ОДИХР – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Nov 2021 08:37:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ОДИХР – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОДИХР ќе го презентира извештајот за вториот круг од локалните избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odihr-kje-go-prezentira-izveshtajot-za-vtoriot-krug-od-lokalnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odihr-kje-go-prezentira-izveshtajot-za-vtoriot-krug-od-lokalnite-izbori/#respond Mon, 01 Nov 2021 08:37:18 +0000 https://kurir.mk/?p=589074

Набљудувачката мисија на ОДИХР денеска ќе ги презентира своите наоди по вториот круг од Локалните избори 2021 во Република Македонија. На прес-конференцијата ќе се обрати Тана де Зулуета, шефица на Мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите и Штефан Краузе, заменик-шеф на Мисијата. Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР, во вториот круг ја сочинуваа 23 набљудувачи од 13 земји. Мисијата на ОДИХР излезе со прелиминарна оценка и ден по првиот круг од изборите, во која беше наведено дека локалните избори беа со натпреварувачки дух, со почитување на основните слободи, но дека се потребни суштински реформи во однос на изборното законодавство. Притоа беше наведено дека апаратите за отпечаток од прст го забавија гласањето, дека броењето на гласовите генерално било добро, но имало проблеми со сумирањето. Забележано било групно гласање, притисоци и купување гласачи, беше наведно во прелиминарниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори во Македонија. Цел на мониторингот како што велат од таму е оценување до кој степен изборите се одржуваат во согласност со заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни стандарди за демократски избори, како и со националното законодавство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odihr-kje-go-prezentira-izveshtajot-za-vtoriot-krug-od-lokalnite-izbori/feed/ 0
ОДИХР ќе ја соопшти прелиминарната оценка за вториот круг од локалните избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odihr-kje-ja-soopshti-preliminarnata-ocenka-za-vtoriot-krug-od-lokalnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odihr-kje-ja-soopshti-preliminarnata-ocenka-za-vtoriot-krug-od-lokalnite-izbori/#respond Mon, 01 Nov 2021 06:34:07 +0000 https://kurir.mk/?p=589021

Набљудувачката мисија на ОДИХР денеска ќе ги презентира своите наоди по вториот круг од Локалните избори 2021 во Северна Македонија. На прес-конференцијата ќе се обрати Тана де Зулуета, шефица на Мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите и Штефан Краузе, заменик-шеф на Мисијата. Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР, во вториот круг ја сочинуваа 23 набљудувачи од 13 земји. Со прелиминарна оценка Мисијата на ОДИХР излезе и ден по првиот круг од изборите одржани на 17 октовмри, во која се наведува дека Локалните избори беа со натпреварувачки дух, со почитување на основните слободи, но оти се потребни суштински реформи во однос на изборното законодавство. Мисијата нотираше меѓу другото и чести проблеми со уредите за биометриска идентификација на гласачите на самиот ден на изборите што по првпат беше воведена на овие избори. Иако ваквиот чекор беше генерално поздравен од повеќето политички партии како мерка за спречување на измама, според ОДИХР, на временската рамка за нејзина имплементација на национално ниво недостасуваше пилот проект или сеопфатно тестирање. Цел на мониторингот е оценување до кој степен изборите се одржуваат во согласност со заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни стандарди за демократски избори, како и со националното законодавство. Набљудувачката мисија на ОДИХР во земјава ја започна својата работа на 7 септември со тим од 16 експерти и 165 набљудувачи од 29 земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odihr-kje-ja-soopshti-preliminarnata-ocenka-za-vtoriot-krug-od-lokalnite-izbori/feed/ 0
Мисијата на ОДИХР ќе ја соопшти прелиминарната оценка за локалните избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misijata-na-odihr-kje-ja-soopshti-preliminarnata-ocenka-za-lokalnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misijata-na-odihr-kje-ja-soopshti-preliminarnata-ocenka-za-lokalnite-izbori/#respond Mon, 18 Oct 2021 09:59:23 +0000 https://kurir.mk/?p=581355

