оган – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 17:57:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оган – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ханија: Продолжете со демонстрации за прекин на огнот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hanija-prodolzhete-so-demonstratsii-za-prekin-na-ognot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hanija-prodolzhete-so-demonstratsii-za-prekin-na-ognot/#respond Wed, 01 Nov 2023 17:57:59 +0000 https://kurir.mk/?p=895488

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, изјави дека „оние кои го поддржуваат Израел во неговата војна против Хамас ја избираат погрешната страна на историјата“ и го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за војната. Инаку, војната изби откако терористите на Хамас го нападнаа Израел и во еден ден убија повеќе од 1.400 лица, повеќето цивили, и киднапираа на 200 други, што потоа ги префрлија во Појасот Газа. Ханија во телевизиско обраќање кажа дека Нетанјаху сака „да ги сврти очите на светот од својата вина“ и додаде дека „САД треба да престанат да ја поддржуваат таа фашистичка влада и да престанат да ги попречуваат меѓународните напори за воспоставување хуманитарен прекин на огнот“. -Вие ја избирате погрешната страна на историјата. Регионот нема да биде безбеден или стабилен се додека нашиот народ не ја добие својата слобода и независност и не се врати на својата земја, рече тој. Британските медиуми јавија дека лидерот на Хамас ги повика луѓето да продолжат со протестите, особено на Запад, за да „извршат притисок врз носителите на одлуки“. Тој, исто така, кажа дека израелските заложници во опколениот Појас Газа се „подложени на истата смрт и уништување“ со кои се соочуваат Палестинците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hanija-prodolzhete-so-demonstratsii-za-prekin-na-ognot/feed/ 0
Израел ги отфрли повиците за прекин на огнот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-gi-otfrli-povitsite-za-prekin-na-ognot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-gi-otfrli-povitsite-za-prekin-na-ognot/#respond Wed, 25 Oct 2023 06:34:50 +0000 https://kurir.mk/?p=892784

Израел повторно вети дека ќе го уништи Хамас и ги отфрли повиците за прекин на огнот од шефот на ОН, Палестинците и многу други земји на состанокот на високо ниво на Советот за безбедност на ОН, нагласувајќи дека војната во Газа не е само нејзина војна, туку „војна за слободниот свет“. Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен, исто така, ги отфрли повиците за „пропорционалност“ во одговорот на земјата на ненадејните напади на Хамас врз Израел на 7 октомври во кои загинаа повеќе од 1.400 луѓе, а израелските одмазднички напади убија повеќе од 5.700 Палестинци во Газа, според Министерството за здравство на територијата кој е под контрола на Хамас. „Кажете ми што е пропорционален одговор на убивање бебиња, силување и палење жени, обезглавување на дете. Како може некој да се согласи на прекин на огнот со некој кој се заколнал дека ќе го убие и уништи самото негово постоење“, рече Коен. Тој додаде дека пропорционалниот одговор на масакрот на 7 октомври е „целосно уништување, до секој последен член на Хамас“, нарекувајќи ја екстремистичката група „нови нацисти“. Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики повика на прекин на израелските напади. „Тука сме денес да го запреме убивањето... да го запреме тековниот масакр што се врши намерно, систематски и дивјачки од Израел, окупаторската сила, врз палестинското цивилно население“, рече тој. Малики додаде дека според меѓународното право „наша колективна човечка должност е да ги спречиме“. „Мора да им биде јасно на оние кои активно се занимаваат со спречување на поголема хуманитарна катастрофа и нејзино ширење во регионот дека тоа може да се постигне само со итно ставање крај на израелската војна започната против палестинскиот народ во Појасот Газа“, рече палестинскиот дипломат. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го отвори редовниот месечен состанок на Советот за безбедност на ОН за Блискиот Исток, на кој овојпат присуствуваа неколку министри од клучните страни во војната меѓу Израел и Хамас, а десетина земји испратија свои министри во Њујорк. Гутереш предупреди дека ситуацијата на Блискиот Исток станува се потешка секој час. Тој рече дека расте ризикот војната во Газа да се прошири во регионот и повика на итен хуманитарен прекин на огнот за испорака на основна храна, вода, лекови и гориво. Исто така, истакна дека мора да се почитуваат законите на војната. Гутереш рече дека поплаките на палестинскиот народ не можат да ги оправдаат „ужасните акти на терор од 7 октомври“ на Хамас во Израел и побара итно ослободување на сите заложници. Сепак, истакна дека овие страшни напади не можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ и изрази загриженост за јасното кршење на меѓународното хуманитарно право. Тој го нарече алармантно постојаното бомбардирање на Газа и нивото на уништување и цивилни жртви. „Заштитата на цивилите е од најголема важност во вооружените конфликти“, нагласи Гутереш. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-gi-otfrli-povitsite-za-prekin-na-ognot/feed/ 0
Германија се противи на барањето на ЕУ за хуманитарен прекин на огнот во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-se-protivi-na-baraneto-na-eu-za-humanitaren-prekin-na-ognot-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-se-protivi-na-baraneto-na-eu-za-humanitaren-prekin-na-ognot-vo-gaza/#respond Mon, 23 Oct 2023 16:19:25 +0000 https://kurir.mk/?p=892265

