одлуки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Apr 2023 13:33:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png одлуки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одлуки од денешната седница на Уставниот суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odluki-od-deneshnata-sednitsa-na-ustavniot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odluki-od-deneshnata-sednitsa-na-ustavniot-sud/#respond Thu, 20 Apr 2023 13:33:56 +0000 https://kurir.mk/?p=825989

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за член 9 став 6 во делот „и лицата ангажирани врз основа на договор за дело и/или авторски договор” од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување заведен под број 01-5774/1 од 21.11.2014 година, изменет и дополнет со Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување заведен под број 01-3336/1 од 08.05.2015 година. Уставниот суд изразува сомнеж и смета дека Советот на Агенцијата аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, преку донесување на оваа одредба ги надминал своите надлежности и предвидел нова категорија „вработени лица” која не егзистира во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ниту во Законот за работните односи со што се повредува владеењето на правото и одредби од Законот за работните односи. Подносителот на инцијативата Трговско радиодифузно друштво „Радио Канал 77” од Скопје, смета дека таквото определување што се подразбира под поимот „вработени лица” е противзаконско од причини што оспорениот Правилник е донесен врз основа на член 62 став 6 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како законска одредба, така што во член 3 од истиот Закон се дадени дефинициите на одредени изрази во смисла на овој закон и значењето кое го имаат, при што во Законот не е определено значењето на изразот „вработени лица”, туку тоа е направено со оспорената одредба од Правилникот. Уставниот суд денеска ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 4 став 3, член 54 точка 3 и член 112 став 2 од Законот за работни односи поради постоење процесни пречки за одлучување согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Ставот на Судот е дека во рамките на постапката за оценување на уставност и законитост, нормата се разгледува само од аспект на она што содржи и единствено тоа се оценува во однос на повисоката норма, а не она што не е предвидено, односно што требало да биде предвидено. Во таков случај, постојат процесни пречки за одлучување и согласно ова се одлучи да се отфрли иницијативата. Уставните судии ја отфрлија иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Сверна Македонија и Макпетрол АД Скопје, поради постоење процесни пречки за одлучување, а со оглед дека оспорениот закон е исцрпен во својата примена. На денешната седница беше поведена постапка за оценување на уставноста на член 6 став 3 во делот: „донесено од стечајниот управник“ од Законот за судските такси („Службен весник на Република Македонија“ број 114/2009, 148/2011, 106/2013, 166/2014 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 257/2020) и се отфрла иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 6 став 3 во делот: „Во стечајната постапка странката која поднесува жалба против решение“ и во делот: „е должна таксата да ја плати пред поднесување на жалбата и доказот за платената такса да го приложи со поднесување на жалбата.“ од Законот означен во точката 1 од ова решение. Судот ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на законитоста на Решението за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на КИЦ „Романса“ Македонска Каменица бр.08-2337/1 од 12.12.2022 година, донесено од Советот на Општина Македонска Каменица на 14-та седница, одржана на 12.12.2022 година („Службен гласник на Општина Македонска Каменица бр.15/2022“). Исто така беше отфрлено и барањето за заштита на слободите и правата што се однесуваат на дискриминација по основ на социјална припадност, поради невакцинираност, кршење на правото на слобода на совеста и уверувањето во штетноста на вакцините, поднесено од малолетниот Н.M. и Зоран Мијалков застапувани од адвокатот Трајче Торов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odluki-od-deneshnata-sednitsa-na-ustavniot-sud/feed/ 0
