одбрана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 07 Oct 2023 11:21:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png одбрана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Абас: Палестинците имаат право на одбрана од теророт на доселениците и на окупаторот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-palestintsite-imaat-pravo-na-odbrana-od-terorot-na-doselenitsite-i-na-okupatorot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-palestintsite-imaat-pravo-na-odbrana-od-terorot-na-doselenitsite-i-na-okupatorot/#respond Sat, 07 Oct 2023 11:21:26 +0000 https://kurir.mk/?p=886340

Палестинскиот народ има право да се брани од теророт на доселениците и окупаторските сили, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас по итниот состанок со водечките палестински претставници одржан во Рамалах, на Западниот Брег. Неговата изјава уследи неколку часа откако Хамас почна операција, истрелувајќи илјадници ракети врз јужниот и централниот дел на Израел. Борци на Хамас се инфилтрираа по копно и море на израелска територија. Шест часа од почетокот на инвазијата припадници на Хамас сè уште се борат во неколку израелски населби. Либанското движење Хезболах соопшти дека нападот е порака против нормализацијата на односите. - Масовното ракетирање на Хамас од Појасот Газа врз Израел е одлучувачки одговор на тековната израелска окупација на палестинските територии и порака до оние кои бараат нормализација на односите со Израел, соопшти Хезболах. Во меѓувреме советникот на иранскиот ајатолах Али Хамнеи, Рахим Сафави го поддржа палестинскиот напад врз Израел. - Им честитаме на палестинските борци. Ги поддржуваме палестинските борци до ослободувањето на Палестина и Ерусалим, наведе Сафави. Ненадејниот, масовен напад на Хамас на еврејскиот празник Симхат Тору ги потсети Израелците на војната од октомври 1973 година, кога беше нападната еврејската држава, на Денот на покајување (Јом Кипур). Вчера се навршија 50 години од таа војна. Педесетгодишнината од таа војна беше вчера. Експертите истакнаа дека нападот е резултат на повиците на премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговите ултрадесничарски сојузници за поагресивна акција против заканите од Појасот Газа. Политичките коментатори ја критикуваа Владата дека не предвидела планиран и координиран напад од Хамас, при што загинаа најмалку 22 лица, а над 500 се повредени. Нетанјаху претходно соопшти дека Израел е во војна, а израелската армија прогласи воена готовност и почна операција „Железни мечеви“ врз Појасот Газа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/abas-palestintsite-imaat-pravo-na-odbrana-od-terorot-na-doselenitsite-i-na-okupatorot/feed/ 0
Шведска планира да го зголемува буџетот за одбрана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-planira-da-go-zgolemuva-budhetot-za-odbrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-planira-da-go-zgolemuva-budhetot-za-odbrana/#respond Mon, 11 Sep 2023 20:00:34 +0000 https://kurir.mk/?p=877070

Шведска има намера да го зголеми буџетот за одбрана до 2 отсто од БДП од следната година за да ја исполни целта за воени трошоци поставени од западната одбранбена алијанса, јави ДПА. Зголемувањето денеска го најави шведскиот министер за одбрана Пол Јонсон. Шведскиот буџет за одбрана ќе се зголеми за вкупно околу 2,2 милијарди евра. Околу 58 милиони евра од тоа ќе бидат издвоени за административни такси на алијансата, рече Јонсон, додавајќи дека тоа е „затоа што прифаќаме дека ќе станеме дел од НАТО алијансата“. Шведска и Финска поднесоа барање за влез во НАТО во мај 2022 година. Финска веќе е членка на алијансата од почетокот на овој април, но апликацијата на Шведска се уште не е одобрена од Турција и Унгарија. Земјите на НАТО ја потврдија својата цел да потрошат најмалку 2 отсто од БДП за одбрана на самитот во Вилнус овој јули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-planira-da-go-zgolemuva-budhetot-za-odbrana/feed/ 0
Курти повикан да сведочи во одбрана на Србин обвинет за воени злосторства во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-povikan-da-svedochi-vo-odbrana-na-srbin-obvinet-za-voeni-zlostorstva-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-povikan-da-svedochi-vo-odbrana-na-srbin-obvinet-za-voeni-zlostorstva-vo-kosovo/#respond Thu, 10 Aug 2023 18:14:51 +0000 https://kurir.mk/?p=865597

