оглас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Apr 2023 07:31:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оглас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се бараат работници за изградба на Коридорите 8 и 10д, огласот нуди 40-часовна работна недела и плата до 70.000 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-baraat-rabotnitsi-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-oglasot-nudi-40-chasovna-rabotna-nedela-i-plata-do-70-000-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-baraat-rabotnitsi-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-oglasot-nudi-40-chasovna-rabotna-nedela-i-plata-do-70-000-denari/#respond Wed, 19 Apr 2023 07:31:50 +0000 https://kurir.mk/?p=825303

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) објави оглас за вработување работници кои ќе работат на изградбата на четирите автопати на коридорите 8 и 10д. Огласот е отворен до 25 април, а договорот е до 22 јануари 2028 година, до завршување на проектот. Работното време е 40 часа неделно. Најплатена позиција на огласот е помошник на главниот и одговорен координатор на проектот, кој треба да биде градежен инженер. За оваа позиција е предвидена плата од 70.052 денари со осумчасовно дневно работно време во прва смена. За координатор на единицата за техничка изведба на проектот, кој треба да биде градежен инженер предвидена е плата од 65.029 денари. Координаторот на единицата за подготовка на проектот ќе има месечна нето плата од 60.005 денари за, исто така, 40-часовна работна недела. За оваа позиција потребна е диплома од некој од факултетите за општествени науки. На огласот се бараат четворица специјалисти за експропријација на имот. Кандидатите треба да имаат завршено факултет од општествените науки. И за нив ќе важи истото работно време (40 часа), а ќе добиваат основна плата од 45.045 денари. Се бара и по еден преведувач и по еден „известувач“ за проектот за плата од 45.045 денари. Се бараат и двајца администратори кои може да имаат средно образование, а ќе добиваат нето плата од 30.000 денари. За истата плата се бараат и двајца возачи со најмалку средно образование. На огласот се отвораат и пет работни позиции за „специјалисти за инвестиции и градба на патишта“. Тоа би биле градежни инженери со тригодишно искуство за плата од 55.037 денари. За истата плата се бара и еден „урбанист“, еден геодет, како и двајца „специјалисти за подготовка, изработка и следење на проектна документација“. Оваа плата ќе ја добиваат и двајца што се разбираат во заштита на животната средина, еден електроинженер што се разбира во енергетски објекти и еден сообраќаен инженер. Проектот за изградба на делниците ќе ја чини државата 1,3 милијарди евра. Со договорот се опфатени делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола. По завршување на рокот, директорот на ЈПДП ќе формира комисија која ќе треба да ги селектира кандидатите, а изборот може да трае од 45 до 120 дена, во зависност од тоа колку кандидати ќе се пријават на огласот. Уште пред да почне со изградба, проектот на „Бехтел и Енка“ наиде на низа критики. Една од спорните работи е измената на Законот за работни односи, предложен од Владата, а се однесува на 60-часовна недела, со цел побрзо да се заврши проектот, додека во огласот се наведува дека вработените ќе работат 40-часа неделно, што е право загарантирано со Устав. Инаку, фирмата изведувач уште нема испроектирано ниту еден сантиметар од трасата, иако на 22 април ќе се стави камен-темелник на делницата од Коридорот 8, а на 12 мај – и на делот од коридорот 10д.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-baraat-rabotnitsi-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-oglasot-nudi-40-chasovna-rabotna-nedela-i-plata-do-70-000-denari/feed/ 0
Жена објави УРНЕБЕСЕН оглас: Сопругот бил алергичен на кучето, погодете кој од нив дава на посвојување https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zhena-objavi-urnebesen-oglas-soprugot-bil-alergichen-na-kucheto-pogodete-koj-od-niv-dava-na-posvojuvane/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zhena-objavi-urnebesen-oglas-soprugot-bil-alergichen-na-kucheto-pogodete-koj-od-niv-dava-na-posvojuvane/#respond Sat, 25 Feb 2023 17:51:42 +0000 https://kurir.mk/?p=805002

