ОФФест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Jun 2022 06:00:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ОФФест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува 21. издание на „ОФФест“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-21-izdanie-na-offest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-21-izdanie-na-offest/#respond Wed, 01 Jun 2022 06:00:00 +0000 https://kurir.mk/?p=684596

Од денеска до 4 јуни во Националната опера и балет и МКЦ почнува 21. издание на фестивалот „OФФест“ . Во програмата на Фестивалот годинава се осум концертни настапи и еден документарен филм. „ОФФ-Фест 2022“ ќе го отвори македонскиот етно состав „Перија“, како и тандемот на две наши исклучителни творечки фигури „ДОБРИЛА & ДОРИАН ДУО“, со домашна концертна премиера на музичкото ремек-дело, албумот „Апокриф“ (SJF Records). – Мајсторството во изведбата на африканската кора што ќе го сподели виртуозниот инструменталист Балаке Сисоко“ од Мали, во комбинација со рафинираниот пост-тропикализмичен и боса-нова звук на триото на бразилскиот гитарист, пејач, композитор и продуцент Лукас Сантана, создаваат услови за беспрекорно концертно доживување. Фасцинантниот електро-психоделичен музички огномет на колумбиските тропски велемајстори „Лос Пирањас“ е еднакво погоден за слушање и за танцување. Величенствената моќ и уникатната разновидност на италијанската пејачка ѕвезда Марија Мацота ќе ја пресретне волшебната интерпретација на националниот музички стил на Зелено’ртските острови (Кабо Верде), популарната „морна“, од страна на една од најреномираните уметници што го истражуваат и чуваат ова огромно музичко наследство – Ненси Виеира. „ОФФ-Фест 2022“ ќе го заклучи хајлајф фанк на многучлениот афробит колектив „Сантрофи“ од Гана. Во рамките на фестивалската програма ќе биде прикажан и документарниот филм „The Rumba Kings”, посветен на конгоанската румба. ПЕРИЈА е бенд формиран во 2015 година. Своите почетоци ги имаше на улица како импровизирана сцена. Членовите се менуваат низ текот на годините, а бендот останува отворен за конекции и соработки. Перија е македонски збор со турско потекло што значи самовила. Токму таа митолошка врска со темнината на балканските шуми е чувството коешто се обидуваат да го пренесат во својата музика. Идејата е комбинирање на нивните музички влијанија и создавање на фузија: обработување на стари, речиси заборавени песни (некои од нив собирани од пријатели кои патуваат по селата и ги снимаат, а некои најдени во многу стари снимки), со сопствена оригинална авторска музика и аранжмани. Бендот во својот вокален израз употребува различни јазици од Балканот и пошироко, бидејќи веруваат во еднаквоста на културите. Нивните музички влијанија варираат од модерната класична музика, атоналната, пост-панк, рок, метал, психоделичниот транс, па сè до традиционалната музика на Балканот, Блискиот Исток и Северна Африка. Комбинираат западни и источни техники на свирење: музички скали што се користат во традиционалната музика на Балканот, комплицирани макамски скали, па дури и одредени раги од истокот, непарни ритми од Балканот итн. Имаат објавено два студиски албуми и две EP изданија. Добрила и Дориан ја започнуваат својата соработка уште во 2008 година во Чалгија саунд систем кој до денес е еден од оние бендови што ја негува традиционалната чалгиска музика, но и креира нова, современа музика базирана врз традицоналната чалгија. Нивната заедничка музичка авантура во форма на дуо започнува во 2020 година создавајќи го проектот DOBRILA & DORIAN DUO и првиот заеднички албум наречен „Апокриф“ (SJF Records, 2021), кој уште при самото негово појавување е оценет како ремек-дело. Во него се наоѓаат неколку од најубавите македонски традиционални песни: „Излези, Видо“, „Три години стана“, „Невесто, тенка, висока“, но овојпат со комплетно нов пристап и уникатен „електронски“ поглед кон македонската музика кој ја носи во една поинаква димензија. Сега, наместо познатиот инструментариум на поголемите ансамбли, се слуша само утот, луповите, тишината, импровизациите и раскошната убавина на мелодиите. За привлечноста на овој нов музички изблик уште на самиот почеток на неговото живеење ќе речат: „Смел, искрен и до нота маестрално изведен проект, кој ако го пуштите еднаш, како спирала ќе ве подигне нагоре и по секое пуштање си велите ај, пак!