оџачари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Jul 2018 10:31:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оџачари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Втор јавен повик за обука на оџачари https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vtor-javen-povik-za-obuka-na-odzachari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vtor-javen-povik-za-obuka-na-odzachari/#respond Wed, 04 Jul 2018 10:31:47 +0000 https://kurir.mk/?p=72888

Градот Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, го објави вториот јавен повик за спроведување обука за професијата „оџачар“, а сите заинтересирани треба да се пријават најдоцна до 23.07.2018 година. Обуката ќе трае три месеци, а по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавци во времетраење од 1 месец, доколку како спроведувач на обуката се стопански комори, занаетчиски комори и средни стручни училишта. Доколку спроведувачи на обука се приватни компании (работодавци) практична работа во времетраење од 1 месец може да се изведува кај истата приватна компанија (работодавец). Кандидатите за времетраењето на обуката ќе добиваат надомест од 9.000 денари месечно. По завршувањето на обуката, на секој кандидат, покрај сертификат, ќе му бидат обезбедени основни материјали за отворање сопствен бизнис и извесно вработување имајќи предвид дека чистењето на оџаците ќе биде субвенционирано од Градот. Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центрите за вработување, секој работен ден од 09 до 14 часот. Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон 02/3111-850, како и на веб-страниците на Агенцијата за вработување на Република Македонија www.avrm.gov.mk и Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија www.mtsp.gov.mk . Ова е втор јавен повик годинава, додека кандидатите коишто се пријавија на првиот повик во моментов ја посетуваат стручната обука. За оваа цел, годинава Градот Скопје предвиде 10 милиони денари за субвенции за чистење на оџаците. За потсетување, во Скопје има само 8 регистрирани оџачари, а 45% од вкупниот број домаќинства во Скопје се греат на дрва, што е една третина од уделот во вкупното загадување на воздухот во градот. Според некои податоци во Скопје има над 60.000 оџаци што многу ретко се чистат, а општо е познато дека неисчистен оџак загадува најмалку двојно повеќе во споредба со исчистен оџак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vtor-javen-povik-za-obuka-na-odzachari/feed/ 0
Пролонгиран огласот за оџачари, пријавени само шест кандидати https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prolongiran-oglasot-za-odzachari-prijaveni-samo-shest-kandidati/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prolongiran-oglasot-za-odzachari-prijaveni-samo-shest-kandidati/#respond Sat, 12 May 2018 07:59:44 +0000 https://kurir.mk/?p=53304

Град Скопје денеска сооошти дека рокот за пријавување на јавниот оглас за обука на оџачари е продолжен до 25 мај 2018 година. На овој оглас досега се пријавени само шест кандидати, а предвидено е да се изврши обука за оџачари на 25 невработени работоспособни лица. Обуката треба да почне на први јуни, а ќе трае три месеци. Кандидатите за време на обуката ќе добиваат надомест од 9.000 денари месечно, а по нејзиното завршување, секој, покрај сертификат, ќе добие основни материјали за отворање сопствен бизнис и извесно вработување зашто чистењето на оџаците ќе биде субвенционирано од Градот со 10 милиони денари. Овие субвенции ќе се реализираат по успешно спроведената обука на новите 25 оџачари. Обуката на новите оџачари ќе ја спроведе Градот Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија. Во Скопје сега има само осум регистрирани оџачари, а 45 отсто од вкупниот број домаќинства се греат на дрва, што е една третина од уделот во вкупното загадување на воздухот во градот. Според некои податоци во Скопје има над 60.000 оџаци што многу ретко се чистат, а општо е познато дека неисчистен оџак загадува најмалку двојно повеќе во споредба со исчистен оџак. Оваа мерка е само дел од чекорите што ги презема Град Скопје за решавање на проблемот со аерозагадувањето во зимските месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/prolongiran-oglasot-za-odzachari-prijaveni-samo-shest-kandidati/feed/ 0