Мисијата на ОДИХР денеска ќе ја соопшти прелиминарната оценка од набљудувањето на локалните избори во Северна Македонија. Тана де Зулуета, шефица на Набљудувчката мисија за изборите на ОДИХР и Штефан Краусе, заменик шеф на мисијата во 15 часот на прес-конференција ќе ги презентираат своите наоди. Во Северна Македонија вчера се одржа првиот круг од седмите локални избори на кои се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. На 3 480 избирачки места, граѓаните можеа да го дадат својот глас за вкупно 10 831 кандидати од кои 299 за градоначалници, а останатите за советници, на 91 листа поднесена од група избирачи односно независни, и 31 листа од политички партии и коалиции. Право на глас имаа 1 824 864 граѓани. За Локалните избори 2021 што се одржуваа вчера акредитирани беа вкупно 1045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи. Мисијата за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР имаше акредитирано 217 набљудувачи. Шефицата на Мисијата Де Зулуета вчера во изјава за новинарите рече дека Мисијата ќе остане и за вториот круг од изборите, ако за тоа има потреба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misijata-na-odihr-kje-ja-soopshti-preliminarnata-ocenka-za-lokalnite-izbori/feed/ 0
ОДИХР ја започнува Специјалната мисија за проценка на изборите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odihr-ja-zapochnuva-specijalnata-misija-za-procenka-na-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odihr-ja-zapochnuva-specijalnata-misija-za-procenka-na-izborite/#respond Mon, 22 Jun 2020 14:53:28 +0000 https://kurir.mk/?p=361006

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) соопшти дека денеска официјално ја започнува Специјалната мисија за проценка на изборите (СМПИ) за предвремените парламентарни избори на 15 јули 2020 година во Северна Македонија. ОДИХР информира дека распоредувањето на мисијата следува по официјална покана од властите на Северна Македонија. Со Мисијата ќе раководи Лаима Андрикиене од Литванија и таа се состои од главен тим од осум интернационални експерти со седиште во Скопје. – СМПИ на ОДИХР ќе продолжи со набљудувањето на изборниот процес што започна со Мисијата за набљудување на изборите (МНИ) на тогаш закажаните предвремени парламентарни избори на 12 април 2020 година, кои беа прекинати поради пандемијата со COVID-19. Мисијата ќе ги процени изборите за нивната усогласеност со заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни обврски и стандарди за демократски избори, како и со националното законодавство, се наведува во соопштението на ОДИХР. Канцеларијата информира дека набљудувачите ќе ги следат фундаменталните аспекти на изборите, како што се регистрација на гласачите, регистрација на кандидатите, активности во кампањата и медиумско покривање на кампањата, работата на изборната администрација и релевантните државни органи, спроведување на правната рамка и решавање на изборните спорови. – СМПИ на ОДИХР исто така ќе спроведе квалитативно и квантитативно мониторирање на медиумското покривање на изборната кампања. Мисијата ќе оствари состаноци со претставници на релевантните власти и политички партии, граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница. При спроведувањето на своите активности, СМПИ на ОДИХР ќе соработува тесно со здравствените власти на Северна Македонија и ќе ги следи здравствените протоколи коишто ги имаат воспоставено, се наведува во соопштението. Канцеларијата информира дека СМПИ на ОДИХР нема да спроведе систематско или сеопфатно набљудување на постапките за гласање, броење и сумирање на гласовите на денот на изборите, во согласност со методологијата на ОДИХР за мисиите за проценка на изборите, меѓутоа членовите на мисијата ќе посетат ограничен број на избирачки места на денот на изборите – Ден по изборите, ОДИХР ќе ги објави своите прелиминарни заклучоци за изборниот процес и ќе разговара за своите наоди на прес-конференција. Конечниот извештај со проценка на целиот изборен процес, кој содржи препораки, ќе биде објавен приближно два месеци по завршувањето на изборниот процес, се додава во соопштението на Канцеларијата на ОДИХР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odihr-ja-zapochnuva-specijalnata-misija-za-procenka-na-izborite/feed/ 0
Се плаши ли Заев од народот па свесно ја турка Македонија во нова криза?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-plashi-li-zaev-od-narodot-pa-svesno-ja-turka-makedonija-vo-nova-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-plashi-li-zaev-od-narodot-pa-svesno-ja-turka-makedonija-vo-nova-kriza/#respond Mon, 15 Jun 2020 08:56:59 +0000 https://kurir.mk/?p=357960

