ОЕЦД – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Nov 2022 14:47:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ОЕЦД – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОЕЦД прогнозира скромен раст на светската економија оваа и следната година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-prognozira-skromen-rast-na-svetskata-ekonomija-ovaa-i-slednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-prognozira-skromen-rast-na-svetskata-ekonomija-ovaa-i-slednata-godina/#respond Tue, 22 Nov 2022 14:47:16 +0000 https://kurir.mk/?p=764901

Светската економија, попречена од високите каматни стапки, инфлацијата и руската војна против Украина, ќе постигне скромен раст оваа година, а уште послаб раст во 2023 година, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Според новата прогноза на ОЕЦД објавена денеска, светската економија годинава ќе порасне за само 3,1 отсто, што е остар пад од 5,9 отсто во 2021 година. Според ОЕЦД, следната година растот на светската економија ќе биде уште послаб и ќе изнесува 2,2 отсто. ОЕЦД, кој има 38 земји членки, предвидува дека САД, најголемата светска економија, годинава ќе забележи раст од само 1,8 отсто, што е голем пад од минатогодишните 5,9 отсто. Американската економија ќе порасне за само 0,5 отсто во 2023 година, а еден отсто во 2024 година. Не е подобра ниту прогнозата за еврозоната, која е погодена од енергетската криза поради руската војна во Украина, па така ОЕЦД предвидува дека ќе оствари раст од 0,5 отсто во 2023 година и 1,4 отсто во 2024 година. Во однос на инфлацијата, ОЕЦД предвидува дека таа ќе продолжи да има значително влијание врз европската економија. Инфлацијата годинава се очекува да биде 8,3 отсто, што е голем скок од ланските 2,6 отсто. Во следната година, според ОЕЦД, инфлацијата ќе изнесува 6,8 отсто. Кинеската економија, која неодамна имаше двоцифрен годишен раст, годинава ќе се прошири за само 3,3 отсто, а во 2023 година за 4,6 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-prognozira-skromen-rast-na-svetskata-ekonomija-ovaa-i-slednata-godina/feed/ 0
Извештај на ОЕЦД: Околу 700 илјади Македонци живеат надвор од државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtaj-na-oecd-okolu-700-iljadi-makedonci-ziveat-nadvor-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtaj-na-oecd-okolu-700-iljadi-makedonci-ziveat-nadvor-od-drzavata/#respond Tue, 27 Sep 2022 12:51:04 +0000 https://kurir.mk/?p=737981

Околу 700 илјади Македонци или околу една четвртина од населението денес живее надвор од државата. Миграцијата од Северна Македонија во последната деценија се зголемила за пет пати во ЕУ и околу четвртина од работоспособното население заминува од земјата што влијае врз продуктивноста на самата земја, истакна Анита Рихтер, раководител на одделот за Југоисточна Европа на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД на денешната презентација на Извештајот на ОЕЦД „Трудова миграција во Западен Балкан, мапирање на шемите, адресирање на предизвиците и користење на придобивките“. Рихтер посочи дека големата дијаспора може да донесе значителни ресурси за својата земја на потекло. Посочи и дека потенцијалот на дијаспората на Северна Македонија е доста голем и оти околу три проценти од дознаките одат во земјата, но тоа е под просекот во Западен Балкан каде е околу 10 проценти. Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, смета дека младите не треба да се задржуваат, туку треба да им се создадат можности што ќе им овозможат да го достигнат својот целосен потенцијал во сопствената земја, но во исто време ќе ги направи доволно конкурентни за светот. – Скоро секогаш кога зборуваме за миграција ја слушаме и кажуваме реченицата „да ги задржиме младите дома“. Верувам дека секој во оваа просторија кој е родител или некогаш бил млад знае дека да ги задржиш било каде не е никогаш опција, истакна Битиќи. Според него, тоа што мораме да го направиме како земја е да не ги избегнуваме нашите проблеми туку да се фокусираме на нив и да зборуваме отворено и најважно во дијалогот да ги вклучиме и младите. Тоа е она што го бараат младите од нас. Амбасадорката на Швајцарија во Скопје, Вероника Улман, се осврна на пораката на вицепремиерот Битиќи за тоа како да се вратат младите во сопствената земја. – Студијата прво обезбедува одредени препораки како на пример, идентификација на паметната трансформација на образовниот систем којшто ќе обезбеди повеќе можности на македонската работна сила и со тоа ќе го зголеми националниот стандард на живеење. Преку оваа програма Швајцарија веќе зема учество во овие напори, истакна Улман. Таа изрази поддршка кон Владата на Северна Македонија за да го усогласи својот стручен образовен систем со пазарот на труд, да воспостави соработка помеѓу образовните институции и иновативниот еко-систем и придонес во развојот на мали и средни претпријатија, и старт-ап бизниси. – Исто така, големата дијаспора со потекло од Северна Македонија живее во Швајцарија. Поради тоа сме директно заинтересирани да ги идентификуваме заедно со вас точките преку кои ќе можеме да ја поттикнеме оваа дијаспора и протокот на знаење и експертиза. Се надевам дека денешната дискусија ќе донесе конкретни решенија и ќе поттикне нови активности во оваа насока, додаде амбасадорката на Швајцарија. Амбасадорот на Австрија во Скопје, Георг Вуцас, рече дека Австрија е поддржувач на Северна Македонија и западнобалканската шесторка да се приклучи кон Европската Унија и оти Австрија би сакала овие преговори да завршат без одложување за земјава да се приклучи што поскоро кон ЕУ. – Австрија и ЕУ сакаат да видат развиен Западен Балкан којшто се приклучува, не испразенто општество особено од нивната младина и висококвалификувана работна сила. Австрија не е главната дестинација на миграцијата од Северна Македонија, но и покрај тоа има прилично голема миграција од оваа земја кон Австрија, истакна Вуцас и додаде дека Австрија нуди неколку програми и иницијативи коишто се насочени кон одвраќање на овој тренд на празнење на интелектуалната сила од државава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtaj-na-oecd-okolu-700-iljadi-makedonci-ziveat-nadvor-od-drzavata/feed/ 0
ОЕЦД го суспендира учеството на руски и белоруски претставници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-go-suspendira-uchestvoto-na-ruski-i-beloruski-pretstavnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-go-suspendira-uchestvoto-na-ruski-i-beloruski-pretstavnici/#respond Wed, 09 Mar 2022 10:30:54 +0000 https://kurir.mk/?p=643922