Урнебесен оглас на жена стана хит на интернет. Проблемот настанал кога на својот сопруг му купила кученце, германски овчар, во обид да го изненади и израдува. Меѓутоа, се покажало дека тој е алергичен на кучето, па таа го направила единствениот логичен избор - го понудила на оглас. Сигурно помисливте деја ги дава кучето на посвојување, но не сте во право. Таа го нуди сопругот на друга жена. Во Индија се појави необичен оглас со наслов: „Итно ми треба дом“. Во пораката се наведува дека жената по име Сонали купила германски овчар за околу 350 евра, но потоа решила да се откаже од сопругот бидејќи е алергичен на кучиња. Пријател на Сонали го објави ова како шега. „Ако некој е заинтересиран, ова е Лео, двомесечен германски овчар. Мојата пријателка Сонали го купи за 20.000 рупии. Сакала да биде подарок изненадување за нејзиниот сопруг. Но, дознала дека Гурав е алергичен на кучиња. Сонали сега бара нов дом за него. Ако некој е заинтересиран, Гурав има 29 години, вози велосипед, знае да готви, има остри црти на лицето и е прилично згоден“, пишува во огласот. Со огласот е објавена фотографија од кученцето, но не и од несреќниот Гурав.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zhena-objavi-urnebesen-oglas-soprugot-bil-alergichen-na-kucheto-pogodete-koj-od-niv-dava-na-posvojuvane/feed/ 0
Ќе се понишува огласот за контролори на летање: Албанците што положиле не биле од ДУИ, поминале „други деца“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-ponishuva-oglasot-za-kontrolori-na-letanje-albancite-shto-polozile-ne-bile-od-dui-pominale-drugi-deca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-ponishuva-oglasot-za-kontrolori-na-letanje-albancite-shto-polozile-ne-bile-od-dui-pominale-drugi-deca/#respond Wed, 09 Nov 2022 16:04:39 +0000 https://kurir.mk/?p=758102

ЌЕ ГО ПОНИШТАТ ОГЛАСОТ ЗА КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ, ЗАШТО АЛБАНЦИТЕ ШТО ПОЛОЖИЛЕ НЕ СЕ ОД ДУИ, А ПОМИНАЛЕ ДЕЦА ШТО „СЕ НИЧИИ“
Тројцата членови на управниот одбор на МНАВ и директори во агенцијата: Фахрудин Хамиди, Миѓан Селмани и Влатко Крстевски, сакаат да го поништат огласот за контролори на летање, зашто од 270 пријавени, положиле само 8 кандидати, меѓу кои не се нивните, а ни пријавените деца на функционери од ДУИ, oбјави СДК.мк СДК.мк пренесува дека меѓу најдобрите 8, се и тројца момчиња Албанци, едни од највисокорангираните по поени и тестови. Особено едниот од нив, „згазил“ на тестирањето. Но, тие не се вистинските што требаше да влезат, велат од Синдикатот на контролори на летање. Тестирањата и селекцијата ги правел тренинг центар од Данска. Но, откако меѓу тие што ги поминале строгите критериуми не се нашле имињата на „нашите“, особено дека најдобрите три Албанци „се ничии“, раководството на МНАВ се посомневал во компетентноста на Данците. Сега тричлениот одбор бара отчет од Данска зошто отпаднале другите кандидати. Целиот текст може да го прочитате на СДК.мк

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-ponishuva-oglasot-za-kontrolori-na-letanje-albancite-shto-polozile-ne-bile-od-dui-pominale-drugi-deca/feed/ 0
Објавен огласот за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК, гласањето на 7 ноември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-oglasot-za-izbor-na-osnoven-javen-obvinitel-na-ojo-gokk-glasanjeto-na-7-noemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-oglasot-za-izbor-na-osnoven-javen-obvinitel-na-ojo-gokk-glasanjeto-na-7-noemvri/#respond Thu, 06 Oct 2022 10:26:05 +0000 https://kurir.mk/?p=741823

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија објави оглас за избор на обвинители во повеќе обвинителства како и Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје. Ова прв ваков избор по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66 Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Северна Македонија. Како што информира за МИА претседателот на Советот на ЈО Антонио Јолевски, на 7 ноември обвинителите ќе гласаат, по што се доствавуваат резултатите, а Советот во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати. Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14-ти ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов. Со одлука на републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, минатиот месец донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа, а по претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО ГОКК. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор. Советот на ЈО објави оглас за избор и на јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Гостивар, Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола, Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основното јавно обвинителство Куманово, Основното јавно обвинителство Гостивар и Основното јавно обвинителство Велес. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-oglasot-za-izbor-na-osnoven-javen-obvinitel-na-ojo-gokk-glasanjeto-na-7-noemvri/feed/ 0
Руската армија бара војници преку оглас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-armija-bara-vojnici-preku-oglas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-armija-bara-vojnici-preku-oglas/#respond Sat, 18 Jun 2022 09:01:07 +0000 https://kurir.mk/?p=692392