“. Еден од најзначајните современи мајстори на инструментот кора, БАЛАКЕ СИСОКО е музичар од Мали, познат по своите инструментални иновации и бројни соработки вон западноафриканската музика. Меѓународниот подем го постигна заедно со кора гуруто Тумани Диабате, на албумот „New Ancient Strings“ (1999), првиот инструментален кора албум во светот. Сисоко започнал да се занимава со музика на млада возраст. Во 1981 година, уште во раните тинејџерски години, по смртта на татко му Џелимади, тој го зазема неговото место во Ensemble Instrumental National du Mali. Една од карактеристиките на неговата музичка визија е тоа што тој стана сериски кроскултурен соработник, секогаш подготвен да го имплементира звукот на кората во нови и различни контексти. Тоа започна со раскошен сет дуети на пијано и кора со италијанскиот композитор Лудовико Еинауди, а потоа следеше неговата соработка со ирскиот мултиинструменталист Рос Дејли. Настапувал или снимал музика со Рокиа Траоре, Таџ Махал, триото 3MA (со Ел Малуми и Раџери) и Салиф Кеита, меѓу другите. Веројатно најзабележителната негова авантура е тандемот со францускиот виолончелист Винсент Сегал, со кого сними два извонредни албуми на кора и виолончело дуети. Балаке е рангиран само позади неговиот роднина Тумани Диабате како најистакнат светски кора маестро. Долго пред неговиот 30-ти роденден, бразилскиот вундеркинд ЛУКАС САНТАНА, крстосувајќи го светот со најголемите имиња на бразилската Тропикалија, веќе имаше апсорбирано огромно количество музика, недостижно за повеќето професионалци во текот целиот свој живот. Младиот талент од Баија беше откриен во своите рани дваесетти години од страна на бразилските „супертешкаши“ Жилберто Жил и Каетано Велосо. Во текот на својата повеќе од две децении долга кариера, тој издаде 8 одлични албуми, а компонираше музика и за неколку MPB ѕвезди, како Фернанда Абреу, Мариса Монте и Даниела Меркјури, прераснувајќи во еден од најжешките музички феномени јужно од Екваторот. Денес, пејачот, композиторот, продуцентот и движечката сила на бразилскиот нов бран се враќа кон корените на бразилската гитарска традиција од 1950-тите за да испорача еден пост-тропикализмичен електро-акустичен поп албум со теми што го третираат подемот на реакционерната политика и нејзиното опасно игнорирање на човековите права и животната средина. Сантана бира интимна поставка за својата потрага по светлина во овие мрачни времиња. Како што вели: „живееме во време во кое сите зборуваат гласно. Мислам дека дојде време за шепот во ушите на луѓето“. LOS PIRAÑAS се инструментална супергрупа од Колумбија во која учествуваат три музички визионери од Богота: Еблис Алварез (Meridian Brothers, Chúpame el dedo), Марио Галеано (Frente Cumbiero, Ondatropica) и Педро Охеда (Romperayo, Sidestepper). Обединувајќи ги експерименталните можности на ритмите и звуците од Јужна Америка (кумбија, чампета, тропикалија, салса и други) со авант психо-рокот, даб минимализмот и „бодликавиот“ џез, Los Pirañas е ретро-футуризам од најдобар вид. Сите овие стилови тие ги комбинираат во рок манир, со бучни импровизации и апсурден музички хумор. Замисли го Captain Beefheart во егзотично расположение. Или можеби Карлос Сантана во млади години на LSD. Сосема лудо, но во исто време исклучително пријатно и погодно за танц и уживање. Интензивните европски турнеи им донесоа настап на некои од најголемите и најзначајните фестивали, како данскиот Roskilde (2016) каде што изместија толпа од 10.000 луѓе, португалскиот FMM во Синеш (2016), холандскиот Best Kept Secret (2018) и многу други. Уникатната сестраност на МАРИЈА МАЦОТА е клучната состојка што ја прави една од најзначајните појави на музичката сцена во регионот Апулија во Италија. Таа се движи природно, со беспрекорна леснотија, меѓу звуците на Јужна Италија и влијанијата на балканската музика, освојувајќи ја публиката со нејзината искрена интерпретација што нурнува длабоко во културите на изведуваните композиции. Покрај членувањето во култните Canzoniere Grecanico Salentino (од 2000 до 2015 година), бенд со кој сними 6 албуми, Марија Мацота може да се пофали со бројни соработки со истакнати светски музички уметници како: Боби Мекферин, Ибрахим Малуф, Рита Маркотули, Балаке Сисоко, Пиерс Фачини, Џастин Адамс и Џулде Камара, Реди Хаса, Рој Пачи и други. Во текот на нејзината кариера, таа настапи на некои од најважните меѓународни „world music“ фестивали: Womad (Австралија, Нов Зеланд, Велика Британија), GlobalFest (Њујорк), South by Southwest (Тексас), Rainforest (Малезија), TarabTanger (Мароко), Soglie (Саудиска Арабија), Womex (Солун и Порто), Babel Med Music и Les Suds a Arles (Франција) итн. На OFFest, Марија Мацота ќе го претстави