одложено судење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 10:12:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png одложено судење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одложено денешното рочиште од судскиот процес што пред Основниот суд во Охрид се води за случајот Пендиков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/odlozheno-deneshnoto-rochishte-od-sudskiot-protses-shto-pred-osnovniot-sud-vo-ohrid-se-vodi-za-sluchajot-pendikov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/odlozheno-deneshnoto-rochishte-od-sudskiot-protses-shto-pred-osnovniot-sud-vo-ohrid-se-vodi-za-sluchajot-pendikov/#respond Thu, 26 Oct 2023 10:12:14 +0000 https://kurir.mk/?p=893326

Пред Основиот суд во Охрид и денеска не се одржа закажаното рочиште од процесот што се води предметот во врска со нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид. Причина за одлагањето беше тоа што застапникот на одбраната се уште не го добил обвинителниот акт против второобинветиот во процесот. Во судницата беа присутни оштетениот Пендиков, првообвинетиот во предметот Илија Спасески и за првпат и второобвинетиот Борче Ангелов од Битола. Застапникот на двајцата обвинети, адвокатот Димитрија Цобоски, рече дека не му е позната содржината на обвинението за второобвинетиот. - Обвинителот поднесе обвинение и против вториот обвинет во предметот. Мене не ми е позната содржината на тоа обвинение, не ми се познати доказите, добив покана само за предметот против првообвинетиот, така што потребно е време да се подготвиме и да ги провериме доказите и да ја подготвиме одбраната, рече тој. Судијата Бојан Мартиноски на денешното рочиште појасни дека за двајцата обвинети ќе се води една судска постапка, а дека околностите под кои се случила тепачката ќе се докажуваат на следните рочишта. Основното јавно обвинителство од Судот побара на второобвинитетиот Ангелов да му се одземат пасошот и личната карта, за да не може да ја напушти државата. Адвокатот Стефан Камишевски, застапник на оштетениот, немаше коментар на денешната одлука на Судот да го одложи денешното рочиштето, изразувајќи уверување дека веќе на следното рочиште ќе почне постапката со изведување на предложените докази, како на обвинителството така и на одбраната. Следното рочиште од процесот е закажано за 1 декември. Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари пред угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Пендиков беше префрлен на лекување во Бугарија, каде доби и бугарско државјанство кое му беше врачено од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/odlozheno-deneshnoto-rochishte-od-sudskiot-protses-shto-pred-osnovniot-sud-vo-ohrid-se-vodi-za-sluchajot-pendikov/feed/ 0
Судењето за „Беса Транс“ се одложи за 2 февруари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-besa-trans-se-odlozi-za-2-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-besa-trans-se-odlozi-za-2-fevruari/#respond Fri, 23 Dec 2022 10:09:24 +0000 https://kurir.mk/?p=779539

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска се одложи судењето за „Беса Транс“ поради симптоми на Ковид-19 на обвинетиот сопственик на компанијата, Беким Хаџиу. Асмир Алиспахиќ, бранителот на обвинетиот, до судот достави потврда за направен тест за Ковид-19 и кажа дека до овој момент не добиле резултати. – Ковид-19 е болест од пандемиски размери, па најдобро беше да не доаѓа денеска, рече бранителот. Сопственикот и управител на „Беса Tранс“, Беким Хаџиу, и застапникот на правното лице „Беса Транс“, Шабан Хоџа, на изминатото рочиште изјавија дека не се чувствуваат виновни за „фалсификување на исправа“. Според обвинителниот акт, обвинетиот 41-годишник, Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски. Следното рочиште е насрочено за 2 февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-besa-trans-se-odlozi-za-2-fevruari/feed/ 0
Одложено судењето против Лидија Димова, не се појавила на суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-sudenjeto-protiv-lidija-dimova-ne-se-pojavila-na-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-sudenjeto-protiv-lidija-dimova-ne-se-pojavila-na-sud/#respond Mon, 14 Nov 2022 10:06:24 +0000 https://kurir.mk/?p=760159

Судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, е одложено за 2 февруари, откако првообвинетата денеска не се појави во Основниот кривичен суд – Скопје. Како што информираше судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, обвинетата со поднесок до Судот побарала одложување на рочиштето поради влошена здравствена состојба. Одложување побарала и јавната обвинителка, бидејќи поради неодложни службени обврски била спречена да присуствува на првото насрочено рочиште. Советот реши да го одложи судењето за 2 февруари 2023 година. Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, се гони за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница. Александар Гочев за кривично дело „измама“, исто така, на штета на Европската заедница и Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“. Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-sudenjeto-protiv-lidija-dimova-ne-se-pojavila-na-sud/feed/ 0