одобрување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 16 Jul 2022 16:47:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png одобрување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Владата го одобри францускиот предлог https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-go-odobri-francuskiot-predlog/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-go-odobri-francuskiot-predlog/#respond Sat, 16 Jul 2022 16:47:18 +0000 https://kurir.mk/?p=706296

– Владата на денешната седница ги разгледа и ги усвои заклучоците кои денеска ги изгласа Собранието и донесе одлука за одобрување на предлогот на француското Претседателство од 30 јуни 2022 година. – Со оваа одлука го отпочнуваме процесот на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија, изјави попладнево премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на 60-тата владина седница. Потврди дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи на 19 јули во Брисел. – Конечно, денеска ја имам честа да го најавам датумот за првата Меѓувладина конференција, која треба да се одржи веќе наредната недела, на 19 јули, во Брисел. Потоа, Европа ќе биде во Скопје, а Република Северна Македонија во Брисел, со полн капацитет, со пристап кон фондови, со пристап кон знаења, вистински принципи и најважно вредности, кон кои се стремиме и ги посакуваме. И сето тоа, врз идентитет, кој ќе се гледа континуирано во сите европски центри. Ве повикувам на заедништво, на верба, на позитивен пристап, на оптимизам, рече Ковачевски. Со денешната владина седница, како што додаде, „заокружуваме уште еден објективно историски чекор за нашата земја“. – Денес отвораме нови перспективи за државата, нови можности за просперитет за граѓаните. Од овде, и од денес па натаму, одиме напред со забрзан чекор за да се приклучиме кон европското семејство во кое многу скоро и официјално ќе се чуе нашиот македонски јазик, рече Ковачевски. Особена благодарност упати до вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со нивните тимови за, како што рече, нивната исклучителна посветеност при зачувувањето и унапредувањето на државните позиции во целиот процес. Уште еднаш нагласи дека македонскиот јазик е загарантиран и дека нема да се преговара за идентитетските прашања. – Поради оваа посветена работа ние денес имаме преговарачка рамка во која македонскиот јазик и идентитет се зачувани, историските прашања се надвор од истата, а ние сме веќе на чекор од одржувањето на првата меѓувладина седница која ќе го означи почетокот на преговори на Северна Македонија со Европската Унија, нагласи Ковачевски. Денес, заклучи тој, „велиме „да“ за зачувување и зацврстување на македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура, историско минато, засебност и посебност и дома и насекаде во светот“. – Ние велиме „да“ за развој на заедничка, мултикултурна, мултиверска, за граѓанска држава, интегрирана рамо до рамо со најголемите нации и држави во светот. Уште еднаш, јасно и гласно, цврсто сигурно, во име на Владата, сакам да ве уверам дека во целиот долгорочен процес, никој не смее и нема, во било кое време и околности, да преговора за македонските идентитетски прашања. Тоа не се работи за кои се преговара, потенцира Ковачевски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-go-odobri-francuskiot-predlog/feed/ 0
Морисон: Австралија нема да брза со одобрување на вакцината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-avstralija-nema-da-brza-so-odobruvanje-na-vakcinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-avstralija-nema-da-brza-so-odobruvanje-na-vakcinata/#respond Fri, 11 Dec 2020 08:43:58 +0000 https://kurir.mk/?p=441879

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска изјави дека неговата Влада нема да брза со одобрување на вакцините на Фајзер и Бионтек против коронавирусот, бидејќи сака Австралијците да веруваат во вакцината. Тој рече дека Австралија е во поинаква позиција од Велика Британија, која ја одобри вакцината и нејзината употреба по итна постапка и од САД, кои се близу до одлуката за употреба на вакцината. Морисон додаде дека сака Австралијците да имаат апсолутно целосна доверба дека ќе ја во вистински момент ќе ја добијат вистинската вакцина. Се очекува вакцината да биде одобрена до крајот на јануари, а почетокот на вакцинацијата до март.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/morison-avstralija-nema-da-brza-so-odobruvanje-na-vakcinata/feed/ 0
Во Канада одобрена вакцината против Ковид-19 на „Фајзер/Бионтек“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kanada-odobrena-vakcinata-protiv-kovid-19-na-fajzer-biontek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kanada-odobrena-vakcinata-protiv-kovid-19-na-fajzer-biontek/#respond Wed, 09 Dec 2020 17:48:47 +0000 https://kurir.mk/?p=441075

Канада денеска ја одобри вакцината против Ковид 19, што ја произведоа Фајзер и Бионтек, со што се отвори патот за нејзино нарачување и дистрибуција во државата. Властите утврдија дека вакцината е ефикасна и безбедна за употреба. Вакцината е одобрена во согласност со новиот систем на привремено нарачување, што овозможува издавање на лиценца. До крајот на декември, Канада треба да добие до 249.000 дози вакцина, што е доволно за вакцинирање на 124.500 лица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kanada-odobrena-vakcinata-protiv-kovid-19-na-fajzer-biontek/feed/ 0