одржување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 May 2022 13:25:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png одржување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ангеловска-Бежоска: Фокусот на монетарната политика е насочен кон одржување на ценовната стабилност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-fokusot-na-monetarnata-politika-e-nasochen-kon-odrzuvanje-na-cenovnata-stabilnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-fokusot-na-monetarnata-politika-e-nasochen-kon-odrzuvanje-na-cenovnata-stabilnost/#respond Mon, 30 May 2022 13:25:13 +0000 https://kurir.mk/?p=683638

По речиси една декада на ниски стапки на инфлација, минатата година светот започна да се соочува со зголемена инфлација, предизвикана од шокови на страната на понудата. Пролонгираното и подисперзираното дејство на овие шокови доведе и до нагорни придвижувања кај инфлациските очекувања. Зголемените инфлациски очекувања, коишто во некои економии беа придружени и со притисоци од побарувачката, доведоа до постепено повлекување на монетарниот стимул. Имено, дел од централните банки веќе преземаат мерки за постепено нормализирање на монетарната политика заради одржување на среднорочната ценовна стабилност, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Годишната меѓународна конференција „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“. Гувернерката, како што информираат од Народната банка, посочила и дека инфлацијата во земјите во регионот на Централна и Југоисточна Европа во април достигнала просечено ниво од 11,4 проценти. -Инфлацијата е зголемена и во домашната економија (10,5 отсто во април), со оглед на исклучително високата трговска отвореност на земјата, што значи голем број продукти коишто ги користиме се од увоз. Со оглед на зголемените инфлациски очекувања и состојбата на девизниот пазар, Народната банка исто така започна со постепена нормализација на монетарната политика преку користење повеќе инструменти. Секој чекор во натамошниот период ќе зависи од макроекономските услови и очекувања и согледувањата на ризикот, нагласила гувернерката. Таа истакнала дека координацијата помеѓу монетарната и фискалната политика е од особено значење за пребродување на новите предизвици коишто ги донела војната во Украина. За време на пандемијата, силната реакција и добрата координација на монетарната и фискалната политика, според гувернерката, придонесле за релативно брзо закрепнување од кризата. -Сепак, во оваа криза, со оглед на инфлациските движења, ситуацијата е поразлична и вниманието на централните банки треба да биде насочено кон одржување на стабилноста. Неопходно е ублажувањето на ефектите врз економијата на краток рок да се прави преку фискалните инструменти што ги засегаат најприоритетните области и најпогодените категории на населението, посочила гувернерката Ангеловска-Бежоска во обраќањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-fokusot-na-monetarnata-politika-e-nasochen-kon-odrzuvanje-na-cenovnata-stabilnost/feed/ 0
Нега на тревникот во пролет: Совети за густа, убава и светло зелена трева https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nega-na-trevnikot-vo-prolet-soveti-za-gusta-ubava-i-svetlo-zelena-treva/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nega-na-trevnikot-vo-prolet-soveti-za-gusta-ubava-i-svetlo-zelena-treva/#respond Tue, 10 May 2022 13:50:24 +0000 https://kurir.mk/?p=674536

