Офис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Mar 2023 08:11:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Офис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мајкрософт додава вештачка интелигенција во „Офис“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/majkrosoft-dodava-veshtachka-inteligentsija-vo-ofis/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/majkrosoft-dodava-veshtachka-inteligentsija-vo-ofis/#respond Fri, 17 Mar 2023 08:11:46 +0000 https://kurir.mk/?p=813005

„Мајкрософт“ објави нови планови за вештачката интелигенција и достапноста за повеќе корисници до неа, како одговор на достигнувањата на „соперникот“ „Гугл“ во истата област. „Мајкрософт“ вчера го претстави новиот „Копилот“ т.е. асистент со вештачка интелигенција, за новиот пакет „Мајкрософт офис 365“ што вклучува „Ворд“, „Ексел“, „Пауерпоинт“ и „Аутлук“. Овие програми во иднина ќе може „да разговараат“ со корисникот преку вештачка интелигенција, што, како што се наведува, веќе го докажа својот потенцијал. Ваквата технологија учи од веќе постоечките и достапни податоци заради креирање нова содржина. - Веруваме дека оваа следна генерација вештачка интелигенција ќе донесе нов бран на раст на продуктивноста, изјави извршниот директор на „Мајкрософт“, Сатја Надела, на денот кога акциите на компанијата пораснаа околу четири отсто. Потпретседателот на „Мајкрософт“, Џон Фридман додаде дека разговорот со апликацијата е од огромно значење за учењето на една таква програма. - Корисникот, на пр., може да побара „Кажете му на мојот тим како да ја ажурира стратегијата на производот“, а вештачката интелигенција ќе повлече податоци од мејлот, состаноците и разговорите од тоа утро. А, на долг рок, вештачката интелигенција треба да биде поперсонализирана... Често ги принудуваме луѓето да се прилагодат на машините и системите што ги градиме. Ова е нешто што ќе почне да се прилагодува на вас, нагласи Фридман. Компанијата „Опен-АИ“, што ја создаде апликацијата, оваа недела ја објави и новата верзија „ГПТ-4“. Таа ги има функциите на „Копилот“, кои „ќе охрабрат повеќе луѓе да го користат пакетот 'Офис' и ќе го одвои уште повеќе од конкурентите“, се наведува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/majkrosoft-dodava-veshtachka-inteligentsija-vo-ofis/feed/ 0