Во Европската Унија Германија се спротивстави на барањата за прекин на огнот од хуманитарни причини во Појасот Газа. - Сега најважна е борбата против тероризмот, изјави денеска во Луксембург министерката за надворешни работи Аналена Бербок, јави германската агенција ДПА. На состанокот со колегите министри од ЕУ, таа изјави дека „очигледно е дека Израел се уште трпи масовни ракетни напади“. „Ќе има мир и безбедност за Израел и Палестинците само ако има борба против тероризмот“, додаде таа, мислејќи на нападите на исламистички Хамас врз Израел. Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш претходно повика на итен прекин на огнот од хуманитарни причини. Гутереш поттикна и дискусија во ЕУ - дали Унијата треба да го поднесе истото барање. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, денеска пред почетокот на состанокот во Луксембург изјави дека министрите ќе разговараат за повикот на ОН за „хуманитарна пауза“ и дека сега „најважно е хуманитарната поддршка да оди во Газа. “. Шпанија, Белгија, Холандија и Ирска недвосмислено се за прекин на огнот. Од друга страна, Австрија и Чешка имаат иста позиција како Германија, додава ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-se-protivi-na-baraneto-na-eu-za-humanitaren-prekin-na-ognot-vo-gaza/feed/ 0
Единаесет загинати и над 3500 повредени на фестивал на огнот во Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edinaeset-zaginati-i-nad-3500-povredeni-na-festival-na-ognot-vo-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edinaeset-zaginati-i-nad-3500-povredeni-na-festival-na-ognot-vo-iran/#respond Wed, 15 Mar 2023 12:30:51 +0000 https://kurir.mk/?p=812246

Единаесет лица загинаа, а повеќе од 3.500 се повредени за време на свеченостите по повод иранскиот традиционален фестивал на огнот во пресрет на персиската Нова година, објавија денеска државните медиуми. Фестивалот на огнот, наречен Чахаршанбе Сури, се слави секоја година во ноќта на последниот вторник од иранската календарска година, кој завршува на 20 март. „Од 20 февруари, 26 лица загинаа во инциденти“ поврзани со фестивалот на огнот, вклучително и најмалку 11 на денот на настанот, заедно со повеќе од 3.550 повредени, изјави началникот на службите за итни случаи Џафар Миадфар за државната телевизија. За време на фестивалот, учесниците скокаат преку оган за да се прочистат и да ги избркаат злите духови, додека извикуваат „Јас ти ја давам мојата жолта боја“ (показател за болест) и „Ја земам твојата црвена боја“ (симбол на животот). Фестивалот е дел од предисламското наследство на Иран, а шиитскиот свештенички естаблишмент не го одобрува. Но, популарен е меѓу младите луѓе, од кои многумина сами си прават огномет за настанот, практика која понекогаш резултира со повреда, па дури и со смрт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edinaeset-zaginati-i-nad-3500-povredeni-na-festival-na-ognot-vo-iran/feed/ 0
АУ: Договорен прекин на огнот меѓу завојуваните страни во етиопскиот регион Тиграј https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/au-dogovoren-prekin-na-ognot-megju-zavojuvanite-strani-vo-etiopskiot-region-tigraj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/au-dogovoren-prekin-na-ognot-megju-zavojuvanite-strani-vo-etiopskiot-region-tigraj/#respond Wed, 02 Nov 2022 17:53:16 +0000 https://kurir.mk/?p=754757

