одложена седница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Jan 2019 09:24:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png одложена седница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Седницата на Апелација за жалбата на Јанкулоска одложена за 25 февруари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednicata-na-apelacija-za-zalbata-na-jankuloska-odlozena-za-25-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednicata-na-apelacija-za-zalbata-na-jankuloska-odlozena-za-25-fevruari/#respond Mon, 28 Jan 2019 09:24:21 +0000 https://kurir.mk/?p=157315

Денешната јавна седница на Апелцискиот суд за жалбата на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за пресудата во случајот „Тенк“, е одложена поради неприсуство на нејзините адвокати Боро Тасевски и Сања Алексиќ. Како што беше кажано на седницата, адвокатите доставиле писмен поднесок со кој побрале одлагање на бидејќи поради други обврски биле спречени да дојдат. Јанкулоска дојде на денешната седница, а од СЈО беа присутни обвинителите Фатиме Фетаи и Стревчо Донев. Нова јавна седница по жалбата  на Јанкулоска е закажана на 25 фебвруари во 9:30 часот. Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“, на 8 октомври минатата година беше осудена на шест години затвор. При набавката на службениот „мерцедес“ за поранешниот премиер, Никола Груевски, Јанкулоска ја злоупотребила службената положба и овластувања при што била нарушена и тендерската постапка бидејќи бил фаворизиран еден економски оператор. Кривичниот суд во предметот за набавката на владиниот „мерцедес“, вреден 600 илјади евра, го осуди првообвинетиот Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а второобвинетиот Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото на две години затвор. Апелацискиот суд во целост ја потврди првостепената пресуда за Никола Груевски, а делумно ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на четири и полгодини затвор
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednicata-na-apelacija-za-zalbata-na-jankuloska-odlozena-za-25-fevruari/feed/ 0