одложување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Oct 2022 10:55:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png одложување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Путин одобри одложување на мобилизацијата за студентите, докторантите и лекарите на специјализација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-odobri-odlozuvanje-na-mobilizacijata-za-studentite-doktorantite-i-lekarite-na-specijalizacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-odobri-odlozuvanje-na-mobilizacijata-za-studentite-doktorantite-i-lekarite-na-specijalizacija/#respond Thu, 06 Oct 2022 10:55:10 +0000 https://kurir.mk/?p=741845

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша указ со кој на студентите, докторантите и лекарите на специјализација им се дозволува да ја одложат мобилизацијата. Одложување на мобилизацијата важи за редовните и вонредните студенти на државните акредитирани универзитети, факултети и научни организации, како и во иновативни научни и технолошки центри и во духовни и образовни организации. Путин истакна дека со новата регулатива опфатени се и студентите на акредитираните приватни универзитети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-odobri-odlozuvanje-na-mobilizacijata-za-studentite-doktorantite-i-lekarite-na-specijalizacija/feed/ 0
Се одложи судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово поради отсуство на дел од обвинетите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odlozi-sudenjeto-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo-poradi-otsustvo-na-del-od-obvinetite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odlozi-sudenjeto-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo-poradi-otsustvo-na-del-od-obvinetite/#respond Tue, 06 Sep 2022 08:21:12 +0000 https://kurir.mk/?p=729320

Поради отсуство на дел од обвинетите се одложи судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово и се презакажа за 14 октомври во 10 часот. До судење дојде откако на 27 јули Обвинителството поднесе обвинителен предмет од Основен суд Тетово. Со тој предлог ОЈО Тетово ги обвини двајцата директори на Клиничка болница Тетово Ф.Б и А.Е за кривично дело тешки дела против општата сигурност и докторот Б. В за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правното лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Обвинилтеството десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, електроинжинер и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија. Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, информираше обвинителството. Тогашните двајца директори на тетовската болница поднесоа оставки, но останаа на функциите се до преструктуирањето во Владата. Пожарот во модуларната ковид болница се случи на 8 септември минатата година. Во огнената стихија која за неколку минути до темел го изгоре објектот, животот го загубија 14 луѓе, а повеќе пациенти беа тешко повредени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odlozi-sudenjeto-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo-poradi-otsustvo-na-del-od-obvinetite/feed/ 0
Австралиската влада барала одложување на судењето на Новак, Федералниот суд го одбил барањето – до вторник треба да се знае дали ќе игра на турнирот https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/avstraliskata-vlada-barala-odlozuvanje-na-sudenjeto-na-novak-federalniot-sud-go-odbil-baranjeto-do-vtornik-treba-da-se-znae-dali-kje-igra-na-turnirot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/avstraliskata-vlada-barala-odlozuvanje-na-sudenjeto-na-novak-federalniot-sud-go-odbil-baranjeto-do-vtornik-treba-da-se-znae-dali-kje-igra-na-turnirot/#respond Sun, 09 Jan 2022 09:52:57 +0000 https://kurir.mk/?p=617139

Министерката за внатрешни работи на Австралија, Карен Ендрјуз, побарала дополнително време за да се подготви за сослушувањето во врска со визата на Новак Ѓоковиќ. Според локалните медиуми, барањето ја покажува фрустрацијата на федералната Влада. Како што објави „Хералд сан“ во саботата, министерката Ендјуз побарала сослушувањето да биде одржано во среда, по локално време. Адвокатите на Ѓоковиќ веднаш го обжалиле барањето. Судијата задолжен за овој случај го одбил барањето на министерката. Новак Ѓоковиќ, на полноќ по средно-европско време а 10 часот по локално време, ќе се појави во Мелбурн пред Федералниот суд. Според главниот адвокат на фирмата „Томсон Гир“, Џастин Квил, оовј потег на министерката е „дополнително кревање на врева“ бидејќи „властите очекуваат да бидат поразени во овој спор“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/avstraliskata-vlada-barala-odlozuvanje-na-sudenjeto-na-novak-federalniot-sud-go-odbil-baranjeto-do-vtornik-treba-da-se-znae-dali-kje-igra-na-turnirot/feed/ 0
Поради коронавирусот одложени 8 дуели во кошаркарската Евролига https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poradi-koronavirusot-odlozeni-8-dueli-vo-kosharkarskata-evroliga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poradi-koronavirusot-odlozeni-8-dueli-vo-kosharkarskata-evroliga/#respond Wed, 05 Jan 2022 17:00:03 +0000 https://kurir.mk/?p=616253