По речиси двегодипно војување, етиопската Влада и Народноослободителниот фронт на Тигреј (ТПЛФ) се согласија на итен прекин на огнот, јави ДПА. Посредникот на Африканската унија (АУ), поранешниот нигериски претседател Олусегун Обасањо, денеска јави за пробивот во преговорите во Јужна Африка, по една недела од нивниот формален почеток. Договорот беше потпишан пред камери во јужноафриканската престолнина Преторија. Етиопската централна влада од ноември 2020 година е вклучена во тешките борби со бунтовничката ТПЛФ. Борбите повторно се разгореа во август, но набрзо двете завојувани страни се согласија на мировни преговори со посредство на Африканската унија, пренесе ДПА. Во конфликтот, што од Тиграј се прелеа во соседните региони Амхара и Афар, убини се илјадници, а протерани милиони лица од нивните домови, додека стотици илјади се оставени на работ на глад. Според Светската здравствена организација (СЗО), над пет милиони лица во Тиграј сега се зависни од хуманитарна помош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/au-dogovoren-prekin-na-ognot-megju-zavojuvanite-strani-vo-etiopskiot-region-tigraj/feed/ 0
БИЗАРЕН НАСТАП: Јавноста шокирана – Канје Вест се запали на сцена, а потоа Ким се појави во венчаница (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bizaren-nastap-javnosta-shokirana-kanje-vest-se-zapali-na-scena-a-potoa-kim-se-pojavi-vo-venchanica-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bizaren-nastap-javnosta-shokirana-kanje-vest-se-zapali-na-scena-a-potoa-kim-se-pojavi-vo-venchanica-video/#respond Fri, 27 Aug 2021 19:05:54 +0000 https://kurir.mk/?p=555768

Кајне Вест (44) со месеци го одложува објавувањето на неговиот десетти студиски албум „Донда“. Контроверзниот рапер наводно живее на стадионот Мерцедес-Бенц во Атланта и таму работи на албумот, а исто така одлучи да го смени и името. Како дел од промоцијата на претстојниот албум, Кајне организира забави и концерти на стадионот. На последниот таков настан, раперот ја шокираше публиката кога се запали на сцената. Целиот во пламен, тој прошета во комплет што личеше на неговиот семеен дом каде што израсна. Неговите вработени опремени со апарати за гаснење пожар навреме го запреле оганот. Раперот и ријалити sвездата се во брак шест години и се родители на четири деца. Тие ја започнаа бракоразводната парница во февруари оваа година, но останаа во добри односи, воспитуваат деца заедно и се поддржуваат едни со други. Да потсетиме, раперот неодамна ги прекина врските со руската манекенка Ирина Шајк, откако беа видени како поминуваат време во Прованса, Франција, на почетокот на јуни, каде што го прославија роденденот на раперот. Неодамна, поранешните сопружници заминаа на семеен одмор во Сан Франциско со своите деца, а очевидци тврдат дека биле многу блиски, речиси како да не се разведуваат. Дали парот ќе се помири или ќе искористи се како маркетинг, останува да видиме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bizaren-nastap-javnosta-shokirana-kanje-vest-se-zapali-na-scena-a-potoa-kim-se-pojavi-vo-venchanica-video/feed/ 0
Египет посредува за прекин на огнот во Појасот Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipet-posreduva-za-prekin-na-ognot-vo-pojasot-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipet-posreduva-za-prekin-na-ognot-vo-pojasot-gaza/#respond Wed, 12 May 2021 10:43:00 +0000 https://kurir.mk/?p=509402

Египетски посредници работат на преговори за прекин на огнот во Појасот Газа, по речиси два дена ескалирање на насилството. Според аналитичарите, Израел не е заинтересиран за прекин на борбите се додека не се постигнат одредени воени цели, пишува „Тајмс оф Израел“. Палестинското Министерство за здравство соопшти дека од понеделникот загинале 35 Палестинци, а 233 луѓе се повредени. Од друга страна, пак, Израел наведува дека голем број од убиените биле терористи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipet-posreduva-za-prekin-na-ognot-vo-pojasot-gaza/feed/ 0
На оган ставила пластична ќеса полна со вода, а кога ќе видите што додала ќе бидете воодушевени – едноставно и здраво https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-ogan-stavila-plastichna-kjesa-polna-so-voda-a-koga-kje-vidite-shto-dodala-kje-bidete-voodusheveni-ednostavno-i-zdravo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-ogan-stavila-plastichna-kjesa-polna-so-voda-a-koga-kje-vidite-shto-dodala-kje-bidete-voodusheveni-ednostavno-i-zdravo/#respond Sun, 09 May 2021 18:00:58 +0000 https://kurir.mk/?p=508099

