одгледување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 29 Oct 2022 09:31:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png одгледување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА ВО ФИРМА КАДЕ ШТО СЕ ОДГЛЕДУВА КАНАБИС: Недостасувале семки, пронадени околу 15 килограми марихуана за која немало известување дека ја поседуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policijata-upadna-vo-firma-kade-shto-se-odgleduva-kanabis-nedostasuvale-semki-pronadeni-okolu-15-kilogrami-marihuana-za-koja-nemalo-izvestuvanje-deka-ja-poseduvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policijata-upadna-vo-firma-kade-shto-se-odgleduva-kanabis-nedostasuvale-semki-pronadeni-okolu-15-kilogrami-marihuana-za-koja-nemalo-izvestuvanje-deka-ja-poseduvaat/#respond Sat, 29 Oct 2022 09:31:17 +0000 https://kurir.mk/?p=752286

Вчера (28.10.2022) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Комисијата за оценување на условите за простор, кадар и опрема за добивање на одобренија за добивање на дозвола за одгледување канабис за медицински цели и полициски службеници од СВР Битола, врз основа на претходно обезбедена наредба, извршија претрес и контрола во правно лице во с. Кравари, при што беше констатирано дека во сеф-собата недостасуваат семки за канабис растенија, како и 127 грама сув цвет од канабис, за што претходно известиле до Комисијата дека го поседуваат. Во сеф-собата се пронајдени 14 килограми и 800 грама сув цвет од канабис, за кој немаат доставено известување дека го поседуваат по завршена берба.Од извршениот увид во документацијата која правното лице ја има доставувано до Комисијата е констатирано дека правното лице не води соодветна евиденција, делумно нецелосно ги пријавува настанатите промени при одгледувањето на канабис, не известува за денот на почнувањето на бербата на канабисот, не доставува известувања за набрана влажна маса и не го пакува собраниот сув цвет од канабис согласно закон. Констатирано е дека правното лице при одгледувањето канабис за медицински цели има извршено неправилности спротивно на законот за контрола на опојни дроги, за што од извршената контрола од страна на Комисијата е составен записник за констатирана состојба, известен е јавен обвинител од ОЈО Битола и по обезбедување на целокупниот доказен материјал од страна на СВР Битола против сите инволвирани лица( одговорни лица во правното лице), како и против правното лице до ОЈО Битола ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95 од Закон за контрола на опојни дроги.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policijata-upadna-vo-firma-kade-shto-se-odgleduva-kanabis-nedostasuvale-semki-pronadeni-okolu-15-kilogrami-marihuana-za-koja-nemalo-izvestuvanje-deka-ja-poseduvaat/feed/ 0
Три лица под истрага за одгледување на марихуана во с.Карбинци ​ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-lica-pod-istraga-za-odgleduvanje-na-marihuana-vo-s-karbinci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-lica-pod-istraga-za-odgleduvanje-na-marihuana-vo-s-karbinci/#respond Tue, 14 Jun 2022 17:02:41 +0000 https://kurir.mk/?p=690866

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот законик. Осомничените, во периодот на месец март и април 2022 година заедно, како повеќе лица, неовластено набавиле семенски материјал од растението ,,Cannabis sativa“ од непознати лица и го засадиле на нива во атарот на с.Карбинци, сопственост на првоосомничениот. Откако растението достигнало висина од 30-60 сантиметри, првоосомничениот на 9 јуни ги искосил растенијата и ги оставил на парцелата да се сушат. Во текот на вчерашниот ден, првоосомничениот со трактор го обработил насадот, по што пристигнале и останатите осомничени за да ја утврдат состојбата со сушењето на марихуаната што неовластено заради производство и продажба на наркотична дрога ја одгледувале. Во полициската акција координирана од страна на предметниот јавен обвинител, осомничените се лишени од слобода, а на парцелата се пронајдени вкупно 15.415 стебла. При претрес на дом и други простории, во двор од куќата кај второосомничениот се пронајдени неовластено посадени и одгледувани 37 стебла марихуана. Воедно, при акцијата се пронајдени уште 690 стебла за кои по прибирањето на доказен материјал и по утврдувањето на сторителот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство. Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените. За ова кривично дело на сторителите согласно одредбите од Кривичниот законик им е запретена казна затвор од најмалку пет години.​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-lica-pod-istraga-za-odgleduvanje-na-marihuana-vo-s-karbinci/feed/ 0
Одгледувачите на свињи ќе бараат порадикални мерки за висоризичните фарми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odgleduvachite-na-svinji-kje-baraat-poradikalni-merki-za-visorizichnite-farmi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odgleduvachite-na-svinji-kje-baraat-poradikalni-merki-za-visorizichnite-farmi/#respond Sun, 09 Jan 2022 14:25:05 +0000 https://kurir.mk/?p=617210

