одбојкари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 02 Sep 2023 11:06:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png одбојкари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По победата над Данска: Македонските одбојкари вечерва играат против Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-pobedata-nad-danska-makedonskite-odbojkari-vecherva-igraat-protiv-tsrna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-pobedata-nad-danska-makedonskite-odbojkari-vecherva-igraat-protiv-tsrna-gora/#respond Sat, 02 Sep 2023 11:06:56 +0000 https://kurir.mk/?p=873697

Дводневната пауза по стартната победа на Европското првенство против Данска заврши за македонските одбојкари, кои вечерва против Црна Гора од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го одиграат вториот натпревар во рамки на групата Ц во Скопје. Триумфот од 3 -1 над Данска во средата ѝ ја подотвори вратата на македонската одбојкарска репрезентација за историски пласман во осминафиналето, а со победа над Црна Гора избраниците на Јошко Миленковски речиси сигурно ќе обезбедат место во нокаут фазата која ќе продолжи во Бари. Со вечерашниот дуел ќе се комплетира второто коло во групата Ц во која Полска вчера ја совлада Холандија со 3-1 во сетови, а со идентичен резултат Чешка беше поуспешна од Данска. Полска води на табелата со максимални шест бодови и сет количник 6-1, а македонската репрезентација е второпласирана со три бодови (3-1). Холандија е на третото место со три бодови (4-3), пред Чешка 3 (3-4), Црна гора 0 (0-3) и Данска 0 (2-6). Пласман во осминафиналето ќе обезбедат четири најдобро пласирани репрезентации во групата Ц која се игра во Скопје.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-pobedata-nad-danska-makedonskite-odbojkari-vecherva-igraat-protiv-tsrna-gora/feed/ 0
Украина подобра од македонските одбојкари во Европската Златна лига https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ukraina-podobra-od-makedonskite-odbojkari-vo-evropskata-zlatna-liga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ukraina-podobra-od-makedonskite-odbojkari-vo-evropskata-zlatna-liga/#respond Sun, 18 Jun 2023 20:11:06 +0000 https://kurir.mk/?p=847181

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од Украина со 0:3, по сетови 18:25, 24:26 и 23:25. Во вториот сет македонските одбојкари испушти предност од 20:14. По шесте натпревари во Б-групата од Европската Златна лига, македонската репрезентација деби-учеството во ова натпреварување го завршува со две победи и четири порази. Најефикасен на натпреварот беше Никола Ѓорѓиев со 15 поени освоени поени. Шестото коло ќе биде комплетирано со вечерашниот натпревар Хрватска – Белгија. Украинците со максимални 18 бодови го освоија првото место и изборија пласман во плејофот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ukraina-podobra-od-makedonskite-odbojkari-vo-evropskata-zlatna-liga/feed/ 0
Стартна победа на македонските одбојкари во Европската сребрена лига https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/startna-pobeda-na-makedonskite-odbojkari-vo-evropskata-srebrena-liga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/startna-pobeda-na-makedonskite-odbojkari-vo-evropskata-srebrena-liga/#respond Wed, 25 May 2022 19:58:46 +0000 https://kurir.mk/?p=681559

Македонската одбојкарска репрезентација со победа ја почна новата сезона во ЦЕВ Европската сребрена лига, откако вечерва во Скопје ја совладаа Босна и Херцеговина со 3-0 (25-16, 25-17, 25-23). Во дебитантскиот натпревар на новиот селектор Ратко Павличевиќ, македонските одбојкари рутински ја забележаа првата победа во групата Б. Неизвесност донесе само третиот сет во кој гостинските одбојкари водеа со 19-18, по што „црвено-жолтите“ повторно се вратија во ритам и забележаа максимална победа пред домашните гледачи во салата „Борис Трајковски“. Следен противник на македонските одбојкари ќе биде Романија на гостински терен, в сабота, по што следуваат двата натпревари против Албанија. Во премиерниот натпревар од групата Б, Романија вчера триумфираше на гостински терен над Албанија со 3-1.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/startna-pobeda-na-makedonskite-odbojkari-vo-evropskata-srebrena-liga/feed/ 0
Македонските одбојкарки во група со Полска и Италија на Европското јуниорско првенство во Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkarki-vo-grupa-so-polska-i-italija-na-evropskoto-juniorsko-prvenstvo-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkarki-vo-grupa-so-polska-i-italija-na-evropskoto-juniorsko-prvenstvo-vo-skopje/#respond Thu, 12 May 2022 14:26:19 +0000 https://kurir.mk/?p=675805

Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ) денеска со жрепка во Луксембург го одреди составот на групите за Европското првенство за јуниорки, кое од 27 август до 4 септември ќе се одржи во Скопје. Македонската женска јуниорска одбојкарска репрезентација ќе игра во групата А против Полска, Италија, Грција и победникот од квалификациската група К. Групата Б на завршниот турнир во Скопје ја сочинуваат Србија, Турција, Хрватска, Романија, Швајцарија и квалификантот од групата Ј. Квалификациите за Европското првенство се на програмата од 30 јуни до 3 јули. Во групата Ј во Холандија ќе играат домашната репрезентација, Естонија, Словачка и Шпанија, додека групата К во Подгорица ја сочинуваат домаќинот Црна Гора, Франција, Финска и Австрија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkarki-vo-grupa-so-polska-i-italija-na-evropskoto-juniorsko-prvenstvo-vo-skopje/feed/ 0
Македонските одбојкари денеска против фаворитот Турција на ЕП https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-deneska-protiv-favoritot-turcija-na-ep/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-deneska-protiv-favoritot-turcija-na-ep/#respond Sun, 05 Sep 2021 08:32:24 +0000 https://kurir.mk/?p=559539

Со два порази и еден освоен сет по воведните две кола, македонските одбојкари попладнево од 13 часот во Тампере против репрезентацијата на Турција го играат третиот натпревар на Европското првенство. Противникот на „црвено – жолтите“ во „Хакаметска“ арена ја има улогата на апсолутен фаворит за третата победија во серија во групата Ц по двете идентични победи од по 3-1. Откако славеше над Русија во првото коло, турската чета на Озбеј се радуваше и против Шпанија и се наоѓа на второто место зад Холандија. Финска е трета, Русија четврта. Во преостанатите денешни два натпревари во групата Ц, Шпанија ќе игра со Финска, а Холандија со Русија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-deneska-protiv-favoritot-turcija-na-ep/feed/ 0
Македонските одбојкари вечерва против Данска ќе играат во финалето на Европската сребрена лига https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-vecherva-protiv-danska-kje-igraat-vo-finaleto-na-evropskata-srebrena-liga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-vecherva-protiv-danska-kje-igraat-vo-finaleto-na-evropskata-srebrena-liga/#respond Sun, 06 Jun 2021 07:06:51 +0000 https://kurir.mk/?p=519529

Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска во финалето на завршниот турнир од Европската сребрена лига, што се игра во салата „Парк“ во Струмица, ќе игра против Данска. Во вториот полуфинален натпревар, што се одигра синоќа, Данците беа подобри од Унгарија совладувајќи ги со 3:1 во сетови. Вчера во првиот полуфинален натпревар нашите најдобри одбојкари ја победија репрезентацијата на Хрватска со 3:2 во сетови. Финалниот натпревар за златниот медал се игра вечер во Струмица со почеток во 20 часот, додека претходно (17 часот) во борбата за бронзениот медал ќе се сретнат репрезентациите на Унгарија и Хрватска]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-vecherva-protiv-danska-kje-igraat-vo-finaleto-na-evropskata-srebrena-liga/feed/ 0
Македонските одбојкари очекуваат финале во Европската сребрена лига https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-ochekuvaat-finale-vo-evropskata-srebrena-liga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-ochekuvaat-finale-vo-evropskata-srebrena-liga/#respond Fri, 04 Jun 2021 13:42:50 +0000 https://kurir.mk/?p=519064

Македонската одбојкарска репрезентација очекува пласман во финалето на завршниот турнир од Европската сребрена лига што се игра утре и задутре во салата „Парк“ во Струмица. Прв противник на нашите одбојкари во првата полуфинална средба е репрезентацијата на Хрватска и со победа репрезентативците ги отвараат вратите на финалето. Капитенот Никола Ѓорѓиев очекува златен медал. -Нашата цел е освојување на Сребрената европска лига. Имаме квалитет и тоа го покажавме на натпреварите во групите каде завршивме убедливо на првото на место. Утре прв противник ни е Хрватска. Во моментот сме подобри од нив, но се ќе зависи од нас и од играта којашто ќе ја прикажеме. За нас многу значи присуство на публиката во салата и затоа сме многу среќни, бидејќи нашата струмичка публика ја знае и ја препознава одбојката и се надевам дека ќе биде наш седми играч, рече капитенот Ѓорѓиев. Либерото Дарко Ангеловски додава дека атмосферата во репрезентацијата е победничка и во Струмица очекува продолжување на победоносната серија од турнирот во Данска. -Утре одиме на победа. Хрватите се прва пречка до финалето и се надевам дека в недела ќе го чекаме победникот од натпреварот меѓу Данска и Унгарија. Не се плашиме од противниците. Се плашиме самите од себе зашто ако еден киксне тогаш не ни оди на сите, но очекувам да ни тргне на сите. Од овие репрезентации може најмногу да ни спротивстават Унгарците. Според мене, најмногу ни одговара финале со Данска, бидејќи добро се знаеме со нив. Тие имаат страв од нас, по убедливите 3:0 на нивниот терен. Првиот противник, репрезентацијата на Хрватска е млада репрезентација, со двајца искусни одбојкари на примачките позиции, но ние влегуваме во натпреварот за да победиме, изјави Ангеловски. Првиот полуфинален натпревар меѓу Македонија и Хрватска почнува утре во 17 часот, а во вториот, во 20 часот, силите ќе ги одмерат репрезентациите на Данска и Унгарија. Финалниот натпревар се игра в недела со почеток во 20 часот, а претходно е мечот за бронзениот медал. Со одлука на Владата, завршниот турнир од Европската сребрена лига ќе се игра со присуство на публика со 30 отсто од капацитетот на салата „Парк“, односно нашите репрезентативци ќе може да ги бодрат околу 500 гледачи. Во последните пет натпреварувања во Европската лига македонската одбојкарска репрезентација три пати беше сребрена и два пати беше во полуфиналето. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-ochekuvaat-finale-vo-evropskata-srebrena-liga/feed/ 0
Македонските одбојкари поразени од Данска https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-porazeni-od-danska/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-porazeni-od-danska/#respond Sun, 23 May 2021 20:11:02 +0000 https://kurir.mk/?p=514175

