огласи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 Mar 2021 12:03:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png огласи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕГОВАРА ВО ЧЕТИРИ ОЧИ: Без оглас се склучени договори од 11 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-povekje-se-pregovara-vo-chetiri-ochi-bez-oglas-se-sklucheni-dogovori-od-11-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-povekje-se-pregovara-vo-chetiri-ochi-bez-oglas-se-sklucheni-dogovori-od-11-milioni-evra/#respond Tue, 23 Mar 2021 12:03:22 +0000 https://kurir.mk/?p=486613

Дури 11 милиони евра за период од половина година државните институци дале за договори во четири очи, без објавување на оглас, анализира ФАКТОР. Ова го покажал Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јануари-јуни 2020 година. Клучните наоди од мониторингот на Центарот за граѓански комуникации го покажуваат следново. Институциите не се консултираат со бизнис-секторот во насока на подобрување на тендерските документации, а со тоа и на самиот процес на јавните набавки. Во мониторираниот период, спроведен е технички дијалог само за 1,4  отсто од тендерите, а и во овој симболичен процес на консултации се забележуваат пропусти. Во мониторираниот период, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 11 милиони евра, што е за 15 отсто повеќе од истиот период претходната година. На секој трет тендер е доставенa една или ниту една понуда. Конкуренцијата во јавните набавки во првото полугодие од 2020 година упатува на минимално подобрување во однос на истиот период во 2019 година, но влошување во однос на целата 2019 година. Целата анализа прочитајте ја на ФАКТОР]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-povekje-se-pregovara-vo-chetiri-ochi-bez-oglas-se-sklucheni-dogovori-od-11-milioni-evra/feed/ 0
СДСМ ги отстранува огласите за партиски попишувачи, но срамот и скандалот остануваат (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-gi-otstranuva-oglasite-za-partiski-popishuvachi-no-sramot-i-skandalot-ostanuvaat-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-gi-otstranuva-oglasite-za-partiski-popishuvachi-no-sramot-i-skandalot-ostanuvaat-foto/#respond Wed, 24 Feb 2021 20:56:27 +0000 https://kurir.mk/?p=473490

Во која друга држава партиски војници спроведуваат државен попис?, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по скандалот на СДСМ, кој меѓу своите сопартијци бара државни попишувачи. -Најдобар доказ дека не е статистичка, туку политичка операција пописот. Партиски оглас за државни попишувачи. Срам и беда. Од месечината се гледа дека овој попис на власта е фалсификат. Затоа, стоп за овој фалсификат попис!, пишува Мицкоски на Фејсбук. Како што веќе објави КУРИР, СДСМ излезе со партиски оглас за државни попишувачи. СДСМ меѓу своите сопартијци бара државни попишувачи. Скандалозно е како партијата на Зоран Заев го прави партиски процесот за кој велеше дека е статистичка операција, а не политички процес. На социјалните мрежи, на профилите на СДСМ, се споделуваше оглас во кој се бараат реонски попишувачи и инструктори. Тоа значи дека оваа Влада организира попис кој ќе биде спроведен од членови на СДСМ кои работат за интересите на Зоеан Заев и ќе ги спроведуваат неговите насоки. Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ излезе со јавни обвинувања за овој чин, очигледно е дека од СДСМ пристигнала насока да се отстранат овие објави од социјалните мрежи. Така, исчезнуваат огласите од страниците на СДСМ на Фејсбук, но срамотата и скандалот ќе им остане. Тие ги кријат објавите, но ние истите ги зачувавме и го пренесуваме уште еднаш во продолжение:        ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-gi-otstranuva-oglasite-za-partiski-popishuvachi-no-sramot-i-skandalot-ostanuvaat-foto/feed/ 0
Нови огласи за партиски вработувања во државните институции: Плата и од околу 50 илјади денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-oglasi-za-partiski-vrabotuvanja-vo-drzavnite-institucii-plata-i-od-okolu-50-iljadi-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-oglasi-za-partiski-vrabotuvanja-vo-drzavnite-institucii-plata-i-od-okolu-50-iljadi-denari/#respond Sat, 26 Dec 2020 20:33:12 +0000 https://kurir.mk/?p=448879