Македонските одгледувачи на свињи ќе бараат порадикални мерки за да се спречи ширењето на африканската свинска чума. Бојан Ѓорѓиевски од Здружението на одледувачи на свињи „Македонско прасе“ вели дека порадикалните мерки ќе се однесуваат за високоризичните одгледувалишта, а ќе се однесуваат на нивна поголема контрола од институциите. Според него, афиканската свинска чума е заразно заблоување, кое не е опасно за луѓето, но доколку се појави и еден случај во една голема фарма се ништат сите свињи. Одгледувачите на свињи во моментов и официјално ги чекаат резултатите од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои треба да кажат дали заразата во делчевско Драмче е од дива свиња. -Ова е како корона вирус кај свињите. Во рок од три до пет дена може да угине цело стадо. Не постои вакцина против неа и единствено може да помогнат биосигурносните мерки. Не се пренесува на луѓето, а месото може да се користи со термичка обработка. Ќе чекаме од АХВ да видиме дали и официјално заразата е дојдена од дива свиња, по што ќе ги кажеме и нашите предлози за справување со болеста, вели Ѓорѓиевски. Тој најави дека во вторник ќе имаат прес-конференција во Скопје, кога ќе ги презентираат нивните барања. Во земјава од свињарството директно или индиректно живеат околу 10.000 семејства, дури 60 отсто од свињите се одгледуваат во индивидуални стопанства. Станува збор за бизнис од 100 милиони евра, пари кои остануваат во македонската економија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odgleduvachite-na-svinji-kje-baraat-poradikalni-merki-za-visorizichnite-farmi/feed/ 0
Фикусот ќе ви порасне до плафон – само прскајте го со оваа вода https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/fikusot-kje-vi-porasne-do-plafon-samo-prskajte-go-so-ovaa-voda/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/fikusot-kje-vi-porasne-do-plafon-samo-prskajte-go-so-ovaa-voda/#respond Thu, 16 Sep 2021 18:51:59 +0000 https://kurir.mk/?p=564571

