одбор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Jan 2023 11:46:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png одбор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Избрани нови членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbrani-novi-chlenovi-na-odborot-za-dodeluvane-na-drzhavnata-nagrada-23-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbrani-novi-chlenovi-na-odborot-za-dodeluvane-na-drzhavnata-nagrada-23-oktomvri/#respond Wed, 25 Jan 2023 11:46:15 +0000 https://kurir.mk/?p=791656

На денешната 20.седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, филмологот Мими Ѓоргоска Илиевска е избрана за претседател на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври” за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство во Републиката. За нови членови на овој Одбор беа избрани Милован Стефановски, писател, Роландо Котиров, спортски работник, Љубиша Станковиќ, новинар, Љира Боку, писателка, Марија Пандевска, историчар, Томислав Османли, писател, Перо Арсовски, актер, Љуљзим Хазири, писател, Сергеј Андреевски, уметник, Лидија Милковиќ, доктор, Слободан Деспотовски, филмски работник и Елена Грујовска, универзитетски професор. На дневен ред на оваа собраниска Комисија беше и точката Предлог-Деловникот за изменување на Деловникот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието. Претседателката на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Марија Георгиевска информира дека до почетокот на денешното продолжение на 20. седница не се доставени предлози за изменување на Деловникот на собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Таа потенцира дека за да може Комисијата да расправа по оваа точка потребно е предлозите за изменување на Деловникот на Комисијата да бидат доставени во писмена форма до претседателот, односно до Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Георгиевска ја прекина работата со оваа седница на Комисијата, а дополнително ќе бидат известени членовите на Комисијата за нејзното продолжување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbrani-novi-chlenovi-na-odborot-za-dodeluvane-na-drzhavnata-nagrada-23-oktomvri/feed/ 0
Седница на Одборот за итни прашања на СЗО посветена на новите видови Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sednica-na-odborot-za-itni-prashanja-na-szo-posvetena-na-novite-vidovi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sednica-na-odborot-za-itni-prashanja-na-szo-posvetena-na-novite-vidovi-kovid-19/#respond Thu, 14 Jan 2021 13:11:51 +0000 https://kurir.mk/?p=455302

Светска здравствена органзиација (СЗО) соопшти дека новиот вид на Ковид-19, што прво беше откриен во Велика Британија, сега е присутен во 50 држави и територии, а видот од Јужна Африка го има во 20 држави. Одборот за итни прашања на СЗО денеска ќе одржи седница, две недели пред редовната средба, на која ќе се разговара за новите видови на Ковид-19. Одборот има седници секои три месеци. Британскиот и јужноафриканскиот вид на Ковид-19 се позаразни и побрзо се шират, а можат да се идентификуваат само со секвенца на нивниот генетски код, анализа што не е достапни секаде. Третата мутација потекнува од бразилскиот дел на Амазон, а пред неколку дена е откриен во Јапонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sednica-na-odborot-za-itni-prashanja-na-szo-posvetena-na-novite-vidovi-kovid-19/feed/ 0
Џејмс Мардок поднесе оставка од одборот во „Њуз корпорејшен“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzejms-mardok-podnese-ostavka-od-odborot-vo-njuz-korporejshen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzejms-mardok-podnese-ostavka-od-odborot-vo-njuz-korporejshen/#respond Sat, 01 Aug 2020 09:04:03 +0000 https://kurir.mk/?p=384665

Џејмс Мардок, помладиот син на медиумскиот могул Руперт Мардок, поднесе оставка од одборот во „Њуз корпорејшен“ поради „несогласување со уредувачките содржини“. Во писмото со оставка Џејмс Мардок наведе дека не се согласува со некои „стратешки одлуки“ на компанијата што е во сопственост на неговиот татко. Џејмс последните години и политички не се согласуваше со татко му. Додека Руперт Мардок го поддржува Доналд Трамп. Неговиот син наводно донирал стотици илјади долари за кампањата на Џо Бајден. Дел од „Њуз корпорејшен“ се и „Волстрит џурнал“, „Тајмс“, „Сан“ и други медиуми. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzejms-mardok-podnese-ostavka-od-odborot-vo-njuz-korporejshen/feed/ 0