својот последен албум “Amoreamaro”, во дует со хармоникашот Антонино Де Лука. НЕНСИ ВИЕИРА е една од најреномираните уметници што го истражуваат огромното музичко наследство на Зеленортските Острови (Кабо Верде), поточно нивната „морна“, национален музички стил којшто неодамна беше прогласен од УНЕСКО како нематеријално наследство на човештвото. А на сцената, таа е една од најсилните чувари на ова наследство, претставувајќи го низ целиот свет. Нејзината музика, која зборува за патувањата и морето, за копнежот и далечината, опстојува на различни фреквенции, нешто што секогаш им дава посебна динамика на нејзините концерти, на кои таа секогаш претставува „морни“, „фунани“, „коладери“ и звук што се шири низ океанот и светот. Виеира, која живее во Португалија, го имаше своето деби во 1995, но првпат го привлече вниманието во 1999, кога се појави на компилацијата „Musica de Intervenção Cabo-Verdiana“ (Интервентна музика од Зеленортските Острови), пеејќи заедно со легендарниот Илдо Лобо. Таа потоа ги објави албумите „Segred“ (Praça Nova, 2004), „Lus“ (Harmonia Mundi/World Village, 2007), „Pássaro Cego“ со Мануел Пауло (Arthouse, 2009) и „Nô Amá“ (Lusafrica, 2012), а во 2018 го објави многу фалениот „Manhã Florida“ (Lusafrica). Во моментов, Ненси подготвува нов албум, што значи нејзиниот извонреден репертоар ќе биде збогатен со нови песни. Дури и без издаден албум, SANTROFI веќе го потпалија светот полудувајќи ја публиката низ цела Европа со својата летна турнеја во 2019-та, вклучувајќи ги фестивалите Sines (Португалија), WOMAD (Велика Британија), Roskilde (Данска) и WOMEX (Финска). На овој млад деветчлен олстар бенд од Гана не му недостигаат талентирани музичари и енергија на сцената. Нивниот деби-албум “Alewa” испорачува – директно од улиците на Акра – нов бран свеж highlife звук вкоренет во минатото но со поглед кон иднината. Групата, формиранa од басистот и продуцент Емануел Офори, кој „се хранеше од изворот“ настапувајќи со Ебо Тејлор и Пет Томас, е длабоко инспирирана од highlife музиката на Гана во сите нејзини облици. Влијанијата се движат од возбудливиот, динамичен, гитарски, денс-ориентиран highlife од 70-тите, преку различните етно форми на highlife фанкот, па сè до полиритмичните битови и мелодии со кои популарниот afrobeat го инфицираше целиот свет. На сцената, тие ја уриваат секоја можност за хиерархија: музичарите ги менуваат своите улоги, растејќи со развивање на талентот на другиот и усогласувајќи се како целина. Заедно, тие имаат моќ да збришат сè пред себе. А ова е само почеток. Документарниот филм „THE RUMBA KINGS“ ја воспева епската потрага по конгоанската румба. Тоа е музиката што му помогна на Конго да се бори против колонијалното угнетување, да се ослободи и да создаде нов идентитет. Во 1950-тите, кога Демократска Република Конго беше белгиска колонија, цела една генерација тамошни музичари ги спои традиционалните африкански ритми со афро-кубанската музика, создавајќи го возбудливиот бит на конгоанската румба. Звук што ќе го доведе Конго до неговата независност и ќе го вооодушеви целиот африкански континент со својот заразен грув, хипнотизирачки гитари и пријатни вокали. Овој филм содржи музика од Franco Luambo & OK Jazz, Grand Kallé & African Jazz и Docteur Nico & African Fiesta Sukisa. The Rumba Kings не е само музичко патување, туку и емотивно искуство за тоа како музиката може да ги урне бариерите, да ги залечи раните и да донесе надеж.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-21-izdanie-na-offest/feed/ 0
Словенечкото трио „Широм“ и бразилскиот гитаристот Кико Динучи со пејачката Јусара Марсал вечер на ОФФест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/slovenechkoto-trio-shirom-i-brazilskiot-gitaristot-kiko-dinuchi-so-pejachkata-jusara-marsal-vecher-na-offest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/slovenechkoto-trio-shirom-i-brazilskiot-gitaristot-kiko-dinuchi-so-pejachkata-jusara-marsal-vecher-na-offest/#respond Thu, 11 Nov 2021 09:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=593997

