-nesrekja-kaj-blace-na-odbelezuvanjeto-ne-prisustvuvaa-shekjerinska-nitu-pendarovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nacev-na-odbelezuvanjeto-na-12-godishninata-od-tragichnata-helikopterska-nesrekja-kaj-blace-na-odbelezuvanjeto-ne-prisustvuvaa-shekjerinska-nitu-pendarovski/#respond Sun, 12 Jan 2020 13:00:47 +0000 https://kurir.mk/?p=288583

Денеска се одбележаа дванаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце, каде животот го загубија 11 лица, припадници на Армијата на Република Македонија. Со Почит и неизмерна благодарност кон нивната пожртвуваност, пишува на Фејсбук универзитетскиот професор Александар Нацев кој што присуствуваше на одбележувањето од трагичната несреќа. ПС. Многу говори фактот што овој чин денеска беше заборавен од врвот на власта и надлежните, срамно, без поклон кон изгубените животи. Вечна им слава на овие храбри луѓе, нека почиваат во мир! Инаку, на одбележувањето од оваа трагична хеликоптерска несреќа во која загинаа 11 припадници на Армијата на Република Македонија не присуствуваа, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, ниту пак врховниот командант на АРМ, Стево Пендаровски. Армискиот хеликоптер Ми-17 на овој ден пред 12 години се урна во селото Блаце кај Катланово, на само 50-ина метри од последните куќи во селото. Во услови на намалена видливост, поради маглата, хеликоптерот ја започнал постапката за слетување на аеродромот „Александар Велики“. На падот на армискиот хеликоптер му претходела експлозија. Во несреќата немаше преживеани, а загинаа потполковник Тони Спасовски, водник Александар Васиќ, водник Александар Тасковски, заставник Тони Давитковски, постар водник Јанко Шириќ, мајор Горан Ристовски, десетар Златко Вељановски, капетан Бране Спасовски, водник Мики Ивановски, заставник Славчо Василев и капетан Игор Ѓоревски. Единаесетте мировници се враќаа од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nacev-na-odbelezuvanjeto-na-12-godishninata-od-tragichnata-helikopterska-nesrekja-kaj-blace-na-odbelezuvanjeto-ne-prisustvuvaa-shekjerinska-nitu-pendarovski/feed/ 0
Одбележување на Денот на албанската азбука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-albanskata-azbuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-albanskata-azbuka/#respond Fri, 22 Nov 2019 07:39:48 +0000 https://kurir.mk/?p=267492

Министерството за политички систем и односи  меѓу заедниците вечер од 19.30 часот во Македонскиот народен театар ќе организира свечена академија по повод Денот на албанската азбука. Со него се одбележува годишнината од Битолскиот конгрес на кој десетици албански научници од 14 до 22 ноември 1908 година се состанале за да ја создадат албанската азбука. Делегатите од Албанија и албанските здруженија и клубови од цел свет на конгресот во Битола донеле одлука за прифаќање на латиницата со некои промени, адаптирајќи 36 букви на албанскиот јазик.  Затоа 22 ноември се одбележува како Ден на албанската азбука и е неработен за албанската етничка заедница во земјава. На свечената академија, која е централен од серијата настани што беа организирани деновиве, најавено е присуство на претставници од Владата, Собранието, од политичките партии и дипломатскиот кор. Оваа година првпат ќе биде доделена и државната награда „22 Ноември“ за остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот  живот во државата. Добитници се истражувачот, историчар и хуманист Давид Хосафлoк и просветните работници Кимете Агаи и Аднан Агаи. Наградата ќе им биде врачена во 13 часот во Собранието. Одлуката ја донесе организациски одбор под претседателство на проф. д-р Гзиме Старова. Тројцата добитници се наградени за нивниот придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-albanskata-azbuka/feed/ 0