огнена група – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Mar 2023 14:34:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png огнена група – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Огнените“ со онлајн петиција за разрешување на министрите, Муса Џафери ги повика Груби и Бесими на ТВ-соочување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ognenite-so-onlajn-petitsija-za-razreshuvane-na-ministrite-musa-dhaferi-gi-povika-grubi-i-besimi-na-tv-soochuvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ognenite-so-onlajn-petitsija-za-razreshuvane-na-ministrite-musa-dhaferi-gi-povika-grubi-i-besimi-na-tv-soochuvane/#respond Wed, 15 Mar 2023 14:34:02 +0000 https://kurir.mk/?p=812285

Ахмети е клучот за сè. Ние комуницираме, но не се разбираме со лидерот. Ако Ахмети закаже продолжение на седницата за отчет на министрите, ќе учествуваме, но Груби и министрите мора да поднесат оставки во Владата. Ахмети мора да ги тргне бидејќи ништо не сработиле, вели за „Слободен печат“ Изет Меџити, предводник на „огнените“. Наместо помирување, „огнените“ се во офанзива против првиот вицепремиер Артан Груби и министрите интегративци од кабинетот на Димитар Ковачевски. Муса Џафери, претседател на Надзорниот одбор на ДУИ и еден од предводниците на „огнените“, ги предизвикува на ТВ-дебата Груби и министерот за финансии Фатмир Бесими пред албанската и македонската јавност да расчистат кој е во право. Паралелно со фрлената ракавица за ТВ-дуел, „огнените“ утре ќе објават онлајн петиција за разрешување на Груби и владиниот кабинет од редовите на ДУИ, открива за „Слободен печат“ Изет Меџити, потпретседател на ДУИ и предводник на „огнените“. Телевизиско соочување меѓу „огнените“ и „ахметистите“ би следувало ако претседателот на ДУИ Али Ахмети не закаже Централно претседателство за дебатата меѓу раскараните страни од јавна сцена повторно да се врати во партиските органи. Иако Фатмир Дехари, член на претседателството на ДУИ и градоначалник на Кичево, во гостување на телевизија Алсат рече дека Ахмети ќе ги седне на маса „огнените“ и „ахметистите“ и дека во партијата ќе се решат недоразбирањата, и Меџити и Џафери се децидни дека разрешница е можна само ако Груби и министрите заминат од Владата. „Ахмети е клучот за сè. Ние комуницираме, но не се разбираме со лидерот. Ако Ахмети закаже продолжение на седницата за отчет на министрите, ќе учествуваме, но Груби и министрите мора да поднесат оставки во Владата. Ахмети мора да ги тргне бидејќи ништо не сработиле. Имаме поддршка од членството и од гласачите, и тоа јасно се гледа на нашите собири. Утре ќе објавиме и онлајн петиција за разрешување на Груби и на министрите од ДУИ“, вели Меџити. Џафери вели дека Дехари е еден од погласните функционери што сметаат дека дебатата треба да се врати во партијата и дека и тој го критикува Груби оти ништо не презел за решавање на состојбата на поранешните припадници на ОНА. Дехари во телевизиското гостување ја нарече погрешна одлуката на Ахмети, шефот на дипломатијата Бујар Османи да биде координатор на чаирскиот огранок, што предизвика дополнително заострување на релација „огнени“ и „ахметисти“. Тој смета дека нема одлука што може да ја игнорира силата на политичарот што доаѓа од народот, алудирајќи на претседателот на огранокот Меџити. Дехари вели дека Османи требало да знае на чија страна е поддршката во Чаир пред да ја прифати функцијата координатор. Џафери цени дека секогаш има можност за разговор, но дека не е убеден оти е можно помирување. „Нашите министри се плашат да седнат со нас. Останаа голи без аргументи, бидејќи не сработиле ништо. Не е можно помирување како што сака Груби. Подава рака за помирување и брка „огнени“ од функции. Груби и министрите треба да заминат. Ахмети има обврска да го закаже Претседателството за отчетот на министрите. Ако нема состанок во партијата, Груби и Бесими нека се соочат со нас на телевизиска дебата, а народот нека одлучи кој е во право“, вели Џафери. Висок функционер од „ахметистите“ вели дека нема сигнали оти Ахмети ќе свика Централно претседателство и дека ќе ги повика „огнените“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ognenite-so-onlajn-petitsija-za-razreshuvane-na-ministrite-musa-dhaferi-gi-povika-grubi-i-besimi-na-tv-soochuvane/feed/ 0
Кој ја исклучи струјата на огнената група? Груби: Измислици, не беше исклучена струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-ja-iskluchi-strujata-na-ognenata-grupa-grubi-izmislitsi-ne-beshe-iskluchena-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-ja-iskluchi-strujata-na-ognenata-grupa-grubi-izmislitsi-ne-beshe-iskluchena-strujata/#respond Wed, 01 Mar 2023 18:06:43 +0000 https://kurir.mk/?p=806832