Македонска академска истражувачка мрежа МАРНЕТ Скопје, Јавна Установа Национален парк МАВРОВО Маврови Анови, Универзитетска клиника за детски болести, Секретаријат за европски прашања, Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош, Министерство за транспорт и врски, Министерство за економијa, Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, Министерство за култура - Управа за заштита на културното наследство предновогодишно ги отвораат своите врати за нови партиски вработувања и покрај најавата дека администрацијата е пренатрупана и истата ќе се намалува. Станува збор за повеќе работни позиции, од архивар, советник, па се до раководител на сектор, а нето плата со која треба да бидат платени вработените изнесува во зависност од позицијата и институцијата во која ќе се вработат. Па така нето платата на еден помлад соработник во Македонска академска истражувачка мрежа МАРНЕТ Скопје изнесува најмалку во споредба со другите огласи односно само 22.026 денари. Најскапо платени ќе бидат 5 државни службеници кои се вработуваат во Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија, односно тука нето платат достигнува и до 49.146 денари за позицијата советник, или 42.628 денари за позицијата соработник. Ова не се првите огласи објавени од формирањето на старо новата влада на СДСМ и премиерот Зоран Заев кој за време на предизборниот период ветуваше нејзино намалување, како и во време на опозиција често обвинуваше за пренатрупување на администрацијата од тогашната влада. Секојдневното објавување на нови огласи за вработувањата на партиските активисти на СДСМ стана заштитен знак на оваа влада кои подоцна имаат за цел да прераснат во едно озбилно гласачко тело. Се по јасно е дека власта и понатаму останува глува на препораките од страна на Европската унија дека администрацијата е преполна и истата треба да биде професионална и непартиска ставена во функција. За потсетување до сега се објавени над 350 нови огласи за вработувања, а се чини дека овој тренд ќе продолжи и во наредната 2021година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-oglasi-za-partiski-vrabotuvanja-vo-drzavnite-institucii-plata-i-od-okolu-50-iljadi-denari/feed/ 0
НОВА ТУРА ОГЛАСИ: Нема криза за партиски вработувања, иако Заев ветуваше намалување на администрацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nova-tura-oglasi-nema-kriza-za-partiski-vrabotuvanja-iako-zaev-vetuvashe-namaluvanje-na-administracijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nova-tura-oglasi-nema-kriza-za-partiski-vrabotuvanja-iako-zaev-vetuvashe-namaluvanje-na-administracijata/#respond Mon, 07 Dec 2020 09:44:21 +0000 https://kurir.mk/?p=439836

Министерствата за финансии, за труд и социјална политика, како и тоа за економија изминатат недела објавија огласи за десетици нови вработување. Додека се бара решение за огромната превработеност во државната администрација, а се најавува и префрлување на вработени во приватниот сектор, или нивно задолжително пензионирање, новите вработувања не запираат, пишува Фактор.мк Во услови на криза, неизвесност и нови преиспитувања, постојано се појавува „недостиг“ на вработени во некои државни институции. Министерството за труд и социјална политика во петокот објави оглас за вработување на 10 позиции, од кои шест се за советници - за јавни набавки, за веб-администрирање, за меѓународни прописи и за нормативни работи, за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување и за брак и семејство, а платата е 26.540 денари. За останатите четири места платите се помали а станува збор за благајник, референт, архивар и помлад соработник за административно-техничка поддршка. На 2 декември Министесртвото за финансии објавило оглас за 17 позиции за соработници во Управата за имотно-правни работи, под чија надлежност се експропријациите и денационализациите. Станува збор за службеници во подрачните единици во Чаир, Велес, Куманово, Крушево, Центар, Карпош и Охрид. Се бараат и раководители и помошник-раководител на секторски одделенија за даноци и царина, четворица во секторите поврзани со ИПА-фондовите и еден кандидат за помошник во министерскиот кабинет. Платите се движат од 32.800 најголемата до 14.500 најмалите. целиот текст прочитајте го на Фактор]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nova-tura-oglasi-nema-kriza-za-partiski-vrabotuvanja-iako-zaev-vetuvashe-namaluvanje-na-administracijata/feed/ 0
Принцот Вилијам првпат се огласи по одлуката на Хари и Меган да се повлечат од кралските должности: „Не можам повеќе да го поддржувам“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/princot-vilijam-prvpat-se-oglasi-po-odlukata-na-hari-i-megan-da-se-povlechat-od-kralskite-dolznosti-ne-mozam-povekje-da-go-poddrzuvam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/princot-vilijam-prvpat-se-oglasi-po-odlukata-na-hari-i-megan-da-se-povlechat-od-kralskite-dolznosti-ne-mozam-povekje-da-go-poddrzuvam/#respond Sun, 12 Jan 2020 11:34:29 +0000 https://kurir.mk/?p=288532

