одземена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Nov 2021 06:56:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png одземена – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Автобусот на „Беса транс“ немал лиценца за меѓународен превоз, одземена лиценцата за работа на компанијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avtobusot-na-besa-trans-nemal-licenca-za-megjunaroden-prevoz-odzemena-licencata-za-rabota-na-kompanijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avtobusot-na-besa-trans-nemal-licenca-za-megjunaroden-prevoz-odzemena-licencata-za-rabota-na-kompanijata/#respond Wed, 24 Nov 2021 17:41:41 +0000 https://kurir.mk/?p=599504

За автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени во сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, нема издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз за патници, ниту пак за друг вид јавен превоз на патници. Возилото не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци поради што на фирмата „Беса Транс БТБ“ и се одзема лиценцата за работа, односно и се забранува вршење на дејност, информира Министерството за транспорт и врски. – После официјално доставените податоци од Министерството за внатрешни работи, а во однос на опожареното возило со регистарски број SK-0284-BA во сопственост на фирмата „Беса Транс БТБ“, кое учествуваше во сообраќајната несреќа со трагични последици во Република Бугарија, Министерството за транспорт и врски утврди дека за споменатото возило нема издадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз за патници, ниту пак за друг вид на јавен превоз на патници. Истото возило не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци и извод од лиценци за вршење на јавен внатрешен и/или меѓународен превоз на патници која ја води Министерството за транспорт и врски, соопшти ресорното Министерство. Притоа, напоменуваме, се вели во соопштението, дека Министерството за транспорт и врски има регистрирано четири лиценцирани возила на фирмата „Беса Транс БТБ“, а возилото кое учествуваше во несреќата не е меѓу нив. – Согласно член 12 од Законот за превоз во патниот сообраќај, а поради недостатоците што се утврдени од страна на Министерството за транспорт и врски, а воедно и со цел да се превенира какво било друго дејство од страна на фирмата кое би можело да предизвика негативни последици, на фирмата „Беса Транс БТБ“ и се одзема лиценцата за работа, односно се забранува вршење на дејност. Притоа, фирмата е должна веднаш да ги депонира лиценцата за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и изводите од лиценцата за вршење на меѓународен слободен превоз на патници до Министерството за транспорт и врски, велат од Министерството. Дополнително, додаваат, Владата на последната седница го задолжи Државниот инспекторат за транспорт да изврши вонреден инспекциски надзор на превозникот „Беса Транс БТБ“. -Министерството за транспорт и врски е во целосна координација со останатите државни институции и стои на располагање со целокупната база на податоци, нагласуваат од Министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avtobusot-na-besa-trans-nemal-licenca-za-megjunaroden-prevoz-odzemena-licencata-za-rabota-na-kompanijata/feed/ 0
Комитет: Нобеловата награда не може да биде одземена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komitet-nobelovata-nagrada-ne-moze-da-bide-odzemena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komitet-nobelovata-nagrada-ne-moze-da-bide-odzemena/#respond Sat, 12 Oct 2019 09:10:50 +0000 https://kurir.mk/?p=250720

Нобеловата награда не може да се одземе бидејќи статутите на Нобеловата фондација не ја споменуваат таквата можност, соопшти Комитетот за литература на Кралската шведска академија на науките. Откако голем број лица и организации ја осудија одлуката на Комитетот за доделување на Нобелова награда за литература на австрискиот писател Питер Хандке, од Нобеловата фондација порачаа дека Нобеловата награда не може да биде отповикана. „Нобеловата награда не може да се одземе. Статутите на Нобеловата фондација не ја спомнуваат таквата можност. Ниту еден одбор за доделување на наградите во Стокхолм или Осло никогаш не размислувал за одземање на наградата откако ќе биде доделена“, изјави за Анадолија Микаел Остлунд, портпарол на Нобеловата фондацијата. Поради радикалните идеолошки погледи и десничарската ангажираност на австрискиот писател Питер Хандке, вчера беше покрената петиција за повлекување на одлуката нему да му се додели Нобеловата награда за литература за 2019 година. Откако беше соопштено дека Хандке е овогодинешниот лауреат, кој во 90-те години беше силен поддржувач на политиката на Слободан Милошевиќ, во јавноста се јавија жестоги негодувања и критики. На платформата Change.org покрената е петиција на овој нобеловец да му се одземе престижната награда, а како причина се посочува дека тој сесрдно го поддржувал Милошевиќ, кој „беше одговорен за неправедна смрт на стотици илјади недолжни луѓе и десетици илјади силувани жени и мажи“. Одлуката за доделување на Нобеловата награда за литература да му се додели на Хандке ја критикуваше и американскиот ПЕН Центар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komitet-nobelovata-nagrada-ne-moze-da-bide-odzemena/feed/ 0