Судот во Стразбур утре ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на екс претседателот Иванов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-vo-strazbur-utre-ke-ja-objavi-odlukata-za-ponishtenata-abolitsija-na-eks-pretsedatelot-ivanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-vo-strazbur-utre-ke-ja-objavi-odlukata-za-ponishtenata-abolitsija-na-eks-pretsedatelot-ivanov/#respond Wed, 15 Feb 2023 13:44:24 +0000 https://kurir.mk/?p=800848

Европскиот суд за човекови права утре во Стразбур ќе ја објави одлуката за случајот со поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Станува збор за аболицијата од април 2016 година со која Иванов опфати 56 лица осомничени во поголем број предмети кои беа под ингеренции на тогашното Специјално Јавно Обвинителство. Аболицијата предизвика реакции и улични протести, кои резултираа со измени во Законот за помилување за да му се отвори простор на Иванов за повлекување на аболициите. Во предметот се засегнати и поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ како екс премиерот Никола Груевски, министрите во неговата влада Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески, првиот човек на Управата за безбедност и разузнување Сашо Мијалков, но и тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев. Во објавата на Судот се наведува дека подносители на жалбата се осумина граѓани на Република Северна Македонија. Европскиот суд, по пет и пол години од поднесените апликации, ќе даде одговор дали предметите на СЈО и судењата кои се во тек ќе продолжат или ќе запрат и ќе се поништат а обвинетите и осудените, при евентуално поништување, ќе можат од државата да бараат обесштетување.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-vo-strazbur-utre-ke-ja-objavi-odlukata-za-ponishtenata-abolitsija-na-eks-pretsedatelot-ivanov/feed/ 0
Владата одлучи дека треба да се донесат мерки за кризата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-odluchi-deka-treba-da-se-donesat-merki-za-krizata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-odluchi-deka-treba-da-se-donesat-merki-za-krizata/#respond Mon, 07 Mar 2022 20:57:46 +0000 https://kurir.mk/?p=642919

Во Владата на Република Северна Македонија се одржа состанок со членовите на Економскиот совет во кој учествуваат претставници од академијата, гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, претставници на стопанските комори, одделни претставници на поголемите компании од земјата, на синдикалните организации и други експерти од економскиот и финансискиот сектор. На состанокот, со кој претседаваше премиерот Димитар Ковачевски се разговараше за актуелната економска состојба во време на воената состојба во Украина, за сериозните ризици и последици кои таа ги предизвикува и за нејзиното влијание и врз енергетската криза. На советот беше потврдена заложбата и важноста од носење на мерки за поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза. Беа разменети мислења, сугестии, предлози околу потребните мерки што како државна помош треба да бидат земени предвид при креирањето на политиките за ублажување на последиците од најдлабоката криза во современата историја. Во тек е подготовка на анализата и можните нови мерки кои треба да се најдат во најскоро време на владина седница. На состанокот се разговараше за таргетирани мерки со буџетска поддршка за стопанството со цел задржување на ликвидноста и работните места и за мерки за ранливите категории за ублажување на ценовните шокови. Владата во изминатиот период донесе низа мерки и обезбеди раст на платите, пензиите како и финансиска поддршка за компаниите. Со преземањето на БЕГ се овозможи континуирано обезбедување топлинска енергија за полесно надминување на предизвиците од економската криза. Ваквите политики дадоа резултат и превенираa посериозни ценовни шокови и со исти политики на одговорно владеење Владата продолжува и понатаму.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-odluchi-deka-treba-da-se-donesat-merki-za-krizata/feed/ 0
Да бидеме искрени: Сите сме донеле некоја лоша одлука, еве каде грешиме https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/da-bideme-iskreni-site-sme-donele-nekoja-losha-odluka-eve-kade-greshime/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/da-bideme-iskreni-site-sme-donele-nekoja-losha-odluka-eve-kade-greshime/#respond Tue, 28 Sep 2021 14:31:07 +0000 https://kurir.mk/?p=569434

