одеса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Sep 2023 06:17:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png одеса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руски дронови оштетиле пристанишна инфраструктура во областа Одеса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-dronovi-oshtetile-pristanishna-infrastruktura-vo-oblasta-odesa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-dronovi-oshtetile-pristanishna-infrastruktura-vo-oblasta-odesa/#respond Wed, 13 Sep 2023 06:17:24 +0000 https://kurir.mk/?p=877507

Руски беспилотни летала ја оштетиле пристанишната инфраструктура во областа Одеса, при што се повредени шест лица од кои три потешко, соопшти локалниот регионален гувернер Олег Кипер. Нападот бил извршен во текот на ноќта, а оштетена е пристанишната инфраструктура во областа Измаил. Нападот бил извршен со неколку групи дронови. Покрај пристанишната инфраструктура, оштетувања има и на други локации на цивилна инфраструктура, додаде Кипер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-dronovi-oshtetile-pristanishna-infrastruktura-vo-oblasta-odesa/feed/ 0
При руски напад врз пристаништето Одеса уништен хангар со жито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pri-ruski-napad-vrz-pristanishteto-odesa-unishten-hangar-so-zhito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pri-ruski-napad-vrz-pristanishteto-odesa-unishten-hangar-so-zhito/#respond Mon, 24 Jul 2023 06:26:05 +0000 https://kurir.mk/?p=859315

Напад со руски беспилотни летала е извршен врз пристанишната инфраструктура во регионот Одеса, јужна Украина, каде е уништен хангар за жито, соопшти денеска украинската оперативна команда за југот на земјата. - Нападот со беспилотни летала Шахид 136, насочени кон пристанишната инфраструктура, траеше речиси четири часа. Оштетени се хангар за жито и објекти за складирање на друг товар, објави украинската армија на Фејсбук. Русија ги засили нападите низ Украина, вклучително и пристаништето Одеса, откако минатиот понеделник одби да го продолжи Договорот за извоз на украинско жито преку Црно Море.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pri-ruski-napad-vrz-pristanishteto-odesa-unishten-hangar-so-zhito/feed/ 0
Одеса повторно цел на руски напади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odesa-povtorno-tsel-na-ruski-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odesa-povtorno-tsel-na-ruski-napadi/#respond Wed, 19 Jul 2023 05:45:12 +0000 https://kurir.mk/?p=857887

Пристанишниот град Одеса на југот на Украина ноќеска повторно цел на руски напади, пренесе ДПА. Според извештаите на локалните медиуми, во градот се слушнале експлозии, а активна била и воздушната одбрана. Русија веќе го погоди регионот Одеса на Црното Море со воздушни напади во понеделникот вечерта. Министерството за одбрана во Москва подоцна ги потврди нападите. Многу милиони тони храна беа испорачани преку пристаништето Одеса во последните месеци како дел од меѓународниот договор за жито. Во понеделникот Русија се повлече од договорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odesa-povtorno-tsel-na-ruski-napadi/feed/ 0
ВИДЕО: Тројца загинати и 10 повредени лица во руски напад со дрон врз Одеса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-trojtsa-zaginati-i-10-povredeni-litsa-vo-ruski-napad-so-dron-vrz-odesa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-trojtsa-zaginati-i-10-povredeni-litsa-vo-ruski-napad-so-dron-vrz-odesa/#respond Sat, 10 Jun 2023 10:54:50 +0000 https://kurir.mk/?p=844319

Три лица загинаа, а најмалку 10 се повредени во денешниот утрински напад со дрон на руските сили врз украинскиот регион Одеса, јави украинската Јужна команда. Во нападот била погодена висококатница, предизвикувајќи пожар што е изгаснат. Експлозивниот бран ги оштетил и околните станбени згради. Руските сили користеа беспилотни летала од иранско производство во нападот врз регионот, а сите беа уништени од украинските сили, се наведува во извештајот. Официјални лица се уште ги потврдуваат дополнителните детали за нападот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-trojtsa-zaginati-i-10-povredeni-litsa-vo-ruski-napad-so-dron-vrz-odesa/feed/ 0
Украинското антикорупциско обвинителство нареди апсење на градоначалникот на Одеса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-antikoruptsisko-obvinitelstvo-naredi-apsene-na-gradonachalnikot-na-odesa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-antikoruptsisko-obvinitelstvo-naredi-apsene-na-gradonachalnikot-na-odesa/#respond Thu, 04 May 2023 16:46:17 +0000 https://kurir.mk/?p=830627