Раководството на кошаркарската Евролига одложи вкупно осум дуели, кои требаше да се одиграат утре и задутре, поради зголемениот број заразени со коронавирус во екипите. За четврток беа закани натпреварите Црвена ѕвезда – Фенербахче, Алба – Панатинаикос, Макаби – Басконија и Реал Мадрид – Уникс, додека в петок требаше да се одиграат уште четири дуели, ЦСКА Москва – Барселона, Ефес – Баерн Минхен, Жалгирис – Олимпијакос и Асвел – Монако. Единствениот натпревар кој остана на програмата в петок е меѓу Милано и Зенит. Евролигата соопшти дека во консултации со екипите ќе одреди нови термини за одигрување на одложени натпревари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poradi-koronavirusot-odlozeni-8-dueli-vo-kosharkarskata-evroliga/feed/ 0
Заев го одлага поднесувањето на оставките, тврдат извори во СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-go-odlaga-podnesuvanjeto-na-ostavkite-tvrdat-izvori-vo-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-go-odlaga-podnesuvanjeto-na-ostavkite-tvrdat-izvori-vo-sdsm/#respond Tue, 09 Nov 2021 21:16:36 +0000 https://kurir.mk/?p=593372

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев ќе го одложи поднесувањето на оставките се до стабилизирање на земјата, а како е еден од аргументите за одложување на оставката е можноста Република Македонија да ги започне преговорите со ЕУ во декември. Според извори во СДСМ, Извршниот и Централниот одбор на вечершните седници го овластиле Заев да преговара за зголемување на парламентарното мнозинство. Телма, пак јави дека во врска со оставката на премиерската функција Заев ќе чека до сабота, по гласањето за доверба на Владата, но бил дециден дека ќе ја депонира. Најавено е по завршувањето на седницата на ЦО изјава да даде членот на раководството на СДСМ и градоначалник на Валандово, Перо Костадинов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-go-odlaga-podnesuvanjeto-na-ostavkite-tvrdat-izvori-vo-sdsm/feed/ 0
Во Косово одложен почетокот на школската година https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-kosovo-odlozen-pochetokot-na-shkolskata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-kosovo-odlozen-pochetokot-na-shkolskata-godina/#respond Thu, 26 Aug 2021 13:51:22 +0000 https://kurir.mk/?p=555285

Почетокот на учебната година во Косово е поместен од 1 септември на 13 септември поради моменталната епидемиолошка состојба, одлучи денеска Министерството за образование при привремените установи во Приштина. Според приштинска Коха, се очекува дека одлуката наскоро ќе биде официјално објавена. Министерот за образование Арбери Нагавци на Фејсбук објави дека враќањето на училиште мора да биде безбедно и дека интересот на децата е примарен при донесување одлуки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-kosovo-odlozen-pochetokot-na-shkolskata-godina/feed/ 0
Англија го одложи отворањето најавено за 21 јуни: Џонсон наскоро треба да ја објави одлуката https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anglija-go-odlozi-otvoranjeto-najaveno-za-21-juni-dzonson-naskoro-treba-da-ja-objavi-odlukata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anglija-go-odlozi-otvoranjeto-najaveno-za-21-juni-dzonson-naskoro-treba-da-ja-objavi-odlukata/#respond Mon, 14 Jun 2021 06:28:00 +0000 https://kurir.mk/?p=522996

