офанзива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 10:22:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png офанзива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Медведев: Израел ќе изврши офанзива врз Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-izrael-ke-izvrshi-ofanziva-vrz-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-izrael-ke-izvrshi-ofanziva-vrz-gaza/#respond Fri, 27 Oct 2023 10:22:44 +0000 https://kurir.mk/?p=893736

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев смета дека светот не треба да се залажува и оти израелската офанзива врз Газа ќе се случи. - Израел продолжува да ја одложува копнената операција во Газа, главно под притисок на САД и стравувајќи од гневот на светот. Но, немојте да се залажувате, операцијата ќе биде спроведена и тоа со најкрвави можни последици, рече Медведев, кој сега е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија. - Молох (еврејскиот бог на војната) секогаш бара повеќе жртви, а во исто време ќе покрене „машина за меѓусебно насилство“. Покрај тоа, Западот е многу уморен од Украина, па со ентузијазам прифати да го поддржува Израел. Дури и новиот претседател на Претставничкиот дом на САД, конгресменот Мајкл Џексон (извинете, Мајк Џонсон, но на кого му е гајле) ја наведе помошта за Тел Авив како свој прв приоритет, напиша Медведев на Телеграм. Медведев додаде дека можеби подобро решение би било да се продолжи процесот на решавање на Блискиот Исток и конечно да се обиде да се спроведе Резолуцијата број 242 на Советот за безбедност на ОН од 22 ноември 1967 година. - Можеби не е лошо да се усвои оригиналниот план за поделба на Палестина усвоен на 29 ноември 1947 година со резолуција 181 на Генералното собрание на ОН? Прашањата, се разбира, се реторички. Сè на сè, многу поинтересно е да се дадат пари за туѓа војна што се води далеку од САД. Војната мора да продолжи …, заклучи поранешниот руски претседател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/medvedev-izrael-ke-izvrshi-ofanziva-vrz-gaza/feed/ 0
Руско МО: Пропадна украинската офанзива во Доњецк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mo-propadna-ukrainskata-ofanziva-vo-donetsk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mo-propadna-ukrainskata-ofanziva-vo-donetsk/#respond Mon, 05 Jun 2023 06:13:39 +0000 https://kurir.mk/?p=842054

Руските вооружени сили ја одбија украинската офанзива во правец на јужен Доњецк, соопшти утринава руското Министерство за одбрана. Украина офанзивата ја почнала со шест механизирани и два тенковски баталјони, објави руското министерство на Телеграм. „Утрината на 4 јуни, непријателот почна голема офанзива во пет сектори на фронтот во правец на јужен Доњецк“, се наведува во соопштението. „Целта на непријателот беше да ги пробие нашите одбранбени линии на, според него, најранливиот дел од линијата на фронтот“, се додава во соопштението. „Непријателот не ги постигна своите цели, не успеа“. Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди руските наводи, а Украина веднаш не ги коментираше. Руското министерство објави и видео на кое вели дека се гледаат неколку украински оклопни возила запалени по судирот. Руските сили убиле 250 украински војници и уништиле 16 тенкови, борбени возила и 21 оклопен транспортер, наведе руското Министерство за одбрана во соопштението. Началникот на рускиот воен штаб, Валериј Герасимов, командант на руската воена операција во Украина, на Телеграм наведе дека се наоѓа во областа нападната од украинските сили. Во моментов се уште е нејасно дали наводниот напад го претставува почетокот на долгоочекуваната офанзива со која Украина сака да ја врати територијата под руска контрола. Официјален Киев во неделата повика на „молк“ пред офанзивата, потсетуваат британските медиуми. Украина во последните недели се обиде да ги ослабне руските позиции, а на крајот на мај висок функционер изјави дека веќе се започнати прелиминарни операции, како што се уништување на синџирите за снабдување и уништување на магацини. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mo-propadna-ukrainskata-ofanziva-vo-donetsk/feed/ 0
Столтенберг: Русија ќе започне поголема офанзива напролет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-rusija-kje-zapochne-pogolema-ofanziva-naprolet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-rusija-kje-zapochne-pogolema-ofanziva-naprolet/#respond Wed, 07 Dec 2022 11:49:29 +0000 https://kurir.mk/?p=772221