На јубилејниот ОФФест вечер ќе настапат словенечкото трио „Широм“ и бразилскиот гитарист и композитор Кико Динучи и неговата специјална гостинка, пејачката Јусара Марсал. Тие пред скопската публика, ќе ги претстават своите актуелни музички проекти на кои работеа последниве неколку години. Словенечката инструментална тројка ШИРОМ, наведуваат органиозаторите Скопје Џез Фестивал (СЈФ), отсекогаш трагала по својот оригинален, досега неслушнат, автентичен звук. Нивниот „имагинарен фолк“ освојува нови креативни територии и искуства со калеидоскопскиот трет албум, „A Universe that Roasts Blossoms for a Horse“ објавен за реномираната дискографска етикета Glitterbeat Records, како и нова серија концерти низ светот. Испреплетувањето на различни музички пристапи и инструменти, истории на звуци и нескротлива музичка фантазија и вештина е широкиот водечки принцип на Широм, чии членови потекнуваат од различни региони на Словенија (Прекмурје, Толминско и Крас). Повеќе од дузина инструменти, рачно изработени но и светски познати, може да се најдат на репертоарот на Изток Корен, Само Кутин и Ана Кравања и најмалку уште толку музички форми што можат да се доживеат како инспирација зад ликот на овој нов ансамбл. Ова генерира оригинална, стилски хомогена форма на изразување што осцилира помеѓу еден широк спектар на фолк звуци и современи акустични рок медитации. Крајниот резултат е непретенциозен, но во исто време и мистичен минимализам. Музиката на Широм е контемплативна, но може да стане и тврда кога е потребно, повеќе бендовска одошто камерна и повеќе улична отколку урбана по својата природа. Инспириран подеднакво од Жоао Жилберто, Fugazi, африканската полифониска музика и од родниот Сао Паоло, бразилскиот гитарист и композитор Кико Динучи, во придружба на пејачката Јусара Марсал вечерва во Скопје ќе го претстави албумот „Rastillo“, кој откако се појави (октомври 2020) постигна молскавичен успех и репутација на ремек-дело, доживувајќи еуфорични пофалби од светската музичка критика. Станува збор, за како што се наведува, вистински гитарски албум, каде инструментот „покрива“ сè друго, а вокалите и текстовите ги истражуваат текстурите на фолк музиката со масивен, перкусивен и енергичен начин на свирење. Албумот потсетува на бисерите на бразилската музика од минатиот век. Секогаш водејќи се од идејата гитарата да ја свири како перкусивен инструмент, Динучи во себе ги носи влијанијата на легендите на бразилската песна и акустичната гитара како Доривал Каими, Баден Пауел, Жоао Боско или Жилберто Жил, како и искуствата стекнати на панк-рок/хардкор сцената од деведесеттите во Сао Паоло, но и од самба сцената и религиозните „кондомбле“ активности. „Извонреден од почеток до крај“ (Џајлс Питерсон), албумот „Rastilho“ го зацврстува Кико Динучи како еден од најзначајните експоненти на современата бразилска музика. Годинашното јубилејно 20. издание на ОФФест (9-13 ноември), во органзиација на СЈФ, беше отворено завчера со извонредниот настап на португалско-шпанското дуо Лина и Раул Рефри, кое на најубав можен начин ја претстави својата визија за фадото на 21 век.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/slovenechkoto-trio-shirom-i-brazilskiot-gitaristot-kiko-dinuchi-so-pejachkata-jusara-marsal-vecher-na-offest/feed/ 0
Јубилејно 20. издание на ОФФест од 9 до 13 ноември https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/jubilejno-20-izdanie-na-offest-od-9-do-13-noemvri/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/jubilejno-20-izdanie-na-offest-od-9-do-13-noemvri/#respond Wed, 03 Nov 2021 09:06:32 +0000 https://kurir.mk/?p=590119

Од 9 до 13 ноември во Скопје ќе се одржи дваесеттото издание на ОФФест. Како што најавија од Скопскиот џез фестивал, планираната програма е свежа, разнобојна и возбудлива, една од најинтересните во скорешната историја на фестивалот. -Сеќавањата на делото на големата португалска пејачка легенда Амалиа Родригез ќе бидат оживеани со настапот на извонредното дуо „Лина и Раул Рефри“, кое испорачува модерно и надградено фадо, музика што ги надминува географските одредници, како и со проекцијата на документарниот филм „The Art of Amalia”, посветен на култната кралица на фадото, соопштија од Скопскиот џез фестивал. Посочуваат дека мистичниот минимализам, имагинарниот фолк и нескротливата музичка фантазија и вештина на триото „Широм“ од Словенија, во комбинација со апокалиптичната самба на извонредниот гитарист/композитор и воедно еден од најзначајните експоненти на современата бразилска музика Кико Динучи и неговата специјална гостинка Јусара Марсал ветуваат исклучително концертно доживување од највисок ранг. Исто така, величествената моќ на еден од најинвентивните и најоригиналните африкански автори Блик Баси – Камерун/Франција, одлично се вклопува во неодоливиот шарм, визија и поезија на „Пијан славеј“ од Македонија, новиот проект на Бранислав Николов, фронтменот на Фолтин. – Словенечкото инструментално трио ŠIROM се враќа со својот „имагинарен фолк“, со