Фикусот е омилена собна билка и спаѓа во фамилијата на дудинки (Moraceae), тоа е билка која се одликува со многубројни видови со различен раст и листови. На пример, „фикус еластика“ има големи листови со облик на заоблена елипса и шилести црвени пупки кај младите листови кои изгледаат многу декоративно додека фикусот „бенџамин“ има повеќе помали листови и најмногу наликува на дрво. РАЗМНОЖУВАЊЕ И РЕЖЕЊЕ НА ФИКУСОТ Повеќето билки од овој вид добро го поднесуваат режењето, па доколку сакате да го ограничите неговиот раст, најдобро е да ги покастрите до посакуваната големина. Отсечените гранчиња можете да ги користите за раз-множување така што ќе ги ставите во земја откако сте ги истретирале со прав за закоренување или сте ги чувале во вода додека да пуштат доволна мрежа од коренчиња. После орежувањето на билката мора внимателно да ја полевате и дури после еден месец да ја прихраните. НЕГУВАЊЕ НА ФИКУСОТ Честопати се случува фикусот да ги изгуби своите листови откако ќе го купите. Ова се должи на ст-ресот и ш окот кој го доживува ова растение поради транспортот и преносот на нова локација. Обезбедете му на фикусот многу светло и влага, односно редовно залевајте го во периодот на адаптација на новото живеалиште. На секои 14 дена прскајте ја билката или мијте и ги листовите со вода на собна температура или нежно млака вода. Доколку ги миете листовите, тоа можете да го правите со следниот раствор: во водата додајте неколку капки течен детергент, исперете ги листовите со нежната страна од сунѓерчето или памучна крпа, а потоа исплакнете ги со чиста вода. Главно, на овој начин се перат големолисните листови, додека ситнолисните фикуси може да се оштетат, па оваа постапка да доведе до сушење. Кај ваквите фикуси доволно е само да ги испрскате со нежен распрскувач. Со прскањето ја одржувате билката чиста од прашина и што е најважно, на тој начин спречувате вошки и други штетници да ја на-паднат билката. Фикусот не поднесува провев ниту нагли температурни промени, како ни селење, така што мора да внимавате на неговата локација, да не е изложен на директен провев во просторијата. Пожелно е покрај билката да забо-дете и цврст стап кој ќе го врзете како потпора додека стебленцето е сè уште младо. Во текот на стареењето најстарите листови најчесто отпаѓаат, но ако тоа и се случи на млада билка, тогаш веројатно пречесто ја залевате. Доколку листовите кои отпаѓаат имаат кафеави дамки, тоа укажува дека просторијата во која се наоѓа фикусот е престудена. Наводнување, прскање, вода и влага Фикусот е многу чувствителен на преголемо количество влага во земјата, но и на нередовно залевање, па во такви случаи листовите жолтеат и отпаѓаат. Затоа треба да се внимава да му се обезбеди добра дренажа, односно одвод на водата од цветниот сад. Внимавајте земјата секогаш да биде умерено влажна и никогаш целосно да не се исуши. Зимно време залевањето се сведува на еднаш неделно, додека летно време се полева двапати неделно. Фикусот не сака да има вода во подлошката, па после полевањето отстранете го вишокот вода што ќе се исцеди од саксијата. Летно време треба да се прихранува двапати месечно. ПРЕСАДУВАЊЕ НА ФИКУСОТ Кога е млад, фикусот треба да се пресадува еднаш годишно, додека старите билки може да се пресадуваат секои две до три години. На хумусната и растресита земја додајте малку песок и тресет. Со текот на годините фикусот Бенџамин развива убава мрежа од корења кои не смеат да се потсекуваат. Младите билки се пресадуваат во нешто поголеми саксии, а кога ќе станат возрасни, бидејќи многу е тешко да се пресадуваат, само отстранете го горниот дел од земјата и заменете го со свежа земја. Доколку се горните листови од фикусот послабо се развиваат од долните, односно се помали од долните, тоа значи дека билката гладува, па потребно и е итно пресадување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/fikusot-kje-vi-porasne-do-plafon-samo-prskajte-go-so-ovaa-voda/feed/ 0
Поведена истражна постапка против 4 лица – одгледувале канабис https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-istrazna-postapka-protiv-4-lica-odgleduvale-kanabis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-istrazna-postapka-protiv-4-lica-odgleduvale-kanabis/#respond Fri, 03 Sep 2021 10:59:08 +0000 https://kurir.mk/?p=558814