Министрите во британската влада потпишаа предлог за одложување на укинувањето на сите епидемиолошки мерки од 21 јуни, а добро информирани извори во владата најавуваат дека активните мерки ќе останат во сила најмалку четири недели по тој датум. Би-Би-Си во утринскиот извештај известува дека ноќните клубови ќе бидат затворени до ново известување и дека граѓаните ќе бидат охрабрени да продолжат да работат од дома секогаш кога е можно, а премиерот Борис Џонсон се очекува лично да ја потврди оваа одлука на владата во текот на денот. Владата потоа ќе достави предлог до парламентот за гласање, каде се очекува сериозно противење на британските конзервативци, иако значителен дел од британската експертска јавност апелираше да се одложи укинувањето на мерките со цел да се вакцинираат што повеќе граѓани со втора доза. Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Доминик Раб, изјави дека одлуката за одложување на укинувањето на сите ограничувачки мерки ќе зависи од тоа дали е влошена врската помеѓу бројот на новозаболени и бројот на хоспитализирани. Во меѓувреме, бројот на нови случаи на заразени т.н. Делта-сојот на коронавирус во Велика Британија е во пораст. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anglija-go-odlozi-otvoranjeto-najaveno-za-21-juni-dzonson-naskoro-treba-da-ja-objavi-odlukata/feed/ 0
Одложувањето на втората доза на вакцината на Фајзер кај постарите лица резултира со поголеми нивоа на антитела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odlozuvanjeto-na-vtorata-doza-na-vakcinata-na-fajzer-kaj-postarite-lica-rezultira-so-pogolemi-nivoa-na-antitela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odlozuvanjeto-na-vtorata-doza-na-vakcinata-na-fajzer-kaj-postarite-lica-rezultira-so-pogolemi-nivoa-na-antitela/#respond Fri, 14 May 2021 08:57:30 +0000 https://kurir.mk/?p=510184

Вакцината на Фајзер/Бионтек против коронавирус кај постари лица произведува три и пол пати поголема реакција на антитела кога втората доза се одложува до 12 недели по првата, покажа британско истражување. Ова е прва студија која директно го споредува производството на антитела по тринеделен интервал помеѓу две дози, како што е препорачано од Фајзер/Бионтек, и продолжен интервал до 12 недели помеѓу две дози, што многу земји го воведоа во недостиг на вакцини за да ги опфатат многу повеќе луѓе со прва доза на вакцина и со тоа барем делумно да се заштити поголем број на луѓе од смртоносната болест. Откако Велика Британија исто така воведе поголем период меѓу двете дози, производителите на вакцината на компанијата Фајзер/ Бионтек изјавија дека нема податоци за да се обезбеди научна основа за таквата одлука. Но, компаниите признаа дека јавните здравствени интереси за заштита на што поголем број жители можат да бидат земени предвид. Тогаш истражувањата веќе покажаа дека единечна доза од вакцината Фајзер обезбедува значителна заштита од болеста. – Нашата студија покажува дека врвот на одговорот на антителата по втората доза на Фајзер е значително зголемен кај постарите лица кога се одложува до 12 недели, изјави авторот на студијата Хелен Пари од Универзитетот во Бирмингем. Во многу европски земји, вакцината на Фајзер/Бионтек почна да се применува пред да се донесе одлука за продолжување на интервалот помеѓу двете дози, па така, мал дел од луѓето беа вакцинирани со втората доза по 21 ден, како што препорачува производителот. Со студијата, која сè уште не поминала научна рецензија, биле опфатени 175 лица на возраст од 80 до 99 години и утврдено е дека продолжувањето на интервалот меѓу две дози го зголемува врвот на создавање на антитела за три и пол пати во споредба со луѓето кои го примиле втора доза по три недели. Антителата се дел од имунолошкиот систем, а вакцината исто така го стимулира производството на Т-клетки, кои исто така учествуваат во одбраната на организмот од инфекција. Врвот на Т-клетките бил поголем во групата која ја добила втората доза по три недели, па авторите на студијата предупредуваат дека сè уште не можат да извлечат заклучоци за нивото на заштита што го има едно лице во зависност од интервалот меѓу две дози на вакцини. Но, земајќи ги предвид овие податоци во комбинација со нивото на заштита што го обезбедува првата доза на вакцина против хоспитализација и смрт од Ковид-19, Институтот за јавно здравје на Англија процени дека студијата дополнително го поддржува британскиот пристап за вакцинација со кој се зголемува периодот помеѓу две дози вакцини и така со првата доза се опфатени и заштитени голем број лица. – Пристапот за кој се одлучи Велика Британија со одложување на втората доза на вакцина навистина се исплати, рече Гајатри Амирталингам, епидемиолог во Англискиот институт за јавно здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/odlozuvanjeto-na-vtorata-doza-na-vakcinata-na-fajzer-kaj-postarite-lica-rezultira-so-pogolemi-nivoa-na-antitela/feed/ 0
Услови за попис нема и истиот треба да биде одложен на неопределено време! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovi-za-popis-nema-i-istiot-treba-da-bide-odlozen-na-neopredeleno-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovi-za-popis-nema-i-istiot-treba-da-bide-odlozen-na-neopredeleno-vreme/#respond Thu, 11 Mar 2021 10:31:24 +0000 https://kurir.mk/?p=480645