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата стравува дека конфликтот во Украина ќе ескалира напролет. -Русија сега се обидува да го ‘замрзне’ конфликтот, пред да започне поголема офанзива напролет, рече Столтенберг преку видео врска на конференцијата за нови геополитички и економски стратегии организирана од британскиот весник „Фајненшл тајмс“. Столтенберг наведе дека сојузниците од НАТО мора да продолжат да испраќаат помош за Украина, бидејќи конфликтот, кој се очекува да влезе во помирна фаза во текот на зимата, ќе продолжи и во текот на пролетта, пренесува „Фајненшл тајмс“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-rusija-kje-zapochne-pogolema-ofanziva-naprolet/feed/ 0
Проруските сепаратисти најавуваат голема офанзива за ослободување на ДНР https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proruskite-separatisti-najavuvaat-golema-ofanziva-za-osloboduvanje-na-dnr/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proruskite-separatisti-najavuvaat-golema-ofanziva-za-osloboduvanje-na-dnr/#respond Mon, 18 Jul 2022 19:41:22 +0000 https://kurir.mk/?p=707151

Украинските сили и понатаму ги бранат градовите Бакмут и Сиверск, соопшти украинската армија известувајќи за големата руска офанзива во Доњецк. – Непријателот продолжува со обидите за напад во правец на градовите Бакмут и Сиверск, но наидува на силен отпор од украинските сили. Во исто време Русите ги интензивираа нападите во правец на градот Авдијевка и се обидуваат да ги подобрат своите тактички позиции. Но, тие не успеаја и се повлекоа, се наведува во соопштението на украинската армија. Авдијивка се наоѓа во непосредна близина на градот Доњецк, кој и покрај повеќемесечните бомбардирања сè уште е под контрола на Украинците. Додека портпаролот на силите на самопрогласената Доњецка народна република, Едуард Басурин, тврди дека во тек се подготовки за „извршување на планираните задачи за ослободување на територијата на републиката. Тоа се случува на подрачјата на Авдијвка и Хорливка“. – Целта на силите на ДНР е да се опколат украинските борци во Бакмут и да обезбедат територијата контролирана од ДНР да биде надвор од дострелот на украинската артилерија, истакна Басурин, додавајќи дека напредувањето на силите на ДНР и руската армија ќе ги „присили“ украинските сили да се повлечат длабоко на територијата на Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proruskite-separatisti-najavuvaat-golema-ofanziva-za-osloboduvanje-na-dnr/feed/ 0
Офанзивата на Русија во Донбас веќе започна, изјави висок украински функционер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ofanzivata-na-rusija-vo-donbas-vekje-zapochna-izjavi-visok-ukrainski-funkcioner/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ofanzivata-na-rusija-vo-donbas-vekje-zapochna-izjavi-visok-ukrainski-funkcioner/#respond Mon, 11 Apr 2022 08:48:26 +0000 https://kurir.mk/?p=661183

Најновата руска офанзива во Донбас веќе започна, изјави утрово висок украински функционер, додавајќи дека Русија продолжува да трупа сили во источниот регион на Украина. „Од моја гледна точка, големата офанзива (во источна Украина) веќе започна“, изјави на јавната телевизија Вадим Денисенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи. „Мора да разбереме дека ова нема да биде повторување на 24 февруари, кога почнаа првите воздушни напади и експлозии и кога рековме ‘војната започна’. Големата офанзива де факто веќе започна“, рече тој. Украински и западни официјални лица велат дека значајни маневри на руските сили кон Донбас се забележани во последните денови, откако Русија не успеа да го освои Киев. „Русите трупаат сили и опрема во Доњецк и Луганск. Сè уште нема големи борби за кои толку многу се зборуваше последните денови, но генерално кажано, можеме да речеме дека офанзивата веќе започна“, рече Денисенко. Советникот на украинскиот министер изјави дека синоќа одекнале експлозии во областа Дњепропетровск и додаде дека продолжува гранатирањето на Харков, вториот по големина украински град. Сергеј Гајдаи, шеф на воената администрација во Луганск, рече дека украинските власти организираат „забрзана евакуација“ од Донбас, додавајќи дека за денеска се закажани повеќе возови за евакуација од Луганск и Доњецк. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ofanzivata-na-rusija-vo-donbas-vekje-zapochna-izjavi-visok-ukrainski-funkcioner/feed/ 0
Зеленски повеќе нема да се брани, даде наредба за напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-povekje-nema-da-se-brani-dade-naredba-za-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-povekje-nema-da-se-brani-dade-naredba-za-napad/#respond Sun, 06 Mar 2022 10:32:55 +0000 https://kurir.mk/?p=641943