Да бидеме искрени, сите одвреме-навреме носиме лоши одлуки. Тоа едноставно дел од животот. Некои луѓе носат лоши одлуки почесто од другите поради одредени навики. Не се грижете, можете да работите на нив и да ги поправите, но прво мора да разберете зошто тие навики ве саботираат за да можете да ги решите. Неодлучни сте кога треба да донесете одлука Малку луѓе знаат дека премногу размислување и неодлучност може да доведат до погрешни одлуки, но тоа е вистина. Ако не сакате да донесете одлука, ќе се вртите во круг и објективно нема да можете да донесете добра одлука втемелена на вашата интуиција и факти. Нема смисла да преоѓате преку фактите за да избегнете носење одлуки. Земете ги предвид сите агли и донесете ја најдобрата можна одлука. Тогаш тргнете напред. Премногу ги следите другите Примамливо е да се сложувате со другите за се, нели? За жал тоа може да води до прилично лоши одлуки. Ако секогаш ги следите другите, нема да можете да формирате лични ставови и никогаш нема да можете да донесете правилни одлуки. Ги следите другите затоа што е полесно или затоа што навистина се сложувате со тие одлуки? Не ги следите своите цели до крај Ако имате навика непрестајно да се откажувате од вашите цели, тоа може да влијае на носење на некои одлуки. Ако се откажувате кога ќе наидете на препрека, тогаш можете да носите одлуки втемелени само на страв. Остварување на своите цели е важно за личниот раст и развој. Одлучете како ќе се соочите со каква било препрека и не се откажувајте. Премногу се фокусирате на минатото Важно е да научите нешто од претходните искуства од минатото. Ако се фокусирате само на минатото, можеби ќе ги повторувате истите грешки кога носите одлуки. Или ќе носите одлуки втемелени на погрешни претпоставки. Важно е да барате нови решенија. Тоа ќе ви помогне да гледате напред наместо да бидете заглавени во минатото. Не сте самокритични Никој не сака самиот да се обвинува за сопствените проблеми. Попрво би сакале да го впериме прстот кон некој друг. За жал, така го саботираме носењето на добри одлуки. Важно е да прифатите дека сте одговорни за своите постапки. Така ќе носите и подобри одлуки затоа што ќе сакате да застанете зад нив. Премногу размислувате во неизвесни ситуации Претерано размислување и анализирање може да води кон несигурност и неизвесност. Нема да и верувате на интуицијата и веројатно ќе се чувствувате премногу збунето за да донесете добра одлука. Понекогаш мешате избори и факти Во теорија сите ја знаеме разликата помеѓу изборот и фактите, но повеќето луѓе понекогаш не ја гледаат таа разлика. Ако паднете во оваа замка, тоа може да ве одведе кон погрешни одлуки. Ако носите одлука, прво истражете ги сите факти. Уверете се дека знаете во што влегувате пред да продолжите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/da-bideme-iskreni-site-sme-donele-nekoja-losha-odluka-eve-kade-greshime/feed/ 0
Владата заседаваше: Утврден предлог-законот за опојни дроги, ова се одлуките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-zasedavashe-utvrden-predlog-zakonot-za-opojni-drogi-ova-se-odlukite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-zasedavashe-utvrden-predlog-zakonot-za-opojni-drogi-ova-se-odlukite/#respond Mon, 19 Jul 2021 19:05:52 +0000 https://kurir.mk/?p=538929

Владата на денешната 88-ма седница го утврди текстот на Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во кој се транспонирани повеќе рамковни одлуки и директиви на Европскиот Парламент и на Европскиот Совет за усогласување на оваа дејност со регулативата на ЕУ, како и со повеќе конвенции како што се Единствената конвенција за наркотични дроги на Обединетите нации од 1961 година со Протокол за дополнување од 1972; Конвенцијата за психотропни супстанции на Обединетите нации од 1971 година и Конвенција на Обединетите нации против недозволена трговија со опојни дроги и психотропни супстанции од 1988 година. Една од новините во предложените законски решенија, која произлегува од овие усогласувања, е формирање на Агенцијата за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и препарати од канабис за медицински и научни цели која работите од својата надлежност, ги врши врз основа на начелата на законитост, стручност, професионалност, одговорност, ефикасност и транспарентност. Решенијата содржани во предлогот на законот, покрај тоа што се усогласени со правото на ЕУ и со меѓународните акти, содржат и сопствени национални решенија кои се во функција на регулирање и соодветна практична имплементација на предметниот закон што ќе обезбеди подобра контрола на опојните дроги и