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва загуби од Данска со 0:3 во 3. коло од А-групата на Европската сребрена лига. Мечот во салата „Парк“ во Струмица, гостите го отворија со 25:21 во првиот сет, во вториот беше 25:23, додека третиот заврши 26:24. Најефикасни кај „црвено-жолтите“ беа капитенот Никола Ѓорѓиев со 15 поени, Александар Љафтов и Ристо Николов запишаа по осум поени. Кај Данците се истакна Јенсен со 20 поени. Со оваа победа, Данска направи голем исчекор кон пласман на завршниот „фајнал фор“ турнир, на кој домаќин ќе биде македонската репрезентација исто така во Струмица. На првиот натпревар од 3. коло во оваа група, Израел го победи Кипар со 3:2. Данците се први на табелата со осум бодови, Македонците имаат шест, Израел е трет со 3, Кипар последен со еден бод. Следниот турнир ќе се игра во Данска од 28 до 30 мај.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-porazeni-od-danska/feed/ 0
Македонските одбојкари вечерва против Данска во Евролигата https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-vecherva-protiv-danska-vo-evroligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-vecherva-protiv-danska-vo-evroligata/#respond Sun, 23 May 2021 09:01:07 +0000 https://kurir.mk/?p=513951

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва против Данска го игра решавачкиот натпревар во групната фаза од Европската сребрена лига, во кој „црвено – жолтите“ со триумф во салата „Парк“ во Струмица ќе го освојат првото пред завршниот турнир на почетокот на јуни. По стартната победа со максимални 3:0 во сетови над Кипар во петокот, избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ вчеравечер потешко од очекувањата триумфираа над Израел со 3:1. Израел одигра добар натпревар и го доби првиот сет, заканувајќи се дека може целосно да го компензира поразот од Данците во првото коло од групата „А“. Сепак, македонските одбојкари повторно најдоа начин да го кренат нивото на игра и на крајот ја забележаа втората победа. Капитенот Никола Ѓорѓиев стандардно беше најефикасен со 23 поени, центарот Ристо Николов одигра феноменален натпревар со 16 од коишто пет блока против исклучително расположените средни блокери на Израел. -Ова беше тежок натпревар, заморени сме затоа што се подготвуваме за предизвиците во елиминациската фаза, но дадовме максимум. Ни беше важно да победиме и се надеваме дека формата ќе ни се подобрува со секој настап, истакна по натпреварот македонскиот репрезентативец Владо Милев. Данска пред почетокот на турнирот важеше за најголем ривал на Македонците за првото место, а тоа го потврди со две победи во првите две кола. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-vecherva-protiv-danska-vo-evroligata/feed/ 0
„Вардарци“ негативни на Covid-19, од утре на турнир во Србија https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vardarci-negativni-na-covid-19-od-utre-na-turnir-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vardarci-negativni-na-covid-19-od-utre-na-turnir-vo-srbija/#respond Thu, 20 Aug 2020 16:43:19 +0000 https://kurir.mk/?p=393202

Одбојкарите на Вардар ќе бидат дел од силниот турнир што утре ќе стартува во Ниш. „Црвено-црните“ по првиот дел од подготовките што беа одработени во Скопје, патуваат за Србија каде ќе одиграат неколку силни контролни натпревари, на турнирот на кој ќе учествуваат екипите на Војводина, Рибница од Краљево и Ниш. Согласно здравствените протоколи, „црвено-црните“ беа тестирани на Covid-19 пред патувањето за Србија, по што сите тестови биле негативни. Вардар е во исчекување на противникот во првата рунда од Челинџ-купот на ЦЕВ, на ждрепката што ќе биде извршена утре со почеток во 16.00 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vardarci-negativni-na-covid-19-od-utre-na-turnir-vo-srbija/feed/ 0