одложени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 May 2023 11:48:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png одложени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повторно одложени завршните зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-odlozheni-zavrshnite-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-odlozheni-zavrshnite-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/#respond Wed, 10 May 2023 09:09:37 +0000 https://kurir.mk/?p=832595

По втор пат се одложи рочиште за завршни зборови во судскиот процес за неколку кривични дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово во септември 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. Поради отсуство на адвокатот на еден од обвинетите, поранешниот директор Артан Етеми, судијата Јордан Велковски го презакажа судењето за 29 мај во 10 часот. Претходно на 25 април завршните зборови беа одложени за денеска поради отсуство на еден од обвинетите, поранешниот директор на болницата Флорим Бесими. Доказната постапка во судскиот процес заврши со последните сведоци кои беа сослушани на 6 април. И денеска повторно група граѓани се собраа пред судот во Тетово на мирен собир за да искажат поддршка за обвинетиот д-р Бобан Вучевски. -На правдина го теретат докторот. Треба да одговара тој што ја градел болница, а не доктор кој ги лечел луѓето, што спасувал животи. Бил добар доктор. Наместо во болница го малтретираат тука, истакнаа граѓаните. Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се теретат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се терети за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Обвинетите на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но дека не чувствуваат вина. Судењето започна во декември 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-odlozheni-zavrshnite-zborovi-vo-sudskiot-protses-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/feed/ 0
КОНМЕБОЛ ги одложени мартовските квалификации за СП 2022 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/konmebol-gi-odlozeni-martovskite-kvalifikacii-za-sp-2022/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/konmebol-gi-odlozeni-martovskite-kvalifikacii-za-sp-2022/#respond Sat, 06 Mar 2021 21:32:49 +0000 https://kurir.mk/?p=478303

Фудбалската конфедерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) донесе одлука за одложување на квалификациските натпревари во март 2022 година, објави прес-службата на организацијата. Тренери на голем број европски клубови изјавија дека не сакаат да ги ослободуваат своите играчи во своите репрезентации поради ограничувањата за преминување на границите низ целиот свет, предизвикани од пандемијата на коронавирус. Претходно, една од опциите беше одржувањето на натпреварите на селекциите од Јужна Америка во услови на таканаречениот „меур“ во еден од европските градови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/konmebol-gi-odlozeni-martovskite-kvalifikacii-za-sp-2022/feed/ 0
Одложени сите културни манифестации во Кавала поради зголемен број случаи на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odlozeni-site-kulturni-manifestacii-vo-kavala-poradi-zgolemen-broj-sluchai-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odlozeni-site-kulturni-manifestacii-vo-kavala-poradi-zgolemen-broj-sluchai-na-kovid-19/#respond Tue, 04 Aug 2020 10:14:20 +0000 https://kurir.mk/?p=385894

Локалните власти во грчкиот град Кавала ги откажаа сите културни манифестации закажани за оваа седмица, донесоа одлука задолжително да се носи маска и на пазарите, а затворени се и општинските спортски објекти поради зголемениот број случаи на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, заменикот префект и градоначалникот на Кавала, Костас Андониадис и Тодорор Муриадис, по одржаниот состанок со надлежните ги соопштија одлуките, објаснувајќи дека се очекува да се откажат и закажаните фестивали, но и концерти. Паралелно, до 16 август ќе бидат затворени општинските спортски објекти со одлука на заменикот градоначалник на Кавала задолжен за спорт. Националната организација за јавно здравје на Грција, веќе започна масовно тестирање на блиските контакти на веќе потврдените случаи. Во изминатите денови, во грчкиот град беа откриени над 25 позитивни случаи во фабрика за месо. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odlozeni-site-kulturni-manifestacii-vo-kavala-poradi-zgolemen-broj-sluchai-na-kovid-19/feed/ 0