психотропните супстанции. Оттука, со предлог на законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции се овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели така што на правните лица одгледувачи на канабисот им е овозможено веќе произведените количини на сув хербален производ како опојна дрога да ги пласираат на пазарите во Европа и пошироко при тоа почитувајќи ги меѓународните конвенции и европското законодавство што ја регулира материјата. Уште една значајна новина во Предлог-законот за опојни дроги е обврската на компаниите со лиценци за одгледување канабис во медицински цели да уплатуваат средства во висина од 10% од нето добивката остварена во тековната година на соодветна сметка во Буџетот на Република Северна Македонија. Средствата собрани на оваа посебна сметка ќе бидат наменети за проекти од јавен интерес како што се поддршка на фондот за ретки болести, поддршка на фондот за медиуми, како и на програмските приоритети во спортот, културата, граѓанскиот сектор, како и за поддршка на работата на новопредвидената Агенција. На оваа своја седница Владата, врз основа на информацијата за статусот на реализација на подготвителните активности поврзани со проектот за затворање на нерегуларните депонии и ѓубришта во источниот и североисточниот регион, донесе Одлука за затворање на дивите депонии и ѓубришта во 18 општини од источниот и североисточниот регион со која се опфатени и над триесеттина диви ѓубришта. На денешната 88-ма седница, Владата донесе Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за трговија и услуги „Зока енерџи солушн увоз“ од Неготино. Одлуката е донесена врз основа на предлогот на Комисијата за стратешки инвестициони проекти која што го разгледа целокупното барање и документација и изврши техничка, финансиска и правна процена на досието на проектот за проектот „Фабрика за производство на зелена енергија“ и врз основа на утврденото дека проектот ги исполнува условите согласно Законот за стратешки инвестиции да се стекне со статус на стратешки инвестиционен проект. Владата денеска ги утврди и измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Со предложените измени и дополнувања се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Северна Македонија и ја содржи шемата за државната помош. Со овие измени и дополнувања, меѓу другото, се прошируваат видовите на финансиска поддршка за технолошки развој и истражување, поддршка за инвестициони проекти од значаен економски интерес, поддршка за преземање на претпријатија во потешкотии и конкурентност на пазарот и се регулира финансиската поддршка на државјани со постојан и привремен престој во и вон земјата, а воедно се балансираат и условите за рамномерен регионален развој. По завршената амандманска расправа во комисиите на Собранието, Владата го дополни предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, односно ребалансот кој со овие дополнување ќе биде вратен за да биде усвоен на пленарна собраниска седница. Приоритетите до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата, преку зголемување на обемот на инвестициите со директна поддршка на активностите на компаниите, отворање на нови работни места преку активните мерки за вработување, како и поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија. Ова подразбира дека поддршката ќе се реализира преку креирање развојни фондови и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија. И понатаму останува определбата за поддршка на економијата со инвестиции на инфраструктурни проекти, редизајнирање на структурата на јавните финансии преку зголемено учество на капиталните расходи, како и зајакнување на процесот на планирање, извршување и известување за јавните финансии. На денешната седница е донесена и Одлуката за распределба на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации. Со оваа одлука се врши распределба на 19.800.000 денари од планираните средства во Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година на 33 здруженија на граѓани за проекти распределени во 7 приоритети, и тоа: Приоритет 1: Обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните, со вкупно доделени 6.600.000 денари; Приоритет 2: Справување со светската пандемија предизвикана од КОВИД-19, со вкупно доделени 6.000.000 денари; Приоритет 3: Заштита на животната средина, зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени, со вкупно 1.800.000 денари; Приоритет 4: Владеење на правото, независност на правосудството, доследна и неселективна борба против криминалот и корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност со 1.800.000 денари; Приоритет 5: Квалитетно образование достапно за сите согласно побарувачката на пазарот на трудот со вкупно доделени 2.400.000 денари; Приоритет 6: Модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти со 600.000 денари; и Приоритет 7: Успешно водење на пристапните преговори со Европската Унија со 600.000 денари. Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јули 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.07.2021 година. Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јулските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.07.2021 година, како и да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: - За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2021 година (вторник); - За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2021 година (среда); - За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2021 година (четврток); и - За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 30.07.2021 година (петок).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-zasedavashe-utvrden-predlog-zakonot-za-opojni-drogi-ova-se-odlukite/feed/ 0
Турција: Одлуките на лидерите на Унијата се далеку од очекуваното https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-odlukite-na-liderite-na-unijata-se-daleku-od-ochekuvanoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-odlukite-na-liderite-na-unijata-se-daleku-od-ochekuvanoto/#respond Fri, 25 Jun 2021 13:15:20 +0000 https://kurir.mk/?p=527989

Турското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека одлуките усвоени на самитот на лидерите на ЕУ, кои се однесуваат на Турција, се далеку од тоа дека ги содржат очекуваните и неопходните чекори. Министерството, во писмена реакција на одлуките усвоени на самитот на лидерите на ЕУ вчера во Брисел, наведе дека Турција направила повеќе отколку што и следува во контекст на намалувањето на тензиите, интензивирање на дијалогот и соработката. Во соопштението е коментиран и новиот пакет финансиска помош од Унијата. – Новиот пакет финансиска помош на ЕУ не е насочен кон Турција, туку кон сириските бегалци и тој всушност претставува чекор кон обезбедување на благосостојба и безбедност на Унијата. Сведувањето на соработката во областа на миграцијата исклучиво на финансиска основа е голема грешка. Би било корисно за сите да постои интензивна соработка на ова поле, се порачува во соопштението. Турското Министерство за надворешни работи исто така нагласи дека одлуките од самитот на лидерите на ЕУ во врска со Кипар се само повторување на грчките ставови и дека ЕУ продолжува да ги игнорира кипарските Турци и нивните права. Исто така, се додава дека со инсистирање на такви позиции, ЕУ нема да може да даде конструктивен придонес во решавањето на кипарското прашање. – Во тој контекст, уште еднаш ја повикуваме ЕУ конечно да ја увиди реалноста на островот Кипар, да ги признае правата на кипарските Турци и да ги исполни ветувањата дадени во 2004 година, се заклучува во соопштението од Анкара.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-odlukite-na-liderite-na-unijata-se-daleku-od-ochekuvanoto/feed/ 0
Мицкоски: Пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ во Собранието ќе гласа против одлуките за вонредна состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-pratenichkata-grupa-na-koalicijata-za-obnova-na-makedonija-vo-sobranieto-kje-glasa-protiv-odlukite-za-vonredna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-pratenichkata-grupa-na-koalicijata-za-obnova-na-makedonija-vo-sobranieto-kje-glasa-protiv-odlukite-za-vonredna-sostojba/#respond Wed, 30 Sep 2020 11:37:50 +0000 https://kurir.mk/?p=410619

Пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ во Собранието ќе гласа ПРОТИВ одлуките за вонредна состојба, објави на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ во Собранието ќе гласа ПРОТИВ одлуките за вонредна состојба од три причини: 1. Oдлуките за вонредна состојба беа донесени за подобро справување со пандемијата, но за жал денес имаме многу полоши состојби во пандемијата. 2. Oснова за овие одлуки беше справување со економските последици од пандемијата. Денес, имаме драстично влошување на економските состојби и зголемена невработеност. 3. Владата ги манипулираше основите и носеше Уредби со законска сила коишто беа злоупотребени за изборен поткуп или за менување на Изборен законик во последен момент. Доказ за тоа е дека Уставниот суд поништи десетина уредби донесени од владата во тој момент, напиша во својата објава претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1676945512480901]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-pratenichkata-grupa-na-koalicijata-za-obnova-na-makedonija-vo-sobranieto-kje-glasa-protiv-odlukite-za-vonredna-sostojba/feed/ 0