Зеленски му се обрати на украинскиот народ Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги повика Украинците да го продолжат отпорот, велејќи: „Украинци! Во сите наши градови каде што непријателот нападна, тргнете во офанзива. Излезете на улиците. Мора да се бориме секогаш кога ќе имаме можност. ” Во видео-обраќањето објавено на неговата официјална страница на Фејсбук, Зеленски порача дека Украинците „нема да ја дадат својата земја на непријателот“ и ја пофали верата на украинскиот народ. Зеленски го поздрави отпорот и протестите на украинскиот народ. „Секој метар од нашата украинска земја окупирана од протести е чекор напред, чекор кон победа“, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-povekje-nema-da-se-brani-dade-naredba-za-napad/feed/ 0
АНАЛИЗА: Чистка пред генерална проба, Заев од денес тргнува во офанзива https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-chistka-pred-generalna-proba-zaev-od-denes-trgnuva-vo-ofanziva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-chistka-pred-generalna-proba-zaev-od-denes-trgnuva-vo-ofanziva/#respond Mon, 19 Apr 2021 11:17:31 +0000 https://kurir.mk/?p=498986

Циркузот во македонското собрание заврши, сега за сега, изгласан е петтиот пакет на мерки, за лица и фирми погодени од ковид кризата која го зафати светот, а тоа помина многу лошо, целата ситуација помина во НЕдемократска атмосфера, едни блокираат, други тераат инает, трети дигаа чалам. На крај ДУИ преку Талат Џафери, им се одмазди на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сами тераа лидерска средба, а ДУИ тоа го смета за понижување. Носеа пратеници со скафандери, додека траеше 32-та седница еден од пратениците изиграваше циркузант, друг шеташе низ салата дерејќи се… кратко кажано, вчера имавме циркуз без пари на собранискиот канал. На крајот од денот се заврши, ДУИ си го доби своето со помош на СДСМ, бидејќи Заев и СДСМ мораа да си го платат долгот за понижувањето, ВМРО-ДПМНЕ со сите сили нападна поради „космонаутите“ во собранието, Апасиев и Левица повторно од говорницата испрати закани кон свотите колеги „космонаути“. А од денес почнува нова борба, Заев тргнува во една нова офанзива. Од денес Заев во СДСМ ќе прави голема чистка… генералка. Радмила Шекеринска и нејзиното крило во СДСМ се на неговиот „нишан“ . Зоран Заев е свесен дека доколку сака да опстане и комплетно да завладее во партијата мора да расчисти со Радмила Шекеринска и таканареченото скопско крило, кое има огромно влијание во СДСМ, многу повеќе од струмичкото и е проблем за Заев и неговите блиски соработници. Од денес Зоран Заев со сите сили ќе тргне против Шекериснска и нејзините, Дамјан Манчевски го тргна, изминатите денови му прави проблеми на Саша Богдановиќ, а Шилегов комплетно го игнорира, речиси сите градоначалници и функционери кои важат за блиски до Радмила Шекеринска се на „нишанот“ на Заев, а тоа има цел, на есен ни претстојат локални избори, избори да се биде или не за Зоран Заев. Заев тргнува од опашката, за после кога ќе треба „ да ја исече“ главата тоа да биде полесно од колку што изгледа. Но, Радмила Шекеринска не е наивна и далеку е од неискусен политичар, Радмила Шекеринска е политичар кој 30 години опстојува на политичката сцена, таа ги „преживеа“ Киро Глигоров, Бранко Црвенковски, Хари Костов, Владо Бучковски, а сега треба да му се спротистави на Зоран Заев.  Тоа дека Радмила Шекеринска не е наивна и добро плива во политичките води цели 30 години покажуваат неколку нејзини средби во време кога е нападната. Две средби за брзо време со Кејт Мери Брнс, ако се сеќавате на онаа средба на Криволак и дента кога САД донираа опрема во АРМ се типичен пример за тоа како Радмила Шекеринска хирушки прецизно знае кога и се наближува некаква опасност.  Но, да не заборавиме дека СДСМ треба да избере и ново раководство, потпретседателските места од 5, Заев ги намали на 3, Радмила Шекеринска по се изгледа ќе ја загуби оваа позиција, па така според пишувањата на медиуми блиски до СДСМ, на тие места се планираат најлојалните сопартијци на Заев, Оливер Сапсовски и Венко Филиче, третиот нека остане изненадување, но како сега стојат работие во СДСМ, Радмила Шекеринска веќе нема да биде на оваа висока партиска функција. Да заклучиме, едниов е полн како брод, тазе избран за претседател на партијата, а другава е со силни меѓународни врски и пријатели. Едно е сигурно, Зоран Заев од денес почнува офанзива против Радмила Шекеринска, а прашање е дали нејзините пријатели ќе му се спротивстават на Заев во „нападот“ кој го планира.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-chistka-pred-generalna-proba-zaev-od-denes-trgnuva-vo-ofanziva/feed/ 0
Меркел побара Ердоган веднаш да ја запре офанзивата во Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-pobara-erdogan-vednash-da-ja-zapre-ofanzivata-vo-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-pobara-erdogan-vednash-da-ja-zapre-ofanzivata-vo-sirija/#respond Sun, 13 Oct 2019 14:53:07 +0000 https://kurir.mk/?p=251227