Не постојат услови за спроведување на легитимен попис на населението и истиот треба да биде одложен на неопределено време! Пописот кој што го упорно го турка власта во време на пандемија треба да биде одложен на неопределено време од повеќе причини, како: -Загрижувачкиот раст на новозаболени од Ковид-19, -Необезбедените вакцини против коронавирусот, -Невакцинираните попишувачи, -И, стравот на секој граѓанин од можна зараза со смртоносниот вирус за време на попишување. За пописот кој што упорно го турка и по секоја цена сака да го спроведе владата на Заев најпрвин треба да се обезбедат вакцини против корона, со кои би се вакцинирале сите попишувачи во земјата, а претставува проблем бидејќи станува збор за голем на број на попишувачи а вакцини нема нигде, додека времето немилосредно си тече, со што одлужувањето на пописот го прави незибежен. Сакале властите или не, пописот ќе мора да го одложат и тоа за некое друго време бидејќи, на граѓаните здравјето и животот им е побитно, отколку желбата на власта да истурка попис во време на пандемија, каде што секој еден може да биде потенцијално заразен од оние кои што треба да ги посетуваат домовите на илијадници граѓани. А доколку власта сепак се одлучи поради лични и партиски интереси да го спроведува пописот на населението, како што е и предвидено, а во време на здравствена криза и со невакцинирани попишувачи, можно е да дојде до непосакуван „нуклеарен бран“ на корона во земјата и свесно би придонела во „екзекуција“ на сопствениот народ. Во моментов секој треба да биде свесен какви чекори презема, и дали истите можат да се изведат без било какви последици по здравјето и животот на граѓаните. Затоа владата од таа причина најпрвин мора да ги обезбеди потребните вакцини за вакцинирање на попишувачите, да се вакцинира дел од населението, па откако ќе се создадат минимални услови па дури тогаш треба да се размислува за евентуален попис во републиката. Се додека не се создадат ваквите услови и попишувачите кој што ќе ја спроведуваат теренската анкета не бидат вакцинирани, како и дел од населението во Македонија попис не треба да има, односно најпрвин пандемијата со коронавирусот треба да се стави под контрола, граѓаните да се чувствуваат безбедно, па дури тогаш да се покрене темата околу пописот. Услови за легитимен попис во моментов не постојат, и затоа истиот треба да биде одложен на неопределено време, се додека ситуацијата со коронавирусот не биде ставена под целосна контрола, со што и греѓаните би се чувствувале побезбедни и сигурни за својот живот и животот на своите најблиски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uslovi-za-popis-nema-i-istiot-treba-da-bide-odlozen-na-neopredeleno-vreme/feed/ 0
Андоновска: Не го жртвувајте народот, доста пропативме, одложете го пописот!? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovska-ne-go-zrtvuvajte-narodot-dosta-propativme-odlozete-go-popisot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovska-ne-go-zrtvuvajte-narodot-dosta-propativme-odlozete-go-popisot/#respond Wed, 10 Mar 2021 11:08:36 +0000 https://kurir.mk/?p=480072

Не знам дали целиот овој хаос е поради крајна неспособност на власта, аматерските мерки, чекањето провизии за во џеб или го имаат утнато тајниот агент, но едно знам, вакцини за тие кои сакаат да се вакцинираат, нема!, пишува на својот Фејсбук профил Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. Има ли некој сериозен од СДС да ни објасни, но да не лаже!? (Заев и Филипче, отпаѓаат, не се во оваа категорија која се бара) Се е под контрола или ништо не е!? Безбедно е или не!? Полициски час или попис!? Некако не ми оди, да ни дојдат дома невакцинирани попишувачи, а притоа не држат дома под полициски час!? Воедно болниците полни, се собираат донации за лечење во приватни болници, автобусот кој ги носи вакцините се фарба во моментов, вистински мерки нема, а бројките на заболени растат. Нож до коска ли е дојдено за попис, не разбирам!? Дајте не го жртвувајте народот, доста пропативме, одложете го пописот!?, повикува Андоновска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovska-ne-go-zrtvuvajte-narodot-dosta-propativme-odlozete-go-popisot/feed/ 0