Пендаровски ги достави одлуките за прогласување вонредна состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-gi-dostavi-odlukite-za-proglasuvanje-vonredna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-gi-dostavi-odlukite-za-proglasuvanje-vonredna-sostojba/#respond Tue, 25 Aug 2020 14:20:25 +0000 https://kurir.mk/?p=395309

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги доставил до Собранието одлуките за прогласување вонредна состојба. „Во согласност со Уставот, денеска до Собранието за потврдување ги испратив петте одлуки со коишто беше прогласена вонредна состојба во државата во услови на пандемија на вирусот Корона. Одлуките ги донесов во периодот од март до јуни оваа година на предлог на Владата и во ситуација на распуштено Собрание, без можност да одржи седница на која самото би можело да одлучува за потребата од вонредна состојба во услови на пандемија“, напиша Пендаровски на Фејсбук. Претходниот собраниски состав не ги потврди одлуките на Пендаровски зашто собранискиот спикер Талат Џафери одбиваше да свика седница, со образложение дека пратениците се распуштени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-gi-dostavi-odlukite-za-proglasuvanje-vonredna-sostojba/feed/ 0
Словенија в четврток носи одлука за режим на влез поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-v-chetvrtok-nosi-odluka-za-rezim-na-vlez-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-v-chetvrtok-nosi-odluka-za-rezim-na-vlez-poradi-koronavirusot/#respond Mon, 17 Aug 2020 07:51:28 +0000 https://kurir.mk/?p=391491

За евентуални ограничувања за влез на патниците од Хрватска во Словенија поради зголемениот број случаи на „увоз“ на коронавирус, Владата ќе донесе одлука в четврток, изјави портпаролот Јелко Кацин, за Словенечкото радио. „Ќе почекаме до вторник да ги видиме резултатите од тестовите спроведени во понеделникот, и доколку до тогаш нема промена во начинот на работа на ноќните клубови и локалите во Хрватска, ќе мора да ограничиме увезени инфекции на некој начин“, рече Кацин, додавајќи дека во тој случај, Владата ќе донесе одлука за предлогот на епидемиолозите в четврток. Управникот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, во четвртокот објави дека сите кафулиња и клубови можат да работат до полноќ. Кацин додаде дека од 15 случаи на инфекција потврдени во Словенија со тестирање во саботата, најмалку осум биле пренесени од Хрватска и дека ноќните клубови се се уште најголем извор на случаи донесени во Словенија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-v-chetvrtok-nosi-odluka-za-rezim-na-vlez-poradi-koronavirusot/feed/ 0
УЕФА: Одлуките за европските натпревари не се донесени https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-odlukite-za-evropskite-natprevari-ne-se-doneseni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-odlukite-za-evropskite-natprevari-ne-se-doneseni/#respond Thu, 04 Jun 2020 11:02:05 +0000 https://kurir.mk/?p=353757

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) не коментира за појавување на шпекулации за различни опции за завршување на европската клупска сезона. – Прашања за датумите на неодиграните натпревари и веројатноста финалето на Лигата на шампионите и Лигата на Европа да бидат одложени од Истанбул и Гдањск не се дефинирани. Се создаде работна група со претставници на лиги и клубови да ги проучуваат календарските решенија и формат опциите што дозволија да ја заврши тековната сезона. Во моментов се разгледуваат различни опции. Во оваа фаза не се донесени решенија, соопшти УЕФА. Претпладнево германски „Билд“ излезе со информација дека Германија, Португалија и Русија се претенденти за завршниот турнир во Лигата на шампионите. Конечната одлука се очекува на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА закажан за до 17 јуни. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-odlukite-za-evropskite-natprevari-ne-se-doneseni/feed/ 0