Адвокатот Дејан А. Васиќ, кој е правен застапник на косовскиот Србин Д.М., обвинет за воени злосторства во војната од 1998-99 година, го повика косовскиот премиер Албин Курти да сведочи во постапката што се води против неговиот клиент, јави косовскиот портал на српски јазик „КоССев“. Откако денеска ја предаде молбата во архивот на Владата во Приштина, која ја додал на барањето за сослушување на сведоците упатено до косовското Специјално обвинителство за воени злосторства, Васиќ изјави дека во наредните денови очекува позитивен одговор и закажување на термин за сослушување на Курти. Напоменувајќи дека Курти бил притворен во времето кога Д.М. работел во окружниот затвор на Приштина, адвокатот Васиќ рече дека очекува од сегашниот косовски премиер да каже „неколку збора за кредибилетот на осомничениот и за неговите постапки“ кон тогашниот диседент, а сегашен премиер. - Му правел друштво додека бил во ќелија, му носел книги да чита и со него поминувал многу време во разговори... Се надевам дека на овој начин ќе го отклониме сомнежот и ќе докажеме дека Д.М. не направил ама баш ништо лошо кога бил вработен во Окружниот затвот во Приштина. Мислам дека Курти ќе се сети на тоа и дека ќе го каже тоа, изјави Васиќ за „КоССев“. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, косовскиот Србин Д.М. беше уапсен на 21 јуни годинава во Кишница, во близина на Грачаница, под обвинение за воени злосторства во војната во Косово во 1998-99 година. Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља во таа прилика изјави дека Д.М. се сомничи оти, во својство на чувар на затворот во Липљан во споменатиот период, „вршел тортура и нехумано насилство врз затворениците Албанци, во соработка со други лица“. Ден по апсењето, на Д.М. му е одреден притвор од 30 дена. Неговиот адвокат, Васиќ, вчера најави дека ќе поднесе барање за сослушување на Курти во својство на сведок на одбраната, односно тоа го предложи на вчерашното сослушување на неговиот клиент од страна на специјалниот обвинител.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-povikan-da-svedochi-vo-odbrana-na-srbin-obvinet-za-voeni-zlostorstva-vo-kosovo/feed/ 0
Одбраната на Жан Митрев со официјални податоци го демантира обвинителот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-na-zhan-mitrev-so-ofitsijalni-podatotsi-go-demantira-obvinitelot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-na-zhan-mitrev-so-ofitsijalni-podatotsi-go-demantira-obvinitelot/#respond Thu, 15 Jun 2023 12:01:43 +0000 https://kurir.mk/?p=846115