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) објави дека го суспендирала учеството на руски и белоруски претставници во работните тела поради руската инвазија на Украина. ОЕЦД официјално ги прекина преговорите за членство на Русија на 25 февруари, ден по почетокот на руската инвазија на Украина. Преговорите се замрзнати од 2014 година и руската анексија на Крим. Тие објавија дека „поради општата агресија на Русија против Украина, Советот на ОЕЦД одлучи веднаш да го суспендира учеството на Русија и Белорусија во органите на ОЕЦД“. Советот ќе продолжи да ја следи ситуацијата, се додава во соопштението. Во исто време, членките на ОЕЦД побараа од генералниот секретар да подготви предлози за дополнителна поддршка за украинската влада, вклучително и помош за закрепнување и реконструкција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-go-suspendira-uchestvoto-na-ruski-i-beloruski-pretstavnici/feed/ 0
ОЕЦД: Ковид пандемијата изгасна 22 милиони работни места во развиените земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-kovid-pandemijata-izgasna-22-milioni-rabotni-mesta-vo-razvienite-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-kovid-pandemijata-izgasna-22-milioni-rabotni-mesta-vo-razvienite-zemji/#respond Thu, 08 Jul 2021 07:47:49 +0000 https://kurir.mk/?p=533632

Во развоените економии поради ковид пандемијата изгасени се дури 22 милиони работни места, извести Организацијата за економска соработка и развој. Во објавениот годишен извештај на ОЕЦД се наведува дека со државните програми за зачувување на вработеноста зачувани се околу 21 милион работни места. Сепак богатите нации се соочуваат со закана од долготраен раст на стапката на невработеност, бидејќи многу неквалификувани работници тешко наоѓаат ново вработување. -Многу работни места загубени поради пандемијата нема да се опорават, изјавил Стефан Карсиљо, шеф на ОЕЦД  службата за работни места. Во мај 2021 година, стапката на невработеност во земјите од ОЕЦД е намалена на 6,6 проценти, но и натаму е најмалку еден процент над нивото пред пандемијата. Од 22 милиони лица кои останале без работа, 8 милиони се невработени, а 14 милиони се сметаат за неактивни. Експертите не очекуваат вкупната вработеност во земјите членки на оваа организација да се нормализира до третиот квартал на 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-kovid-pandemijata-izgasna-22-milioni-rabotni-mesta-vo-razvienite-zemji/feed/ 0
ОЕЦД: Европските земји повеќе да инвестираат во своите здравствени работници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-evropskite-zemji-povekje-da-investiraat-vo-svoite-zdravstveni-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-evropskite-zemji-povekje-da-investiraat-vo-svoite-zdravstveni-rabotnici/#respond Thu, 19 Nov 2020 14:46:49 +0000 https://kurir.mk/?p=431844

Пандемијата со Ковид-19 го откри недостатокот на здравствени работници што веќе постоеше во многу европски земји, се наведува во извештајот објавен денеска од ОЕЦД, во кој се препорачува државите да мораат да вложат повеќе за своите здравстевни работници, јави дописникот на МИА. Во моментот кога вториот епидемиски бран го погодува Стариот континент, Организацијата за економска соработка и развој извлекува лекции од првиот бран во својата годишна здравствена панорама. Меѓу овие лекции, ОЕЦД тврди дека европските здравствени системи мора да се развиваат за подобро да одговорат на врвовите на побарувачката. „Недостатокот на здравствен персонал сепак беше многу видлив, затоа што обуката на квалификувани здравствени работници трае повеќе време отколку создавањето на привремени капацитети“, се подвлекува во извештајот. За да се поправи ова на краток рок, ОЕЦД предлага „мобилизација на дополнителен персонал“ преку резервни листи, посочувајќи ја Франција како пример. Но, ова нема да ги ослободи европските држави од повеќе инвестиции во нивниот здравствен персонал, кој од здравствената криза беше подложен на екстремни притисоци. ОЕЦД, исто така, нагласува дека земјите кои биле поуспешни од другите во зауздувањето на заразата, како што се Норвешка и Финска, биле подобро подготвени, со ефективна стратегија за тестрирање, следење на пациенти и следење на контакт. Затоа ги повикува владите да усвојат стратегии што овозможуваат правилно управување со закрепнувањето на економската активност, за да нема повеќе други мерки на ограничувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-evropskite-zemji-povekje-da-investiraat-vo-svoite-zdravstveni-rabotnici/feed/ 0