Одри Азуле – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Feb 2023 21:33:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Одри Азуле – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Генералната директорка на УНЕСКО бара построга регулација на социјалните мрежи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnata-direktorka-na-unesko-bara-postroga-regulatsija-na-sotsijalnite-mrezhi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnata-direktorka-na-unesko-bara-postroga-regulatsija-na-sotsijalnite-mrezhi/#respond Wed, 22 Feb 2023 21:33:30 +0000 https://kurir.mk/?p=803897

Генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азуле денеска повика на глобален дијалог за да се најде начин да се регулираат активностите на компаниите кои поседуваат социјални мрежи и да се ограничи нивната улога во ширењето дезинформации. Азуле зборуваше на меѓународен собир на парламентарци, новинари и активисти на граѓанското општество за регулирање на социјалните мрежи како што е Твитер за да се направи интернетот побезбеден, а информациите засновани на факти. Дводневната конференција се обидува да постави насоки кои ќе им помогнат на регулаторните тела, владите и компаниите да се справат со содржината што ја поткопува демократијата и човековите права, истовремено зачувувајќи ја слободата на изразување и зајакнување на пристапот до точни и веродостојни информации. Азуле изјави дека глобалниот дијалог треба да резултира со правни средства и принципи на одговорност за компаниите кои поседуваат социјални мрежи со цел тие да дејствуваат за јавното добро. - Тоа би ги намалило ризиците што ги гледаме денес, со кои живееме денес, со дезинформации и теории на заговор кои се шират побрзо од вистината, рече таа. Минатата година, Европската унија донесе регулатива која ќе ги принуди големите технолошки компании како Гугл и Мета построго да ги регулираат своите платформи, со цел да ги заштитат корисниците во Европа од говор на омраза, дезинформации и штетна содржина. Регулативата за дигитални услуги е еден од трите главни европски прописи насочени кон технолошката индустрија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalnata-direktorka-na-unesko-bara-postroga-regulatsija-na-sotsijalnite-mrezhi/feed/ 0