Обвинителот неточно ја изложува содржината од одобрението за користење на филтрите цитирајќи делови кои се однесуваат на дистрибутерите и продавачите на филтри, а не на докторите и клиниките, кои потоа неосновано му ги припишува на д-р Жан Митрев, кој не е дистрибутер на филтри за хемофилтрација. Ова го прави за да го оправда обвинението“, беше наведено во воведното обраќање од одбраната на д-р Жан Митрев на денешното рочиште. Одбраната со бројки образложи дека успешноста во лекување во ПЗУ Клиника Жан Митрев целосно го демантира обвинението. Смртноста во Клиника Жан Митрев заклучно со јули 2022 година изнесува 25,4%, додека во јавното здравство процентот на смртност изнесува 51,3%. „Во Клиниката Жан Митрев КОВИД-19 пациентите се лекуваат во современ МЕДИЦИНСКИ СИСТЕМ за интензивна нега, единствен во регионот акредитиран од JCI (Joint Comission International) што значи дека ги исполнува највисоките стандарди за безбедност при лекувањето на пациентите и највисок стандард во превенција на интрахоспиталните инфекции, составен од 51 лекар, 86 среден медицински персонал и останати вработени, a не се лекувани лично од д-р Жан Митрев“, потенцираше одбраната во воведното обраќање. ОЈО нема кредибилни докази со кои ќе го убеди судот надвор од разумно сомневање дека д-р Жан Митрев хемофилтрацијата ја применувал со намера да прибави противправна имотна корист, а таквата намера ја реализирал само кај 282 пациенти од вкупно 1738 лекувани од COVID-19 во клиниката, или 16% од вкупниот број лекувани. Доколку хемофилтрацијата д-р Жан Митрев ја употребувал со намера да ги измами пациентите за да прибави противправна имотна корист, тој би ги измамил сите 1738 пациенти кои веќе имале депонирано парични средства за хемофилтрација доколку биде потребно, а не би измамил само 16% од нив како што тврди обвинителството. Во клиниката Жан Митрев од Ковид-19 биле лекувани вкупно 1738 пациенти и сите според препораките на производителот на филтрите и според препорачаните индикациони вредности. Одбраната потсети на општествено одговорната и јавно корисна улога што ја одигра д-р Жан Митрев и Клиниката Жан Митрев во услови кога државното здравство од пандемијата со Ковид-19 беше на колена и пред колапс и кога во вонредна ситуација власта се извршуваше со Уредби со законска сила, говори и фактот што на 16.06.2020 година Клиниката Жан Митрев беше повикана од државата да лекува Ковид-19 пациенти. По тој повик медицинскиот тим на Жан Митрев од над 300 лица не вршеше измама туку деноноќно се бореше да спасува животи од Ковид-19 по барање на државата Исто така одбраната го изнесе податокот дека државата на Клиниката Жан Митрев и го стави сопствениот апарат за хемофилтрација на располагање во екот на пандемијата за Клиниката да може на направи повеќе хемофилтрации, а сега го обвинува дека правел измама со вршењето на хемофилтрација. „Со ова неосновано обвинение и овој процес, Македонија станува единствената држава во светот која што покренала судски процес против доктор и клиника кои лекувале во вонредна ситуација на Ковид-19, додека во САД се донесени Закони за имунитет на давателите на здравствени услуги поврзани со Ковид-19, потенцираше одбраната во воведното обраќање. „Кардиохирургот Жан Митрев лично со свои раце има извршено 25 162 кардиохируршки и васкуларни операции што во една Германија е стандард за 5 работни века на кардиохирурзите, во својот ум единствено што смислува е како да спаси живот а не да измами пациенти“, потенцираше обраната на д-р Митрев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-na-zhan-mitrev-so-ofitsijalni-podatotsi-go-demantira-obvinitelot/feed/ 0
САД склучија договор за одбрана од над милијарда долари со Локхид Мартин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-skluchija-dogovor-za-odbrana-od-nad-milijarda-dolari-so-lokhid-martin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-skluchija-dogovor-za-odbrana-od-nad-milijarda-dolari-so-lokhid-martin/#respond Sat, 24 Dec 2022 14:24:50 +0000 https://kurir.mk/?p=780045

САД склучија договори со одбранбени компании, вклучително и еден вреден повеќе од милијарда долари за Локхид Мартин, соопшти американското Министерство за одбрана. Според соопштението, договорот вреден 1,05 милијарди долари, што беше склучен синоќа, предвидува набавка на материјали, делови со долго време на производство и компоненти неопходни за одржување на редовното производство и испорака на 118 авиони „Лот 18“ Ф-35“ за ВВС, поморскиот корпус, морнарицата и странски клиенти. Боинг доби договор од 497 милиони долари за хеликоптери Ц-47Ф, за испораки завршени до 30 декември 2025 година. Локхид Мартин доби договор од 431 милион долари од Министерството за одбрана претходно овој месец за испорака на новиот артилериски ракетен систем HIMARS и услуги за поддршка на американската војска и странски сојузници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-skluchija-dogovor-za-odbrana-od-nad-milijarda-dolari-so-lokhid-martin/feed/ 0
НАТО состанок за одбрана утре, ќе се разговара за полнење на залихите на оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-sostanok-za-odbrana-utre-kje-se-razgovara-za-polnenje-na-zalihite-na-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-sostanok-za-odbrana-utre-kje-se-razgovara-za-polnenje-na-zalihite-na-oruzje/#respond Tue, 11 Oct 2022 14:47:18 +0000 https://kurir.mk/?p=743922