Од почетокот на руската инвазија на Украина, руската војска објави илјадници слободни работни места, од противтенковски бомбардери до возачи и снајперисти. Списоците, за кои првпат извести рускиот сервис на Би-Би-Си, почнаа да се објавуваат или ажурираат на секои неколку дена. На огласот за вработување објавен на само неколку стотици километри од Украина се вели: “Тестирајте ги вашите граници! Не, заборавете на вашите ограничувања, дали сте подготвени да се надминувате себеси секој ден?” Напорите за регрутирање беа особено видливи во Санкт Петербург. На почетокот на овој месец, модел на надувување на насмеан униформиран офицер им мавташе на минувачите и ги канеше во канцеларијата за регрутирање за да дознаат повеќе за придобивките од служењето во професионалната армија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskata-armija-bara-vojnici-preku-oglas/feed/ 0
Распишуваме два нови огласи за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspishuvame-dva-novi-oglasi-za-zakup-na-zemjodelsko-zemjishte-nad-3-hektari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspishuvame-dva-novi-oglasi-za-zakup-na-zemjodelsko-zemjishte-nad-3-hektari/#respond Tue, 14 Jun 2022 20:28:24 +0000 https://kurir.mk/?p=690969

Дополнителни 3.769 хектари ставаме на располагање за земјоделците, распишуваме два нови огласи за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари. Намената на земјиштето кое се дава под закуп за првиот јавен оглас е одгледување на земјоделски култури за производство на сточна храна за период до 15 години. Вториот јавен оглас за давање под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари е со предвидена намена за подигнување на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години. И во време на светска криза продолжуваме да креираме успешни и ефикасни мерки, ја ставаме секоја педа земјоделско обработливо земјиште во рацете на вистинските земјоделци. Фејсбук статус на Љупчо Николовски – министер за земјоделство Извор – АГРОТИМ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspishuvame-dva-novi-oglasi-za-zakup-na-zemjodelsko-zemjishte-nad-3-hektari/feed/ 0
УРНЕБЕСЕН ОГЛАС: Пензионер бара жена – нуди куќа, стан и пензија, но има СТРОГИ УСЛОВИ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/urnebesen-oglas-penzioner-bara-zena-nudi-kukja-stan-i-penzija-no-ima-strogi-uslovi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/urnebesen-oglas-penzioner-bara-zena-nudi-kukja-stan-i-penzija-no-ima-strogi-uslovi-foto/#respond Thu, 28 Apr 2022 09:50:49 +0000 https://kurir.mk/?p=669042

Во местото Неготин во Србија се појави оглас во кој, се чини, пензионер бара начин да си ги исполни своите желби. Подготвен е да даде, но бара и да земе. Огласот започнува со зборовите: „Подарувам куќа, стан и пензија“. Подолу е наведено тоа што тој го бара, но како што можете да видите, претерал во своите барања. „Слободна, млада личност на возраст од 30 до 50 години, која е без никакви обврски кон некого, за ЉУБОВ, СЕКС, ПОМОШ ДОМА, РАЃАЊЕ ДЕЦА“ - напишал авторот на овој оглас. Бара само сериозни личности да му се јават и да се договорат. Но дури потоа ги наведува условите: Да биде образована, да тежи помалку од 60 килограми, неинфицирана и ментално да биде здрава, да биде искрена, да не пуши и пие. За крај, бара да сака кревет, кујна, музика и прошетка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/urnebesen-oglas-penzioner-bara-zena-nudi-kukja-stan-i-penzija-no-ima-strogi-uslovi-foto/feed/ 0
Заврши огласот за судии: Дали судијата од „27 април“ и „Плацеви на Водно“ ќе влезе во Апелација? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-oglasot-za-sudii-dali-sudijata-od-27-april-i-placevi-na-vodno-kje-vleze-vo-apelacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-oglasot-za-sudii-dali-sudijata-od-27-april-i-placevi-na-vodno-kje-vleze-vo-apelacija/#respond Tue, 10 Aug 2021 13:43:24 +0000 https://kurir.mk/?p=548790

