официјално – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 10 Sep 2022 10:08:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png официјално – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Чарлс Трети официјално прогласен за крал на Обединетото Кралство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/charls-treti-oficijalno-proglasen-za-kral-na-obedinetoto-kralstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/charls-treti-oficijalno-proglasen-za-kral-na-obedinetoto-kralstvo/#respond Sat, 10 Sep 2022 10:08:25 +0000 https://kurir.mk/?p=731071

Чарлс Трети е официјално прогласен за крал на Обединетото Кралство од страна на Советот за наследување на британскиот трон во палатата Сент Џејмс, официјалната резиденција на монархот, јави Би-Би-Си. Кралот одржа говор за да го одбележи неговото прогласување за нов монарх на Обединетото Кралство. Новиот монарх се заколна дека ќе ги заштити правата на црквата во Шкотска како што налага британскиот закон. Кралот потпиша две копии од документот што го содржи текстот на заклетвата. Двата примероци беа потпишани и од сведоци, меѓу кои и принцот Вилијам и кралицата Камила. Со тоа заврши првиот дел од церемонијата за прогласување на новиот монарх. Советот вклучува членови на Тајниот совет на Обединетото Кралство, составен од 670 високи политичари, вклучувајќи ја и премиерката Лиз Трас. Дел од Советот се и епископи од Англиканската црква, кои исто така имаат седиште во Домот на лордовите (горниот дом на британскиот парламент), меѓу кои е и надбискупот од Кентербери. Лорд-градоначалникот на градот Лондон, високи државни службеници и дипломати се исто така дел од Советот за приватност, со кој моментално претседава пратеничката Пени Мордонт. Прогласувањето на новиот монарх е проследено со топовски поздрави. Текстот на прогласот ќе се чита на глас и во Лондон и во другите главни градови во рамките на Обединетото Кралство – Единбург, Белфаст и Кардиф. Вториот дел од церемонијата се однесува само на кралот и членовите на Тајниот Совет и ќе започне со изјава од Чарлс во врска со смртта на кралицата. Неговото крунисување можеби нема да се одржи повеќе месеци – поминаа околу 16 месеци помеѓу смртта на таткото на кралицата Елизабета и нејзиното крунисување во јуни 1953 година. Инаку, по барање на кралицата, денот на прогласување на кралот не е ден на жалост и поради тоа во текот на денешниот ден знамињата не се на половина копје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/charls-treti-oficijalno-proglasen-za-kral-na-obedinetoto-kralstvo/feed/ 0
ОФИЦИЈАЛНО: Од утре се укинува полицискиот час, од четврток со работа започнуваат угостителските објекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-od-utre-se-ukinuva-policiskiot-chas-od-chetvrtok-so-rabota-zapochnuvaat-ugostitelskite-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-od-utre-se-ukinuva-policiskiot-chas-od-chetvrtok-so-rabota-zapochnuvaat-ugostitelskite-objekti/#respond Tue, 26 May 2020 17:12:26 +0000 https://kurir.mk/?p=350461

Од утре и официјално ќе биде укинат полицискиот час, пред малку на прес конференција информираше пред малку премиерот Оливер Спасовски. Од четврток отпочнуваат со работа угостителските објекти, односно со прецизно утврдени протоколи, истакна Спасовски. Од 1 јуни, пак, на работа се враќаат сите што работеа од дома. Ова не важи за хронично болните и родителите на деца до 10 години, до почеток на работа на градинките. Се укинува и карантинот за вратените македонски граѓани кои се враќаат со „хуманитарните“ летови, со прикажан негативен тест и самоизолација. Објасни дека овие одлуки на владата се базирани врз основа на исполнети услови и анализи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-od-utre-se-ukinuva-policiskiot-chas-od-chetvrtok-so-rabota-zapochnuvaat-ugostitelskite-objekti/feed/ 0
ОФИЦИЈАЛНО: Македонскиот бисер Елиф Елмас се сели во Наполи за 16 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-makedonskiot-biser-elif-elmas-se-seli-vo-napoli-za-16-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-makedonskiot-biser-elif-elmas-se-seli-vo-napoli-za-16-milioni-evra/#respond Sun, 21 Jul 2019 09:18:16 +0000 https://kurir.mk/?p=220651

Македонскиот мегаталент Елиф Елмас се сели од Фенербахче во Наполи за 16 милиони евра. Трансферот ќе се реализира откако Наполи и официјално ќе го продаде Хрватот Марко Рог во Калјари, а во зависност од успесите со „наполитанците“ има клаузула за дополнителен бонус од 1,5 милиони евра. На напорните преговори меѓу Фенербахче и Наполи им се гледа крајот. Елиф Елмас треба да биде осмо засилување за Наполи ова лето. Карло Анчелоти инсистира за негов трансфер откако стана јасно дека ќе ја загуби битката за ангажман на Хамес Родригез од Реал Мадрид. Македонскиот репрезентативец одигра 40 натпревари за Фенербахче и постигна четири гола, а со своите 19 години има веќе 11 настапи и за сениорскиот национален тим на Македонија. Елиф Елмас ќе биде вториот Македонец кој ќе го облече дресот на Наполи по Горан Пандев. Во текот на наредната седмица, Елмас треба да допатува во Неапол, да ги мине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот со „наполитанците“. Извор: Екипа.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-makedonskiot-biser-elif-elmas-se-seli-vo-napoli-za-16-milioni-evra/feed/ 0