ограда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 May 2023 06:07:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ограда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Камион удри во заштитната ограда на Белата куќа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kamion-udri-vo-zashtitnata-ograda-na-belata-kuka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kamion-udri-vo-zashtitnata-ograda-na-belata-kuka/#respond Tue, 23 May 2023 06:07:13 +0000 https://kurir.mk/?p=837717

Уапсен е возачот на камионот, кој синоќа удри во заштитната ограда на плоштадот Лафајет во близина на Белата куќа, соопшти портпаролот на американската тајна служба. „Нема повредени меѓу членовите на Тајната служба и персоналот на Белата куќа, а причината и начинот на судирот се уште се истражуваат“, напиша на Твитер портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми. Неколку улици и пешачки патеки се затворени, соопшти Тајната служба, а телевизијата Фокс 5 објави дека блискиот хотел Хеј Адамс е евакуиран. Телевизијата WUSA прикажа снимка од камионот запира покрај оградата и како униформирани полицајци се приближуваат до возилото. Возачот двапати удрил во оградата, објави WUSA, повикувајќи се на изјави на сведоци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kamion-udri-vo-zashtitnata-ograda-na-belata-kuka/feed/ 0
Атина планира да одвои 100 милиони евра за ограда на границата со Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/atina-planira-da-odvoi-100-milioni-evra-za-ograda-na-granitsata-so-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/atina-planira-da-odvoi-100-milioni-evra-za-ograda-na-granitsata-so-turtsija/#respond Mon, 20 Feb 2023 07:54:27 +0000 https://kurir.mk/?p=802492

Грција сака да ја продолжи веќе постоечката ограда долж границата со Турција за 35 километри, изјави грчкиот министер за цивилна заштита Такис ​​Теодорикакос за телевизијата Скај. Според него, проектот ќе чини околу 100 милиони евра, а парите ќе бидат издвоени од грчкиот буџет. „Европската унија се уште не го одобрила барањето на Атина за финансирање на изградбата на продолжувањето на оградата. Работите за продолжување на оградата треба да бидат завршени за десет месеци“, додаде Теодорикакос, пренесе ДПА. Во последните неколку години Атина изгради 37,5 километри челична ограда висока околу пет метри по плиткиот дел на граничната река Марица, која Грците ја нарекуваат Еврос, а Турците Мерич. Според официјалните податоци, грчките граничари спречиле околу 256.000 мигранти да ја преминат реката и да влезат во земјата. Исто така, уапсени се 1.300 шверцери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/atina-planira-da-odvoi-100-milioni-evra-za-ograda-na-granitsata-so-turtsija/feed/ 0
Возач тешко повреден, удрил во ограда во Лисиче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vozach-teshko-povreden-udril-vo-ograda-vo-lisiche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vozach-teshko-povreden-udril-vo-ograda-vo-lisiche/#respond Fri, 18 Nov 2022 11:49:22 +0000 https://kurir.mk/?p=762897

На 17.11.2022 во 04.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Горно Лисиче“ во Скопје, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(24) од с.Долно Лисиче, удрило во ограда, информира МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vozach-teshko-povreden-udril-vo-ograda-vo-lisiche/feed/ 0
Литванија ја заврши оградата на границата со Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-ja-zavrshi-ogradata-na-granicata-so-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-ja-zavrshi-ogradata-na-granicata-so-belorusija/#respond Tue, 30 Aug 2022 07:16:02 +0000 https://kurir.mk/?p=725825

Литванија соопшти дека ја завршила изградбата на оградата долж границата со Белорусија за борба против илегалната миграција, за која Западот вели дека е поттикната од Минск. Илегалната миграција се зголеми оваа година во Литванија, членка на ЕУ, на околу 4.200 мигранти, главно од Блискиот Исток и Африка, кои ја преминале границата од соседна Белорусија. Бариерата, висока четири метри и направена од бодликава жица, се протега на околу 550 километри од границата меѓу двете земји. Литванската премиерка Ингрида Симоните најави завршување на проектот и рече дека е „технички невозможно“ да се подигнат физички бариери долж целата граница, која минува преку езера, реки и мочуришта. Симоните рече дека нејзината влада ќе продолжи со својата политика и ќе ја испита можноста за нејзино спроведување без воведување вонредна состојба. Но, таа призна дека тоа ќе биде предизвик во однос на меѓународното право, велејќи дека нејзината земја има „многу работа“. Во саботата литванските граничари одбија влез на 125 мигранти, што е најголем број од почетокот на годината. Полицијата ги обвини белоруските колеги дека им помагале на мигрантите илегално да влезат во Литванија и дека ја оштетиле новата ограда. Голем број мигранти претежно од Блискиот Исток минатата зима предизвикаа тензичен судир меѓу Полска и Белорусија. Подоцна Полска изгради челичен ѕид долж границата со Белорусија за да ги држи мигрантите надвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-ja-zavrshi-ogradata-na-granicata-so-belorusija/feed/ 0
Грција ќе ја проширува оградата долж границата со Турција по целиот тек на реката Марица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-kje-ja-proshiruva-ogradata-dolz-granicata-so-turcija-po-celiot-tek-na-rekata-marica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-kje-ja-proshiruva-ogradata-dolz-granicata-so-turcija-po-celiot-tek-na-rekata-marica/#respond Wed, 24 Aug 2022 08:37:47 +0000 https://kurir.mk/?p=723070