Постапувајќи по поднесената кривична пријава, Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, едно од с.Негорци и тројца од Гевгелија, заради постоење на основано сомневање дека сториле по едно кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Едновремено, обвинителството до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија поднесе Предлог за определување мерка притвор против осомничените, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека ќе се дадат во бегство. Осомничените во периодот од мај до септември 2021 година неовластено заради продажба произведувале наркотична дрога марихуана на седум локации на м.в.„Жабјак“ во близина на с.Негорци. Тие засадиле по околу 100 семки од растението канабис, ги наводнувале, ги отстранувале непотребите листови, ги врзувале со манила за да не се скршат. На 1 септември 2021 година, кога растенијата биле во фаза на цветање и со висина од 20 до 280 сантиметри, осомничените биле затекнати од страна на овластени службени лица во намерата да ги соберат цветните завршетоци за да ги сушат. При тоа, вкупно биле пронајдени 381 стебло од растението канабис односно по 95-96 стебла кај секој од осомничените. Од страна на Судијата на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија се донесени решенија со кои на осомничените им е определен куќен притвор во траење од по 30 дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-istrazna-postapka-protiv-4-lica-odgleduvale-kanabis/feed/ 0
Данска го забрани одгледувањето визони до крајот на 2021 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-go-zabrani-odgleduvanjeto-vizoni-do-krajot-na-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-go-zabrani-odgleduvanjeto-vizoni-do-krajot-na-2021-godina/#respond Tue, 22 Dec 2020 11:17:36 +0000 https://kurir.mk/?p=446631

Данскиот Парламент синоќа ја усвои забраната за одгледување визони до крајот на 2021 година, во обид да се спречи пренесувањето на коронавирусот од животни врз луѓе. “Данските одгледувачи на визони ја жртвуваа својата работа за општото добро. Ние им должиме голема благодарност”, напиша на Твитер министерот за храна, земјоделство и риболов, Расмус Прен, вчера веднаш по усвојувањето на одлуката. Министерот Прен изрази задоволство од усвојувањето на законот, нагласувајќи дека тој содржи јасни одредби за можна компензација на одгледувачите. Водечките опозициски партии, централно-десните либерали и популистичката Данска народна партија гласаа против. Данска од ноември досега има убиено 17 милиони визони, откако беше идентификувана првата мутирана трансмисија на коронавирус од животни врз луѓе. Владата потоа призна дека немала правен основа за ваквата мерка, како и за привремената забрана за размножување, што требаше да се регулира со посебен закон. Одлуката да се убијат визоните беше донесена откако се откри дека еден од петте типа на коронавирус поврзан со визоните ја ослабува способноста на луѓето да создаваат антитела, што може да ја загрози ефикасноста на вакцината. Данска е еден од водечките светски производители на крзно од визон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-go-zabrani-odgleduvanjeto-vizoni-do-krajot-na-2021-godina/feed/ 0
САД одобрија одгледување на генетски модифициран памук за храна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-odobrija-odgleduvanje-na-genetski-modificiran-pamuk-za-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-odobrija-odgleduvanje-na-genetski-modificiran-pamuk-za-hrana/#respond Thu, 18 Oct 2018 06:13:19 +0000 https://kurir.mk/?p=116513

Американските регулаторни тела одобрија фармерите да одгледуваат генетски модифициран памук за да може и семето од него да биде хранливо за луѓето.

Семето би било нов извор на храна со потенцијално богати протеини и може да се покаже како корисно во држави каде се одгледува памук, и истовремено владее неисхранетост на населението.

Инспекциската служба за контрола на растенија и животни во американското Министерство за земјоделство укина забрана за одгледување памук што е развиен од научници од Универзитетот АиМ во Тексас.

Семето на памукот на новоразвиеното растение се уште не може да се користи како храна во САД, бидејќи се чека на дозвола од Управата за храна и лекови (ФДА).

Памукот се одгледува во светот за производство на текстил, додека семето се користи за храна за животни, стока и овци кои имаат повеќе комори во желудникот.

Семето од памукот не се применува за исхрана на луѓето, бидејќи содржи големи количини токсини. Ако количината на семето на памук што моментов се произведува во светот се користи за исхрана, тоа би било доволно извор на протеини за речиси 575 милиони луѓе, нагласуваат научници.

МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-odobrija-odgleduvanje-na-genetski-modificiran-pamuk-za-hrana/feed/ 0