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО од утре се состануваат во Брисел да разговараат за ескалацијата на војната во Украина и потребата да се наполнат залихите на оружје на сојузниците, јави дописничката на МИА од Брисел. Утре и задутре во седиштето на НАТО ќе се одржи првиот министерски состанок по руската анексија на украинските територии и зголемениот ризик од нуклеарна конфронтација меѓу Русија и Западот. Со нападите на Русија врз бројни украински градови од вчера и експлозијата на кримскиот мост, Западот оцени дека конфликтот ескалира и дека поддршката за Украина ќе се зајакне и ќе трае додека е потребно. Ова го потврди попладнево и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес конференција. -Ќе ја зголемиме поддршката за Украина за да можат да продолжат да се бранат и да ги ослободат териториите од руска окупација, Украина се наоѓа во нагорен момент и продолжува да добива додека Русија се врти кон ужасни напади врз цивили и критична инфраструктура, рече Столтенберг. На Украина и се потребни разни видови на оружје, за тоа ќе дискутираат министрите утре и задутре со украинскиот министер за одбрана, кој ќе им пренесе што му е потребно на Киев за да продолжи да војува против Москва – потребни се разни системи на одбрана, артилерија, оклопни возила, противтенковско оружје, но и гориво, зимска облека, комуникациски системи. За сето ова утре ќе се координираат сојузниците на НАТО заедно со Украина. Последица е што залихите на оружје на земјите кои и помагаат на Украина почнаа да се празнат, оставајќи ги државите поранливи во случај на напад. И ова ќе биде на дневен ред, потврди шефот на Алијансата. -Се разбира колку подолго трае војната важно е да се наполнат залихите, треба сега да зборуваме за зголемување на производството, да се произведува повеќе, да се наполнат залихите и да се испраќа во Украина, треба да се договориме за поамбициозен таргет за залихите и да и одговориме на индустријата за долгорочна побарувачка, рече Столтенберг, кој додаде дека ќе се дискутира и заедничка набавка на муниција и зголемување на интероперабилноста меѓу земјите. Дијалогот со воената индустрија е започнат, потврди генералниот секретар, за зголемување на производството, а утре за тоа ќе се разговара на повеќе нивоа. -Што подолго трае војната оваа работа со индустријата станува поважна, рече Столтенберг. Тој повтори дека НАТО ќе продолжи да и помага на Украина онолку долго колку што ќе биде потребно. Во однос на евентуален напад врз земја членка на НАТО, генералниот секретар повтори дека Алијансата ќе одговори одлучно на такво нешто, вклучително и во случај на сајбер напади, но рече дека не се разговара за тоа јавно за да не се даде прилика на Русија да добие информации за тоа како се користи членот пет за колективна одбрана во НАТО. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nato-sostanok-za-odbrana-utre-kje-se-razgovara-za-polnenje-na-zalihite-na-oruzje/feed/ 0
Министрите за одбрана на ЕУ размислуваат за програма за воена обука за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministrite-za-odbrana-na-eu-razmisluvaat-za-programa-za-voena-obuka-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministrite-za-odbrana-na-eu-razmisluvaat-za-programa-za-voena-obuka-za-ukraina/#respond Tue, 30 Aug 2022 05:47:35 +0000 https://kurir.mk/?p=725770

Министрите за одбрана на ЕУ денеска ќе се состанат во Прага за да разговараат за воспоставување програма за воена обука за украинските војници. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, кој треба да претседава со разговорите на неформалниот состанок, неодамна ја поддржа како „разумна“ идејата да се обучи украинската војска. Пред шест месеци, во раните фази на руската инвазија, министрите за надворешни работи на ЕУ ја разгледуваа идејата за обезбедување обука за украинските сили во услови на пошироки дискусии за воена помош. Со оглед на тоа што Чешка, која е силен поддржувач на Украина, во моментов претседава со ЕУ, предлогот сега е повторно на дневен ред, јави ДПА. Во меѓувреме, министрите за надворешни работи на ЕУ треба политички да ја поддржат суспензијата на договорот за визно олеснување со Русија од 2007 година поради војната во Украина, изјавија дипломатски извори за агенцијата. Суспендирањето на визниот договор меѓу ЕУ и Русија би можело да биде првиот чекор кон пошироки ограничувања за патување на руските државјани, рекол дипломат на ЕУ кој е запознаен со разговорите. Чешката Република, Финска и Естонија, откако воведоа сопствени визни ограничувања, се заложија за одлука на ниво на ЕУ, но Германија и Франција повикаа на претпазливост. Средбата во Прага е во формат Гимних, но одлука со сила на закон не е можна бидејќи разговорите се одвиваат неформално.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministrite-za-odbrana-na-eu-razmisluvaat-za-programa-za-voena-obuka-za-ukraina/feed/ 0
Лиз Трас: Ја обучуваме армијата на БиХ да се одбрани од руското влијание https://arhiva.kurir.mk/svet/region/liz-tras-ja-obuchuvame-armijata-na-bih-da-se-odbrani-od-ruskoto-vlijanie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/liz-tras-ja-obuchuvame-armijata-na-bih-da-se-odbrani-od-ruskoto-vlijanie/#respond Sun, 29 May 2022 07:26:14 +0000 https://kurir.mk/?p=683010

Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас изјави дека нејзината земја и дава поддршка на Босна и Херцеговина во форма на обука на вооружените сили со цел да се одбрани од руското влијание и за сопствена безбедност. Шефицата на британската дипломатија во видео-обраќање преку Твитер изјави дека искрената и сигурна инвестиција во БиХ „ќе обезбеди силна алтернатива“. „Ние им помагаме да ги обучиме нивните вооружени сили да ја заштитат нивната безбедност“, рече Трас. Таа истакна дека не смее да се дозволи Западен Балкан да се врати во минатото. За време на нејзината посета на Чешка, додаде таа, беше договорено земјата да ја засили испораката на оружје и санкциите за да и помогне на Украина. „Историјата не учи дека попуштањето не е решение за агресијата. Мораме да и се спротивставиме на агресијата со акција и сила, и затоа работиме со нашите сојузници за да ја поддржиме Украина и да обезбедиме рускиот претседател Владимир Путин таму да биде поразен“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/liz-tras-ja-obuchuvame-armijata-na-bih-da-se-odbrani-od-ruskoto-vlijanie/feed/ 0
Одбраната на Зекири подготвува жалба за притворот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-na-zekiri-podgotvuva-zalba-za-pritvorot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-na-zekiri-podgotvuva-zalba-za-pritvorot/#respond Sat, 09 Apr 2022 18:36:04 +0000 https://kurir.mk/?p=660763

Одбраната на Мухамед Зекири најави жалба до Кривичниот суд за притворот што синоќа му беше одреден на поранешниот генерален секретар на Владата, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на изјава на адвокатот на Зекири, Александар Трајковски. – Бараме да се укине мерката притвор и истата да се замени со поблага мерка – изјави Трајковски за телевизија „Сител“. Судија на претходна постапка доцна синоќа му одреди 30-дневен притвор на Зекири. Судот сега треба да одлучи дали Зекири ќе остане во притвор или ќе му биде одредена поблага мерка. Зекири вчера поднесе неотповиклива оставка по сомневањата дека ја злоупотребил службената положба. Тој се сомничи дека во периодот од април 2021 година до јануари 2022 година, со искористување на службената положба, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. Со преземените дејствија, осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100 денари, на штета на Буџетот на Македонија, износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbranata-na-zekiri-podgotvuva-zalba-za-pritvorot/feed/ 0
Тајван ги проучува воените тактики што ги користи одбраната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-gi-prouchuva-voenite-taktiki-shto-gi-koristi-odbranata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-gi-prouchuva-voenite-taktiki-shto-gi-koristi-odbranata-vo-ukraina/#respond Thu, 31 Mar 2022 06:19:46 +0000 https://kurir.mk/?p=656051

Тајванското Министерство за одбрана формирало работна група за проучување на воените тактики во Украина. Ресорниот министер Чиу Куо-ченг пред медиумите посочи дека е во „контакт“ со странски земји со кои се разговарало за тоа како се води војна, како и дека е формирана работна група што ја проучува војната. Темите што ги следи Тајван се и лошите воени перформанси на Русија и отпорот на Украина, рече тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-gi-prouchuva-voenite-taktiki-shto-gi-koristi-odbranata-vo-ukraina/feed/ 0