калеидоскопскиот трет албум, „A Universe that Roasts Blossoms for a Horse“ и со нова серија концерти низ светот. Испреплетувањето на различни музички пристапи и инструменти, истории на звуци и нескротлива музичка фантазија и вештина е широкиот водечки принцип на триото Širom, чии членови потекнуваат од различни региони на Словенија. Повеќе од дузина инструменти, рачно изработени но и светски познати, може да се најдат на репертоарот на Изток Корен, Само Кутин и Ана Кравања и најмалку уште толку музички форми што можат да се доживеат како инспирација зад ликот на овој нов ансамбл, соопштија од Скопскиот џез фестивал. Кико Динучи е бразилски гитарист и композитор од Сао Паоло. Тој е еден од основачите на групите Metá Metá и Passo Torto. Има соработувано со Елза Соарес, Том Зе, Криоло и други. Динучи во себе ги носи влијанијата на легендите на бразилската песна и акустичната гитара како Доривал Каими, Баден Пауел, Жоао Боско или Жилберто Жил. „Извонреден од почеток до крај“ (Џајлс Питерсон), албумот „Rastilho“ го зацврстува Кико Динучи како еден од најзначајните експоненти на современата бразилска музика. На 20. ОФФест ќе настапи заедно со специјалната гостинка Јусара Марсал. Пијан славеј или Бранислав Николов е реномиран музички уметник, изведувач, автор, поет, пејач и фронтмен на групата Фолтин. Како еден од основачите и клучни членови во бендот, зад себе има девет студиски изданија, како и музика за преку триесет театарски претстави и неколку документарни и играни филмови, меѓу кои, кандидатот за Оскар „Медена Земја“, интернационално наградуваните „Исцелител“, „Avec L’Amour (со љубов)“, „Cash & Marry“ и други. Пијан славеј е неговиот прв музички и поетски соло излет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/jubilejno-20-izdanie-na-offest-od-9-do-13-noemvri/feed/ 0
Јубилејниот 20. OFFest одложен за ноември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/jubilejniot-20-offest-odlozen-za-noemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/jubilejniot-20-offest-odlozen-za-noemvri/#respond Thu, 06 May 2021 17:13:51 +0000 https://kurir.mk/?p=506714

Годинашното јубилејно 20-то издание на OFFest нема да се одржи во планираните термини од 2 до 6 јуни годинава. Како што соопштуваат организаторите во соопштение, единствена причина за одложувањето на веќе подготвената фестивалска програма е доцнењето на договорот и придружната документација, (а со тоа и благовремената исплата на неопходниот аванс) од Министерството за култура. -Ова е прв ваков случај во историјата на OFFest, како и на постариот Скопски џез фестивал, на кој искрено се надеваме дека нема да му се случи нешто слично. Новите термини на OFFest се 9-13 ноември 2021. Фестивалот, годинава со значително скратен буџет, во најголем дел ќе ја зачува веќе подготвената програма, првично предвидена за реализација во јуни, со истото планирано фестивалско отворање – концертот на модерниот фадо дует Lina_Raül Refree, колаборативен проект на португалската фадо дива Lina Rodrigues и популарниот шпански артист Raül Refree, еден од најбараните и најиновативните светски продуценти во моментов, наведуваат од Скопски Џез Фестивал. Овој проект, кој лани кулминираше со албумот „Lina_Raül Refree“ (Glitterbeat), своевидна модерна посвета на музиката на големата фадо легенда Amália Rodrigues, се посочува, беше оценет од критиката како еден од клучните настани на светската музичка сцена во 2020 година. Во рамки на првата фестивалска вечер на OFFest 2021 ќе биде прикажан и документарниот филм “The Art of Amália”, посветен на кралицата на португалското фадо Amália Rodrigues.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/jubilejniot-20-offest-odlozen-za-noemvri/feed/ 0
ОФФест од 2 до 6 јуни, објавени неколку учесници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/offest-od-2-do-6-juni-objaveni-nekolku-uchesnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/offest-od-2-do-6-juni-objaveni-nekolku-uchesnici/#respond Fri, 24 Jan 2020 07:53:04 +0000 https://kurir.mk/?p=293929