Украинското специјализирано обвинителство за борба против корупцијата денеска соопшти дека градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, е уапсен во врска со истрагата за наводна корупција, пренесуваат британските медиуми. Труханов беше избран за градоначалник на Одеса во 2014 година и е под истрага од 2017 година поради наводи за злоупотреба, кои тој ги негира. Според обвинителството, Врховниот антикорупциски суд на Украина (ВАКС) наредил на Труханов да му биде одреден двомесечен притвор, со алтернатива да плати кауција од 13,6 милиони гривни (речиси 372.000 долари) за кривичното дело злоупотреба на државни средства при откупот од страна на општинскиот совет на комбинатот „Крајан“. Судот делумно го уважи барањето на обвинителството, бидејќи обвинетиот не ја приложил претходно одобрената гаранција, соопшти Специјализираното антикорупциско обвинителство. На 25 април, ВАКС одреди кауција од 30,8 милиони гривни (844.000 долари) за градоначалникот на Одеса. На 9 јули 2019 година, Окружниот суд Малиновски во Одеса ги прогласи Труханов и неколку службеници од локалниот општински совет за невини, но обвинителството влижи жалба на одлуката. На 11 февруари 2021 година, Жалбениот совет на ВАКС ја укина ослободителната пресуда за сите обвинети во случајот и предметот го врати на ново судење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-antikoruptsisko-obvinitelstvo-naredi-apsene-na-gradonachalnikot-na-odesa/feed/ 0
Француската министерка Колона во посета на Одеса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskata-ministerka-kolona-vo-poseta-na-odesa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskata-ministerka-kolona-vo-poseta-na-odesa/#respond Thu, 26 Jan 2023 12:02:10 +0000 https://kurir.mk/?p=792283

Француската министерка за надворешни работи Катрин Колона денеска пристигна во Одеса, на југозападот на Украина, со цел да ја изрази поддршката на Франција за Украина пред првата годишнина од руската инвазија. „Во Одеса! За да ја одбележиме поддршката на Франција за суверенитетот на Украина, сега како и досега“, напиша Колона на Твитер. На денот на посетата на француската министерка, две клучни енергетски локации во регионот на Одеса беа оштетени во новото гранатирање на руските сили. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsuskata-ministerka-kolona-vo-poseta-na-odesa/feed/ 0
Британско МО: Со повлекувањето од Херсон Русите веројатно не ќе можат да ја остварат стратешката цел- копнен коридор кон Одеса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britansko-mo-so-povlekuvanjeto-od-herson-rusite-verojatno-ne-kje-mozat-da-ja-ostvarat-strateshkata-cel-kopnen-koridor-kon-odesa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britansko-mo-so-povlekuvanjeto-od-herson-rusite-verojatno-ne-kje-mozat-da-ja-ostvarat-strateshkata-cel-kopnen-koridor-kon-odesa/#respond Thu, 10 Nov 2022 09:06:18 +0000 https://kurir.mk/?p=758406

Способноста на Русија да ги задржи силите на западниот брег на Дњепар се најде под знак прашалник поради украинските удари на рутата за снабдување, наведуваат британски разузнавачи, додавајќи дека руските сили при повлекувањето уништиле повеќе мостови и веројатно поставиле мини за да го забават напредувањето на украинските сили. Загубата на западниот брег на Дњепар веројатно ќе ја спречи Русија во остварување на нејзината важна стратешка цел – воспоставување копнен коридор кон Одеса. Британските воени разузнавачи во најновиот извештај на Министерството за одбрана пишуваат за одлуката на Русија да ги повлече нејзините сили од Херсон, најголемиот град што Русите го окупираа од почетокот на војната. Како што наведуваат британските разузнавачи, руските сили ќе бидат ранливи со повлекување поради ограничениот број локации каде може да ја преминат реката Дњепар. Веројатно е дека повлекувањето ќе трае неколку дена, а притоа силите што ќе се повлекуваат, се верува оти ќе бидат покриени со артилериски оган од утврдените одбранбени позиции, се наведува во извештајот. Разузнавачите потсетуваат дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу нареде повлекување на руските сили од западниот брег на реката Дњепар во регионот Херсон во јужниот дел на Украина. Генералот Сергеј Суровикин, командантот на руските сили во Украина, потврди дека руските сили ќе се повлечат на одбранбените позиции покрај реката Дњепар, наведувајќи ги проблемите со снабдување како главна причина за одлуката. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britansko-mo-so-povlekuvanjeto-od-herson-rusite-verojatno-ne-kje-mozat-da-ja-ostvarat-strateshkata-cel-kopnen-koridor-kon-odesa/feed/ 0
Украинското жито стигна до брегот на Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-zito-stigna-do-bregot-na-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-zito-stigna-do-bregot-na-turcija/#respond Tue, 02 Aug 2022 16:59:01 +0000 https://kurir.mk/?p=713138