Заврши огласот за нови судии во повеќе судови што го распиша Судкиот совет. Во следниот период треба да бидат избрани нови судии во Апелацискиот суд во Штип, судии во Основните судови во Скопје, Куманово, Тетово, Дебар, Ресен, судии во Врховниот суд, и она што е најважно, двајца судии во Апелационин суд во Скопје за кривична и граѓанска област. Заинтересираност за трансфер во Апелација искажал и судијата Илија Трпков кој е главен судија во предметите за т.н организатори на настаните од „27 април“ и „Плацеви на Водно“. Трпков без никакви цврсти докази ги осуди во просек по шест години поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Неговата пресуда воглавно се темелеше врз сведочењето на Александар Василевски-Нинџа кој неколкупати го менуваше својот исказ. Случајот „Плацеви на Водно“ пак само што почна прекина, но според информациите на бранителите и тој се очекува да има брза разрешница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-oglasot-za-sudii-dali-sudijata-od-27-april-i-placevi-na-vodno-kje-vleze-vo-apelacija/feed/ 0
Овој оглас стана хит во регионот: Мајката бара зет, условот ќе ве насмее до солзи (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovoj-oglas-stana-hit-vo-regionot-majkata-bara-zet-uslovot-kje-ve-nasmee-do-solzi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovoj-oglas-stana-hit-vo-regionot-majkata-bara-zet-uslovot-kje-ve-nasmee-do-solzi-foto/#respond Mon, 26 Jul 2021 18:10:33 +0000 https://kurir.mk/?p=542162

Во еден трговски центар во Сплит беше истакнат оглас кој насмеа многумина. Истиот подоцна стана хит на социјалните мрежи. За што станува збор? Хрватските медиуми пишуваат дека жена по име Сања е очајна во потрагата по зет. Сака да ја омажи својата ќерка, а за тоа има само еден услов. „Барам зет за да се ослободам од ќерка ми. Услови: Никакви, само да ја однесе. Итно“ – пишува во огласот. Госпоѓата на потенцијалниот зет му оставила адреса и број. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ovoj-oglas-stana-hit-vo-regionot-majkata-bara-zet-uslovot-kje-ve-nasmee-do-solzi-foto/feed/ 0
Стоилковски: Огласот за корупција на новинари се уште стои, Марин и СДСМ Аеродром сметаат на неказнивост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-oglasot-za-korupcija-na-novinari-se-ushte-stoi-marin-i-sdsm-aerodrom-smetaat-na-nekaznivost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-oglasot-za-korupcija-na-novinari-se-ushte-stoi-marin-i-sdsm-aerodrom-smetaat-na-nekaznivost/#respond Sun, 14 Feb 2021 18:31:23 +0000 https://kurir.mk/?p=468681

Здружението на новинарите на Македонија бара градоначалникот на Аеродром, Златко Марин и општинскиот Совет воден од СДСМ ВЕДНАШ да го поништат објавениот оглас за награди од 180.000 денари за новинарски прилози во кои што ќе ги фалат!, вели во „Коментар на денот“ портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. „Најстарото еснафското здружение на новинарите во Македонија, го потврди тоа што го откривме - распишаниот Оглас во кој што се нудат пари, награди, во кој што се нуди поткуп за новинари и за медиуми два месеци да ја фалат стратегијата и успесите на СДСМ на локално ниво, односно на најнеуспешниот градоначалник на Аеродром Златко Марин - е КОРУПЦИЈА! Македонија се дави во криминал и корупција, а хибридниот режим е предводник во тоа! По меѓународните релевантни посочувања за корумпираноста на сите нивоа на власта, по меѓународните, и домашните адреси почнаа јавно да зборуваат! ЗНМ го потврди тоа што го зборуваме со денови, дека огласот во Аеродром е неетички и е обид за нарушување на објективноста во медиумите, дека е обид да се влијае врз уредувачката политика и дека штети на медиумската сцена, уште повеќе од тоа страда јавниот интерес. И по ова директно и прецизно укажување од ЗНМ, Огласот се уште стои на интернет страницата на општината Аеродром! Златко Марин и советот на СДСМ се упорни во тоа што го намислиле, сметајќи на неказнивост. Но, ова е скандал што не може да го покрие ниту маркетинг агенција платена 73.000 евра. Тоа е огромен скандал за кој што Антикорупциската комисија се уште молчи, а во неа членува и еден поранешен новинар - уредник. Нека продолжат и натаму да молчат, и онака молчат за се! Затоа пак, го повикувам Љупчо Николовски, оној министерот ЗА корупција, тој да покаже барем малку доблесност и да преземе решителна акција против Марин и општинскиот Совет на СДСМ во Аеродром! И нему му е јасно дека „со корупцијата се претера“ и дека не се само перцепција односно извештаите се точни на „Транспаренси“, на „Економист“, на „Херитиџ“, сега и на ЗНМ! Доколку пак нема сили да се избори за тоа што е поставен, или го имаат в раце заради роднинските вработувања во МНАВ - тогаш нека си поднесе оставка!, порачува Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-oglasot-za-korupcija-na-novinari-se-ushte-stoi-marin-i-sdsm-aerodrom-smetaat-na-nekaznivost/feed/ 0