Годинашниот, 19. ОФФест – фестивал на музика од светот на 2 јуни ќе го отвори дуетот на португалската фадо пејачка Лина Родригес и популарниот шпански артист Раул Рефре, кој е еден од најиновативните светски продуценти. -Нивниот штотуку објавен албум „Lina_Raül Refree“, кој е своевидна модерна посвета на големата фадо легенда Амалија Родригес, веќе предизвикува лавина од позитивни реакции кај светските музички сладокусци, соопшти Скопски џез-фестивал, организаторот на ОФФест. На втората вечер на ОФФест (3 јуни) ќе настапи уште еден тандем предводен од мајсторот на иранското кеменче Кајхан Калор, добитник на „Греми“ во 2017, кој лани  доби и специјална награда за животно дело на Womex. Музичарот со курдско потекло во Скопје ќе настапи во придружба на турскиот виртуоз на инструментот баглама, Ердал Ерзинцан. – Во истата вечер публиката ќе може да го проследи и настапот на фасцинантната каталонска пејачка Силвија Перез Круз. Таа во Скопје ќе го претстави својот најнов проект „Фарса”, во кој на волшебен начин ги комбинира музиката, театарот, филмот, танцот, сликарството, фотографијата и поезијата, соопшти Скопски џез-фестивал. Организаторот наскоро ќе ја објави комплетната програма на ОФФест. кој ќе се одржува од 2 до 6 јуни во Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/offest-od-2-do-6-juni-objaveni-nekolku-uchesnici/feed/ 0
Уму Сангаре го затвора ОФФест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/umu-sangare-go-zatvora-offest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/umu-sangare-go-zatvora-offest/#respond Tue, 05 Jun 2018 06:09:27 +0000 https://kurir.mk/?p=62384

Уму Сангаре, најголемата африканска пејачка која доаѓа од Мали, вечер од 20.30 часот ќе настапи во Македонската опера и балет и ќе го затвори  17. ОФФест. Суперѕвездата од Мали, како што наведува организаторот на фестивалот, е добитник на наградата „Греми“, амбасадор е на добра волја на Обединетите нации, добитник на International Music Award на УНЕСКО и Womex 2017 Artist Award Winner. Таа е пејачка, композитор и посветен активист за правата на жените во родната Мали и во цела Африка. Родена е во главниот град Бамако и музичка кариера почнала на рана возраст пеејќи традиционални песни. На 20 години го снимила својот спектакуларен прв албум „Moussolou“. Нејзиниот последен албум „Могоѕа“ многумина го прогласиле за албум на годината во 2017. – Стилот на пеење на Сангаре е васулу и затоа е позната како „песнопојната птица на васулу“. Тоа е популарен музички жанр произлезен од народните традиции во руралниот југозападен дел на Мали. Токму тој стил ѝ донесе меѓународен успех и со него продолжува да ја доближува васулу-културата и традицијата до светската публика, наведува ОФФест. Со концертот на Сангаре ќе заврши 17-тото издание на фестивалот на музика на светот, кој беше досега најбогат по денови (пет) и по број на учесници – вкупно десет изведувачи. На програмата на годинашниот ОФФест беа: „Јупитер и Оквес“ од Конго; „Фајтинг виндмилс“ (единствените учесници од Македонија);  американско-австралиско-турскиот состав „Диртмјузик“; „Офичина Зое“ од Италија; „Ифрикија Електрик“ од Тунис; „Бармер бојс“ од Индија, француско-италијанскиот бенд „Транс аеолиан трансмисион“; пејачките Гаје Су Акјол од Турција и Уму Сангаре од Мали, како и диџејот Мукамбо од Белгија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/umu-sangare-go-zatvora-offest/feed/ 0
Музичари од Индија, Франција и Италија вечер на ОФФест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/muzichari-od-indija-francija-i-italija-vecher-na-offest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/muzichari-od-indija-francija-i-italija-vecher-na-offest/#respond Sun, 03 Jun 2018 08:03:09 +0000 https://kurir.mk/?p=61767

На претпоследниот фестивалски ден на 17. ОФФест, вечер од 20 часот во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар ќе настапат триото „Бармер бојс“ од Индија и француско-италијанското дуо „Транс-Аеолиан трансмисион“. Тројцата музичари од „Бармер бојс“ ги продолжуваат вековните музички традиции на Манганиерите и се глобални амбасадори на современиот фолклор на Раџастан и суфи-музиката. Групата е формирана во 2011 година за време на фестивалот „Amarrass Desert Music“ во Њу Делхи, за потоа да ја маѓепса публиката на фестивалите и клубовите низ Индија, Северна Америка, Европа и Азија. Нејзиното интернационално деби беше на фестивалот Роскилде  во 2014 година. - Триото е предводено од Манџи и Раис. Манга „Манџи“ Кан потекнува од  семејство на славни пејачи, а со својот огнен глас подеднакво пее традиционални марвари свадбени песни и суфи „кјовали“, а свири и хармониум. Раис Кан е надарен млад музичар кој е волшебник на повеќе инструменти, соопшти ОФФест за концертот на индиското трио. Од 21.30 часот во кино „Фросина“ во МКЦ ќе настапи дуото „Транс-Аеолиан трансмисион“ на двајца музичари - Франсоа Камбузат - ветеран од медитеранската панк и авант-рок сцена, и басистката Џана Греко од италијанската електрична музичка сцена. На нивниот концерт ќе биде прикажан и документарен филм за патување што самите го снимиле додека престојувале во длабочините на пустината Такламакан, планините Каракорам, градовите од Патот на свилата... и средбите што ги имале со музичари од различни светови.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/muzichari-od-indija-francija-i-italija-vecher-na-offest/feed/ 0
