офицерски дом – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Oct 2022 05:40:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png офицерски дом – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Меѓународна уметничка изложба на „ААмА“ во битолскиот Офицерски дом https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/megjunarodna-umetnichka-izlozba-na-aama-vo-bitolskiot-oficerski-dom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/megjunarodna-umetnichka-izlozba-na-aama-vo-bitolskiot-oficerski-dom/#respond Fri, 14 Oct 2022 05:44:13 +0000 https://kurir.mk/?p=745045

Ликовната есенска сезона во битолскиот Офицерски дом почна со 19. издание на големата меѓународна ликовна изложба „ААмА“. „ААмА“ ќе биде изложена во светските галериски простори во познатите центри во Европа, Африка, Азија и Америка, а во Северна Македонија изложбата доби поддршка и одговор од 120 уметници од 80 држави. – Во подготовката, селекцијата, кураторството и многу други активности учествуваа голем број истакнати ликовни уметници, куратори, ликовни критичари, културни работници меѓу кои Марија де ла Вега од Аргентина, Марио Квадрароли и Марио Диеголи и професорот Ренато Галбусера од Италија, Мартин Кенеди од Сејшели, Мартин Бредли од Велика Британија, Теја Лами од Финска, македонските уметници Владо Горески и Лили Бошевска, како и Филип Читарини од Франција и Арлиндо Арес од Португалија. Изложбата е уникатна тематски, по бројот на застапени уметници, техниките кои се користени, времетраењето, географската застапеност и секако по благородната идеја и порака која ја пренесува оваа светска изложба. Со вернисаж презентирањето на оваа значајна изложба се интензивира меѓународна ликовна соработка и го етаблира Офицерски дом како галериски простор со сериозни ликовни можности и меѓународна препознатливост, соопштија од ЈОУ КИЦ-Битола. Во 2023 година, градот Битола преку овој настан ќе биде носител на главниот проект кој ќе биде дистрибуиран во значајни ликовни центри во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/megjunarodna-umetnichka-izlozba-na-aama-vo-bitolskiot-oficerski-dom/feed/ 0
Се опремува концертната сала во битолскиот Офицерски дом https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/se-opremuva-koncertnata-sala-vo-bitolskiot-oficerski-dom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/se-opremuva-koncertnata-sala-vo-bitolskiot-oficerski-dom/#respond Wed, 20 Apr 2022 13:37:32 +0000 https://kurir.mk/?p=666008

Концертниот клавир Безендорфер (Bösendorfer), донација од бизнисменот Трифун Костовски во 2002 година, по дведецении од досегашната локација во Завод и Музеј Битола е преместен во резидентната концертната сала на Офицерскиот дом во Битола. Од ЈОУ КИЦ-Битола истакнаа дека постепено се создаваат услови за големи настани за љубителите на класичната музика и културата воопшто. -Со овој чин концертната сала при Офицерскиот дом на ЈОУ КИЦ- Битола прераснува во еден од најекслузивните концертни простори за класична музика во регионот и отвора нови можности за презентирање на музичката култура од земјава и странство издигнувајќи ја ЈОУ КИЦ- Битола во рангот на културни установи со високи концертни перформанси, истакна Лили Бошевска, директорка на таа општинска установа. Наскоро јавноста ќе ја има и можноста да присуствува на првите концертни настани предвидени со програмата на КИЦ Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/se-opremuva-koncertnata-sala-vo-bitolskiot-oficerski-dom/feed/ 0
„Се продава Офицерскиот дом во Битола, за подетални информации обратете се во општината или кај градоначалничката“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-prodava-oficerskiot-dom-vo-bitola-za-podetalni-informacii-obratete-se-vo-opshtinata-ili-kaj-gradonachalnichkata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-prodava-oficerskiot-dom-vo-bitola-za-podetalni-informacii-obratete-se-vo-opshtinata-ili-kaj-gradonachalnichkata-foto/#respond Sat, 06 Oct 2018 19:44:36 +0000 https://kurir.mk/?p=111709

„Се продава Офицерскиот дом во Битола, за подетални информации обратете се во општината или кај градоначалничката Наташа Петровска“. Вакви написи осамнаа денеска во Битола, а општината и градоначалничката добија очигледна порака од своите сограѓани. Битолскиот Офицерски дом е оставен на забот на времето. Општината предводена од градоначалничката Петровска, не води никаква грижа за овој објект- споменик на културата, па томку затоа членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ одлучија да ги потсетат градските власти за состојбата во која се наоѓа обележјето на Битола. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-prodava-oficerskiot-dom-vo-bitola-za-podetalni-informacii-obratete-se-vo-opshtinata-ili-kaj-gradonachalnichkata-foto/feed/ 0