Се плаши ли лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од народот па свесно ја турка државата во нова, овој пат политичка криза?! Пред три месеци Македонија ја зафати пандемијата со коронавирусот, а малку подоцна влезе и во очекуваната економска криза. Сведоци сме секој ден како другите држави прогласуваат победа над коронавирусот, денес тоа го стори и Еминуел Макрон, францускиот претседател. „Војната против епидемијата не е готова, но среќен сум поради оваа добиена прва битка против вирусот“, изјави Макрон. Предходно тоа го стори Црна Гора, а бројот кај нашите соседи секојдневно се намалува, а со тоа се враќа животот во нормала. Но во Македонија се случува обратното, бројот на заболени и починати од овој вирус драстично се зголеми, а економијата тоне се подлабоко и подлабоко. Дали ваквата ситуација во државата е поради задоцнетите мерки и не сериозност на македонските власти? Но од викендов Македонија е на прагот да влезе во нова криза, овој пат политичка. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е решен по секоја цена да оди на избори, без притоа да обезбеди конкретни протоколи со кои ќе се гарантира здравјето на граѓаните, без ОБСЕ и ОДИХР. Во секоја демократска и нормална држава, без набљудувачи нема избори, едноставно така функционира демократскиот свет, кој очигледно Зоран Заев го гледа поразлично од сите. Вчера прес-конференција одржа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој побара одложување на изборите за десетина дена, со цел да се обезбеди услови за фер и демократски избори. -ВМРО-ДПМНЕ има два услови и тоа се, најпрво да изработиме протоколи со кои што ќе го заштитиме здравјето на граѓаните и втората работа да имаме фер, демократски, инклузивни избори во оваа држава. Што значи тоа? Тоа значи дека првиот ден кога набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР ќе бидат во Македонија, веднаш по одржаната нивна прва прес конференција, следниот ден нека биде првиот ден од нашата кампања и од тој прв ден да го утврдиме датумот кога ќе бидат одржани овие избори. Според сегашната ситуација, она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија го антиципира ме првата возможна дата е средината на месец јули, рече Мицкоски. Тоа значи дека Зоран Заев доколку сака фер и демократски избори како што говори, треба да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и изборите да се одложат за само десетина дена и истите наместо на 5 јули да се одржат кон средината на истиот месец. Заев вчера веднаш по прес конференцијата на Мицкоски преку Фејсбук статус се огласи, каде повторно го повтори неговиот став, а тоа се избори на 5 јули. -Сите законски и уставни услови за одржување на изборите се исполнети. ДИК како извршно тело има обврска да ги спроведе изборите кои по закон и устав се на 5 јули. За непостапување по законите следува одговорност, напиша Заев. Ќе оди ли Македонија на избори без конкретни протоколи за заштита од коронавирусот и без набљудувачи од ОБСЕ и ОДИХР или власта на Заев ќе се вразуми и ќе го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ останува да видиме.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-plashi-li-zaev-od-narodot-pa-svesno-ja-turka-makedonija-vo-nova-kriza/feed/ 0
Заев сака изборен фалсификат без набљудувачи и прочистен список https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-saka-izboren-falsifikat-bez-nabljuduvachi-i-prochisten-spisok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-saka-izboren-falsifikat-bez-nabljuduvachi-i-prochisten-spisok/#respond Mon, 15 Jun 2020 08:53:34 +0000 https://kurir.mk/?p=357959