Три концерти во МКЦ на третиот фестивалски ден од 17. ОФФест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tri-koncerti-vo-mkc-na-tretiot-festivalski-den-od-17-offest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tri-koncerti-vo-mkc-na-tretiot-festivalski-den-od-17-offest/#respond Sat, 02 Jun 2018 07:16:44 +0000 https://kurir.mk/?p=61219

Во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар вечер од 20 часот на ОФФест ќе гостува италијанската група „Офичина Зое“ (Officina Zoe). Шесте нејзини членови ќе го претстават „пицика тарантата“ - народен танц и музички стил од јужна Италија. Уште од 1993 година тие се најпознатата група која ја изведува традиционалната музика од регионот на Саленто и се наречени „чувари на пициката”. Соработуваат и со други култури, како турскиот мултиинструменталист Мерџан Деде, пејачот од Мали Мамани Кеита и Баба Сисоко и имаат настапувано во САД, Австралија, Кореја, Јапонија, Аргентина, Мароко, Индија. Во Дансинг салата на МКЦ од 21.30 ќе гостува петчлениот состав од Тунис „Ифрикија Електрик“ (Ifriqiyya Electrique) кои ќе претстават уникатен проект произлезен од Банга - древна музичка традиција карактеристична за јужниот дел на пустината во Тунис. - Вистински адорцистички обред и транс кој го практикува заедницата Банга. Настап на Банга музичарите во интеракција со електроника и засилувачи. Рекомпонирана музика, трансцендентална и постиндустриска церемонија.  Истовремено, тоа е ритуал со кој се повикуваат духовите да влезат во телото и умот, наведува ОФФест. Нивниот деби албум „Ruwahine“ објавен во 2017 година беше меѓу првите десет на светските музички листи во Европа и САД. На третата вечер од 17. ОФФест, третиот концерт во МКЦ (Дансинг сала) од 23 часот ќе биде на турската пејачка Гаје Сју Акјол, која е извонредно успешна во спојувањето на рок и инди-музиката со препознатливиот турски звук. - Мојот стил наликува на старото турско пеење, богато и експресивно. Мојата музика е нешто ново во Турција, но и во светот, затоа што е мешавина на многу стилови, вели пејачката од Истанбул. За нејзиниот последен албум „Hologram Imparatorlugu“ ОФФест посочува дека е „енергичен, моќно опоен и отровно убав, проследен со брилијантна европска турнеја“. Саботната фестивалска вечер ќе заврши со полноќен настап на белгискиот диџеј Мукамбо во клубот „Епицентар“. Диџејот од Брисел  Мукамбо е Бенџамин Толет - белгиски музички новинар, радиоводител и продуцент, кој од 2005 пишувал и за неколку белгиски, холандски и француски весници и списанија како експерт за светската музика. Неговото Радио Мукамбо е наклонето кон африканската музика- афро-битот, етиопскиот грув, афро-латинските и афро-бразилските, сукус, арабеска и португалските звуци, како и хип-хопот. Во последните четири години Мукамбо е движечка сила на „Groovalicious“ - најголема глобална грув-забава во Брисел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tri-koncerti-vo-mkc-na-tretiot-festivalski-den-od-17-offest/feed/ 0
„Фајтинг виндмилс“ и „Диртмјузик“ на втората вечер од 17. „ОФФест“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/fajting-vindmils-i-dirtmjuzik-na-vtorata-vecher-od-17-offest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/fajting-vindmils-i-dirtmjuzik-na-vtorata-vecher-od-17-offest/#respond Fri, 01 Jun 2018 06:45:20 +0000 https://kurir.mk/?p=60837

Фестивалот на музика од светот ОФФест денеска продолжува со два концерта во Дансинг салата на Младинскиот културен центар. Втората фестивалска вечер ќе ја отвори петчлениот македонски состав „Фајтинг виндмилс“ (Fighting Windmills) кои се единствени учесници на 17. ОФФест и на настапот концертно ќе го промовираат најновиот албум „An Exercise in Surprise“ што го објавија во април годинава. Бендот е формиран во 2007 година и создава музика што не подлежи на категоризација, пронаоѓајки го својот идентитет во играта со повеќе жанровски и стилски извори, меѓу другите и со пост-рок, фри-џез, пост-панк, фолклор, амбиентална и современа класична музика. Во нивната дискографија имаат пет албуми, а во меѓувреме соработуваат со претставници на македонската современа џез-сцена, како Sethstat  и Јордан