одобрена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Dec 2021 14:09:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png одобрена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одобрена употребата на турската вакцина против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odobrena-upotrebata-na-turskata-vakcina-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odobrena-upotrebata-na-turskata-vakcina-protiv-kovid-19/#respond Wed, 22 Dec 2021 14:09:15 +0000 https://kurir.mk/?p=611703

Турската вакцина против Ковид-19, Турковак, е одобрена од турските власти за итна употреба и ќе почне да се користи од следниот викенд, изјави денеска министерот за здравство Фахретин Коџа. Турција почна да ја развива вакцината Турковак оваа година, но нејзиното пуштање во употреба беше одложeно неколку пати. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција ќе ја направи вакцината достапна на светско ниво. Турција веќе испорача над 125 милиони дози од кинеската вакцина Синовак и на Фајзер, при што повеќе од 51 милион луѓе примиле две дози. Земјата, исто така, започна со аплицирање на засилувачки дози. Коџа веста ја соопшти од фабрика во југоисточниот округ Шанлиурфа, каде што се произведува Турковак. – Наскоро ќе почнеме со масовно производство на вакцината, истакна Коџа, додавајќи дека Турција ќе биде една од деветте земји кои развиле вакцина против коронавирусот. Турција неодамна потврди околу 20.000 нови случаи на инфекција и околу 200 смртни случаи дневно од Ковид-19. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odobrena-upotrebata-na-turskata-vakcina-protiv-kovid-19/feed/ 0
СЗО ја одобри индиската вакцина „Коваксин“ за итна употреба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ja-odobri-indiskata-vakcina-kovaksin-za-itna-upotreba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ja-odobri-indiskata-vakcina-kovaksin-za-itna-upotreba/#respond Wed, 03 Nov 2021 12:54:53 +0000 https://kurir.mk/?p=590285

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека ја одобрила вакцината „Коваксин“ против Ковид-19 за итна употреба, која ја произведува индиската фармацевтска компанија „Барат Биотек“. - Техничката советодавна група утврди дека вакцината Коваксин ги исполнува стандардите на СЗО за заштита од Ковид-19 и дека придобивките од вакцината многу ги надминуваат ризиците и дека вакцината може да се користи - наведува СЗО во твитот. Советничката група на СЗО се очекуваше да донесе одлука за „Коваксин“ минатата недела, но побара дополнителни појаснувања од „Барат биотека“ пред да се изврши конечната проценка на ризикот. „Коваксин“ беше „под лупа“ и на Стратешката советодавна група експерти за имунизација на СЗО, која препорача негова употреба во две дози, со интервал од четири недели, кај сите возрасни групи од 18 години и постари. „Ковацин“ е седмата вакцина што доби поддршка од СЗО, откако „зелено светло“ добија вакцините „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „АстраЗенека“, „Џонсон и Џонсон“, „Синовак“ и „Синофарм“. Според Ројтерс, овој потег го отворил патот оваа вакцина да биде прифатена како валидна вакцина во многу сиромашни земји. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ja-odobri-indiskata-vakcina-kovaksin-za-itna-upotreba/feed/ 0
Франција ja одобри вакцината на АстраЗенека и за постари од 65 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-odobri-vakcinata-na-astrazeneka-i-za-postari-od-65-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-odobri-vakcinata-na-astrazeneka-i-za-postari-od-65-godini/#respond Tue, 02 Mar 2021 06:50:18 +0000 https://kurir.mk/?p=475795

Луѓето постари од 65 години со здравствени проблеми можат да примат вакцина „АстраЗенека“, соопшти француското Министерство за здравство, иако претходно се тврдеше дека вакцината не е препорачлива за лица постари од 65 години. Претходно, медиумите ја објавија изјавата на претседателот на Франција Емануел Макрон дека вакцината на АстраЗенека е „квази-ефекасна“ за лица постари од 65 години, додека истовремено во Велика Британија, вакцинирање на граѓани од сите возрасти со оваа вакцина беше дозволено од самиот почеток. Министерката за здравство на Франција Оливија Веран посочи дека само лицата постари од 75 години ќе бидат вакцинирани со производи на Фазјер и Модерна во иднина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-odobri-vakcinata-na-astrazeneka-i-za-postari-od-65-godini/feed/ 0
Вакцината на Фајзер одобрена за пилоти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-na-fajzer-odobrena-za-piloti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-na-fajzer-odobrena-za-piloti/#respond Sun, 13 Dec 2020 08:12:12 +0000 https://kurir.mk/?p=442553

Федералната управа за воздухопловство (ФАА) соопшти дека одобрила употреба на вакцината Фајзер/Бионтек против Ковид-19 за пилоти и контролори на летање. Американскиот воздухопловен регулатор информира дека пилотите и контролорите не смеат да летаат или да вршат безбедносни задачи 48 часа по приемот на доза на вакцината. ФАА соопшти дека „ќе ја следи реакцијата на пациентите на вакцината на Фајзер/Биоонтек и може, по потреба, да ја прилагоди оваа политика за да се осигури безбедноста во авијацијата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-na-fajzer-odobrena-za-piloti/feed/ 0