Речиси се поизвесно е дека Зоран Заев не се откажува од намерата да имаме избори на 5 јули идниот месец иако бројката на ново заразени расте од ден на ден и истата е троцифрена. Вчера регистрирани се рекордни 9 починати лица и 162 ново заразени лица со што бројката се искачи на 4.057 заразени лица и 188 починати од почетокот на епидемијата во земјава. И покрај овие бројки иако во регионот и Европа сите држави ги откажаа изборите за во иднина, кај нас власта е убедена дека има услови за избори и тоа за само 20-тина дена од денес. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека останува време СДСМ да се вразуми, а на Стево Пендаровски да покаже капацитет за државност и да прогласи вонредна состојба. -Избори може да се случат најрано во средината на јули, тогаш ќе имаме можност и за набљудувачка мисија, но и посигурни здравствени услови. СДСМ да не се коцка со здравјето на граѓаните, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Заев сака избори на кои ќе го загрози здравјето на граѓаните без набљудувачка мисија и без прочистен список. Одговорноста за такви едни избори е на Заев, но и за кризата која доаѓа со тоа. Зоран Заев мисли дека на ваков начин ќе избега од одговорност за криминалите. Заев не е во можност да обезбеди ниту услови за избори како во една Белорусија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Зоран Заев и СДСМ незрело и безобѕирно кон здравјето на граѓаните сакаат изборна кланица, со стотици заразени секој ден и по неколку мртви. Заев како најголем некрофил е спремен да кази преку мртви за функција. Заев е причината за избувнувањето на вториот пик на коронавирусот поради предвреме почнатата кампања. Заев прво го стави во ризик здравјето на своите сопартијци, кои заради неговата желба за власт завршија во карантин, а сега сака да ја зарази цела нација, се наведува во партиското соопштение. И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера преку прес-конференција истакна дека на избори ќе одат само доколку се заштити здравјето на граѓаните и доколку има набљудувачи на ОБСЕ и ОДИХР. Нашата земја како и многупати досега во историјата се соочува со дилема пред раскрсница, но оваа е доста важна од повеќе аспекти. Сериозната здравствена криза на површина ги извади сите слабости на нашиот систем и секако даде одговор на прашањето зошто оваа власт на чело со оваа раководство на СДСМ треба да си оди побрзо. Тоа го говорат бројките, тоа го говори таа опасна неспособност на Владата и отсуството на конзистентна политика и мерки, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Сигурно многумина од вас ќе се прашаат што значи ова одолговлекување на изборите, па натегање за датуми, игра на нерви, премостување и ситнење на недели. И ќе ја соопштам поентата, од нашата страна не е прашање на инаетење, туку единствено нешто за кое што се водевме овој период и ќе продолжиме да се водиме во иднина, а тоа е како да предложиме нов протокол за заштита на здравјето награѓаните. Желбата на ова раководство на СДСМ соопштена преку Зоран Заев најпрво беше избори на 7-ми јуни, па потоа велеа 14-ти, па 21 јуни.  Сега гледаме дека 5ти јули е претпоследниот предлог а најновиот датум за избори кој тој го става на маса е 8ми јули, чинам вчера го соопшти. Доколку прифатевме избори на било кој датум од претходно споменатите, еве на пример ако тоа беше 14-ти јуни како што Заев бараше, денес на овој ден требаше да има избори. Но, ќе потсетам дека ние вчера го имавме најцрниот ден на заразени и починати граѓани, дури 200 ново заразени и 8 починати од корона и оваа бројка доколку имаше претходно изборна кампања верувајте дека ќе беше неколку кратко поголема, а Македонија ќе имаше дополнителен хаос, вели Мицкоски. Тој додава дека според ова ќе имавме избори во вториот пик кога еве гледаме дека сме на врвот во светот според заразени по глава на жител. И затоа за мене е многу важно да се премости овој пик, да се создаде стабилизација на состојбата во некаква нормала а во меѓувреме да се прецизираат строги протоколи на гласање кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните. И кога тоа ќе се обезбеди да се оди на гласање со целосно почитување на уставот и законите. Ова пред се значи прочистен избирачки список и присутна мисија на ОБСЕ и ОДИХР во државата. -За мене навистина е поразително што ова раководство на СДСМ  тргна на избори еднострано и со диктат, а се уште немаме ниту прочистен избирачки список, ниту пак  присутна мисија на          ОБСЕ и ОДИХР во Македонија. Колку за споредба дури и во најмалку демократските земји, дури и во една Белорусија пред да отпочне кампањата мисијата на ОБСЕ и ОДИХР се наоѓа во државата, а Заев сака на мала врата со свој диктат и уцена да протурка матни избори какви досега од осамостојувањето до денес не сме имале, потенцираше на вчерашната прес-конференција Мицкоски. И претседателот на ДИК го урна планот на Заев за избори на 5-ти јули Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски смета дека нема причина за закажување на седница на ДИК како што бара СДСМ затоа што според него, за да продолжи целиот изборен процес треба прво претседателот на Собранието, Талат Џафери да донесе решение со нов датум за избори. За МИА вели дека ниту најавил седница, ниту, пак, планира да го направи тоа додека не добие решение од претседателот на Собранието. -Без да го добиеме тоа решение не гледам причина за седница. Тоа е според Изборниот законик. Од денеска сме во редовна состојба во државата и важи Изборниот законик, а не некои уредби што ги донесе Владата за време на вонредната состојба. Четворицата членови на ДИК од СДСМ и БЕСА ми пуштија пред два часа барање за свикување на седница. Согласно деловникот имаат право да побараат, меѓутоа во барањето се повикуваат на уредбите, а според мене и според многумина во државата и експертска и друга јавност и Уставниот суд уредбите важат само додека трае вонредната состојба. Немам рок за одговор, но ќе им одговорам дали ќе закажам или не седница. Им оставам сами да одлучат како ќе постапуваат, а јас нема да учествувам во незаконити дејствија, изјави Оливер Деркоски за МИА. Според шефот на Комисијата за ДИК да работи легитимно и легално треба решение од претседателот на Собрание кое е првиот основен столб во Изборниот законик како се организираат избори. -Претседателот на Собрението со решение го закажува датумот кога и да е, тоа мене не ме интересира кога ќе биде, битно е да има решение врз основа на кое ние после тоа планираме рокови и го носиме роковникот за избори. Без тој прв чекор не може да се организираат избори. Вториот основен чекор во Изборниот законик е избирачкиот список без кој, исто така, ако не е заклучен, потврден, прочистен комплетно согласно Методологијата за избирачки список донесена во февруари 2016 година од претходната ДИК не може да се зборува дека одите на легитимни избори, потенцира Дерковски. Спикерот на Собранието Талат Џафери засега не се изјаснува, но портпаролот на ДУИ Бујар Османи дненскс изјави дека избори без сите партии е можен влез во политичка и безбедносна криза.