Костов. - Покрај веќе воспоставените насоки, бендот флертува со елементи на современиот скандинавски џез, диско-панк и теми од соло-делниците на Чарли Паркер. Насловот на албумот и насоката во која се движи ова издание се делумно инспирирани од легендарниот квинтет на Кен Вандермарк, ссопшти ОФФест. Директорот на фестивалот Оливер Белопета на соопштувањето на програмата рече дека на секое издание сакаат да имаат и македонски изведувачи. „Фајтинг виндмилс“, рече тој, не е само надежна, туку веќе и докажана група, која ќе им се придружи на  квалитетните учесници кои досега биле дел од ОФФест, како „Проект Жлуст“, „Бернајс пропаганда“, „Љубојна“, Драган Даутовски, Горан Трајкоски... Гитаристот на групата Филип Букршлиев на прес-конференцијата рече дека негуваат звук несвојствен за македонската музичка сцена и дека се почестени што ќе настапат на ОФФест, кој заедно со Скопскиот џез-фестивал, како што рече, влијаеле на нивниот музички развој. - Во Македонија тие два фестивала се единствена допирна точка за она што е актуелно на светската музичка сцена, рече Букршлиев. Покрај него, во „Фајтинг виндмилс“ членуваат и Никола Гугоски (гитара), Нинослав Спировски (саксофон, кларинет), Дени Омерагиќ (бас) и Антоние Весковски (тапани). По нивниот настап на истата сцена во МКЦ концерт ќе има петчлениот американско-австралиско-турски состав „Диртмјузик“ (Dirtmusic). Формирани се од американските музичари Крис Екман и Крис Броков и Австралиецот Хуго Рејс (Тhe Bad Seeds) како акустично блуз трио, a светски позната музичка група станале речиси случајно. Пред една деценија на фестивалот во Тимбукту во Мали се здружиле со туарезите од групата „Тамикрест“. - Она што започна како џем-сејшн прерасна во соработка од која произлегоа неколку албуми кои подеднакво ги надградија и двете групи. Изненадувачки, новиот албум на „Диртмјузик“ навлегува во друга територија - „Bu Bir Ruya”, објавен во јануари 2018 година, е веројатно досега најдобриот нивни албум. На Крис и Хуго им се придружи и Мурат Ертел (Баба Зула). Со гитарите во раце тројцата „номади” ја креираа нивната нова, многу возбудлива музичка структура. Овие мултиинструменталисти, од различен бекграунд, се соединија во еден заеднички јазик, наведува организаторот на фестивалот. Нивниот албум „Bu Bir Ruya“ на едно место содржи пост-панк, турска психоделија, фанк, рок и електроника. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/fajting-vindmils-i-dirtmjuzik-na-vtorata-vecher-od-17-offest/feed/ 0
Почнува 17. ОФФест со концерт на „Јупитер и Оквес“ од Конго https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-17-offest-so-koncert-na-jupiter-i-okves-od-kongo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-17-offest-so-koncert-na-jupiter-i-okves-od-kongo/#respond Thu, 31 May 2018 05:59:12 +0000 https://kurir.mk/?p=60336

Шестчлениот бенд „Јупитер и Оквес“ од Конго вечер ќе го отворат 17. „ОФФест“. До  5 јуни фестивалот ќе има пет концертни вечери со вкупно десет изведувачи. „Јупитер и Оквес“ е предводена од вокалот Јупитер Боконџи и вторпат се гости на фестивалот. Негува доминантен румба-стил, но истовремено и повеќе други ритми и стилови. Поврзувајќи ги музичките традиции на Конго и западната музика, Јупитер создал свој оригинален музички израз и со составот „Оквес“ во митската румба на Конго ги внел фанкот и урбаните ритми. Нивниот последен албум „Kin Sonic“, објавен во 2017 година за „Glitterbeat Records“, продолжува со истражувањата и патувањата низ богатото музичко наследство на Конго. Концертот ќе се одржи во Дансинг салата на Младинскиот културен центар, каде што утревечер ќе настапат „Фајтинг виндмилс“, единствените учесници од Македонија годинава, кои ќе го промовираат новиот албум „An Exercise in Surprise“, како и американско-австралиско-турскиот состав „Диртмјузик“. Во наредните денови на 17.ОФФест се и концертите на „Офичина Зое“ од Италија, „Ифрикија Електрик“ од Тунис, „Бармер бојс“ од Индија, француско-италијанскиот бенд „Транс аеолиан трансмисион“, пејачките Гаје Су Акјол од Турција и Уму Сангаре од Мали, како и настапот на диџеј Мукамбо од Белгија. Организаторите за годинашното издание на фестивалот на музика од светот подготвија програма најбогата по денови и по учесници. Концертите ќе се одржуваат во Младинскиот културен центар (Дансинг сала и кино „Фросина“), а последниот (на африканската пејачка Уму Сангаре) ќе биде во Македонската опера и балет. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-17-offest-so-koncert-na-jupiter-i-okves-od-kongo/feed/ 0