Најдовме видео на ТикТок во кое симпатична баба подготвува риба. Она што беше особено интересно е што таа ја зготви рибата над оган во обична најлонска кеса. Кога огнот бил готов, таа ставила над него ќеса полна со вода, на која додала риба и зачини. Ако ви се допаѓа риба од лов, ова може да биде вистинскиот рецепт за вас. Погледнете како сето тоа изгледаше во прилог.
@28rico122

What would you do if your grandma was like this😢😢 #foodie #foodlover #fish #😭😭😭 #fypシ

♬ original sound - user916331505419
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-ogan-stavila-plastichna-kjesa-polna-so-voda-a-koga-kje-vidite-shto-dodala-kje-bidete-voodusheveni-ednostavno-i-zdravo/feed/ 0
Мјанмарската полиција отвори оган врз демонстрантите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mjanmarskata-policija-otvori-ogan-vrz-demonstrantite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mjanmarskata-policija-otvori-ogan-vrz-demonstrantite/#respond Sun, 07 Mar 2021 10:31:33 +0000 https://kurir.mk/?p=478415

Полицијата во поранешниот древен главен град на Мјанмар, Баган отврои оган врз демонстрантите кои протетсираа поради воениот удар. Според очевидците повредени се најмалку пет луѓе. А, собраните чаури покажуваат дека полицијата употребила боева муниција. Протести поради пучот денеска имаше и во другите градови во Мјанмар, вклучително и во двата најголеми Јангон и Мандалеј, каде полицијата пукаше во воздух како предупредување и употреби солзавец, гумени куршуми и шок бомби за да го растера насобраниот народ Баган се наоѓа во централната област Мандалеј и е на листата на УНЕСКО како светско наследство поради повеќе од 2.000 пагоди или нивни остатоци, а потекнуваат од девет до 13 век. Тогаш Баган беше главен град на кралството подоцна познато како Бурма, а сега како Мјанмар. Според Канцеларијата на Обединети нации за човекови права, најмалку 18 демонстранти загинаа од огнено оружје на 28 февруари, а 38 беа убиени на 3 март, а повеќе од 1.500 луѓе се уапсени. Протестите во Мјанмар почнаа откако армијата на 1 февруари воведе вонредна состојба и ја презеде власта во државата и уапси високи владини функционери под обвинување за измама на минатогодишните избори, меѓу кои и легално избраната премиерка Аунг Сан Су Чи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mjanmarskata-policija-otvori-ogan-vrz-demonstrantite/feed/ 0
Огнот на пријателството – приказна за вистинските другари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ognot-na-prijatelstvoto-prikazna-za-vistinskite-drugari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ognot-na-prijatelstvoto-prikazna-za-vistinskite-drugari/#respond Wed, 28 Oct 2020 15:39:37 +0000 https://kurir.mk/?p=421766

Прочитајте ја оваа поучна приказна која ќе ви ја врати вербата во вистинското пријателство. „Никој не може да помине ваква студена ноќ на врвот на планината без ќебе и храна. Знам дека тебе ти требаат пари, така што ако успееш во тоа ќе добиеш голема награда. Во спротивно 30 дена ќе работиш за без пари.“ „Утре ќе се обидам“, одговорил Алек. Но, кога излегол од продавницата, замрзнал од ледениот ветар, се исплашил и решил да се посоветува со неговиот најдобар пријател и да го праша дали е лудост да прифати таква кладба. По кратко размислување, пријателот му одговорил: „Јас ќе ти помогнам. Утре кога ќе стигнеш на планинскиот врв, погледни пред себе, јас ќе бидам на соседната планина. Ќе запалам оган за тебе и таму ќе ја поминам ноќта. Ти гледај во оганот и мисли на нашето пријателство. Тоа ќе те згрее. Ќе успееш, а потоа ќе ти побарам нешто за возврат.“ Алек го издржал предизвикот, ја добил кладбата и отишол кај неговиот пријател. „Ми рече дека сакаш нешто за возврат“, му рекол и му понудил дел од парите. Пријателот го прегрнал и му одговорил: „Да, но не пари. Вети ми дека ако некогаш во мојот живот дувне студен ветар, ќе го запалиш оганот на пријателството за мене.“ Алек се насмевнал и се уверил во лојалноста на неговиот пријател, кој навистина бил тука за него во секое добро и зло.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ognot-na-prijatelstvoto-prikazna-za-vistinskite-drugari/feed/ 0