Грчкиот владин совет за национална безбедност на синоќешната седница посветена на зголемениот миграциски притисок врз копнената и врз поморската граница на Грција одлучи да се прошири оградата долж границата со Турција. Одлучено е постепено да се продолжува оградата, со приоритет на чувствителните влезни места за илегални мигранти. Советот, исто така, одлучи да ги зајакне средствата за надзор, јави грчката новинска агенција АНА- МПА. Моментално, оградата е долга 38 километри, покривајќи го краткиот копнен дел кај Едрене и релативно мал дел од реката. Вкупната должина на границата меѓу Грција и Турција во Тракија е околу 200 километри и минува по долниот тек на реката Марица (Евра). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-kje-ja-proshiruva-ogradata-dolz-granicata-so-turcija-po-celiot-tek-na-rekata-marica/feed/ 0
Словенија ја отстранува оградата од границата со Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-ja-otstranuva-ogradata-od-granicata-so-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-ja-otstranuva-ogradata-od-granicata-so-hrvatska/#respond Thu, 09 Jun 2022 11:43:14 +0000 https://kurir.mk/?p=688868

Новата словенечка Влада планира да ги отстрани противмигрантските физички препреки од границата со Хрватска до крајот на годината. Наскоро ќе се направи и оперативен план, информацијата е потврдена за агенцијата СТА. Станува збор за еден од приоритетите на Владата, а оперативните детали ќе бидат прецизирани до крајот на месецот. Како што покажуваат податоците на словенечкото Министерство за внатрешни работи, Словенија кон Хрватска има 135.372 метри панелни дрвени огради и 60.595 метри жилет жица, за чие поставување, досега, потрошени се 23,25 милиони евра. За одржување пак, дополнителни 3,6 милиони. Поставувањето започна во екот на мигрантската криза од 2015 година. Одвреме навреме се надополнуваше, а жицата е заменета со панелна ограда. Како што беше потребно јавна набавка за поставување на оградата, така ќе биде потребна и за нејзиното отстранување. Министерката за внатрешни работи во новата Влада на Роберт Голоб, Татјана Бобнар, неодамна изјави дека физичките препреки на границата со Хрватска ќе бидат заменети со камери и дронови, за да се спречат мигранти илегално да влезат во земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-ja-otstranuva-ogradata-od-granicata-so-hrvatska/feed/ 0
Ја извадија железната ограда за „Владата да била отворена и блиску до народот“, а сега е опколена со полициска ограда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ja-izvadija-zeleznata-ograda-za-vladata-da-bila-otvorena-i-blisku-do-narodot-a-sega-e-opkolena-so-policiska-ograda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ja-izvadija-zeleznata-ograda-za-vladata-da-bila-otvorena-i-blisku-do-narodot-a-sega-e-opkolena-so-policiska-ograda/#respond Sat, 23 Apr 2022 15:11:05 +0000 https://kurir.mk/?p=667199