Огнената група продолжува со средбите со граѓаните и структурите кои ги поддржуваат. Синоќа беа во Чаир каде неколку пати имаа проблем со струјата. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу рече дека ова намерно го прави Артан Груби. -Од организацискиот совет ме информираат дека намерно ја исклучуваат и ја пуштаат струјата од таму, но уште еднаш го известувам Артан Груби, што поскоро да си оди од извршната власт и да ја ослободи ДУИ. Што поскоро си замине, нема да направи повторно како во 2016 година некој да ги гаси светилките навечер-изјави Ганиу. -Се обидов да му се извинам на раководството да го скратиме времето поради прекинот на струјата, но ништо друго не направија освен што не урочија за овој најголем собир во салата „Шабан Трстена“ во Чаир-рече Меџити. На својот Фејсбук реагираше првиот вицепремиер Артаб Груби. Тој пишува дека благодарение на успешните политики на Владата, и покрај големата енергетска криза, не сме имале ниту една секунда рестрикции или прекини на струјата. -Со жалење слушам банални изговори и клевети за „исклучување на струја“ додека се вклучени сите светилки и рефлектори во салата и нема ниту еден момент прекин на струјата. Силната светлина ги заслепува дури и очите, пишува Кадаре . Да го зачуваме образот за и утре да се видиме и да разговараме-напиша Груби. Во меѓувреме, од Чаир, Меџити рече дека доколку гласачите на Чаир знаеле дека Груби ќе биде вицепремиер во Владата, ДУИ немаше да обезбеди 15 пратенички места во Собранието. -Оваа извршна власт со измами дојде до извршната власт затоа што многу сум сигурен дека да знаеја чаирчани дека Артан Груби ќе биде вицепремиер, со најголема искреност ви кажувам дека ДУИ сигурно немаше да има 15 пратеници. Немаше да биде победник во тој изборен циклус затоа што пробавме-рече Меџити. Меџити рече дека ДУИ во 2016 година за прв пат излегла од изборите како губитник, како трета партија, а тоа е затоа што му препуштија на некој друг да бара гласови.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-ja-iskluchi-strujata-na-ognenata-grupa-grubi-izmislitsi-ne-beshe-iskluchena-strujata/feed/ 0
Алтернатива: Комуницираме со „Огнената група“, усвојувањето на амандман за бoрба против корупцијата не е уцена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-komunitsirame-so-ognenata-grupa-usvojuvaneto-na-amandman-za-borba-protiv-koruptsijata-ne-e-utsena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-komunitsirame-so-ognenata-grupa-usvojuvaneto-na-amandman-za-borba-protiv-koruptsijata-ne-e-utsena/#respond Fri, 17 Feb 2023 12:26:17 +0000 https://kurir.mk/?p=801754

Алтернатива имаме комуникација со т.н. „Огнена група“ на ДУИ, но не и со Движењето Беса, информира на денешната прес-конференција во партиското седиште, генералниот секретар на Алтернатива, Зеќирја Ибраими. - Со т.н. „Огнена група“ сме имале комуникација. Со Беса уште немаме комуникација. Но, тоа се работи кои допрва ќе треба да се видат, рече Ибраими. На новинарско прашање околу условувањето од страна на Алтернатива на уставните измени за внесување на Бугарите во Преамбулата, Ибраими рече дека партиското барање за усвојување на амандман за борба против корупцијата, не претставува условување или уцена. - Ако е условување и уцена вметнувањето на амандманот за борба против корупцијата, тогаш јас не го разбирам зборот уценување, рече Ибраими.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-komunitsirame-so-ognenata-grupa-usvojuvaneto-na-amandman-za-borba-protiv-koruptsijata-ne-e-utsena/feed/ 0
Османи: Критиките на т.н. „Огнената група“ се неформални и неверодостојни за коментар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-kritikite-na-t-n-ognenata-grupa-se-neformalni-i-neverodostojni-za-komentar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-kritikite-na-t-n-ognenata-grupa-se-neformalni-i-neverodostojni-za-komentar/#respond Mon, 09 Jan 2023 12:44:44 +0000 https://kurir.mk/?p=785069

Османи смета дека критиките на т.н. „Огнена група“ во ДУИ за работата на партиските функционери се „неформални и неверодостојни за коментирање“. Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека критиките на т.н. „Огнена група“ во ДУИ за работата на партиските функционери се „неформални и неверодостојни за коментирање“, односно дека постојат институции, како што е Европската Комисија, која е задолжена за давање најобјективна проценка. Османи одговарајќи на новинарско прашање на денешната заедничка прес-конференција со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, истакна дека секоја критика која не доаѓа од институциите кои се задолжени за објективна проценка на работата на функционерите во државава, е со доза на субјективизам. – Единствено Европската комисија прави проценка согласно одредени параметри и јас навистина се гордеам со Министерството за надворешни работи во 2022 година, бидејќи единствено надворешната политика ја доби најдобрата оценка, многу добар прогрес односно многу добро унапредување во постигнувањето на целите. Меѓутоа се разбира постојат органи во рамките на државата и во рамките на партиите од кои доаѓаме, така што не би коментирал неформални оценки од кого било. Кога ќе имаме време да работиме ако почнеме да коментираме секакви неформални коментари по однос на нашата работа, додаде Османи.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-kritikite-na-t-n-ognenata-grupa-se-neformalni-i-neverodostojni-za-komentar/feed/ 0