Првиот брод што вчера тргна од Одеса со украинско жито за светскиот пазар е регистриран денеска во водите на Црното Море во близина на брегот на Турција, јави ДПА. Бродот „Разони“, што плови под знамето на Сиера Леоне, вчера го напушти украинското пристаниште Одеса. Турското Министерство за одбрана соопшти дека се очекува вечерва околу 21 часот да стигне до влезот во Босфор. Координативниот центар во Истанбул е одговорен за инспекција на пратките со жито од три украински пристаништа до светските пазари, дел од неодамнешниот договор склучен меѓу Украина и Русија заедно со ОН и Турција. Предвидено е бродот да биде подложен на инспекција утре наутро од заеднички контролен тим. „Разони“, натоварен со околу 26.000 тони пченка, ќе продолжи за Либан по инспекцијата во Истанбул, процес за кој властите во тие земји се надеваат дека може да се повтори за идните пратки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskoto-zito-stigna-do-bregot-na-turcija/feed/ 0
Гутереш го поздрави отпловувањето на првиот брод од Одеса со украинско жито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-go-pozdravi-otplovuvanjeto-na-prviot-brod-od-odesa-so-ukrainsko-zito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-go-pozdravi-otplovuvanjeto-na-prviot-brod-od-odesa-so-ukrainsko-zito/#respond Mon, 01 Aug 2022 09:15:53 +0000 https://kurir.mk/?p=712477

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го поздрави денешното отпловување од украинското пристаниште Одеса на првиот трговски брод со жито од 26 февруари. Гутереш рече дека е хуманитарен императив да се осигура дека постоечките житарки и други прехранбени производи се наоѓаат на глобалниот пазар. Тој посочи дека бродот, кој тргнал за Триполи во Либан, бил натоварен со 26.537 тони пченка, прв испловил согласно договорот од Истанбул за извоз на жито со бродови од пристаништата во Црното Море, кој бил потпишан на 22 јули. Портпаролот на Гутереш, исто така, нагласи дека Светската програма за храна, огранок на Агенцијата за храна и земјоделство на ОН, планира да купи, натовари и испорача 30.000 тони пченица од Украина преку брод изнајмен од ОН, но најави дека ќе знае повеќе детали. во наредните денови. Денеска првиот брод натоварен со украинско жито го напушти украинското пристаниште Одеса од почетокот на рускиот напад, а како што соопшти мониторинг телото на ОН, бродот ќе биде прегледан во Истанбул, пред да го продолжи патувањето за Тирполи. На 22 јули Москва и Киев потпишаа посебни договори со Турција и ОН со што се создадоа услови за деблокирање на извозот на украинското жито. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-go-pozdravi-otplovuvanjeto-na-prviot-brod-od-odesa-so-ukrainsko-zito/feed/ 0
Остри осуди од ОН и ЕУ на руското ракетирање на Одеса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostri-osudi-od-on-i-eu-na-ruskoto-raketiranje-na-odesa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostri-osudi-od-on-i-eu-na-ruskoto-raketiranje-na-odesa/#respond Sat, 23 Jul 2022 15:36:00 +0000 https://kurir.mk/?p=709352

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и повеќето западни земји денеска експресно го осудија ракетниот напад на Русија врз пристаништето Одеса, само еден ден откако беше потпишан договорот за деблокирање на извозот на украинското жито преку Црното Море. „Генералниот секретар недвосмислено ги осудува денешните ракетни напади врз украинското пристаниште Одеса. Вчера сите страни презедоа јасна обврска на глобалната сцена да обезбедат безбедно движење на украинските житарки и сродни производи на глобалните пазари“, соопштија Обединетите нации. „Овие производи се очајно потребни за да се реши глобалната прехранбена криза и да се олесни страдањето на милиони луѓе ширум светот. Руската, украинската и турската имплементација на договорот е императив“, се додава во соопштението на ОН. Русија, Украина, Турција и ОН вчера во Истанбул потпишаа договор за деблокирање на извозот на жито од украинските пристаништа на Црното Море. Украина е еден од најголемите светски производители на жито, а од блокадата беа погодени и сиромашните земји зависни од украинското жито. Американската амбасадорка во Киев, Бриџит Бринк, изјави дека Кремљ „продолжува да ја користи храната како оружје и дека Русија мора да одговара за тоа“, додека шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок кажа дека тоа е „кукавички напад“ и дека „ова покажува дека потписот на Русија малку вреди“. Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, слично како и Баербок, рече дека нападот покажува дека Русија „не го почитува целосно меѓународното право и обврски“. Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко, изјави дека со ракетниот напад во Одеса, Путин ги „плукнал в лице генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и турскиот претседател, Реџеп Ердоган“. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, ја обвини Русија дека „систематски создава криза со храната и прави се за луѓето да страдаат“ и посочи дека најдобра заштита од тоа се санкциите и повеќе оружје за Украина. Портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Игнат изјави дека Русите ја гаѓале токму областа каде што се наоѓало житото. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, тврди дека „нападот докажува само една работа: што и да каже и ветува Русија, ќе најде начин тоа да не го спроведе (договорот за житарките). Руското Министерство за одбрана денеска не ги коментираше наводите за ракетниот напад врз Одеса.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostri-osudi-od-on-i-eu-na-ruskoto-raketiranje-na-odesa/feed/ 0