„Оградата околу Владата која беше поставена од страна на поранешниот премиер Никола Груевски беше отстранета по доаѓањето на власт на Зоран Заев, бидејќи, како што рече тој – Владата е на сите и треба да биде отворена. Меѓутоа, веќе неколку месеци, Владата наместо со железна, е опколена со полициска ограда“, вели репортерката на ТВ21. Но, сегашната Влада го прави спротивното од оваа изјава, а на прашањето зошто полициската ограда веќе со месеци стои тука, ни одговорија кусо: „Полициската ограда служи за безбедносни потреби при одржување на јавни собири“, велат од Влада на РСМ. По овој краток одговор, побаравме уште еднаш да ни објаснат – за која цел оградата стои таму веќе неколку месеци, а не за што служи, но не добивме повратен одговор. Потсетуваме дека Заев со отстранувањето на оградата најави дека има креативни планови. Од оваа изјава поминаа речиси пет години, а од Влада велат дека оградата сѐ уште се чува во магацинот на касарната „Илинден“ во Скопје. „Оградата која порано ја оградуваше Владата се чува во магацински простор во касарната „Илинден“ во Скопје. Кога ќе има одлука околу понатамошна намена, благовремено ќе ја известиме јавноста“, посочи Владата. Инаку, со полициска ограда е опколено и Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ja-izvadija-zeleznata-ograda-za-vladata-da-bila-otvorena-i-blisku-do-narodot-a-sega-e-opkolena-so-policiska-ograda/feed/ 0
Литванија и Летонија почнаа да градат ограда на границата со Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-i-letonija-pochnaa-da-gradat-ograda-na-granicata-so-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-i-letonija-pochnaa-da-gradat-ograda-na-granicata-so-belorusija/#respond Thu, 30 Sep 2021 06:42:55 +0000 https://kurir.mk/?p=570395

Литванија и Летонија почнаа со изградба на ограда на границата со Белорусија за да ги спречат илегалните мигранити да влезат во Европска Унија преку нејзините надворешни граници. Литванија почна со изградба на ограда долга 508 километри, што треба да биде завршена до 2022 година, а ќе чини 152 милиони евра. Во соседна Летонија, исто така, почна работата за изградба на ограда на границата со Белорусија. Како краткорочно решение ќе биде поставена повеќе од 37 километри спирална бодликава жица на различни делови од границата. Владите во Вилнус и во Рига ја обвинуваат Белорусија дека им помага на бегалците од воените зони да стигнат до надворешната граница на ЕУ и со тоа сакаат да создадат миграциска криза. Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја предупреди ЕУ кон крајот на мај дека неговата земја повеќе нема да ги спречува мигрантите да пристигнуваат во ЕУ, како одмазда за санкциите од Западот против Минск. Литванија, Летонија и Полска се соочуваат со бран илегални мигранти од Блискиот Исток што ги преминуваат нивните граници. Трите држави прогласија вонредна состојба во пограничната зона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-i-letonija-pochnaa-da-gradat-ograda-na-granicata-so-belorusija/feed/ 0
Словенија ќе ја прошири оградата за заштита од мигранти кон Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-kje-ja-proshiri-ogradata-za-zashtita-od-migranti-kon-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-kje-ja-proshiri-ogradata-za-zashtita-od-migranti-kon-hrvatska/#respond Wed, 15 Sep 2021 11:16:57 +0000 https://kurir.mk/?p=563951

Словенија ќе ја прошири оградата на границата со Хрватска, со цел да спречи илегална миграција, објави денеска министерот за внатрешни работи Алеш Хојс. За време на посетата на Савињската област, што се протега од хрватската до австриската граница, Хојс ја разгледа ситуацијата на границата со Хрватска и како се контролира, најавувајќи поставување на неколку десетици километарска ограда против мигрантите. Од големата миграциска криза од 2015-2016 година, кога Словенија започна да поставува бодликава жица, таа веќе се протега на повеќе од половина од должината на меѓусебната граница меѓу двете земји. – Владата е во завршна фаза на потпишување договор за поставување десетици километри нова гранична бариера на јужната граница, изјави Хојс, додавајќи дека работата може да започне за две до три недели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-kje-ja-proshiri-ogradata-za-zashtita-od-migranti-kon-hrvatska/feed/ 0
Литванија подигнува ограда на границата со Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-podignuva-ograda-na-granicata-so-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-podignuva-ograda-na-granicata-so-belorusija/#respond Fri, 09 Jul 2021 12:06:32 +0000 https://kurir.mk/?p=534406

Литванија денеска почна да поставува заштитна ограда долж границата со Белорусија, откако ги обвини белоруските власти за испраќање мигранти од странство илегално во Европската унија. – Првиот дел од оградата ќе биде долг 500 метри и висок 1,8 метри и ќе се состои од бодликава жица, изјави портпаролката Рута Монтвилетолд. Литванија во средата соопшти дека ќе постави гранична бариера и ќе распореди војници со цел да спречи мигранти илегално да ја преминуваат нејзината територија. Белорусија одлучи да им дозволи на мигрантите да влезат во Литванија како одмазда за санкциите воведени од Европската унија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-podignuva-ograda-na-granicata-so-belorusija/feed/ 0