Цел живот го поддржував брат ми, но повеќе не можам, изјави принцот Вилијам откако Меган Маркл и принцот Хари донесоа одлука да се повлечат од кралските должности. Тој изјави дека е тажен поради одлуката на принцот Хари да се повлече од кралското семејство. -Цел живот сум тука за него, го заштитувам, но веќе не можам. Ние сега сме два различни света и сè што можам да направам е да го поддржам во она што го прави и да верувам дека еден ден повторно ќе бидеме на истата страна, во истиот тим“, изјавил принцот, а изјавата ја пренеле „Сандеј тајмс“, повикувајќи се на извор близок до кралското семејство. Кралицата Елизабета за утре го повика својот внук, принцот Хари, на „кризен состанок“ , за да разговара за идните аранжмани за него и неговата сопруга Меган, откако одеднаш, без никаква најава, двојката соопшти дека сакаат да се повлечат од кралските должности. Таткото на Хари, принцот престолонаследник Чарлс, и неговиот брат, принцот Вилијам, исто така, ќе присуствуваат на состанокот, што ќе се одржи утре на имот на кралицата Сандрингам во Нортфолк, на истокот од Англија, изјави извор од Бакингемската палата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/princot-vilijam-prvpat-se-oglasi-po-odlukata-na-hari-i-megan-da-se-povlechat-od-kralskite-dolznosti-ne-mozam-povekje-da-go-poddrzuvam/feed/ 0
Неколку дена пред формирање на Техничка влада: Дузина огласи за вработувања во МВР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nekolku-dena-pred-formiranje-na-tehnichka-vlada-duzina-oglasi-za-vrabotuvanja-vo-mvr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nekolku-dena-pred-formiranje-na-tehnichka-vlada-duzina-oglasi-za-vrabotuvanja-vo-mvr/#respond Mon, 23 Dec 2019 20:29:00 +0000 https://kurir.mk/?p=281351

На само неколку дена пред техничкиот министер да застане на чело на Министерството за внатрешни работи, според таканаречениот Пржински договор за одржување на предвремените парламентарни избори на 12-ти апри, објавени се десетици огласи за вработувања во ресорот. Неофицијално, актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој должноста треба да ја напушти за неколку седмица, ги пополнува раководните позиции во полицијата со партиски кадри. Извори на НетПрес од МВР велат дека меѓу полицајците се зборува дека однапред е познато кој ќе ги пополни позициите. Ваквите вознемирувачки за јавноста информации се надоврзуваат на веста дека токму денеска припадниците на специјалната единица „Алфи“  се прераспоредени во Единицата за јавен ред и мир со седиште во Ѓорче Петров. Тоа, како што објави порталот  denesen.mk, практично занчи дека споменатата полициска единица повеќе не постои. Симптоматично е што овие потези на Спасовски се случуваат на неколку дена пред формирање на техничката Влада која треба да ги реализира изборите на 12 април 2020 година, а МВР треба да го преземе министер назначен од ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе документи, погледнете на НетПрес]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nekolku-dena-pred-formiranje-na-tehnichka-vlada-duzina-oglasi-za-vrabotuvanja-vo-mvr/feed/ 0
ФОТО: Бранот на вработувања во администрацијата не стивнува – во моментот активни неколку огласи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-branot-na-vrabotuvanja-vo-administracijata-ne-stivnuva-vo-momentot-aktivni-nekolku-oglasi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-branot-na-vrabotuvanja-vo-administracijata-ne-stivnuva-vo-momentot-aktivni-nekolku-oglasi/#respond Fri, 22 Nov 2019 17:28:47 +0000 https://kurir.mk/?p=267820

Не запираат вработувањата во администрацијата од страна на владата на СДСМ и за време на предизборниот период. Секојдневно се нудат работни места во државните и јавните институции, а според огласите најчесто се бараат повеќе лица. За голем дел од нив се нудат и доста солидни плати, односно според податоци се нуди плата од 17.000 па се до на 38.000 денари. Последните од низата објавени огласи се огласите за вработување во Министерството за економија, министерството за правда, центарот за управување со кризи, Државен завод за индустриска сопственост, јавното претпријатие за железничка инфраструктура, институтот за белодробни заболувања кај децата Козле Скопје, како и нови 27 вработувања во ЕЛЕМ. Според информациите на овие работни места веќе се вработени партиски кадри, но за да се запази законската постапка се распишуваат огласи чисто од формален аспект, а пак во јавноста се шпекулира дека власта користи одредени шеми за вработување додека на големо претходно ја критикуваше претходната влада за обемот и партизираните институции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-branot-na-vrabotuvanja-vo-administracijata-ne-stivnuva-vo-momentot-aktivni-nekolku-oglasi/feed/ 0