Јаковлески: Потребни се избори на средина на јули, да се гарантира безбедноста на луѓето, но и меѓународниот мониторинг

Еден од основачите на партијата денес оценува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се покажал како одличен и државнички. Мане Јаковлески порачува дека избори на 5-ти и 8-ми нема да има. „Потребни се избори на средина на јули. Да се гарантира безбедноста на луѓето, но и меѓународниот мониторинг. Македонскиот народ по се’ што ни се’ случува, ќе излезе од кризата, но многу посилен и пообединет. ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Претседателот Христијан Мицкоски, единствено може да ја врати гордоста, достоинството и победничкиот дух на македонскиот народ“, порача тој.

Ковачки упати порака до раководството на СДСМ

Бројките на починати и заразени во Македонија секојдневно растат. Мерки нема. Власта крена раце од борбата со КОВИД-19 и свесно ја втурна државата во криза. Состојбата излезе од контрола поради неспособноста и неодговорниот однос на раководството на СДСМ, реагира Драган Ковачки. -Ја прогласија короната за победена, тргнаа во кампања и ете го резултатот од таа победа. И наместо раководството на СДСМ да се зафати со решавање на кризата, тоа брза на избори, за да спаси што може. Сепак, знаат и самите се свесни оти спас нема. Титаник веќе удри во сантата мраз и тоне, а капетанот на бродот се’ уште ги убедува и храбри патниците дека музиката што ја свири бродскиот оркестар е прекрасна. Но тој, капетанот, не им кажува дека за него има чамец што го подготвил за себе. На неодговорното, себично и анти-државно однесување, на соодветен државнички начин одговори Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски со 2 конкретни, оправдани и разумни барања за надминување на состојбата. За да одиме на избори потребни ни се прецизни процедури за заштита на гласачите и присуство на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР како гаранција за кредибилноста на целиот изборен процес, што за волја на вистината досега го испоганија со насилство и поткуп. Нема нешто што е поважно од безбедноста и здравјето на оние од кои ја бараме нивната поддршка, оти ние постоиме за нив, а не тие за нас, истакна тој. Ковачки упати порака до раководството на СДСМ: „Дајте да ги надминеме суетите и личните желби и во прв план да ги ставиме државните интереси. 7-10 дена плус или минус нема да сменат ништо во изборните резултати, но може да сменат многу во перцепцијата дали созреваме како демократска нација. Иако видовме колку сте (не)демократи, дајте барем на заминување заминете си со позитивна одлука за државата Македонија„.