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска го повика турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган веднаш да ја запре воена офанзива во североисточна Сирија и го предупреди за можна нестабилност во регионот и заживување на терористичката Исламска држава. Меркел во телефонски разговор го повика Ердоган веднаш да ја прекине воената интервенција против курдските сили во Сирија, соопшти канцеларијата на германската канцеларка. Берлин и Париз вчера објавија дека прекинуваат со испораката на оружје за Турција, особено она оружје што може да се користи во офанзива во Сирија. Турција во средата започна воена офанзива против курдските сили во североисточна Сирија затоа што тие сили ги смета за терористички. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-pobara-erdogan-vednash-da-ja-zapre-ofanzivata-vo-sirija/feed/ 0
Макрон: Итно да се запре турската офанзива во Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-itno-da-se-zapre-turskata-ofanziva-vo-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-itno-da-se-zapre-turskata-ofanziva-vo-sirija/#respond Sat, 12 Oct 2019 09:46:26 +0000 https://kurir.mk/?p=250739

Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговараше со својот американски колега Доналд Трамп за турската офанзива во Сирија и го предупреди дека последицата може да биде заживување на активностите на т.н. Исламска држава. Според соопштението од кабинетот на Макрон, тој истакнал дека турската офанзива итно треба да се запре. Во соопштението не се наведува дали Макрон ги повикал американските сили да интервенираат. Макрон ја истакнал потребата да се запре „секое заживување на Исламската држава во регионот“ и да се поддржат курдските сили, кои помогнаа воената коалиција предводена од САД да ја преземат територијата на Сирија и Ирак од екстремистите од терористичката Исламска држава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-itno-da-se-zapre-turskata-ofanziva-vo-sirija/feed/ 0
Ердоган се закани со офанзива во североисточна Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-se-zakani-so-ofanziva-vo-severoistochna-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-se-zakani-so-ofanziva-vo-severoistochna-sirija/#respond Sun, 01 Sep 2019 07:12:35 +0000 https://kurir.mk/?p=235583

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера се закани дека ќе преземе еднострана офанзива во североисточна Сирија ако не се реализираат плановите со САД за воспоставување на така наречена зона на безбедност долж границата со Турција, а коридорот да го контролираат турски војници. Ердоган пред дипломците на воената академија во Истанбул истакна дека САД имаат три недели да ги исполнат барањата на Турција. Турски и американски претставници претходно се договорија за воспоставување на безбедносна зона источно од Еуфрат. Анкара исто така сака и сириските Курди, кои ги смета за терористи, да се повлечат од границата. – Ако нашите војници не почнат активно да ја контролираат зоната, нема да имаме избор туку ќе ги активираме сопствените оперативни планови, посочи Ердоган. Тој додаде дека на Генералното собрание на Обединети нации во текот на месецов ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, што ќе биде „последна шанса“ пред евентуалната турска офанзива. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-se-zakani-so-ofanziva-vo-severoistochna-sirija/feed/ 0