Најубавата декорација на секоја градина е прекрасен тревник. Негувани, светли бои, привлекуваaт внимание и не ги остава рамнодушни ниту оние кои не се посебни љубители на градинарството. Сеењето трева и одржувањето на тревникот навистина не мора да биде комплицирана или премногу напорна или предизвикувачка задача. Сепак, тоа значи дека имате основно знаење и ги знаете триковите кои ви помагаат да ја засадите тревата на вистински начин, а потоа да ја одржувате здрава и убава. Ако го немате идеалниот тревник за кој сте сонувале, не грижете се. Со едноставни чекори ќе можете да уживате во нејзината убавина. Наводнување Наводнувањето треба да се врши редовно, односно секој ден и да не се дозволува површинскиот слој на почвата да се исуши. Кога тревата ќе се вкорени, наводнувањето може да биде поретко. Но, за да биде тревникот секогаш убав, потребно е постојано да се полева, а најдобро е да набавите прскалки, односно прскалки кои се закачуваат за цревото и кои ќе ви заштедат време околу посетата на сите делови од тревникот. Оплодување За подобар раст и подобра боја на тревата, пожелно е да се оплоди тревникот. Ова треба да се прави на секои четири до пет недели, со ѓубриво што содржи азот, фосфор и калиум. Колку често треба да се коси тревникот? Косењето трева е работа што треба да ја работите по потреба, кога тревата ќе порасне до висина од околу седум сантиметри. Ова обично значи косење двапати неделно во текот на пролетта и двапати месечно во текот на летните месеци. Шеќерен трик Белиот шеќер поволно делува на изгледот на тревата, бидејќи со неа се хранат бактериите и инсектите, па тревата останува неоштетена. Шеќерот ја зајакнува тревата и го спречува растот на плевелот, но нема да ги уништи микроорганизмите кои ја збогатуваат почвата. Постапката е како што следува: Рамномерно распоредете го шеќерот по целиот тревник, а потоа добро наводнете го. Повторете ја оваа постапка еднаш во пролет и еднаш во есен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nega-na-trevnikot-vo-prolet-soveti-za-gusta-ubava-i-svetlo-zelena-treva/feed/ 0
ЗА ПОБРЗ РАСТ НА ОМИЛЕНИТЕ РАСТЕНИЈА: Домашна смеса од САМО 2 СОСТОЈКИ која ги третира и негува (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-pobrz-rast-na-omilenite-rastenija-domashna-smesa-od-samo-2-sostojki-koja-gi-tretira-i-neguva-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-pobrz-rast-na-omilenite-rastenija-domashna-smesa-od-samo-2-sostojki-koja-gi-tretira-i-neguva-video/#respond Sun, 13 Mar 2022 19:30:36 +0000 https://kurir.mk/?p=646459

За да можат растенијата да цветаат, да бидат здрави и отпорни на штетници, потребна им е соодветна грижа и исхрана. Добрата вест е што не треба да трошите пари на разни производи за нега, веројатно веќе имате дома се што ви треба за нега на цвеќе. Еден од најдобрите избори за органска исхрана на растенијата се лушпите од јајцата, кои се исклучително богати со калциум. Тие исто така содржат магнезиум, калциум, калиум, железо и бакар - сè што ви е потребно за да ги одржите вашите растенија напредни и цветни. Се што ви треба можете сами да направите, во природна варијанта, која дури и ќе ве заштеди многу. Еве како тоа изгледа во пракса:
@shelbizleee I CANNOT get this song out of my head! #diy #zerowaste #lowwaste #sustainable #houseplantlover #diycleaning #eco #ecofriendly #plasticfree ♬ Mi Pan Su Su Sum - tiktokers Latin
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-pobrz-rast-na-omilenite-rastenija-domashna-smesa-od-samo-2-sostojki-koja-gi-tretira-i-neguva-video/feed/ 0
Мнозинството Јапонци се против одржување на ОИ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-japonci-se-protiv-odrzuvanje-na-oi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-japonci-se-protiv-odrzuvanje-na-oi/#respond Sun, 16 May 2021 13:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=510991

Во Јапонија 59,7 проценти од луѓето сметаат дека Олимписките и параолимписките игри во Токио во текот на летото треба да бидат откажани. Тоа го покажуваат резултатите од дводневното национално телефонско истражување објавено денеска. Околу 25,2 проценти од испитаниците се со став дека ОИ треба да се одржат, но без гледачи, а 12,6 проценти се за одржување на игрите со ограничен број публика. Резултатите од анкетата одразуваат голем скептицизам во општеството за двата спортски настана, кои беа одложени од минатата година, поради пандемијата. Сепак, сега, три месеци пред отворањето на ОИ, бројот на заразени продолжува да се зголемува, а кампањата за вакцинација е многу бавна, јавија медиумите во Токио. Околу 80 проценти од анкетираните рекле дека вакцинирањето е бавно, а над 71 процент не се задоволни од работата на владата за справување со ширењето на инфекцијата. Одобрението за владата на премиерот Јошихиде Суга беше 41,1 процент, за разлика од 44,0 според претходното истражување во април, а неодобрувањето се зголеми од 36,1 на 47,3 проценти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnozinstvoto-japonci-se-protiv-odrzuvanje-na-oi/feed/ 0