Зошто 15-ти јули е првиот можен датум за избори?

ОБСЕ/ОДИХР објави конкурс за оценска мисија, која најрано може ја да испрати во Македонија на 19-21ви јуни. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека откако мисијата ќе дојде во земјава, од следниот ден би влегле во изборна кампања. Кампањата трае три недели, што значи дека и првиот можен датум за избори би бил 15-ти јули. Ден претходно, на 14-ти би гласале болните, лица во самоизолација и постари од 65 години. Ќе гласаат од своите домови. Доколку ОБСЕ/ОДИХР закасни со мисијата, тогаш датумот би бил поместен за подоцна. Инаку на вчерашниот ден кога Заев сакаше да има избори во земјава имавме над 160 заболени и рекордни 9 смртни случаи. Во мај годинава тој заедно со раководството на СДСМ тврдеа дека во јуни ќе се олабават мерките, вирусот ќе опадне и дека е идеално време за одржување на парламентарните избори во земјава. Граѓаните преку социјалните мрежи вчера само претпоставуваа што би се случило доколку вчера имавме избори со толкумина починати лица...
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-saka-izboren-falsifikat-bez-nabljuduvachi-i-prochisten-spisok/feed/ 0
Двесте и педесет краткорочни набљудувачи на ОБСЕ-ОДИХР на денот на изборите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dveste-i-pedeset-kratkorochni-nabljuduvachi-na-obse-odihr-na-denot-na-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dveste-i-pedeset-kratkorochni-nabljuduvachi-na-obse-odihr-na-denot-na-izborite/#respond Tue, 03 Mar 2020 14:42:33 +0000 https://kurir.mk/?p=311561

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) со 250 краткорочни набљудувачи на денот на изборите, но и со претставници на парламентарните собранија на ОБСЕ и Советот на Европа, како и свои долгорочни набљудувачи ќе ги набљудува претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април. -Нашите набљудувачи ќе ја следат секоја од фазите на изборите пред, во тек, па накусо и по завршувањето на изборите. Ќе ја набљудуваат кампањата, ќе го оценат законодавството, спроведувањето на изборите со сите чинители, политичките партии и нивните преставници, граѓанскиот сектор, но и судството кое е важно за процесот на поплаки околу изборите, рече на денешната прес-конференција Тана де Зулуета, шеф на Набљудувачката мисија за избори на ОДИХР. Таа најави дека ќе се врши мониторинг на медиумите како активност која редовно се спроведува и ги опфаќа телевизиите, печатените и онлајн медиумите. Ќе го оценуваме, рече таа и отстапеното време, но и квантитативните и квалитативните параметри. Де Зулуета одговарајќи на прашање во врска со неодамна донесените измени на Изборниот законик посочи дека е прерано да ги коментира, но потенцира дека во нив само дел се однесуваат на препораките изминатите препораки на ОБСЕ – ОДИХР во врска со изборниот процес. Таа запрашана кавка порака би испратила до учениците во изборниот процес, истакна дека улогата на Мисијата не е да насочува или советува, туку да набљудува. Потоа од тоа набљудување, ќе дадеме препораки кои треба да бидат прифатени и имплементирани. Во врска со можноста лажните вести да влијаат на изборниот процес, Де Зулуета истакна дека тоа е проблем со кој се соочуваат сите земји и проблем нотиран во сите избори кои ги набљудувала. Тенка е линијата меѓу пропагандата и намерната манипулација на информациите, рече таа. Свеста на граѓаните и нивните одлуки, додаде Де Зулуета, зависат од квалитетот на информациите што ги добиваат. Мисијата во земјава веќе набљудувала 18 избори, овие ќе бидат 19-ти. Ќе објави периодичен извештај за својата работа пред гласањето, а ден по изборите ќе објави прелиминарни наоди и заклучоци. Подоцна по завршување на изборите се очекува и конечен извештај во кој ќе бидат содржани препораки, кои како што рече, се надева дека ќе бидат земени предвид од властите во земјава со цел подобрување на сите натамошни изборни процеси. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dveste-i-pedeset-kratkorochni-nabljuduvachi-na-obse-odihr-na-denot-na-izborite/feed/ 0
Набљудувачката мисија на ОДИХР ќе ги претстави активностите за предвремените парламентарни избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nabljuduvachkata-misija-na-odihr-kje-gi-pretstavi-aktivnostite-za-predvremenite-parlamentarni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nabljuduvachkata-misija-na-odihr-kje-gi-pretstavi-aktivnostite-za-predvremenite-parlamentarni-izbori/#respond Tue, 03 Mar 2020 06:18:46 +0000 https://kurir.mk/?p=311236

Набљудувачите на ОДИХР за предвремените парламентарни избори во Македонија денеска во Скопје ќе одржат прва прес-конференција на која ќе ја претстават улогата на мисијата во изборите и планираните активности. На прес-конференцијата на прашањата од медиумите ќе одговара Тана де Зулуета, шеф на Набљудувачката мисија за избори на ОДИХР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nabljuduvachkata-misija-na-odihr-kje-gi-pretstavi-aktivnostite-za-predvremenite-parlamentarni-izbori/feed/ 0
Референдумот ќе го следат 11.907 домашни и 493 странски набљудувачи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/referendumot-kje-go-sledat-11-907-domashni-i-493-stranski-nabljuduvachi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/referendumot-kje-go-sledat-11-907-domashni-i-493-stranski-nabljuduvachi/#respond Wed, 26 Sep 2018 08:29:16 +0000 https://kurir.mk/?p=106169

Рекорден број домашни и странски набљудувачи ќе бидат на избирачките места во недела на 30 септември за да го следат процесот на изјаснување на граѓаните на Република Македонија за референдумското прашање. Официјалната бројка од ДИК на акредитирани домашни набљудувачи е 11.907, на странските набљудувачи е 493, а меѓународните организации акредитирале и 194 преведувачи. Покрај домашни, референдумот ќе го следат и странски новинари. ДИК акредитирала 83 новинари од 32 медиума, но, како што информираат оттаму, неколкумина новинари биле одбиени поради тоа што доставиле барање за акредитации по истекот рокот кој заврши на 24 септември на полноќ. Најмногу набљудувачи акредитирало Здружението за граѓански политики и иницијативи 5.574, потоа Сојузот на Здруженија на граѓани Македонска платформа против сиромаштија 3.736, НОВ МОСТ 1.882, Цивил – Центарот за слобода 307. Здружението Ленка 129, Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција Мак Сонце 119 набљудувачи, Здружението Национален ромски центар 46, Европско движење за град Скопје 44, Здружението Инклузива 40 и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид 30 набљудувачи. Референдумот во недела ќе го набљудуваат 197 монитори на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, а тие акредитирале и 129 преведувачи. Меѓународната невладина организација Светски македонски конгрес акредитирала 167 набљудувачи, Амбасадата на САД 35 набљудувачи и 47 преведувачи, Комитетот за отворена демократија тројца набљудувачи, Амбасадата на Албанија шест, исто толку набљудувачи акредитирале амбасадите на Франција и на Унгарија, како и седум преведувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа осум со еден преведувач, амбасадите на Косово и на Турција по четворица набљудувачи, Амбасадата на Велика Британија и Северна Ирска девет, Делегацијата на Европска Унија 20, Републичката изборна комисија на Србија двајца, Холандската амбасада тројца набљудувачи, Амбасадата на Чешка двајца, Амбасадата на Шведска петмина набљудувачи, Канадската амбасада еден, Амбасадата на Германија двајца набљудувачи, како и ДИК на Турција, Амбасадата на Украина еден набљудувач и Меѓународното здружение на човекови права во Македонија четворица набљудувачи. Од акредитираните странски медиуми најмногу акредитирала Ал Џезаира Балкан 15 новинари, потоа Асошиетед прес 11, ТВ Алфа од Грција тројца новинари, Австрискиот јавен сервис четворица, ТВ Антена исто така тројца, останатите медиуми имаат акредитирано по еден или по двајца новинари. Рокот за пријавување на набљудувачи и медиуми заврши на 24 септември на полноќ. На последното изјаснување на граѓаните на Македонија - Локалните избори на 15 октомври лани, беа акредитирани 5011 домашни и 337 странски набљудувачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/referendumot-kje-go-sledat-11-907-domashni-i-493-stranski-nabljuduvachi/feed/ 0